Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен ...

Судскиот совет соопшти дека на итна седница денеска ќе одлучува за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за куќен притвор за апелациониот судија Ѓоко Ристов. -Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе ја одржи 535-та ИТНА седница на ден 20.01.2026 година (вторник) со почеток во 15,30 часот со предлог. На дневен ред е расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во Давос изјави дека од говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Светскиот економски форум слушна дека „политичкиот развод“ меѓу Америка и ЕУ е траен и дека Србија мора да донесува одлуки, бидејќи треба да го реши прашањето за царините со американската страна, а со Европејците да ја развива енергетиката. Тој рече дека Србија мора да го зачува мирот и ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одржа прес-конференција за резултатите од руската дипломатија и првично нагласи дека земјата продолжува да се стреми кон дипломатско решение на кризата во Украина, додека европските земји, според него, се обидуваат да ги убедат САД да ја променат својата позиција, подготвувајќи се за можна војна. Зборувајќи за наводната изолација на Русија, Лавров нагласи дека западните земји не успеале во ...

Земјите-членки на НАТО значително ја намалија размената на разузнавачки информации со САД, по изјавите на претседателот Доналд Трамп за можни претензии кон Гренланд, пренесува ТАСС. Според британскиот весник „The i Paper“, некои сојузници изразиле загриженост дека чувствителни разузнавачки информации би можеле да бидат доставени до шефот на Белата куќа и да се користат како средство за политички притисок или за поддршка на посилна ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека ќе испрати отворено писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и до лидерите на ЕУ, предупредувајќи дека Унијата го губи кредибилитетот поради погрешните политики за климата и миграцијата. Според словачкиот премиер, светските лидери не ја сфаќаат ЕУ доволно сериозно, што може да се припише на „бесмислените климатски цели и самоубиствените политики за миграција“, објави ...

Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз ресторан во хотел во Кабул, во кој загинаа најмалку седум лица, а десетици беа ранети. Во нападот загинаа еден кинески државјанин и шест Авганистанци, а околу десетина други беа ранети, вклучувајќи и едно дете, соопштија официјални лица, објави Ројтерс. Покрај кинескиот државјанин, меѓу загинатите има и локални работници и гости на ресторанот. Италијанската медицинска невладина ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги критикуваше „воените подготовки на Брисел“ и рече дека Европа сега е „водена од германската воена тројка“, осврнувајќи се на германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и лидерот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер, објавија унгарските медиуми. Зборувајќи на настан на партијата Фидес во главниот град Будимпешта, Орбан ги обвини германските ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го отпушти вицепремиерот пред клучниот партиски конгрес откако посети фабрика за индустриски машини, објави државната новинска агенција КЦНА. Во последните недели, Ким направи серија посети на фабрики и присуствуваше на тестови на оружје пред Деветтиот конгрес на Работничката партија, кој наскоро ќе се состане за да ги постави главните политички цели, објави Ројтерс. Ким го посети проектот за ...

Претставниците на извршната, законодавната и судската власт на Иран ветија дека ќе сторат сè што е во нивна моќ за да ги решат економските тешкотии и да ја обезбедат јавната безбедност, се вели во заедничката изјава на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, претседателот на парламентот Мохамед Бакер Калибаф и портпаролот на Министерството за правда, Голамхосеин Мохсеи Еџеи, по состанокот одржан денес. Тие рекоа дека ќе „вложат максимални ...

На кејот на реката Вардар во Скопје, при одржување на верска манифестација по повод празникот Водици, П.А.(20) од с.Визбегово, скопско и Х.П.(27) од с.Сопиште, скопско, кои учествувале на манифестацијата и влегле во водата, почнале да се дават. Од нуркачки тимови се извадени надвор од водата и со возила на Итна медицинска помош се пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. На кејот на реката Вардар во Скопје, при ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го сослуша осомничениот судија, на кого му беа презентирани сите досега прибрани докази што го поткрепуваат основаното сомневање за сторени кривични дела. По сослушувањето и по извршената проценка на околностите релевантни за обезбедување на неговото присуство во постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд ...

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле во моментов се хоспитализирани 70 деца од кои 10-ина се на кислородна поддршка. Хоспитализирани се и 15 деца кај кои е потврден вирус на грип од типот А и имаат компликации, изјави директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска. Таа посочи дека на Клиниката дневно се прегледуваат 150 до 200 деца. Појасни дека симптомите на грипот почнуваат обично нагло, со ...

Бугарскиот претседател Румен Радев денес ја поднесе својата оставка до Уставниот суд, за да може да учествува на претстојните избори. Неговата оставка треба да биде одобрена од Уставниот суд, но бугарскиот закон не одредува рок за одобрување на оставката, објавува порталот „Новините“. По одобрувањето на неговата оставка, потпретседателката Илијана Јотова ќе ја преземе претседателската функција до крајот на неговиот мандат, кој завршува во ...

Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија. Доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 метри квадратни, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари. Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна и пијалоци, а за подмирување на минималните ...

Резултатите се јасни, Анел Фидовски доби седум гласа „за“ и ние ќе го поддржиме, истакна претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими, по денешната седница на Советот на јавните обвинители, на која Фидовски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје. – Резултатите се јасни, доби седум гласа. На интервјуто покажа добри резултати и некои од членовите оценија дека треба да му се даде шанса. И ќе му ...

На Универзитетската клиника за детски болести се хоспитализирани 20-ина деца со симптоми на акутни вирусни инфекции од типот на грип и болести слични на грип, од кои, кај најголем број е изолирана инфлуенца А. Има неколку случаи на возраст до 23 месеци кај кои е изолиран респираторен синцицијален вирус и еден помал број заболени со докажан ентеровирус риновирус, изјави педијатар пулмолог Весна Мицевска од Клиниката. Заболените, посочи ...

Руските нуклеарни закани предизвикуваат паника во Европа, а земјите низ целиот континент веќе ги подготвуваат своите граѓани за најлошото. Како што тензиите меѓу Русија и другите европски земји ескалираат, заканата од нуклеарен конфликт предизвикува повици за итна цивилна подготвеност. Неодамнешните изјави на руските претставници ги вознемирија Велика Британија и другите европски земји, со ужасни предупредувања дека континентот би можел да ...

Граѓаните очекуваат од Собранието да ги зајакне надзорната расправа и контролата врз работата на Владата, истакна денеска претседателот на парламентот, Африм Гаши, кој учествуваше на дебата за парламентарниот надзор и за контролата во Северна Македонија низ призма на надзорниот капацитет на Собранието, што се организира во соработка со парламентарната програма за поддршка и НДИ. Дебатата, на која присуствуваа и координаторите на ...

Министерството за здравство и надлежните институции решија со рестриктивен пристап да ја намалуваат стапката на пушење во Македонија. Во образложението на новиот предлог Закон за заштита од пушење се истакнува дека според податоци на Светската здравствена организација над 45% од возрасната популација во земјата пуши. Затоа нашите власти решаваат да го ограничат пристапот до цигарите, но воедно и до алтернативните никотински производи кои ...

На денешната седница на Советот на јавните обвинители, Анел Фидоски е избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје. Покрај Фидоски, за функцијата конкурираа и досегашниот јавен обвинител Гаврил Бубевски, како и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова. По гласањето, Фидоски доби најголема поддршка од членовите на Советот и со седум гласа „за“ беше избран за нов шеф на ОЈО Скопје. Бубевски доби пет гласа „за“, ...

Норвешките власти испратија илјадници писма до граѓаните предупредувајќи ги дека војската, во случај на војна со Русија, може да побара и заплени нивен приватен имот, вклучувајќи домови и возила, пишува британски „Телеграф“. Планот вклучува запленување на возила, пловила, машини и недвижен имот. Во понеделник беа издадени околу 13.500 таканаречени „подготвителни реквизиции“ со рок на важење од една година. „Реквизициите имаат за цел да ...

Министерството за здравство и надлежните институции решија со рестриктивен пристап да ја намалуваат стапката на пушење во Македонија. Во образложението на новиот предлог Закон за заштита од пушење се истакнува дека според податоци на Светската здравствена организација над 45% од возрасната популација во земјата пуши. Затоа нашите власти решаваат да го ограничат пристапот до цигарите, но воедно и до алтернативните никотински производи кои ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го во прашање сегашниот статус на островот како дел од Данска. – Гренланд „не е природен дел“ од скандинавското кралство, изјави тој пред новинарите на годишната прес-конференција во Москва. Тој додаде дека проблемот со поранешните колонијални територии сега станува сè поизразен. Лавров нагласи дека Москва ...

Големиот Христијански празник Водици, Богојавление и оваа година беше поддржан од компанијата Зегин. Покрај минусните температури повеќе од 160 учесници беа пријавени на главната Скопска манифестација а истата се одржа и во останатите Скопски општини како и во градовите ширум цела држава. Според верувањата оној кој ќе го фати светиот крст ќе го следи здравје, среќа и бериќет низ целата година како и сите оние кои со голема храброст влегоа ...

Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претставник на рускиот лидер Владимир Путин за инвестиции и надворешна економска соработка, пристигна во Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум. Дмитриев, според неименувани извори, планира да разговара со американски претставници. „Пристигнав во Давос“, објави Дмитриев на платформата X. Тој ја придружи објавата со постер на кој пишуваше ...

Мајката на истакнатиот музичар Васил Хаџиманов, Сенка Велетанлиќ, почина утрово. Хаџиманов ја сподели тажната вест со јавноста во емотивна порака. Како што извести Васил Хаџиманов, Сенка почина мирно, во сон, со достоинство, на начинот на кој живееше. Во својата проштална порака, тој ја нагласи својата длабока љубов и благодарност кон својата мајка, нагласувајќи колку многу му значеше таа во текот на целиот негов живот. „Утрово, мојата ...

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички извршиле кривично дело насилство. Истрагата утврди дека пред три дена, осомничените агресивно и насилнички се обиделе да влезат во гостилница која веќе била затворена, со намера и по крајот на работното време таму да консумираат алкохол. „Сопственикот не им дозволи, по што тие продолжија со ...

Помалку смешно изгледа што СДС секоја глупост на Венко Филипче се труди да ја оправда, па дури и таа која не се правда. Жално е што Филипче не знае по која црковна традиција се води нашата црква, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ ниту излезе со став, ниту пак реагираше на тоа што лидерот на СДС Венко Филипче е изгубен во времето и просторот и празникот Богојавление Водици, наместо со традиционалниот поздрав „Бог се јави“, го честиташе со ...

Дури и на голем верски празник ВМРО се обидува да го исмее претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, поради неговиот поздрав на празникот Богојавление – Водици. Овој вид евтина политичка манипулација само покажува колку ВМРО е оддалечена од реалните проблеми на граѓаните и колку се подготвени да злоупотребуваат се, дури и верските традиции за политички поени, велат од СДСМ. „По црковната традиција, божиќниот поздрав „Бог се роди“ се користи ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1026
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.26
57%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.39
79%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 4ᴼ
0.42
73%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
76%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 0ᴼ
2.57
79%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
59%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
5.66
70%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Платина

68963.35

Калај

50.64

Кобалт

66.14

Родиум

372948.66

Цинк

3.24

Злато

166253.76

Иридиум

231355.22

Паладиум

51794.85

Алуминиум

3.42

Сребро

2711.59

Рутениум

47358.05

Бакар

11.73