Москва во петокот ги забележа најсилните снежни врнежи во последните 56 години, при што 42 проценти од месечните врнежи паднаа за 24 часа, соопшти рускиот метеоролошки центар Фобос. Метеорологот Евгениј Тишковец изјави дека снежната бура во централна Русија кулминирала со рекордни снежни врнежи што го парализирале копнениот и воздушниот сообраќај. Тишковец нагласи дека таков „снежен Армагедон“ не се случил во Москва среде зима во последните ...

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 сантиметри, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри. ...

Доколку САД не ја преземеа венецуелската нафта, Кина или Русија ќе го стореа тоа, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека двете земји би можеле да купат нафта од САД од Венецуела, што би било достапно „речиси веднаш“ бидејќи САД се „отворени за бизнис“. – Едно нешто што мислам дека сите треба да го знаат е дека доколку ние не го сторевме тоа, Кина или Русија ќе го стореа тоа, рече Трамп во обраќањето пред ...

Пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денеска избирачките одбори ќе им овозможат на болните и изнемоштените лица да го остварат својот глас во нивните домови, а ќе гласаат и притворените и затворениците, жители на овие општини. Од Државната изборна комисија (ДИК) посочуваат дека се е подготвено за повторените избори. Во Гостивар за гласање се пријавени ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва беше на средба во Маврово и Ростуше на која уште еднаш ја нагласи поддршката за кандидатот за градоначалник на оваа општина Онер Јакупоски, пред повторените избори во недела на 11 јануари. – Вечерва сме во Маврово и Ростуше со силна енергија, јасна визија и искрена поддршка за Онер Јакупоски – кандидат за градоначалник за Општина Маврово и Ростуше, објави Мицкоски на ...

Објавена е снимката која дава увид во моментите што доведоа до пукотницата во Минеаполис во која агентот на Службата за имиграција и царина (ICE) Џонатан Рос ја уби Рене Гуд. Видеото, како што потврди функционер на Министерството за внатрешна безбедност, го снимил самиот агент Рос со својот мобилен телефон, пишува CNN. Видеото, кое првично го доби конзервативниот Alpha News со седиште во Минесота, а потоа и CNN, предизвика и политички ...

Иран е потресен од најтешката криза во последните години, повеќе од 50 луѓе загинаа во неколкудневните протести, интернетот е речиси целосно исклучен, а властите отворено ги обвинуваат Соединетите Американски Држави и Израел за обид за обоена револуција и соборување на власта. Иранската влада објави дека работи на постепено враќање на интернет услугите во земјата, откако безбедносните агенции одлучија за речиси целосна блокада на ...

Пилотите на украинските воздухопловни сили кои летаат со борбени авиони Ф-16 мораа да ги модифицираат тактиките за воздушна борба што ги научиле од инструкторите на НАТО, бидејќи се покажаа како несоодветни за борба во близина на фронтовската линија. Промената беше неопходна поради густата мрежа на руска воздушна одбрана и постојаната закана од непријателски ловци, пишува Блогот за одбрана. Во видео објавено од украинските воздухопловни ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците. „Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му даеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во ...

Лидерот на опозицијата и син на поранешниот ирански шах во егзил, Реза Пахлави, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да биде „подготвен да интервенира за да му помогне на иранскиот народ“. Пахлави, кој живее во Вашингтон, побара помош од Трамп преку објава на мрежата X. „Господине претседателе, ова е итен и непосреден повик за ваше внимание, поддршка и акција. Луѓето повторно ќе бидат на улиците за еден час. Ве молам помогнете“, ...

Во Собранието се доставени материјалите за избор на Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија на предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Арлинда Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка со долгогодишна академска кариера на Факултетот за правни и политички науки при ФОН и МИТ Универзитет, а во јавноста е позната и како поранешен член на Комисијата за ...

Членовите на НАТО бараат зајакнување на военото присуство на Арктикот по состанокот на амбасадорите во Брисел, поради сè поинтензивните закани од американскиот лидер Доналд Трамп дека САД би можеле да го преземат Гренланд. На состанокот одржан зад затворени врати, амбасадорите се согласија дека е потребно да се зајакне арктичкото крило на организацијата поради тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп за изложеност на Гренланд на ...

Упасен е Жак Морети, сопственикот на барот „Ле Констелашн“ во Кранс-Монтана, каде што 40 млади луѓе ги загубија животите во пожар на новогодишната ноќ, а уште 116 беа повредени. Неговата сопруга, Џесика Морети, е ослободена по испрашувањето. Одлуката за апсење ја донесе обвинителството во Сион поради ризик од бегство, пишуваат италијанските медиуми. Сопружниците Морети, француски државјани од Корзика, беа испрашувана утрово во Сион по ...

„Авион на судниот ден“ на американските воздухопловни сили беше забележан вчера НАД Лос Анџелес, предизвикувајќи многу јавни шпекулации. Набрзо пристигна потврда – министерот за одбрана Пит Хегсет бил во авионот E-4B Nightwatch, но причината за користење на овој конкретен авион засега останува непозната, пишува Blue News. Појавата на авионот E-4B Nightwatch над Лос Анџелес веднаш предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. Видеата и ...

Младиот талент, охриѓанецот Димитар Васлиевски го најавува своето прво официјално музичко издание – песната „Твоето име“. Димитар е автор на текстот, со поддршка на познатиот продуцент, аранжер и композитор Хари Котларовски ја сними својата прва песна во 19-тата година од животот. Видеото е реализирано од страна на Даниел Јовески во неговото студио. Песната “Твоето име” Димитар ја посветува на сите слушатели. Погледнете го видеото и ...

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, повтори дека ќе се спротивстави на федералните мерки против имигрантите, посебно нагласувајќи дека никој во неговата администрација, вклучително и Полициската управа на Њујорк (NYPD), нема да соработува со агентите на Службата за имиграција и царина (ICE). Оваа остра реакција доаѓа по инцидентот што се случи во Минеаполис, кога агент на ICE застрела и уби жена. Мамдани не штедеше зборови кога го ...

Денот на Република Српска беше одбележан денес во Бања Лука со свечена парада, а најголемо внимание привлече Род Благојевиќ, поранешен гувернер на американската држава Илиноис и сегашен лобист, кој стоеше во првиот ред за време на настанот. Според информациите дадени на парадата, заедно со членовите на Министерството за внатрешни работи, низ центарот на Бања Лука поминаа 1.931 учесник од граѓанскиот сектор, од 38 организации класифицирани во ...

Безбедносната служба на Украина (БЗУ) денес објави дека го третира рускиот напад со ракетата „Орешник“ врз западниот регион Лавов како воено злосторство. БЗУ изјави дека „Русија се обидела да уништи клучна инфраструктура“ во близина на границата на Украина со Европската Унија, во време на ненадејно влошување на временските услови, објавува Ројтерс. The Security Service of Ukraine (SBU) has demonstrated fragments of the “Oreshnik” weapon ...

Тинејџер од Куманово монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка, полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава. – Вчера во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на социјални мрежи објавувал монтирани слики со експлицитна содржина од малолетничка, соопшти полицијата. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ) денеска склучија договор со кој лабораторијата за молекуларна биологија и геномика при ПМФ ќе почне со изведување напредни молекуларно-дијагностички анализи, пред сè преку примена на генски панели за таргетирано, масивно паралелно секвенционирање од новата генерација (NGS) кај разни онколошки состојби. Со ова, најсовремените молекуларно-дијагностички процедури, ...

На шест часа, почнувајќи од 17 часот по македонско време (18 часот по локално време) грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премини Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција. Блокадата се очекува да трае до полноќ по грчко, 23 часот по македонско време и како и досега ќе се однесува на сите видови возила: товарни, автомобили и автобуси. Грчките земјоделци и вчера попладне, во истиот период го блокираа граничниот ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 09 јануари 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 145,31 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 125,95 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 158,90 евра за мегават час, а на MEMO 124,89 евра. Цена ...

Традиционалниот Вевчански карневал, една од најстарите живи карневалски манифестации на Балканот, ќе се одржи на 12 и 13 јануари со централна карневалска поворка на 13 јануари од 13 часот кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала. Ова беше најавено денеска на прес-конференција во Скопје по повод годинешното издание на „Вевчански карневал 2026“, кое традиционално се одржува на празникот Свети Василиј Велики. ...

Семејството на 16-годишниот Стивен Ивановски, кој трагично загина во пожарот во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, за време на дочекот на Нова година, повика на донации за покривање на погребалните трошоци. „Почитувани, Стивен Ивановски имаше само 16 години, го загуби животот во пожарот во Кран-Монтана, Швајцарија, каде беше со својата сестра. Неговата сестра, за среќа преживеа. Таа ноќ, судбината удри со незамислива сила. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите порача дека укинувањето на техничката влада би претставувало сериозна закана за демократијата и изборниот процес во државата. Според него, техничката влада е „последната линија на одбрана“ од злоупотреба на институциите и од загрозување на слободната волја на граѓаните за време на изборите. Филипче истакна дека премиерот Христијан Мицкоски „брза кон избори“ и дека, како ...

Половина од станбените згради во Киев, речиси 6.000 од нив, моментално се без греење откако клучната инфраструктура во главниот град беше сериозно оштетена во голем руски напад. Градот се соочува и со прекини во водоснабдувањето, објавува Украинска правда. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека синоќешниот комбиниран напад бил најтежок за клучната инфраструктура на главниот град. In Kyiv and the region, the aftermath of the ...

Двајца 30-годишни скопјани синоќа се пронајдени мртви во викендичка во гостиварското село Горна Ѓоновица. Случајот, како што соопшти полицијата, бил пријавен синоќа нешто пред полноќ во гостиварската полиција. – Станува збор за Т. Ј. (30) и И. Н. (30), двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телата се предадени на обдукција, со цел да се утврди точната причина за смртта – се ...

Повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините ќе има утре претпладне, кога ќе дува умерен до засилен јужен ветер, над 60 километри на час. Попладнето врнежите насекаде ќе бидат само од снег. -Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на ...

Во Киев и поширокиот регион сè уште се санираат последиците од масовниот руски напад. Ангажирани се сите неопходни служби. Само во главниот град се оштетени дваесет станбени објекти. Работите за санација по нападите продолжуваат и во Лвовската област, како и во други региони на нашата земја, вели во обраќање на социјалните мрежи претседателот на Украина Володомир Зеленски, а откако Русија изврши масовен напад користејќи и „Орешник“. In Kyiv ...

Поради поплавите што зафатија делови од земјата предизвикани од поројните дождови, во Кочанско и Охридско поради излевања на реки се делува со механизација. На подрачјето на Скопскиот регион нема нарушување на редовната состојба поврзано со врнежите од дожд, во Тетовско, пак, се пријавени свлечишта на локалните патишта, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК наведуваат дека во Општина Кочани е забележан значително ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
71%
1028
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
9.77
43%
1029
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
46%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
52%
1031
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
5.96
52%
1033
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
0.51
59%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
8.75
53%
1027
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
51%
1026
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
62%
1035
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
3.09
47%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
8.23
54%
1031
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Родиум

372948.66

Злато

166253.76

Бакар

11.73

Сребро

2711.59

Алуминиум

3.42

Рутениум

47358.05

Платина

68963.35

Цинк

3.24

Кобалт

66.14

Паладиум

51794.85

Иридиум

231355.22

Калај

50.64