Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Поранешниот македонски репрезентативец Александар Костоски е уште едно засилување за новиот амбициозен суперлигаш Соколи 1933 од Штип. „Искусен плејмејкер кој носи лидерство, победнички менталитет и врвен преглед на играта е наше вистинско засилување“ – соопштија од штипскиот клуб. На Евробаскет 2015 беше најефикасен во македонскиот национален тим со 49 поени на пет натпревари, а во богатата кариера настапуваше за бројни клубови во ...
Евертон ја разгледува можноста за враќање на Ричарлисон од Тотенхем. Двата клуба се во редовен контакт во врска со потенцијален трансфер. И Бразилецот е заинтересиран за враќање во Евертон, а Роберто Де Зерби му дал дозвола да бара нов клуб. Сепак, реализацијата на зделката ќе биде тешка доколку Бето или Тиерно Бари не го напуштат Евертон. Па, токму затоа и клубот од Гудисон Парк сè уште не испратил официјална понуда за Ричарлисон. Крадењето ...
Македонскиот репрезентативец Љупчо Дориев продолжува со одличните игри во шампионатот на Узбекистан. Дориев запиша уште еден гол во дресот на Согдиана, овој пат во победата од 2-1 на неговиот тим против екипата на Кизилкум во 18. коло од првенството. Македонскиот офанзивец стрелаше во 38. минута од средбата за водство од 1-0. За Дориев ова е 13-ти гол сезонава со што се зацврсти на врвот од листата на најдобри стрелци во лигата. Крадењето ...
Кошаркарите на КК Соколи 1993 од Штип, утре ги започнуваат подготовките за новата сезона, предводени од новиот тренер Марјан Србиновски. Со засилен состав, нови репрезентативци и странски играчи, клубот влегува во сезоната со голема мотив и највисоки амбиции во Суперлигата. Во насока на комплетирање на ростерот, штипјани се засилуваат и со искусниот македонски бек Јован Александровски кој пристигнува да донесе енергија, борбеност и квалитет ...
Вардар тргна моќно на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид откако македонскиот првак на својот меч славеше над грчки Олимпијакос со убедливи 39-27. „Вардарци“ без без капитенот Лазаревски, но тоа воопшто не се одрази врз нивното издание, доминираа од почеток до крај и стигнаа до убедлив триумф. Дуелот беше израмнет само до 3-3, по што Воркапиќ со три гола во низа донесе брзо водство од 6-3. Брилијантен во овој период од мечот беше голманот ...
Во свет во кој парите во бројни ситуации имаат пресудна улога, освежувачки делува примерот на Маркус Хауард, кој одби примамливи понуди за да остане дел од тимот на Басконија. Бешикташ пред околу еден месец му понуди на извонредниот поентер плата од 1,2 милиони евра за да го убеди да стане дел од „црно-белите“ во нивната дебитантска евролигашка сезона. Американскиот бек кратко размислуваше, по што се заблагодари на интересот со порака дека ...
Јувентус конечно ја заврши потрагата по нов голман откако денеска беше потпишан договор со италијанскиотт чувар на мрежата Гиљермо Викарио, кој пристигна меѓу „црно-белите“ од Торино од редовите на Тотенхем. Спалети инсистираше на нов голман, во игра беа неколку имиња, но на крајот изборот падна врз Викарио, пред се од финансиски аспект, ако се знае дека Јувентус не плаќа отштета за едногодишната позајмица, а има опција следното лето да го ...
Поранешниот македонски репрезентативец Виктор Треневски има нов тренерски ангажман, и тоа сосема изненадувачки ако се знае дека нов клуб на поранешниот стратег на Работнички е Бежанија, екипа што се натпреварува во Српската лига – зона Белград. Тимот од Нов Белград влегува со големи амбиции за влез во повисок ранг на натпреварување, цели што се надева дека ќе ги оствари токму со Треневски на клупата. „Се се случи многу брзо. Бежанија е голем ...
Стадионот „Тумбе Кафе“ нема да може да ги пречека фудбалерите на Пелистер и на Брера на наредниот меч од второто коло од Втората лига на Македонија. Причина – концертот на Здравко Чолиќ по кој теренот во Битола беше сериозно оштетен токму на самиот старт од новата сезона. „Зелено-белите“ беа домаќини во Битола во првото коло против Камјани, но беше јсно дека теренот е далеку под посакуваното ниво, па „пелистерци“ решија својот следен домашен ...
Лука Модриќ ја одложи својата фудбалска пензија за уште една година, откако по најавите за повлекување на крајот од минатата сезона хрватскиот генијалец го промени првичниот план, па реши да игра уште една година. Модриќ во последното интервју се осврна на случувањата на изминатите месеци, не криејќи дека управата на Милан со својот однос дала значаен придонес за тој да продолжи да настапува на терените ширум Италија. „Минатата сезона заврши ...
Легендарниот француски репрезентативец Патрик Виеира од денеска и официјално е нов селектор на Сенегал, потпишувајќи договор за предводник на оваа африканска селекција. Виеира доаѓа на местото на Папе Тиав, кој доби отказ по завршувањето на настапот на Сенегал на СП, каде оваа селекција беше несреќно елиминирана од Белгија прокоцкувајќи предност од два гола во самиот финиш. Виеира од самиот почеток беше прв избор за нов селектор, тој е роден ...
Легендарниот Оливер Кан се најде во фокусот на вниманието на германската јавност откако гласно го повика Џамал Мусиала да се повлече од фудбалот на одреден период. Асот на Баерн Минхен имаше тешка скршеница на ногата, неодамна се врати на терените, но повторно ги исплаши фановите откако колабираше во финишот од саботниот меч со Лајпциг, и тоа неколку минути откако постигна гол за Баерн. „Џамал го следам со години. Детето има магија во нозете, ...
Жозе Мурињо веќе еден месец ги раководи подготовките на Реал Мадрид за новата сезона, „специјалниот“ на почетокот од летово потпиша за најтрофејниот европски клуб, но Реал дури денеска и официјално го промовираше португалскиот стратег за нов шеф на стручниот штаб. Она што е интересно, на промоцијата не беа присутни новинари, па до јавноста беше испратена само официјална изјава на Мурињо преку клупските профили на социјалните мрежи. „Не сакам ...
Иднината на Бруно Фернандеш во Манчестер јунајтед е сериозно доведена во прашање откако португалскио репрезентативец експресно ја одби понудата за нов договор со „црвените ѓаволи“. Во Јунајтед се решени да го задржат Португалецот и во наредната сезона, но проблем е што договорот му истекува за помалку од една година, па летото 2027 ќе може да си замине без никаква отштета од „Олд Трафорд“. Англискиот гигант сака да го задржи капитенот со нов ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Египет, Хосам Хасан, се соочи со неверојатен проблем откако во ексклузивен хотел во татковината дојде до сериозен инцидент и тепачка – меѓу неговата поранешна и сегашна сопруга. Хасан се разведе од сопругата Хуида Ел-Габрави со која има две деца, по што стапи во брак со втората сопруга, но фудбалскиот стратег не очекувал „војна“ каква што се случи при нивната средба во престижниот хотел на северниот ...
Барселона прави сериозен ремонт во играчкиот кадар летово, па каталонскиот гигант е на добар пат да го доведе и своето десетто засилување за наредната сезона. Центарот Јан Мукунду во следните денови треба да го стави потписот на договорот со каталонскиот гигант, откако Барса минатото лето не успеа да го доведе овој кошаркар кој заврши во Монако, но преговорите летово ќе бидат со далеку подобар исход за каталонците. Информациите од Шпанија ...
Дербито на четвртото коло во ПМФЛ меѓу Шкендија Тетово и Струга ТЛ ќе се одигра во Скопје, објавија тетовци преку клупско соопштение. Шкендија го имаше пријавено Гостивар како град организатор за своите домашни натпревари, но тетовци првите две средби (против Скопје и Брегалница) ги одиграа на стадионот на ФФМ во Скопје. „Со оглед на добрата состојба на теренот, како и можноста овој натпревар со Струга да се игра во вечерен теремин под ...
Хулијан Алварез ќе продолжи да го носи дресот на Атлетико Мадрид и следната сезона, без оглед на големата желба на самиот фудбалер да се пресели во Барселона. Аргентинецот стори се за да се избори за трансфер, но ставот на управата од самиот почеток на летово беше дециден – екс-голгетерот на Манчестер Сити не е на продажба. Алварез се надеваше дека разговорот со Диего Симеоне може да ја промени ситуацијата, па тренерот да даде зелено светло ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и аптеки ВИА ФАРМ потпишаа договор за соработка и спонзорство, со кој се обезбедува дополнителна поддршка за медицинската грижа во Националните тимови. ВИА ФАРМ ќе ги снабдува репрезентативните селекции со потребни медицински средства и суплементи, со цел да се обезбедат соодветни услови за медицинска грижа, опоравување и подготовка на фудбалерите. За нашата федерација, ваквите партнерства ...
Главниот оперативен директор на ФИФА, Кевин Ламур, беше отпуштен откако јавно го критикуваше планот на претседателот Џани Инфантино за продажба на Светското првенство на приватни инвеститори. Ламур, кој помина помалку од две години на функцијата, беше известен за своето заминување преку е-пошта, заедно со други вработени во кровната организација на светскиот фудбал. ФИФА потврди дека неговиот работен однос завршил на 17 август 2026 година. ...
Според новата документарна серија на Прекрасна опсесија , поранешниот менаџер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, влегол во конфликт со својот капитен и за малку ќе заплачел додека ги критикувал играчите за време на најтешкиот период од својот мандат. Шпанецот се повлече од функцијата менаџер на Сити на крајот од минатата сезона, откако освои 20 трофеи во текот на десетгодишниот престој на стадионот „Етихад“. Со Сити, тој освои шест титули во ...
Џини Бас, гувернерката на Лос Анџелес Лејкерс, правно ја оспорува одлуката на нејзините браќа и сестра да го продадат преостанатиот удел од 17,8 отсто од семејната сопственост во клубот на Џош Кушнер и Боб Ајгер. Доколку се реализира оваа продажба, Бас би можела да ја загуби функцијата што ја извршува од 2013 година. Семејството Бас овој месец гласаше за продажба на преостанатиот удел во Лејкерс, но Џини тврди дека гласањето е неважечко. ...
Новата сезона во НБА се уште не е ни почната, а веќе е соборен неверојатен рекорд. Цените на билетите за натпреварот меѓу Њујорк Никс и Филаделфија 76 вртоглаво пораснаа по објавувањето на распоредот за сезоната 2026/27, а американските медиуми известуваат дека овој дуел би можел да стане најскапиот натпревар за отворање на сезона во историјата на НБА. И лесно е да се разбере зошто. Од едната страна ќе биде актуелниот шампион Њујорк, кој пред ...
Ракометниот клуб Вардар 1961 започна нов емотивен проект насловен „Љубовта наша голема“, серијал посветен на навивачите кои веќе 65 години се нераскинлив дел од историјата и успесите на „црвено-црните“. Во пресрет на почетокот на новата сезона, клубот преку кратки видео-приказни ќе им даде глас на своите долгогодишни поддржувачи. Тие ќе ги споделат своите најдраги моменти, незаборавни спомени и искрени емоции поврзани со скопскиот гигант. Прв ...
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Амар Дедиќ, е најновото засилување за премиерлигашот Њукасл Јунајтед. Десниот бек го комплетираше својот трансфер токму на денот на својот 24. роденден, пристигнувајќи на „Сент Џејмс парк“ од редовите на португалскиот гигант Бенфика. Босанско-херцеговскиот дефанзивец потпиша долгорочен договор со „страчките“ кој ќе ја осигура неговата иднина во клубот до летото 2031 година. Дедиќ во својот нов тим ќе ...
Англискиот фудбалски гигант Челси е на прагот на голема промена во сопственичката структура. Тод Боели и Марк Волтер започнаа преговори за продажба на своите акции на инвестицискиот фонд „Клерлејк Капитал“, кој во моментов поседува 61,5 отсто од клубот. Доколку се постигне договор, „Клерлејк“ ќе го зголеми својот удел на повеќе од 86 проценти, со што практично ќе добие целосна контрола врз „сините“. Оваа потенцијална зделка би го вреднувала ...
Изгледа дека ништо нема да биде од трансферот на Џеријан Грант во Бешикташ. Турскиот клуб постигна договор со американскиот бек, но Жељко Обрадовиќ, тренерот на Панатинаикос, не го одобри овој трансфер. Според турскиот медиум „Картал Рекорд“, Бешикташ му понудил на Грант мошне поволен договор. Двете страни се договориле, но Обрадовиќ не дал согласност и го стопирал трансферот. Грант е член на Панатинаикос од 2023 година, а во Турција ...
Руди Гарсија кој ја водеше Белгија на Светското првенство, вели дека напорите на тимот на турнирот во Канада, Мексико и САД биле попречени од работата на медицинскиот тим. Договорот на Гарсија не беше продолжен по Светското првенство, а во своето прво интервју по настанот, тој го обвини медицинскиот персонал на репрезентацијата за пропусти кои, според него, довеле до неубедлив настап на турнирот, иако Белгија стигна до четвртфиналето. „Го ...
Хари Кејн и Баерн Минхен наскоро ќе седнат на преговарачка маса. Капитенот на англиската репрезентација потврди дека разговорите за нов договор треба да започнат во следните две недели, а германскиот шампион сака што поскоро да ја реши иднината на својот најдобар стрелец. Кејн влезе во последната година од договорот со Баварците, поради што претстојниот период ќе биде многу важен за двете страни. Доколку не се постигне договор до јануари, ...
Цеск Фабрегас испиша историја внесувајќи го Комо во Лигата на шампионите, но на младиот стратег му е јасно дека мора да доведе врвни засилувања ако сака неговиот тим да продолжи со добри игри и во следната сезона. Главен приоритеет е носење на нов врвен голгетер, а Фабрегас има јасна цел – во Комо да го доведе италијанскиот репрезентативец Моисес Кеан од Фиорентина. Шансата да заигра во ЛШ е голем мотив за Кеан, кој веќе ги договори личните ...