Заканата на американскиот претседател Доналд Трамп со воведување казнени царини за сите што би се обиделе да го спречат во преземање на Гренланд, за многу европски влади претставуваше „капка што ја прелеа чашата“, пишува Politico. По една година зголемени тензии од неговото враќање во Белата куќа, сè погласно се зборува за можен трансатлантски раздор и за иднина на Европа без Соединетите Американски Држави. Европски функционери, кои ...

Здружението на судии на Македонија соопшти дека внимателно ги следи настаните поврзани со притворањето на судијата од Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и изрази јасна поддршка за надлежните институции во борбата против организираниот криминал и корупцијата, вклучително и на највисоко ниво. Од Здружението очекуваат темелна, прецизна и транспарентна истрага, без селективност, во која ќе се утврдат сите релевантни факти и евентуалната ...

Канадските вооружени сили создадоа модел за случај на американска инвазија, поттикнат од изјавите на Доналд Трамп за можна анексија на канадска територија. Се верува дека ова е првпат по 100 години Отава официјално да ја разгледа можноста за напад од својата јужна граница, пишува „Телеграф“. Според извештајот, канадските генерали веруваат дека земјата би морала да се потпре на неконвенционално војување поради огромната воена супериорност на ...

Во „Кинотека“ вечер почнува специјалната програма „Најдоброто од Киненова“, соопштија утрово организаторите. – Ова е концентриран избор на најдобрите од најдобрите филмови што беа прикажани на минатото издание, но и на изданијата претходно. Имаме два победника, филмови добитници на гран при на МФФ „Киненова“, првиот филм на победникот на последното издание на Берлиналето, Даг Јохан Хагеруд, еден од најактуелните и најпровокативни ...

Американската стриминг услуга Netflix надмина 325 милиони претплатници низ целиот свет, објавувајќи го своето прво ажурирање за бројот на претплатници за една година во вторник. Компанијата ја заврши 2024 година со 301,6 милиони корисници кои плаќаат. Во последниот квартал, Netflix ги зголеми приходите за 17,6 проценти на годишно ниво на нешто над 12 милијарди долари. Нето добивката достигна 2,42 милијарди долари, што е зголемување од ...

Од 9.30 часот сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје е нормализиран, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на овој патен правец беше целосно затворен од Од 9.16 часот поради расчистување на снегот. ЈП Македонијапат соопшти дека од 9 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар. Надлежните служби апелира возачите да ја следат ...

Патнички воз синоќа удри во урнат потпорен ѕид во близина на Барселона, при што загина машиновозачот, а 37 лица беа повредени. Четири лица се сметаат за критично повредени по инцидентот во каталонскиот регион во североисточна Шпанија, изјави портпаролот на регионалната противпожарна служба, Клауди Гаљардо, за новинарите. Инцидентот се случи во вторник, само два дена откако два брзи возови се судрија во Андалузија на југот од земјата, при ...

Американските сили ја вратија контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, објави војската. Моторниот брод „Сагита“ и пркосеше на блокадата што ја наметна претседателот Трамп врз санкционираните танкери, објави Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата X. Through #OpSouthernSpear, the @DeptofWar is unwavering in its mission to crush illicit activity in the Western Hemisphere in partnership with @USCG, @DHSgov and ...

Во Основниот Кривичен суд денеска треба да биде објавена пресудата за случајот „Геријатрија“ во кој Мухсин Арифи – поранешен директор на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина и Блерим Амити – вработен во клиниката се товарат за примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Според обвинителниот акт, Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, побарал имотна корист ...

„Ер Форс Уан“, кој го носеше претседателот Трамп, мораше да се врати во Мериленд кратко по полетувањето поради, како што изјавија претставници на Белата куќа, „мал електричен проблем“. Авионот се упатил кон Давос, Швајцарија, а Трамп го продолжил своето патување со друг авион околу еден час подоцна, објави CBS News. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, им изјави на новинарите дека екипажот забележал „мал електричен проблем“ по ...

Скопје утрово се резбуди со снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража од 07.45 ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека ќе оди на Светскиот економски форум во Давос само ако таму можат да се постигнат конкретни резултати. Во вечерното видео обраќање, тој нагласи дека сите украински владини претставници сега треба да работат на проблемите на Украина. „Ракетите за воздушна одбрана се потребни секој ден, оружјето е потребно секој ден, опремата за обновување, за резервата е потребна секој ден. Ако ...

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое на осомничениот апелацискиот судија Ѓ.Р. му се определува мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка за обезбедување присуство – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова. -Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, ...

Фудбалерите на Манчестер Сити го доживеаја својот втор пораз во Лигата на шампионите, откако по неуспехот во градското дерби против Манчестер Јунајтед, беа поразени и во Норвешка од Бодо Глимт – 3:1. Сити со тоа стана уште една „жртва“ на норвешкиот клуб на домашен терен, каде што во минатото паднале бројни европски гиганти. Овој пораз би можел скапо да го чини тимот на Пеп Гвардиола, кој – во зависност од резултатите од другите натпревари ...

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, им порача на жителите на арктичкиот остров да се подготват за воена инвазија поради заканите на Доналд Трамп дека ќе го преземе островот. Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека „најлошото можеби допрва доаѓа“. Премиерот изјави дека „малку е веројатно дека ќе се случи воен конфликт, но не може да се исклучи“. „Затоа мора да бидеме подготвени за сите можности, но да го нагласиме ова: ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е задоволен од победата над Романија, иако смета дека можеше поубедливо од конечните 24:23. „Црвено-жолтите“ ја забележаа првата победа на Европското првенство и останаа со теоретски шанси да ја поминат првата групна фаза, но сигурно си обезбедија место помеѓу носителите во баражот за Светското првенство 2027. – Кога ќе сумираме се треба да бидеме задоволни од тоа што ...

Нова страница во италијанската медицина е напишана во Универзитетската болница „Папа Џовани XXIII“ во Бергамо (Италија). За првпат во таа земја е извршена истовремена трансплантација на бубрег и дел од црниот дроб, а донорот е татко, 37-годишен државјанин на Србија, кој на тој начин го спаси животот на својата седумгодишна ќерка Софија. Постапката е извршена на 18 декември, траеше полни 18 часа, а и таткото и детето се пуштени вчера на ...

Македонската ракометна репрезентација достоинствено, со победа ја заврши групната фаза на Европското првенство. Пулените на селекторот Кире Лазаров пред малку во Хернинг (Данска) ја совладаа Романија со 24-23 (13-9). Иако речиси комплетните шанси за прогрес во следната фаза се загубени (постојат само теоретски ако Данска ја совлада Португалија со 18 гола разлика), сепак ова беше важен триумф за „црвено-жолтите“ затоа што ќе бидат во ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ниту еден претседател не направил повеќе за НАТО од него и дека оваа организација не би постоела „доколку тој не се појавеше“. „Ниту една личност, ниту еден претседател не направил повеќе за НАТО од претседателот Доналд Трамп. Да не се појавев, НАТО денес немаше да постои!!! Ќе завршеше во кантата за ѓубре на историјата. Жално, но вистинито!!! – напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth ...

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација, на денешната седница ја прифати оставката на селекторот на машката сениорска репрезентација, Марјан Илиевски, кој истата ја поднесе пред почетокот на седницата. Од Управниот одбор велат дека се изненадени од потегот. Сепак, Кошаркарската федерацијата на Македонија ја почитува личната и професионалната одлука на Илиевски и уште упати искрена благодарност за неговиот ангажман, ...

Тренерот на Борусија Дортмунд – Нико Ковач, е кандидат да стане нов шеф на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед во текот на летото. Премиер лигата го ангажираше поранешниот играч од средниот ред – Мајкл Карик за привремен тренер до крајот на сезоната, но активно бара постојана замена за поранешниот менаџер, Рубен Аморим. Според германскиот Скај, Ковач е на потесниот список на Јунајтед и претходно бил разгледуван од Челзи, пред да го ...

Деветгодишно момче, во германскиот град Швандорф, предизвика експлозија во својата куќа откако стави термометар во загреана рерна. Тој го направи ова за да ја убеди мајка си дека е болен, соопшти тамошната полиција. Според германските власти, рерната беше загреана на околу 200 степени Целзиусови, а термометарот експлодираше по кратко време. Членови на противпожарната служба и полицијата дојдоа на местото на настанот. Никој не е повреден во ...

Министерството за внатрешни работи делуваше по објавата на шокантно видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како возач управува со патничко моторно возило со неверојатни 293 километри на час на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на Неготино. На тој дел од патот максимално дозволената брзина е 120 километри на час. Возачот, А.Д.(36) од село Елово, скопско, веднаш e идентификуван, пронајден и повикан од полицијата. „Тој е ...

Премиерот Христијан Мицкоски во своето видео обраќање од Давос рече дека денеска имаше многу успешни и инспиративни средби, со голем број мултинационални компании, за теми кои што беа опфатени од областа на енергетиката, здравството и високата технологија. „Од нашата страна беа претставени можностите за инвестиции во Македонија, во македонската економија, нешто што ќе значи додадена вредност за македонските граѓани. Но, тоа на кое што би ...

Со испитување на сведок и изведување на видео-докази од системот „Безбеден град“, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, при што одбраната оспори дека постојат директни докази оти обвинетиот му го доверил возилото на својот син и оцени дека Обвинителството не било соодветно подготвено при презентацијата на доказите. На денешното рочиште сведочеше студентка на ...

Во тешката железничка несреќа на југот на Шпанија загина 41 лице, а шестгодишно девојче беше единствениот преживеан член на нејзиното семејство, кое излезе речиси неповредено. Меѓу жртвите се нејзините родители, братот и братучедот, пишува Асошиејтед Прес. Според весникот Ла Вангардија, по несреќата на шините, девојчето е пронајдено босо од припадник на Цивилната гарда, откако успеа да избега низ скршен прозорец. Роднина Хуан Баросо им кажа ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска на итна седница со 10 гласа „за“ му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и го одобри предлогот за определување мерка куќен притвор, по барање на Основниот кривичен суд Скопје. Членовите на Судскиот совет со 10 гласа „за“ одлучија судијата Ристов времено да се оддалечи од вршење на судиската функцијата до завршување на кривичната постапка. Осомничениот апелациски ...

Францускиот претседател Емануел Макрон на Светскиот економски форум во Давос изјави дека не е време за нов империјализам и колонијализам, туку за соработка со цел да се одговори на глобалните предизвици. „Среќен сум што сум тука во време на мир, стабилност и предвидливост“, рече Макрон, предизвикувајќи смеа кај публиката. Макрон посочи на актуелните предизвици во светот, во време на зголемено насилство и војни, како и дигитални напади. -Во ...

МВР попладнево информира дека денеска Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Ѓ.Р.(53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ. Како што стои во пријавата, ...

„Веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се најдени 350 илјади евра пари осомничени за корупција не е само индивидуален скандал. Оваа вест уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем. ВРЕДИ е убеден дека ова не е изолиран случај, туку врв на ледениот брег на еден скапан систем, кој со години ги штити силните, а ги угнетува обичните граѓани“ соопштија попладнево на прес-конференција од Коалицијата ВРЕДИ. Од ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1026
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.26
57%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.39
79%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 4ᴼ
0.42
73%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
76%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 0ᴼ
2.57
79%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
59%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
5.66
70%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.42

Злато

166253.76

Паладиум

51794.85

Родиум

372948.66

Калај

50.64

Рутениум

47358.05

Платина

68963.35

Цинк

3.24

Сребро

2711.59

Бакар

11.73

Иридиум

231355.22