Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид денеска и официјално го претстави своето најново засилување, францускиот дефанзивец Ибрахима Конате. Дваесет и седумгодишниот стопер стави потпис на четиригодишен договор кој ќе го задржи во „кралскиот клуб“ до 30 јуни 2030 година. Конате беше пречекан од претседателот на клубот, Флорентино Перез, во официјалните простории на „Сантијаго Бернабеу“. По успешното комплетирање на сите формалности и ...
Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска беа извлечени паровите за првата рунда од новото идание на Националниот куп на Македонија. Најтрофејниот Вардар ќе му гостува на Овче Поле, додека Струга Трим Лум ќе патува во Валандово кај Победа. Актуелниот шампион Силекс е слободен во оваа фаза, а како што е познато од претходно Шкендија доби забрана за учество оваа сезона поради случувањата на последното финале кога тетовци ...
Манчестер Сити го насочи својот интерес кон играчот за врска на Рома, Ману Коне, со цел да го пополни празниот простор во средниот ред пред самиот почеток на новата сезона во Премиер-лигата. По заминувањето на клучните играчи Родри и Тијани Рајндерс, кои му донесоа на клубот заработка од 110 милиони фунти, менаџерот Енцо Мареска се соочува со сериозен дефицит во тимот. Покрај Коне, „граѓаните“ се надеваат дека набрзо ќе го осигураат и ...
Шпанскиот репрезентативец и млада суперѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, во моментов е еден од најпосакуваните фудбалери во светот, но ако се прашува тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, за него нема место на „Сантијаго Бернабеу“. Португалскиот стратег доби директно прашање од новинарите дали би сакал да го види тинејџерскиот феномен во својот тим, а неговиот одговор беше категоричен и во негов препознатлив стил. Мурињо јасно стави до знаење ...
Виктор Ѓокереш е најновото голгетерско име што се поврзува со Барселона откако шведскиот ас самиот изразил желба да се пресели на „Камп ноу“ до крајот на овој преоден рок. Швеѓанецот дојде како суперзасилување за Арсенал минатото лето, „топчиите“ на крајот стигнаа до титулата, но екс-голгетерот на Спортинг Лисабон прикажуваше игри далеку под очекувањата. Згора на тоа, Хаверц се врати по повредата и сега е прва опција во нападот кај Микел ...
Српскиот интернационалец Роберт Рикиќ потврди дека и следната сезона ќе го носи дресот на Работнички во Суперлигата на Македонија. Искусниот центар во видео обраќање потврди дека останува во клубот, велејќи дека тие имаат недовршена работа. Рикиќ својот втор мандат во тимот од градски парк го почна минатата сезона, а претходно дресот на Работнички го носеше и во сезоната 2023-2024. Во Македонија уште настапуваше и за МЗТ Скопје Аеродром и ...
КК Соколи го донесе првото странско засилување за новата натпреварувачка сезона, ангажирајќи го американскиот интернационалец Кам Хамилтон. Одличниот организатор на играта доаѓа како сериозно засилување за тимот, кој најверојатно ќе биде дел од Суперлигата во новата сезона. Хамилтон потекнува од Шарлот, Северна Каролина, а на македонската кошаркарска сцена носи богато меѓународно искуство. Во својата досегашна кариера, тој има забележано ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) потврди дека натпреварот од 4. коло во ПМФЛ помеѓу Скопје и Тиквеш наместо на „Железарница“, ќе се одигра во Тренинг центарот „Петар Милошевски“. Иако првичниот план беше повратникот во елитата да го пречека кавадаречкиот тим на својот стадион, тој се уште не ги исполнува потребните стандарди за мечеви од највисок ранг. Ова не е првпат сезонава Скопје да биде принуден да го менува домаќинството, ...
Кошаркарскиот клуб Кожув продолжува со засилување на својот состав за новата сезона, потпишувајќи договор со младиот македонски бек Михаил Стојанов. Михаил Стојанов има 21 година и е висок 185 сантиметри. Тој во Гевгелија пристигнува од тимот на ТФТ Скопје. Со скопскиот клуб, Стојанов веќе има акумулирано сериозно искуство на домашната и на меѓународната сцена, настапувајќи во регионалната АБА 2 лига. Во неговата досегашна кариера особено се ...
Хари Кејн ја затвори вратата за камбек во англиската Премиер-лига во некој поблиска иднина откако големиот ас јасно стави до знаење дека е пресреќен во Баерн Минхен, тим со кој ги освои првите трофеи во својата кариера. Тој дојде во Минхен во 2023 гоина од редовите на Тотенхем, Кејн дотогаш имаше 213 гола во Премиер-лигата, зад рекордерот Алан Ширер со 260, рекорд што Хари најверојатно нема да го нападне ако се знае дека на 33-годишна возраст ...
Куртис Џонс во следните 24 часа ќе го комплетира трансферот во Интер откако италијанскиот првак конечно доби зелено светло од Ливерпул за потпис на поранешниот младински репрезентативец на Англија. Џонс беше голема желба на „нероаѕурите“ уште од стартот на летово, но преговорите траеја бавно почнувајќи со првата понуда од 20 милиони евра, иако Ливерпул инсистираше на двојно повисока сума. Интер на крајот се согласи да плати 35 милиони (30 ...
Микел Артета нема намера да запре со трошењето пари во пресрет на новата премиерлигашка сезона, „топчиите“ во следните 24 часа ќе го комплетираат трансферот на Конса од Астон Вила вреден 50 милиони фунти, но англискиот репрезентативец нема да биде последно засилување на шампионот за ова лето. Артета инсистира на ангажман на уште еден врвен офанзивец кој би дејствувал по левата страна по пропаднатиот мегатрансфер на Винисиус, а „план Б“ на ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/27 во која „зелено-белите“ влегуваат со конкурентен ростер за висок пласман. На прозивката беа присутните сите новајлии, со исклучок на Американците кои ќе се приклучат од понеделник во Битола. Екипата ќе се подготвува со домашни спаринг партнери, а ќе настапи и на Меморијалниот турнир „Зоран Петковски-Петкото„ на 16 и 17 септември во ...
ПСЖ остана без трофејот во Супер-купот на Франција, а проблем плус за тренерот Луис Енрике претставува црвениот картон што го заработи Нуњо Мендеш. Стандардниот лев бек ги загуби нервите во самиот финиш и со лакотот удри во лицето еден противнички фудбалер, поради што доби максимална казна од три натпревари неиграње. Казните од суперкупот автоматски се пренесуваат на француското првенство, па така португалскиот дефанзивец нема да може да биде ...
Барселона се соочува со огромни проблеми во потрагата на нов голгетер откако каталонците го минаа речиси цело лето обидувајќи се да стигнат до Хулијан Алварез, но тој неуспешен обид придонесе директорот Деко да има само десетина дена да доведе најмалку еден врвен голгетер како замена за Роберт Левандовски. Ханси Флик остана без „деветка“ откако од тимот си замина и Феран Торес, а Деко се мачи да најде соодветен наследник за Левандовски, веќе ...
Лео Меси го постигна својот прв погодок по смртта на својот татко запишувајќи се меѓу стрелците на дуелот со Филаделфија, на кој Интер Мајами сепак не успеа да дојде до цел плен и мораше да се задоволи само со еден бод (2-2). Токму погодокот на Меси донесе водство од 1-2 по раната предност на домашната екипа, сите соиграчи дотрчаа да прослават со Аргентинецот, кој на крајот покажа со рацете кон небото, јасен знак кому го посветува овој ...
Фудбалерите на БОДО Глимт уште еднаш покажаа дека норвешкиот фудбал и тоа како оди во нагорна линија, откако вечерва славеа на гостувањето во Холандија кај НЕЦ Нијеминген со убедливи 1-3 во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман во Лигата на шампионите. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Фет во 25. минута, а до крајот на првиот дел беше и 0-2 со погодокот на Хелмерсен од пенал во 44. минута. Во вториот дел на 0-3 зголеми Алесами во 50. ...
Фудбалерите на Атлетико Мадрид со домашна победа од 2-0 над повратникот во елитата Малага ја стартуваа новата сезона во шпанската Ла лига. Откако по првите 45 минути мируваа мрежите, водство за домашниот тим донесе новото засилување, Кореецот кој дојде од Пари Сен Жермен, Ли Канг-ин во 70. минута. Конечните 2-1 ги постави Алекс Баерна со феноменален гол од слободен удар во 85. минута. Atletico Madrid [2]-0 Malaga – Alex Baena free-kick 84' ...
Раководството на германскиот гигант Баерн Минхен изрази сериозна загриженост за здравствената состојба на својата млада ѕвезда Џамал Мусиала, но воедно му понуди и безрезервна поддршка во овој тежок период. Од таборот на баварците јасно му ставиле до знаење на фудбалерот дека неговото здравје е на прво место и дека клубот ќе застане зад секоја негова одлука. Германските медиуми пренесуваат дека Баерн му ветил на Мусиала дека доколку реши ...
Фудбалерите на Барселона славеа над египетскиот Ал Ахли со 2-1 на традиционалниот турнир кој се одржува секое лето во чест на Швајцарецот кој го создаде каталонскиот гигант „Жоан Кампер“. Каталонците поведоа со 1-0 со голот на младиот Хамза Абделкарим во 30. минута. До крајот на првиот дел беше и 2-0 откако Рафиња стрелаше од белата точка. Во вториот дел гостите успеаја само да го ублажат поразот (2-1) преку Зизо во 51. минута. Пред почетокот ...
На традиционалниот „Жоан Гампер трофеј“, каде каталонсиот тим игра против Ал Ахлиа беа презентирани новите фудбалери на Барселона пред навивачите, но се случи еден аматерски пропуст. Жоао Кансело беше облечен во дрес и подготвен спикерот да го каже неговото име и тој да излезе на теренот. Но, тогаш му кажаа дека тој нема да биде презентиран бидејќи уште официјално и не е потпишан. Кансело лут се врати во соблекувалната додека другите играчи ...
Францускиот второлигаш Ница го доведе искусниот белгиски фудбалер Аксел Витсел, кој потпиша со клубот откако успешно ги заврши медицинските прегледи. Тој е клучен член на белгиската „златна генерација“ која ги предводеше „црвените ѓаволи“ до полуфиналето на Светското првенство во 2018 година. На клупско ниво, Аксел Витсел доаѓа по успешна сезона со Жирона во Шпанија, каде што имаше 32 настапи пред да учествува на Светското првенство, ...
Се спомнуваше враќање во Европа и нова соработка со Мохамед Салах, но од тоа нема да излезе ништо. Кариерата на Дарвин Нуњез продолжува во Саудиска Арабија, каде што ќе настапува за Ал-Дирија. Трабзонспор се спомнуваше како една од опциите, но Нуњез останува во Саудиска Арабија и заминува на позајмица во Ал-Дирија. Договорот не вклучува опција за откуп, а Ал-Дирија ќе ја преземе целосната исплата на неговата плата. Минатата сезона, Нуњез ...
Ракометарите на актуелниот шампион во ЕХФ купот, ГРК Охрид ја забележаа втората победа на традиционалниот турнир на кој се домаќините „Крсте Андоновски“ откако вечерва во СРЦ „Билјанини извори“ славеа над српска Војводина со 30-21. Овој натпревар се важи и како дел од новото Регионално натпреварување, па охриѓани вечерва ја забележаа првата историска победа и во оваа лига. Избраниците на Ројевиќ го контролираа мечот во текот на сите 60 минути ...
Унгарецот Шандор Чањи, еден од осумте потпретседатели на Советот на ФИФА, објави дека ја повлекува својата поддршка за претседателот на светската фудбалска федерација, Џани Инфантино. Инфантино се најде на удар на критики по неговиот предлог, од кој на крајот се откажа да се отвори ФИФА за приватни инвеститори. Во писмото упатено до Инфантино, Чањи, кој е и претседател на Унгарската фудбалска федерација, изјави дека ја „изгубил довербата што ...
Ракометарите на Е. Пелистер и Е. Пелистер 2 традционално одиграа меѓусебен контролен натпревар како заокружување на подготвителниот период пред стартот на новата сезона. Очекувано на крајот до победата стигнаа поискусните битолчани кои што славеа со убедливи 39-17. Лино Червар своето деби на официјален натпревар за Пелистер ќе го има во недела кога во рамки на Регионалната лига во „Боро Чурлевски“ ќе го пречека Партизан кој ќе биде предводен ...
Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, доживеа тешка повреда на десното колено за време на неговите индивидуални тренинзи во САД. Деталните медицински прегледи покажаа дека тој целосно го скинал внатрешниот менискус. Веднаш по дијагнозата, Нан беше подложен на успешна артроскопска операција, при која му беше отстранет оштетениот дел од менискусот. Неговото враќање на кошаркарските терени се очекува за шест до осум недели, иако се уште нема ...
Холандскиот репрезентативец Тиџани Рејндерс и официјално го напушти Манчестер сити и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, во редовите на Ал Кадсија. За услугите на 28-годишниот фудбалер од средниот ред, клубот од Саудиска Арабија плати отштета од дури 61 милиони евра. Рејндерс со новиот тим потпиша петгодишен договор, период во кој ќе заработи астрономски 100 милиони евра, сума која е далеку поголема од неговите досегашни примања кај ...
Арсенал се договори за трансферот на дефанзивецот на Астон Вила, Езри Конса, за околу 60 милиони евра, на што ќе бидат додадени бонуси. Конса денеска се збогуваше со своите соиграчи а утре го чекаат лекарските преглед и потписот со клубот од Лондон, кој побара засилување во одбраната поради повредите на Вилијам Салиба и Јуриен Тимбер. Арсенал разгледуваше и други опции во одбраната, а меѓу нив беше и дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џарел ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, откри дека му рекол на Винисиус Џуниор дека не вреди да го напушти Сантијаго Бернабеу со што успеал да го убеди Бразилецот да остане во клубот. Винисиус е во последните 12 месеци од неговиот договор со Реал, што значи дека може да го напушти клубот следното лето без да плати надомест. Шампионот на Премиерлигата, Арсенал, беше заинтересиран да го потпише додека беа во тек разговорите за нов договор со ...