Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
САД го интензивираа својот воен и политички ангажман во Либија, со цел да го ограничат влијанието на Русија и нејзините сојузници во оваа стратешки важна северноафриканска земја, пишува „Волстрит џурнал“. Клучен инструмент на новиот пристап се меѓународните воени вежби „Флинтлок 2026“, кои се одржуваат во Либија и Брегот на Слоновата Коска. Учеството во овие активности им овозможува на либиските сили пристап до обука, опрема и оперативна ...
Поради продолжените ризици од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, Собранието денеска на пленарна седница го усвои Предлогот за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија. Со одлуката, што претходно доби поддршка и од Комисијата за одбрана и безбедност, кризната состојба се продолжува до 20 јули 2026 година, а ќе започне да се применува од 21 април ...
Неготинец бил осомничен за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Во ОВР – Неготино e извршен службен разговор со Д.К., на возраст од 21 година од Неготино, поради основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и ...
Со барања за психијатриски вештачења, читање исказ на сведок и предлози за проверка на достапност помина денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на кое не присуствуваше ниту еден од предложените сведоци на Јавното обвинителство. Судот ги прифати предлозите на Обвинителството, вклучително и читањето на исказот на Денис Даутовски, кој не е достапен на органите на прогон. За сведоците Ана Томева и Лина Крстова, ...
Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, предупреди на можна инвазија на САД по тврдењата на Трамп дека ќе го преземе Гренланд, додека членките на НАТО не се сигурни во нивната поддршка. Фредерик Нилсен, предупреди дека островот мора да се подготви за можна инвазија на САД по сè почестите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за анексирање на данската територија. Трамп постојано нагласуваше дека преземањето на Гренланд е ...
Обединетото Кралство би можело да се соочи со недостиг на одредени прехранбени производи до лето, според сценариото за најлош случај што го составија владини претставници во врска со можен конфликт на Блискиот Исток, објави BBC Newsnight. Стравувањата дека продолженото затворање на Ормутскиот теснец би можело да ги намали домашните залихи на јаглерод диоксид, би можеле да доведат до недостиг на основни производи како што се пилешко и ...
Каква е улогата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во новите сценарија за бегство на Никола Груевски од Унгарија? Ова прашање се поставува имајќи ја предвид посетата на Сиљановска на Турција, а во контекст на информациите дека Никола Груевски не може да обезбеди азил во оваа земја, нагласуваат од СДСМ. – Има ли разговори зад очите на јавноста поврзани со Никола Груевски? Дали власта преку Сиљановска бара нови канали и решенија за ...
Трите закони за високо образование и наука (за високо образование, за квалитет на високото образование и за научноистражувачка дејност) се во владина процедура. Тие од јануари беа поставени на националниот регистар за прописи (ЕНЕР) и беа организирани дебати на универзитетите по што прифатливите забелешки беа вградени во новите верзии. На прес-конференција во Владата денеска, посветана на пакетот закони, министерката Весна Јаневска соопшти ...
Во текот на првиот квартал од 2026 година, на финансискиот пазар се појави нова категорија – крипто-нативен пристап кон дериватите на традиционалните финансии (TradFi). Во рамките на оваа категорија, Binance премина од почетно лансирање до стабилно тргување од повеќе милијарди долари за само неколку недели. Растот беше исклучително брз: тргувањето со метали започна со околу 1,5 милиони долари дневен обем, а за само 90 дена достигна врв од ...
Предлог-законот за високо образование не се креираше зад затворени врати, туку преку дебати со универзитетите, тој е заедничко решение со академската заедница и верувам дека ќе даде резултати. Ова не е закон на Владата, ова не е политичко туку државно прашање од кое зависи иднната на земјата и на нашите млади кои сега не препознаваат квалитет во домашното високо образование. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во ...
Демократска унија за интеграција упати обвинувања за, како што наведува, злоупотреба на буџетски средства во Општина Чаир и побара оставка од Изет Меџити. Според партијата, во системот „Open Finance“ е евидентирана месечна исплата од околу 1.000 евра за Хаќим Рамадани, поранешен директор и кандидат за градоначалник на Брвеница на претходните локални избори. Од ДУИ тврдат дека лицето не живее во Чаир, не е даночен обврзник во општината и ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека ниедна сила во светот не може да го присили иранскиот народ на покорност. – Иран не сака војна и нестабилност, но отсекогаш ја нагласувал важноста на дијалогот и конструктивната интеракција со сите земји во светот. Сепак, секој обид да се наметне каква било волја врз земјата или да се принуди да се предаде е осуден на неуспех и иранската нација никогаш нема да попушти на таков ...
Американскиот режисер Стивен Спилберг најави нов филм за вонземјани, „Ден на откривање“, за кој тврди дека ќе биде „повеќе вистина отколку фикција“. Авторот на „Е.Т.“ и „Војна на световите“ изјави на годишната конвенција за филмска индустрија CinemaCon дека решил да се врати на темата за вонземскиот живот откако прочитал извештај на „Њујорк тајмс“ од 2017 година за американските воени пилоти кои пријавиле дека виделе мистериозни летачки ...
Американската морнарица има нова клучна мисија во Ормутскиот теснец – да пронајде и уништи ирански поморски мини пред тие да предизвикаат целосен хаос на глобалниот економски фронт. Според „Политико“, заканата е реална бидејќи, иако залихите од илјадници мини на Иран се намалени по американско-израелската кампања, тие не се целосно уништени. Американското воено разузнавање верува дека некои од овие мини веќе се поставени во морето, според ...
Парични казни од над 19 илјади евра изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на спроведените 1.221 вонредни контроли кои беа спроведени пред Велигденските празници, соопштуваат од АХВ. -Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата Дрисла беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца по ...
Парични казни од над 19 илјади евра изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на спроведените 1.221 вонредни контроли кои беа спроведени пред Велигденските празници, соопштуваат од АХВ. -Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата Дрисла беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца по ...
Христијан Мицкоски повторно, јавно и пред камерите, „имал чувство“ дека во блиска иднина ќе започнат судски процеси против поранешни високи функционери на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада и членови на нивните семејства, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Ова не е прв пат, истото Мицкоски го правеше и во Собранието. Ваквите изјави не се случајни. Тие се свесна и опасна закана против ...
Висок воен советник на врховниот лидер на Иран предупреди дека Иран ќе потопи американски бродови во Ормутскиот теснец ако САД почнат да го „контролираат“ стратешкиот воден пат, објави Анадолу. Мохсен Резаи во изјава објавена од иранската државна телевизија рече дека САД немаат никаква улога во контролата на теснецот. – Трамп сака да стане полицаец на Ормутскиот теснец. Дали тоа е навистина ваша работа? Дали тоа е работа на моќна војска ...
Незадоволството од работењето на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, продолжува да расте и тоа не само меѓу земјоделците туку и меѓу вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Деновиве до Левица пристигнаа сведоштва од внатре, според кои десетици вработени се прераспределени по подрачни единици надвор од Скопје, не поради реална потреба, туку како форма на одмазда и дисциплинирање за ...
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, изјави дека воспоставувањето прекин на огнот во Либан ќе биде резултат на дејствијата на Хезболах и таканаречената Оска на отпорот. Тој, исто така, испрати пораки до САД, повикувајќи ги да ги почитуваат договорите и да ја напуштат политиката на давање приоритет на Израел. „Завршувањето и консолидацијата на сеопфатниот прекин на огнот во Либан ќе биде резултат на отпорот и ...
САД планираат „серија акции“ против Куба и се подготвени да ги спроведат сите наредби од американскиот претседател Доналд Трамп, објави руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на соопштение на Пентагон. – Нема да шпекулираме за хипотетички сценарија. Министерството планира серија планови за непредвидени ситуации и останува подготвено да ги спроведе наредбите на претседателот како што ќе бидат примени, изјавија од Пентагон за ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека Иран „сигурно“ ќе учествува на Светското првенство во 2026 година, и покрај војната на Блискиот Исток. Инфантино за CNBC изјави дека очекува Иран да учествува и изрази надеж дека ситуацијата ќе биде смирена дотогаш. „Иран дефинитивно доаѓа. Се надеваме дека ситуацијата ќе биде смирена дотогаш, тоа сигурно би помогнало“, рече Инфантино, додавајќи дека иранските играчи се квалификувале и дека ...
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, изјави дека воспоставувањето прекин на огнот во Либан ќе биде резултат на дејствијата на Хезболах и таканаречената Оска на отпорот. Тој, исто така, испрати пораки до САД, повикувајќи ги да ги почитуваат договорите и да ја напуштат политиката на давање приоритет на Израел. „Завршувањето и консолидацијата на сеопфатниот прекин на огнот во Либан ќе биде резултат на отпорот и ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека секој потенцијален договор со Иран ќе биде условен од прекинување на неговата програма за збогатување ураниум, отстранување на веќе збогатениот ураниум во земјата и повторно отворање на Ормутскиот теснец. Нетанјаху ги изложи условите на договорот со Техеран во видео обраќање. Netanyahu: Our American friends keep us constantly updated on the contacts with Iran. Our objectives are aligned. ...
Четвртфиналето од Лигата на шампионите е одиграно и сега ни остануваат само четири екипи кои ќе се борат за титулата најсилен клуб во Европа. По големата драма во Минхен, Баерн стана последниот полуфиналист. Откако Лигата на шампионите го промени својот формат, во подоцнежните фази дојдовме до многу поинтересни натпревари. Тоа беше случај и овој пат, а интересно е што во полуфиналето ќе ги видиме екипите кои завршија на 14-то и 11-то место ...
Преку Едиствениот број за итни повици Е-112 добиена е пријава за пожар на запалена депонија во с. Арачиново на излез на Арачиново према Грушино, извести вечерва Центарот за управување со кризи. За настанот алармирана е скопската противпожарна бригада. – Во 21:55 часот остваривме контакт со БППЗ Скопје во врска со пријавата за пожарот во Арачиново. Од страна на дежурниот бевме информирани дека пожарот е активен веќе 10 дена, а во моментот се ...
Европа треба да го преиспита својот пристап кон безбедноста и да ги подобри односите со Русија, и покрај сè понестабилната политика на САД, оценува италијанскиот весник „Ил Фато Квотидијано“. Авторот на текстот го поврзува овој став со ставот на американскиот претседател Доналд Трамп, за кого наведува дека сè повеќе се дистанцира од НАТО. Во такви околности, како што се нагласува, Европа би морала да започне со изградба на нова безбедносна ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија и Кина претставуваат стабилизирачки фактор на меѓународната сцена и ги здружуваат своите ресурси за да спречат, како што рече, „колапс на планетата“. Таа нагласи дека заедничка цел на двете земји, како големи држави, нуклеарни сили и постојани членки на Совет за безбедност на ООН, да придонесат кон глобална стабилност. „Русија и Кина се ...
Сообраќајот на автопат во американската држава Колорадо беше забавен по судирот во кој учествуваа околу 75 возила во близина на тунелот Ајзенхауер, при што беа повредени 19 лица, соопштија локалните власти, додавајќи дека нема жртви. Државната полиција на Колорадо соопшти дека несреќата е пријавена во 14:50 часот по локално време, објави CPR News. Канцеларијата на шерифот на округот Клир Крик соопшти дека во несреќата учествувале најмалку ...