Фудбалската федерација на Иран објави дека квотата за билети на нивната репрезентација за натпреварите од Светското првенство во 2026 година е повлечена, поради што голем број ирански навивачи, кои веќе направиле аранжмани за патување, нема да можат да присуствуваат на натпреварите. Во соопштението се вели дека бројни навивачи веќе купиле билети за патување, резервирале сместување и ги направиле сите потребни планови, потпирајќи се на ...

Тренерот на шампионот на БиХ, Борац Бања Лука, Винко Мариновиќ, е повреден во навистина бизарна несреќа. Тој изгуби два прста при косење трева. Според информациите од БиХ, Мариновиќ, кој е тренер на тимот каде настапуваат македонските ререзентативци Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, бил невнимателен додека косел трева, и загубил два прста. За среќа, ги пронашол отсечените прсти во тревата. Му била укажана помош и прстите му биле зашиени. ...

Манчестер сити е блиску до финализирање на преговорите за нов договор цо хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиола, и покрај тоа што неговиот тековен договор важи до 2028 година. Англискиот шампион сака да го врзе 24-годишникот со долгорочен договор и со тоа да го обезбеди неговиот престој на „Етихад“. Реал Мадрид, Барселона и Баерн покажаа сериозен интерес за хрватскиот дефанзивец, но инсајдерот Бен Џејкобс известува дека сè ќе биде решено ...

Жозе Мурињо подготвува сериозен ремонт во играчкиот кадар во Реал Мадрид, новиот тренер добил слобода да одлучува околу изгледот на екипата, а прва „ѕвезда“ што ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде Федерико Валверде. Мадридските медиуми веќе известуваа дека соиграчите биле исфрустрирани од бројните испади на Валверде во текот на ланската сезона, што кулминираше и со физичкиот конфликт со Чуамени од кој токму Уругваецот го извлече ...

Црвена Звезда успеа да задржи еден од домашните кошаркари и за наредната сезона откако денеска и официјално потпиша нов договор со Дејан Давидовац. Скромниот крилен кошаркар не добива преголема минутажа, но секогаш максимално ја користи шансата што ќе му се укаже. „Црвено-белите“ за првпат го доведоа Давидовац во своите редови во 2015, тој дебитираше за клубот во 2017, а единствената сезона што ја мина надвор е во руска ЦСКА Москва, каде ...

Жозе Мурињо денеска пристигна во Мадрид и најдоцна за 24 часа португалскиот стратег и официјално ќе биде претставен како нов шеф на стручниот штаб на „кралскиот клуб“. Договорот беше постигнат уште пред извесно време, но се чекаше Флорентино Перез да победи на претседателските избори, па откако тоа се случи веќе наме никаква пречка за камек на „специјалниот“ назад на „Сантијаго Бернабеу“. Мурињо имаше уште една година од договорот со Бенфика, ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за разрешување на Висар Ганиу од функцијата заменик-директор на Центарот за едукација при ФФМ. На негово место е именуван Менсур Јакупи, истакнат фудбалски работник и тренер со долгогодишно искуство во македонскиот фудбал. Во текот на својата кариера, Јакупи работеше во повеќе клубови и младински школи, меѓу кои ФК Гостивар и младинските категории на Шкендија, а воедно беше и селектор ...

СП 2026 и официјално ќе стартува в четврток со дуелот Мексико – Јужна Африка, со што ќе почне фудбалската треска што ќе трае се до 19 јули. Меѓу главните фаворити за највисок пласман на мундијалите вообичаено е и Бразил, а „кариоките“ овојпат имаат и сериозен адут на клупата – Карло Анчелоти беше доведен на кормилото токму за да биде остварен врвен резултат. Легендарниот стратег на Милан, Баерн, Реал Мадрид… е свесен за предизвикот пред него, ...

Веќе трето лето по ред арапските газди на најбогатите клубови во Саудиска Арабија ја имаат истата желба – да го доведат Рафиња од Барселона како суперѕвезда во оваа држава. Бразилскиот крилен офанзивец две години по ред ги одбиваше нивните понуди, што придонесе Ал Хилал и Ал Наср да се вратат летово со нов обид, и тоа со фантастична плата чтири пати повисока од онаа што Рафиња во моментов ја заработува во каталонскиот гигант. Бразилецот има ...

Ливерпул сериозно ја разгледува опцијата за враќање на Дарвин Нуњез на „Енфилд“ откако уругвајскиот ас стави до знаење дека е подготвен да се врати назад во Европа по неуспешната авантура во Саудиска Арабија. Дарвин минатото лето се пресели од Ливерпул во Ал Хилал во трансфер вреден 50 милиони евра, но сонот се претвори во кошмар откако клубот на половина сезона реши да го отстрани Уругваецот од листата регистрирани фудбалери за домашното ...

Листата на учесници на ракометното СП 2027 чиј дел ќе биде и Македонија дефинитивно е комплетна откако ИХФ ги додели и двете вајлд-карти на селекции кои ќе бидат дел од мундијалот иако не ги минаа квалификациите. Турција и Саудиска Арабијја се „среќните репрезентации“ избрани од светската куќа на ракометот да бидат дел од мундијалот што ќе се одржи во Германија. Иако според многумина апсолутни фаворити во оваа трка беа Унгарците, оваа ...

Мартин Томовски бранеше во извонредна форма во дресот на Битигхајм и е меѓу најзаслужните што овој тим обезбеди влез во елитното германско ракометно друштво. Затоа, сосема очекувано и апсолутно заслужено – Томовски беше избран за голман на сезоната во втората Бундес-лига и предводник на идеалниот тим во ова натпреварување за 2026/27. Останува да се види дали Македонецот ќе остане на голот на Битигхајм и во следната сезона или ќе прифати ...

Пјер Саж неочекувано го привлече вниманието на фудбалската јавност откако овој стратег со тимот на Ленс долго му парираше на ПСЖ во трката за титулата во Франција, а во меѓувреме стигна и до трофејот во националниот куп, прв ваков пехар во клупската историја на Ленс. Договорот му истекуваше на крајот од сезонава и Саж очекувано се реши за нов предизвик во кариерата, а тоа ќе биде – преселба во најсилната лига на светот. Лондонскиот ...

Обезбеди опстанок Башкими минатата сезона. Успеа да забележи неколку добри резултати, а особено ќе се памети победата над Шкендија среде Тетово, кога практично кумановскиот тим и го реши освојувачот на титулата. Башкими треба да игра во Првата лига и следната сезона, меѓутоа кумановскиот тим е во исчекување. Според информациите до кои дојде ЕКИПА, играчите и стручниот штаб ги чекаат заостанатите плати. Досега никој не ги контактирал ниту ...

Сите во Бразил се во исчекување од резултатите од тежината на повредата на репрезентативецот Нејмар. Многу работи во „кариоките“ зависат од неговото закрепнување. На прес-конференцијата пред мечот со Египет, селекторот Карло Анчелоти истакна дека го очекува Нејмар на теренот уште оваа недела, но се чини дека нема да биде на располагање во првото коло против Мароко во сабота. Нејмар се повреди на мечот помеѓу Сантос и Коритиба. Неговиот клуб ...

Ветеранот, 39-годишниот Оливие Жиру и натаму може да игра на највисоко ниво. Иако договорот со Лил му истече ова лето, сепак, двете страни се договорија да продолжат заедно на уште една сезона. Според информациите, тој се чувствува подготвен и не ја загубил страста за фудбалот. Тој ќе има можност да работи со Давиде Анчелоти, синот на легендарниот Карло, кој беше назначен за нов тренер на францускиот тим. Тој ја започна својата кариера во ...

Бразилецот Вилтон Сампајо е назначен од ФИФА да го суди првиот натпревар на Светското првенство во четврток помеѓу Мексико и Јужна Африка. Колумбиецот Николас Гало ќе биде судија на ВАР системот. ФИФА ги назначи и судиите за следните три натпревари: натпреварот Јужна Кореја – Чешка ќе го суди Египќанецот Амин Мохамед, а неговиот сонародник Махмуд Ашур ќе биде ВАР; натпреварот Канада – Босна и Херцеговина ќе го суди Аргентинецот Факундо Тељо, ...

Јапонската фудбалска репрезентација одлучи да ја напушти својата привремена база во Мексико и да се пресели во Соединетите Американски Држави откако условите за тренинг не ги исполнија високите стандарди што ги очекува една од најорганизираните федерации во светот. Самураите ги започнаа подготовките за Светското првенство во Монтереј , каде што тренираа во кампот на мексиканските гиганти Тигрес. Сепак, по првите тренинзи, стана јасно дека ...

Третиот натпревар од финалето на НБА помеѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс понуди многу возбудувања на паркетот, но еден детал од трибините успеа да засени речиси сè што се случи во текот на вечерта. Во центарот на вниманието повторно беше претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој го следеше натпреварот во живо од ВИП ложата во легендарната сала „Медисон Сквер Гарден“. Неговото доаѓање беше една од главните теми ...

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, е главна трансферна цел за голот на Јувентус идната сезона. „Бјанконерите“ се фокусирани кон привлекување на светскиот првак, откако стана јасно дека Алисон нема да се пресели во Торино. Ливерпул веќе ги инфомирал челниците на тимот од Торино дека Алисон ќе остане меѓу диреците и идната сезона. Затоа Јувентус веќе почнал преговори со агентот на Мартинез околу личните услови, а во исто време преговара и ...

Европско првенство на Балканот. Скопје домаќин на неколку натпревари меѓу најдобрите селекции. Звучи сензационално, иако во моментов е далеку од реалноста, но во последно време се погласно се шпекулира дека шест земји од Балканот би можеле да поднесат заедничка кандидатура за одржување на Европското првенство во 2036 година. Според информациите, домаќини би биле Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција и Албанија. Проблем е во моментов ...

Го зададоа првиот удар кошаркарите на Сан Антонио во финалната серија со Њујорк Никс. Виктор Вембањама ја оствари својата прва победа во НБА финале, а Никси сега се соочија со нешто потешка задача ако сакаат да ја прекинат 53-годишнината без трофеј. Францускиот кошаркар го предводеше Сан Антонио до триумф од 115-111 на гостински терен, и Спарси намалија во серијата на 2-1. Вембањама го заврши мечотсо 32 поени, осум скока и шест аститенции, ...

Франција триумфираше со 3-1 над Северна Ирска во последниот натпревар што „триколорите“ го одиграа пред да полетаат за САД во пресрет на мундијалот што ќе стартува веќе в четврток. Во главна улога беше Михаел Олис, асот на Баерн Минхен беше незапирлив постигнувајќи ги сите три гола за Франција, негов прв хњт-трик во репрезентативниот дрес. Олис се снајде најдобро по една мешаница и го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме, а потоа ...

Холандија не го дочекува стартот на СП 2026 во најдобра форма откако „лалињата“ едвај сллавеа со 2-1 на „генералката“ во која за противник го имаа Узбекистан. Куман се реши за офанзивна формација со Мален и Самервил во нападот помогнати од Гакпо, а токму Коди Гакпо од пенал ја доведе оваа селекција во водство по триесетина минути игра. „Лалињата“ беа далеку од посакуваното ниво, а во 88. минута имаа и помош од главната судијка, која по ...

Олимпијакос поведе со 2-1 во финалната серија против Панатинаикос откако „црвено-белите“ ја добија вечерашната рововска битка на домашен терен со резултат 102-92. „Зелените“ допатуваа на теренот на лутиот ривал без својот претседател, контроверзниот Јанакопулос кој утрово беше казнет со едномесечна суспензија поради случувањата на претходниот дуел од оваа финална серија. Мечот почна со израмнета борба, Фурние стартуваше извонредно со 10 поени ...

Цеск Фабрегас го доби епитетот „чудотворец“ во италијанскиот фудбал откако со тимот на Комо стигна до билет за Лигата на Шампионите за следната сезона. Шпанскиот стратег минатото лето одби неколку интересни понуди, сега веќе најави дека планира да остане и да го води Комо во ЛШ, а шпанските медиуми тврдат дека Фабрегас веќе го има договорено следниот чекор во кариерата, и тоа како предводник на големата Барса. Претседателот Лапорта е ...

Поранешниот белгиски репрезентативец Дивок Ориги реши да ја заврши кариерата на 31-годишна возраст, откако во последните неколку сезони не добиваше премногу шанси да ги покаже своите квалитети. Тој ги мина најдобрите моменти во кариерата како член на Ливерпул, не беше стандарден првотимец во таборот на „црвените“, но ќе остане запаметен по неколкуте клучни погодоци, оној за 4-0 по брзиот корнер на Александер Арнолд во незаборавната победа на ...

Андреј Јакимовски направи вистински потег кога по враќањето од НЦАА-лигата го избра Тренто за следна дестинација во кариерата, македонскиот репрезентативец блескаше во дресот на италијанскиот клуб и се наметна во кошаркарската јавност во Европа. Неслучајно, сериозен интерес за да го доведат во своите редови покажаа евролигашите Валенсија и Виртус Болоња, па и самиот Јакимовски е подготвен за нов чекор напред во кариерата, што ќе значи ...

Филип Кузмановски со својот тим Кувајт Спорт клуб го претрпе првиот пораз на шампионатот на Азија откако го загуби денешниот меч со Ал Калеј со 31-34. Токму македонскиот капитен беше во главна улога во победите над Ал Наџма и над Ал Араби во првите две рунди, но Кузмановски беше неутрализиран од противничката одбрана, што се покажа клучен фактор за Ал Калеј да стигне до посакуваниот триумф. Македонскиот „бомбардер“ го заврши натпреварот со ...

Холандија ќе биде значително ослабена за претстојниот мундијал откако Јуриен Тимбер отпадна од комбинација за овој светски шампионат. Десниот бек на Арсенал подолго време се мачеше со незгодна повреда. Тој беше вклучен во тимот на „топчиите“ за финалето од ЛШ против француски ПСЖ, по што селекторот Куман реши да го вклучи и во својот список за националниот тим. Сепак, во изминатите десетина дена од подготовките беше јасно дека Тимбер е далеку ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Калај

53.60

Паладиум

40767.15