МВР информира дека вчера попладне во 14 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Л.Д.(55) од село Пепелиште, неготинско. Тој управувајќи патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, удрил во пешакот Р.М.(62) од истото село, кој се здобил со телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Неготино. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Л.Д. бил под дејство на алкохол, односно ...

Резултатите од изборите во Унгарија само ќе го забрзаат распаѓањето на Европската Унија, изјави Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции. „Ова само ќе го забрза распаѓањето на ЕУ. Проверете дали сум во право за четири месеци“, напиша тој на социјалната мрежа X. Дмитриев ја коментираше изјавата на британскиот ...

„Владата на Тиса ќе биде влада на секој Унгарец. Седејќи на фотелјата на (првиот унгарски премиер) Лајош Бацањи, како премиер, ќе работам секој ден и секој час од денот за безбедноста и развојот на нашата земја, како и за благосостојбата на унгарскиот народ“, напиша Петер Маѓар на платформата X по изборната победа на неговата партија. Тој им се заблагодари на сите Унгарци „дома и низ целиот свет“ кои излегоа на гласачките места во неделата. ...

Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГK) денес предупреди дека „ниту едно пристаниште во Заливот и Оманското Море нема да биде безбедно“ откако САД воведоа блокада на целиот сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа во Ормутскиот теснец, објави Анадолу. Безбедноста на пристаништата во Заливот и Оманското Море „е или за секого или за никого“, според соопштението за медиумите на ИРГК, кое го емитуваше ...

Руски државјанин (35) е тешко повреден во инцидент што се случи синоќа во центарот на Белград, пред трговски центар. Како што објавија српските медиуми, се сомнева дека мажот прво вербално малтретирал девојка (28) додека била во трговскиот центар, по што следувале непријатни ситуации и шеги со сексуална конотација. Девојката, како што се наведува, во неколку наврати се обидела да избегне контакт и да се оддалечи од него. Додека се упатувала ...

Маж е пронајден мртов синоќа во стан на плоштадот Шестински во Загреб, а полицијата набрзо потврди дека станува збор за насилна смрт. Како што претходно објави загрепската полиција, телото на мажот е пронајдено околу 23 часот, објави Вечерњи лист. Во официјалното соопштение се наведува дека лицето поврзано со убиството е под полициски надзор. Точните околности, времето и мотивот на злосторството ќе бидат познати по завршувањето на ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, понуди необично објаснување за традиционално одличната форма на неговиот тим во финишот сезона. По убедливата победа над Челси, каталонскиот стручњак откри зошто Сити го достигнува својот врв токму во моментот кога се одвива борбата за шампионската титула, а пред нив е клучен дуел со лидерот Арсенал. Манчестер Сити е познат по своите брилијантни завршници на сезоната, а нивната убедлива победа од ...

Само пред неколку години, Маѓар му аплаудираше на говорот на Орбан од првиот ред, пред да се појави како најсериозен предизвикувач на националистичкиот лидер во неговото 16-годишно владеење. Денеска, тој му стави крај на владеењето на Орбан на избори со рекордно висока излезност, што се очекува да ја потресе Русија и да предизвика шокови низ десничарските кругови на Западот, вклучително и во Белата куќа на американскиот претседател Доналд ...

Пoлскиот премиер Доналд Туск објави на социјалните мрежи дел од телефонски разговор со Петер Маѓар, лидер на унгарската партија Тиса. Туск му се јави на Маѓар од Сеул за да му честита за изборниот успех. „Добредојде назад во Европа“, напиша тој покрај објавеното видео. „Петер, поздрав! Многу сум среќен, можеби дури и повеќе од тебе“, му рече полскиот премиер на Маѓар. Hungary 🇭🇺 Poland 🇵🇱 Europe 🇪🇺 Back together! Glorious victory, ...

Шeснаесетгодишното владеење на унгарскиот премиер Виктор Орбан заврши по вчерашниот убедлив пораз на изборите што ќе предизвика политички превирања од Вашингтон до Москва. Најавтократскиот лидер на Европската Унија и близок сојузник на Доналд Трамп и Владимир Путин ќе му ја предаде власта на својот противник Петер Маѓар, пишува бриселски Политико. Орбан го призна поразот кратко откако Маѓар објави синоќа на Фејсбук во 21:12 часот: ...

Цените на нафтата денес повторно силно пораснаа откако американската воена команда објави блокада на иранските пристаништа, а мировните преговори меѓу САД и Иран завршија без резултати во саботата. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент скокна за повеќе од 7 проценти, на 102,15 долари, додека на американскиот пазар, барелот порасна за повеќе од 8,5 проценти, на 104,90 долари. Остриот скок на цените следеше по најавата на Централната ...

„Победата на унгарската опозиција на вчерашните избори, како и оние во Полска во 2023 година, е победа за демократијата, не само во Европа, туку и во целиот свет. Пред сè, тоа е доказ за отпорноста и решителноста на унгарскиот народ, како и потсетник за сите дека е потребно да се продолжи да се залага за правда, еднаквост и владеење на правото“, напиша на X поранешниот американски претседател Барак Обама. The victory of the opposition in ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го критикуваше папата Лав XIV, обвинувајќи го за „слабост кон криминалот“ и „лоша надворешна политика“. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп изјави дека папата зборувал за „страв“ од неговата администрација, но дека не го споменал, како што рече, стравот што го имале христијанските организации за време на пандемијата на коронавирусот, кога, според неговите тврдења, свештеници и верски водачи ...

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се обрати на изборната ноќ на Фидес и го призна поразот на изборите. Тој рече дека „резултатот е јасен“ и дека веќе ѝ честитал на победничката партија. Додаде дека исходот од изборите бил болен за Фидес. Со обработени 66,69 проценти од гласовите, Тиса дополнително ја зголемува предноста. Распоредба на мандатите: Тиса – 137 (42 од листата, 95 поединечно) Фидес–КДНП – 55 (44 од листата, 11 поединечно) Ми Хазанк ...

Еврејската заедница во Македонија вечерва соопшти дека денеска бил извршен обид за опожарување на нејзиниот објект и синагогата. Од Заедницата остро го осудуваат овој чин и апелираат до надлежните институции за целосно расветлување на случајот, доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. pic.twitter.com/4vwrEx0f7k — Vivian Aisen 🇮🇱 (@VivianAisen) April 12, 2026 „На 12 ...

Според податоците објавени од агенцијата за истражување на јавното мислење „Медиан“, партијата „Тиса“ на Петер Маѓар освои 55,5 проценти од гласовите, додека се предвидува дека Фидес на Виктор Орбан ќе освои 37,9 проценти. Се очекува крајно десничарското движење „Нашата татковина“ (Mi Hazánk) да освои 3,9 проценти од гласовите. Преведено во места, овие бројки значат дека „Тиса“ е близу до двотретинско мнозинство во парламентот, со помеѓу ...

Женска ракометна репрезентација на Македонија го заврши квалификацискиот циклус со пораз од Словенија со 18-27, но и покрај поразот обезбеди пласман на Европското првенство. Македонските ракометарки успеаја да се најдат меѓу четирите најдобри третопласирани селекции, што им донесе билет за континенталниот шампионат. Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски не успеаја да ѝ парираат на Словенија, која доминираше и со комбиниран состав. ...

Според податоците објавени од агенцијата за истражување на јавното мислење „Медиан“, партијата „Тиса“ на Петер Маѓар освои 55,5 проценти од гласовите, додека се предвидува дека Фидес на Виктор Орбан ќе освои 37,9 проценти. Се очекува крајно десничарското движење „Нашата татковина“ (Mi Hazánk) да освои 3,9 проценти од гласовите. Преведено во места, овие бројки значат дека „Тиса“ е близу до двотретинско мнозинство во парламентот, со помеѓу ...

На социјалните мрежи се шири видео, за кое се вели дека е направено на гласачко место во Унгарија, каде што, како што се наведува во соопштението, на гласачите не им е дозволено да дејствуваат независно, туку се внесуваат во гласачките места за да се потврди дека гласале за партијата Фидес на сегашниот премиер Виктор Орбан. „Снимена е изборна измама на ФИДЕС! Луѓето влегуваат во гласачките места, не дозволувајќи им на граѓаните да гласаат ...

Јаник Синер го победи Карлос Алкарас со 2-0 во сетови (7-6, 6-3) и го освои Мастерс турнирот во Монте Карло, резултат што истовремено му донесе и враќање на првото место на АТП ранг-листата. Мечот траеше два часа и 15 минути и беше вистинска тениска битка на највисоко ниво, во која Синер на крајот заслужено излезе како победник. Алкарас започна силно и веднаш направи брејк, но Синер брзо возврати и го врати егалот. Следуваа сигурни ...

Турскиот новинар и координатор за безбедносна политика на телевизијата Хабертурк, Четинер Четин, објави на социјалните мрежи X дека за време на преговорите меѓу иранската и американската делегација во Пакистан се случил сериозен инцидент. Според него, избувнала остра тензија меѓу иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, и американскиот претставник Стив Виткоф, која речиси ескалирала во физичка конфронтација. Четин тврди дека ...

Кремљ одби да го продолжи велигденското примирје во Украина, кое истекува во недела навечер, сè додека Киев не прифати услови што би овозможиле гарантирање на „интересите и целите“ на Москва. „Додека Володимир Зеленски нема храброст да ја преземе оваа одговорност, специјалната воена операција ќе продолжи по истекот на примирјето“, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на претседателот, во интервју за државната телевизија емитувано во недела. ...

По неуспешните разговори меѓу САД и Иран во Исламабад, американскиот претседател Доналд Трамп објави две пораки на својата мрежа Truth Social, најавувајќи блокада на Ормутскиот теснец и остро напаѓајќи го Иран поради неговата нуклеарна програма. „Да ја скратам приказната, состанокот помина добро, се согласивме за повеќето точки, но она што е навистина важно, нуклеарната, не го направивме тоа“, напиша Трамп. Тој додаде дека американската ...

Голема трагедија се случи денеска во областа Велика Горица во Хрватска. Околу 10:50 часот, жена изврши самоубиство скокајќи од станбена зграда, а полицијата во станот го пронајде телото на малолетничка, за која се сомнева дека е жртва на насилна смрт. Како што неофицијално дознава Индекс, мајката ја убила својата малолетна ќерка. Како што објавува Јутарњи, ќерката имала 17 години. На местото на настанот се врши увид на лице место и кривична ...

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го уапсиле 43-годишниот И.Д. од Гевгелија, под сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“. Како што информира МВР, на 11 април 2026 година околу 21:20 часот, на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, на локалитетот „Шарен мост“, патничко возило „Фолксваген“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.Д., излетало надвор од коловозот. По несреќата, возачот ...

Големиот христијански празник Велигден денеска прославен и во затворот ,,Скопје”. -По повод големиот христијански празник Велигден, во КПУ Затвор Скопје се одбележа Воскресението Христово со традиционално вапцани јајца. Иако лишени од слободата и оддалечени од своите најблиски, осудените од православна вероисповед не беа заборавени и имаа можност достојно да го почувствуваат духот и радоста на празникот. Христос воскресе!, информираа од ...

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата регистрирала три случаи на семејно насилство, при што две лица се лишени од слобода. Првиот случај е евидентиран на 11 април 2026 година во 12:50 часот, кога полициски службеници од ОВР Кавадарци привеле 22-годишник со привремен престој во Росоман. Според пријавата, тој во семејниот дом физички ја нападнал својата 22-годишна невенчана сопруга, при што употребил и дрвен предмет. Лицето е приведено ...

Заменик-претседателот на иранскиот парламент, Хаџи Бабаеи, изјави дека Ормускиот теснец е „целосно“ под иранска контрола и дека за премин мора да се плати во иранска валута, ријал, објави новинската агенција Мехр. Бабаеи нагласи дека планот за Ормускиот теснец има едногласна поддршка од 250 пратеници, објави „Гардијан“. „Според одлуката на раководството, овој стратешки воден пат не е предмет на преговори под никакви околности“, рече тој. „И ...

До 11 часот, 37,98 проценти од гласачите излегле да гласаат на изборите во Унгарија, значително повеќе отколку во 2022 година, кога излезноста во исто време била 25,77 проценти. Излезноста на гласачите постојано се зголемува од утрото – во 7 часот наутро била 3,46 проценти, речиси двојно поголема од онаа пред четири години, а до 9 часот наутро се искачила на 16,89 проценти. Аналитичарот Матијаш Боди од „Валастаси Геограц“ ги опиша ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
0.95
33%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.29
82%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
3.48
79%
1015
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.7
40%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.24
36%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
75%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.47
49%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.62
37%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.92
46%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
4.92
52%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
2.68
45%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.36
56%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Бакар

13.10

Калај

53.60

Алуминиум

3.46

Сребро

2269.46

Цинк

0.00

Злато

139690.59

Родиум

257205.97

Платина

57324.78

Иридиум

253540.09

Паладиум

42535.44

Кобалт

45.39