Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Гостин во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ едно од најголемите кошаркарски имиња во историјата на Македонија, Марјан Србиновски. Предводникот на новиот амбициозен проект КК Соколи 1933 од Штип, поранешен македонски селектор и член на стручниот штаб од ЕП 2011 во Литванија, меѓу бројните теми се осврна и на постојано актуелната тема: деца спортисти и амбициозни родители. „Во спортот има многу примери со талентирани деца кои веќе на 11 години ...
Засилувајќи ги редовите за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница официјално го промовираше искусниот дефанзивец Виктор Велкоски како свое нов име. Всушност станува збор за повратник во тимот кој освен во стоперската линија, може да игра и на позицијата на последен играч за врска. Искусниот Велкоски има 30 години, богата кариера во која настапуваше за Вардар, Љубанци, Пелистер, ФК Скопје, Работнички, Победа, ...
Андони Ираола во неколку наврати летово стави до знаење дека му се потребни нови фудбалери до крајот на преодниот рок, но управата на Ливерпул се мачи да ги исполни желбите на новиот тренер кој летово пристигна на „Енфилд“. Преговорите со ПСЖ за Баркола се одолговлечија, од Ливерпул порачаа дека планираат да доведат и уште еден крилен офанзивец, но таа потрага оди уште потешко, Најпрвин се преговараше за Ибрахим Мбаје, но фактот дека ПСЖ ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз на Медитеранските игри во Таранто, каде нашите млади ракометарки загубија со убедливи 23-37. „Црвено-жолтите“ му парираа на противникот од Африка само до 5-5, по што Алжирките се одллепија и веќе до крајот на полувремето го решија победникот поведувајќи со 11-20. Oстатокот од натпреварот мина во рутинско одржување на големата предност на противникот, кој на крајот славеше ...
Македонската репрезентација до 15 години загуби со 0:1 од Украина на натпреварот од 3. коло од Развојниот турнир одржан во Струмица. Дефанзивецот на Украина, Данил Росул во 20. минута го постигна голот за победа на гостинската селекција. На денешната пресметка против Украина, нашата селекција пропушти две одлични прилики за позитивен резултат. Хари Папиќ во 11. минута и Муадини во 71. минута ги имаа најдобрите шанси за гол. Папиќ со глава ...
Челси тргна триумфално во новата сезона, но во првото коло против Фулам стана јасно дека Санчез не поседува квалитети на голманската позиција и дека „сините“ ќе мора да доведат нов врвен чувар на мрежата ако сакаат да се борат за највисок пласман. Денеска од „островот“ пристигнува информација дека Челси веќе почнал преговори со Емилијано Мартинез, за аргентинскиот репрезентативец пред самиот крај на преодниот рок да се пресели на „Стемфорд ...
Македонија по подолго време ќе има врвен играч за борба под обрачите во своите редови, откако Мозес Рајт ја комплетираше процедурата за добивање на македонски пасош, по што се стави на располагање на зелекторот Берокал за претстојниот меч со Австрија што ќе се одигра на 30 август во Виена. Рајт веќе одржа неколку тренинзи со новите репрезентативни колеги и делува задоволно што адаптацијата минува без апсолутно никакви проблеми. „Работиме ...
Тажна вест пристигнува од Битола, каде денеска почина Никола Богоевски, еден од најдобрите спортисти во историјата на „градот на конзулите“. Информацијата ја потврди и ФК Пелистер, клубот во кој Богоевски мина огромен дел од кариерата, помагајќи му на овој тим да обезбеди влез во Втората лига на Југославија во сезоната 1974/75. „Денес на 76-годишна возраст почина Никола Богоевски викан Бизонот еден од најдобри спортисти што ги имала Битола во ...
Американскиот бек Ноа Фарахан, кој летово пристигна како едно од главните засилувања во редовите на македонскиот шампион МЗТ Скопје, веќе напорно тренира со екипата и ги сподели своите први импресии од клубот, градот и очекувањата за претстојната сезона. Од него се очекува да биде еден од главните лидери и мотори на „сино-белиот“ тим во предизвиците што следат на три фронта – домашната Суперлига, АБА2 лигата и настапите во ФИБА Еврокупот. Тој ...
Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 го претстави специјалниот јубилеен дрес со кој ќе настапува во новата сезона. Дизајнот е инспириран од големиот јубилеј – 65 години од основањето на клубот, години исполнети со големи победи, европски трофеи и генерации ракометари кои го испишаа името на Вардар во историјата, и на македонскиот и на европскиот ракомет. Во новата сезона, на гостински терен Вардар ќе настапува во дрес со кој тимот ...
Екипата на Алкалоид со сериозни амбиции влегува во новата натпреварувачка сезона, во која „сино-белите“ својот прв официјален натпревар ќе го играат денеска, во рамките на регионалната лига против српскиот првак Партизан (19 часот, сала Автокоманда). „Сино-белите“ одработеа квалитетни подготовки во Маврово, потоа и одиграа неколку контролни натпревари и сега максимално подготвени го дочекуваат дуелот со српските црно-бели. Партизан има ...
Брегалница успеа да осигура исклучително значаен потпис откако штипјани попладнево се пофалија со трансферот на Иван Николов, големото засилување што беше промовирано од страна на градоначалникот на Штип, Иван Горданов. Николов, кој настапува во средниот ред, со овој трансфер се враќа назад меѓу штипјани откако во претходните неколку сезони настапуваше за Вардар, данскиот прволигаш Сондерјиске како и со Радник од Бјелина во шампионатот на ...
Манчестер Сити се пофали со потпис на Ајуб Буади, вториот трансфер од над 100 милиони евра што „граѓаните“ го комплетираа летово по оној на Елиот Андерсон од редовите на Нотингем Форест. Преговорите со Лил траеја долго, за на крај да биде договорено Сити да плати 104 милиони евра за 18-годишниот Мароканец, плус дополнителни 5,5 милиони евра поврзани со неколку клаузули. Мароканскиот репрезентативец настапуваше за својата селекција на СП 2026, ...
Баерн Минхен успеа да се ослободи од уште еден фудбалер кој не беше дел од плановите на тренерот Компани откако Жоао Палиња го комплетираше трансферот во редовите на Бенфика. Португалскиот играч за врска минатата сезона ја мина на позајмица, но и по враќањето во Минхен му беше ставено до знаење дека во Баерн не сметаат на неговите услуги. Палиња беше на чекор до Астон Вила, тој трансфер пропадна, по што на сцена стапи Бенфика, договарајќи ги ...
Последните четири билети за лигашката фаза во Лигата на шампионите ќе бидат поделени вечерва, кога на програмата се четири реванш-натпревари од плејофот. Сите дуели започнуваат од 21:00 часот по македонско време. Најголемо внимание привлекува пресметката во Атина, каде АЕК ќе го пречека Левски. Првиот натпревар во Софија заврши без голови, па двете екипи во реваншот влегуваат со целосно отворени шанси. Левски има дополнителен мотив бидејќи ...
Работнички веќе ги стартуваше подготовките за новата сезона, а „центарци“ успеаја да осигураат и уште еден потпис, носејќи го во своите редови младиот Атанасиј Трајанов од екипата на Партизан Водно санс. Трајанов беше дел од М18 генерацијата што славеше на ЕП – Б дивизија во Скопје, летово настапуваше за младинската репрезентација до 20 години на ЕП – Б дивизија во Братислава, по што следеше и потпис за „црвено-белите“ од „Градски парк“. „КК ...
Македонската фудбалска репрезентација до 20 години, е поразена со убедливи 5-1 од селекцијата на Мароко до 19 години на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Мароканската селекција уште во 43. секунда дојде до предност преку Есади. Во 5. минута од средбата, Тасев успеа да израмни. Овој резултат беше актуелен до 36. минута преку Зенеби Талби кој донесе нова предност за Мароко. Во вториот дел уште три гола во мрежата на Македонија. Најпрво ...
Нова грижа за Диего Симеоне и Атлетико Мадрид. Јулијан Алварез не учествуваше на денешниот тренинг на тимот поради здравствен проблем, објави „АС“. Аргентинскиот напаѓач не се појави на теренот со останатите соиграчи, откако почувствувал стомачни тегоби, поради што клубот одлучил да не ризикува и да го остави надвор од тренажниот процес. Засега нема информации дека станува збор за посериозен проблем или повреда. Неговото отсуство доаѓа во ...
Јувентус доби сериозен удар уште на стартот на новата сезона, откако остана без еден од своите најважни фудбалери. Кенан Јилдиз ќе биде подолг период надвор од терените по повредата заработена на гостувањето кај Фрозиноне. Турскиот репрезентативец се повреди во првото коло од Серија А, на натпревар кој „бјанконерите“ го добија со 1-0. Иако во прв момент не изгледаше дека станува збор за сериозна повреда, дополнителните прегледи донесоа многу ...
Бруно Фернандеш ја круниса фантастичната сезона со уште едно големо признание. Капитенот на Манчестер Јунајтед е избран за најдобар играч во Премиерлигата според Професионалната асоцијација на фудбалери – ПФА. Португалецот ја доби престижната награда на гласањето во кое учествуваа самите фудбалери од англиската елита. Со тоа Фернандеш ја комплетираше извонредната сезона во која собра низа индивидуални признанија. Зад него е сезона за ...
Валдас Дамбраускас испиша историја со Сабах, а по големиот успех на азербејџанскиот клуб литванскиот стратег откри и еден прилично необичен детал од својот приватен живот. Сабах го елиминираше Хапоел Бер Шева со спектакуларни 5-2 по продолженијата и за првпат во историјата обезбеди пласман во лигашката фаза од Лигата на шампионите. По натпреварот, Дамбраускас не ги криеше емоциите. „Ова е прекрасна ноќ и атмосферата е одлична. Им благодарам ...
Барселона не се откажува од намерата да го ангажира аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Иако од тимот на „јорганџиите“ неколку пати веќе ги одбиваат Каталонците за трансфер, и најавуваат дека немаат намера да го пуштат да замине, сепак, Барселона има сосема поинаков план. Според информациите од Шпанија, Хуан Лапорта ги прекинал сите други планови поврзани со ангажман на напаѓач, и ќе го чека Алварез до последниот ден од ...
Фудбалскиот свет го потресе нова сензационална трансфер-шпекулација. Ливерпул наводно стапил во контакт со Интер Мајами околу можноста за ангажман на Лионел Меси. Според информацијата која се појави на социјалните мрежи, англискиот гигант веќе отворил разговори со американскиот клуб за евентуално доведување на аргентинската суперѕвезда на „Енфилд“. Сепак, засега нема потврда од Ливерпул, Интер Мајами или тимот на Меси, па информацијата треба ...
Новиот селектор на Холандија, Чави Хернандез, не се оптоварува со фактот дека не бил прв избор за селекторската функција. Спортскиот директор на холандската репрезентација, Најџел де Јонг, откри дека пред Чави, првите кандидати за селекторската позиција биле Пеп Гвардиола и Арне Слот, додека поранешниот тренер на Барселона бил третата опција. Сепак, Чави на прес-конференцијата покажа дека тоа воопшто не му претставува проблем. „Не ми е важно ...
ФИБА ги потврди четирите арени во кои ќе се игра Светското првенство во кошарка во 2027 година, чиј домаќин ќе биде Катар. Мундобаскетот ќе се одржи од 27 август до 12 септември 2027 година, а турнирот ќе биде јубилеен, 20-ти во историјата. Натпреварите ќе се играат во четири објекти: -Лусаил Арена – капацитет од 15.227 гледачи; -Ал Атијах Арена – 8.600 гледачи; -Ал Џануб Арена – 8.200 гледачи; -Духаил Арена – 5.500 гледачи. Најголемиот ...
Откако ги продадоа Рори, Тијани Рејндерс, Бернардо Силва и Нико Гонзалез, од Манчестер Сити заминува уште еден фудбалер од средниот ред. Станува збор за Матео Ковачиќ, кој е на излезна врата од „Етихад“. Хрватот во последно време не е во плановите на тимот, а се чини дека и Енцо Мареска нема да смета на него во новата сезона. Ковачиќ од 2023 година е дел од Манчестер Сити, откако претходно четири години помина во Челси. Беше дел и од Интер и ...
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговата Валенсија лошо ја почнаа сезоната во Ла Лига. Во заостанатиот натпревар од 1. коло, Валенсија на домашен терен загуби од Реал Бетис со 0-1. Во лош меч за домашните, Бетис до победата дојде со голот на Пабло Гарсија во 83. минута од средбата. Valencia 0-[1] Real Betis – Pablo García 83′ by u/xggq in soccer Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски ...
Фудбалерите на Бодо/Глимт повторно го надиграа НЕК Нијмеген (3-0) и се пласираа во Лигата на шампионите. По 3-1 од Холандија, одличниот норвешки тим не остави ништо на случајот во реваншот. Бјоркан постигна гол во второто, а Оукленд во петтата минута од судиското продолжение. Фонвил постигна автогол во 73. минута и со тоа стави крај на овој натпревар. Треба да се каже дека гостите веќе беа без голманот Кретац од третата минута, кој доби ...
Фудбалерите на азербејџански Сабах го елиминираа Хапоел Бер Шева во плејофот од Лигата на шампионите, и за првпат во својата историја ќе играат во групната фаза од ЛШ. Израелскиот шампион, кој ја нокаутира Црвена Звезда едно коло претходно, беше многу блиску до пласман во елитата, но прими гол во последната минута од регуларниот дел од реваншот, а потоа загуби по продолженијата со 5-2 (вкупно 6-4 од двата меча). Пред седум дена, Хапоел победи ...
Пелистер го промовираше Иван Ивановски како свое најново засилување. 31-годишниот Ивановски игра на крилните офанзивни позиции. Претходно во кариерата има настапи за Тиквеш, Силекс и Гостивар во македонскиот шампионат, како и за Ал Рамта во првенството на Јордан. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ...