Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгуби уште повеќе територија доколку не се постигне мировен договор, предупредувајќи дека просторот за договор се стеснува со текот на времето. Трамп зборуваше за ова во разговор со новинарите, презентирајќи, како што оцени, „реална проценка“ за понатамошниот развој на конфликтот. – Мислев дека рускиот претседател Владимир Путин сака сè. Тоа ...

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и нејзиниот тим се соочуваат со притисок да најдат начини да ја направат Европа понезависна во клучните области, првенствено во безбедноста и одбраната, пишува Политико. Според Политико, најитната задача со која се соочува Брисел е да ја преиспита иднината на европската одбрана и можноста таа да стане помалку зависна од НАТО. Оваа дебата, како што се наведува, доби на интензитет ...

Американскиот министер за финансии Скот Бесeнт изјави дека САД бараат од своите сојузници да разберат дека „Гренланд мора да биде дел од САД“. Бесeнт им рече на новинарите дека „не е сигурен“ каква порака испраќаат осумте европски земји што одлучија да испратат војници на Гренланд и дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно ставил до знаење дека САД нема да ја препуштат својата национална безбедност на други, објавува Гардијан. Тој ...

Неколку демократи побараа претседателот Доналд Трамп да биде отстранет од функцијата со повикување на 25-тиот амандман, наведувајќи ги неговите постапки во Гренланд. Од почетокот на неговиот мандат, Трамп тврди дека САД мора да го преземат Гренланд од безбедносни причини, што предизвика остри реакции од Гренланд и европските лидери кои го бранат правото на самоуправувачката територија на сопствена иднина. САД не ја исклучија можноста за ...

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада „не постои поради Соединетите Американски Држави, туку напредува „затоа што е канадска“, одговарајќи на претходното тврдење на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Канада напредува поради Соединетите Американски Држави“. Карни истакна дека Канада и САД изградиле „исклучително партнерство“ во областите на економијата, безбедноста и културната размена, но нагласи дека „Канада не ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека и рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски изјавиле дека би сакале да постигнат договор за прекин на речиси четиригодишната војна. Трамп им рече на новинарите во авионот враќајќи се од Давос дека Европа ќе биде дел од договорот, доколку тој се реализира, објави Гардијан. Коментирајќи го состанокот на неговите претставници во Москва вечерва со ...

Али Ахмети кажува дека со претседателот Мицкоски пред една година договорил предвремени избори, но не ја кажува вистината за средбата во мојата канцеларија, каде нудеше влез во Владата, без да бара претседателско место во Собранието и со прифаќање едно министерско место помалку од тоа што го бараше Влен, само да биде дел од истата оваа влада, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. – Но, ние останавме истрајни во она што беше ...

Собранието денеска со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова, се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. По барање на координаторката на „Европски фронт“, Рина Ајдари, гласањето беше номинално, односно секој пратеник гласаше поединечно. За ...

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција говореше за актуелните состојби во правосудниот систем истакнувајќи дека Министерството веќе работи на утврдување на реалната состојба на терен и подготвува конкретни мерки за надминување на системските слабости. – Во изминатиот период јавноста беше сведок на настани и случаи, кои дополнително ја засилија загриженоста за интегритетот, одговорноста и за функционирањето на ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, му рече на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „светот е доста од збунети кловнови“. – Зеленски ги „користи“ американските и европските даночни обврзници за да ги наполни џебовите на своите корумпирани генерали и да се спротивстави на она што тој го нарекува нелегална агресија што ја крши Повелбата на ОН, рече Аракчи во објава на социјалната мрежа X. Според него, Зеленски ...

Уставниот суд на Бугарија денес објави дека ја потврдил оставката на претседателот на земјата, Румен Радев. Овој потег на судот го отвора патот Радев да се повлече од функцијата претседател на Бугарија, објавија бугарските медиуми. Радев поднесе оставка оваа недела, поттикнувајќи шпекулации дека ќе формира своја политичка партија за претстојните парламентарни избори. Потпретседателката Илијана Јотова ќе ја преземе функцијата претседател до ...

ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за политички систем, на која на Дневен ред беше амандманска расправа за Предлог-измените на Кривичниот законик, гласаше против амандманите предложени од Левица, со кои се бараше заострување на казнената политика за кривичните дела сторени од страна на службени и одговорни лица кои вршат јавни функции. Во своето излагање на комисиската седница, пратеничката од Левица Јована Мојсоска, образложи дека со ...

Алијансата за Албанците изразува критички став за Законот за прекршоците, во кој е опфатен и проектот „Безбеден град“, оценувајќи дека актуелната примена на овој проект покренува сериозни правни, социјални и уставни загрижености, се наведува во соопштението од Алијансата за Албанците. „Прво, Алијансата за Албанците укажува дека не се спроведува Законот за употреба на јазиците, особено во службената комуникација со граѓаните, вклучително и ...

Македонска пошта соопшти дека го смета за крајно тенденциозно и несериозно и политички мотивирано организиарање штрајк во услови кога е обебзедена плата за сите вработени. – Крајно тенденционо и несериозно е органирањето на штрајк од страна на еден од Синдикатот на вработените во Македонска пошта, во услови кога за сите вработени платата е веќе обезбедена. Од тие причини веруваме дека штрајкот е политички мотивиран, а вработените се ...

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава со Србија, информирал премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот панел во рамките на Светскиот економски форум во Давос во одговор на прашања кои се однесувале на вештачката интелигенција и потребните центри за гасови, ...

Демократската унија за интеграција уште еднаш потсетува на крајно погрешната и штетна патека по која се движи Република Северна Македонија, стратешките отстапувања и честото менување насока, која земјата ја доведе во длабока меѓународна изолација, каква што државата не памети во поновата историја. Резултат на оваа промашена политика е дебаклот што Премиерот и владината делегација го доживеаја на Светскиот економски форум во Давос – ...

Лицемерието и играњето со чувството на народот од страна на СДС, ја помина одамна границата. Глумењето дека не беа до пред 1,5 година на власт, не им поминува. Сите штетни договори, тендери и закони се потпишани во нивни време. Па и оние кои ги укинаа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Таков е и КЗ односно членот 353 со кој си се амнестираа од криминалот, а со тоа си ги заштитија своите функционери кои се синоним за криминал и корупција. Сега ...

Вчера покажавме како изгледаат фабрикуваните лаги, токсичните наслови и погрдните текстови од кујните на ВМРО со илјада примери. Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните. Секојдневните скандали и катастрофалната економска состојба ги покрива со постојан дефокус и пренасочување на вниманието на граѓаните. Зад грбот на народот течат криминални тендери а пред очите на ...

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Во нив се земени предвид аргументите на експертите и невладините организации изнесени на јавната расправа како и заложбите на СДСМ за прецизни законски решенија кои ќе обезбедат услови за борба притив криминалот и корупцијата. Бараме менување на членот 353 – Злоупотреба на службената положба и овластување и враќање на ...

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Во нив се земени предвид аргументите на експертите и невладините организации изнесени на јавната расправа како и заложбите на СДСМ за прецизни законски решенија кои ќе обезбедат услови за борба притив криминалот и корупцијата. СДСМ бара менување на членот 353 Злоупотреба на службената положба и овластување и враќање на ...

Украина се обидува да влијае на резултатите од претстојните парламентарни избори во Унгарија бидејќи знае дека сегашната влада нема да ѝ дозволи да се приклучи на ЕУ, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан пред новинарите, коментирајќи ги резултатите од самитот на ЕУ во Брисел. На овој состанок, Европската комисија дистрибуираше план за пристапување на Украина кон асоцијацијата до 2027 година. „Мислам дека во следните сто години нема да има ...

Изземајќи се од одговорност, Владата цврсто стои на страна на работодавачите и повеќе од година и пол, во услови на енормна инфлација, ја држи минималната плата замрзната. Економско социјалниот совет е окупиран од Стопанската комора и Владата и функционира како подружница на олигархијата. Со немањето слух за барањата на работниците и синдикатите, „третата економија во Европа“ продолжува да го стимулира иселувањето на младите, коешто се ...

Бројот на жртви во крвавата репресија на иранските власти врз демонстрантите низ целата земја достигна најмалку 5.002, соопштија активистите, предупредувајќи дека се стравува дека вистинскиот број на жртви е многу поголем, бидејќи најобемното исклучување на интернетот во историјата на земјата трае повеќе од две недели. Тешкотиите во добивањето информации од Иран продолжуваат бидејќи властите го прекинаа пристапот до интернет на 8 јануари, ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговиот говор во Давос, во кој, според Будимпешта, тој „повторно ја нападна унгарската влада и него лично“. Сепак, како што истакна Орбан во својата објава на мрежата X, Зеленски, исто така, ги критикуваше „сите други европски лидери“. „Зеленски вели дека поддршката испратена до Украина е недоволна, оружјето е недоволна и дека решителноста на ...

Данската премиерка Мете Фредериксен ја отфрли можноста за преговори за Гренланд и најави итен состанок со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по новите пораки од американскиот претседател Доналд Трамп. Данската премиерка Мете Фредериксен повтори дека не може да има преговори за суверенитетот на Гренланд, нагласувајќи дека НАТО нема мандат да води разговори во име на Данска или Гренланд. Таа најави состанок со генералниот секретар на ...

САД ја обезбедуваат безбедноста на Гренланд и затоа мора да имаат права врз природните ресурси на островот, изјави американскиот потпретседател Џ. Д. Венс. – Сакаме да го споделиме богатството на оваа прекрасна копнена маса со многу минерали и многу ресурси што фундаментално ги штитиме, рече тој во интервју за телевизискиот канал Newsmax. Според Венс, не е Данска, туку „моќта на САД“ е ја обезбедува безбедноста на островот. „Ако се прашате ...

Руските сили извршија напади со беспилотни летала и ракети врз два града во југоисточна Украина, при што едно лице беше убиено, а повеќе од 20 беа повредени, соопштија денес локалните власти. Гувернерот на Запорошката област изјави во објава на Телеграм дека руските сили извршиле четири напади врз градот Комишуваха, при што едно лице беше убиено, а 10 беа повредени. Неколку семејни куќи беа оштетени во нападот. Во индустрискиот град Кривји ...

Русија објави дека денес ќе одржи безбедносни разговори со САД и Украина во Абу Даби, предупредувајќи по средбата на претседателот Владимир Путин доцна во ноќта со американските претставници дека траен мир нема да биде можен доколку не се решат територијалните прашања. Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека средбата која траела речиси четири часа, била корисна и исклучително искрена. Тој рече ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната од 6 до 10 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 7 степени. Според УХМР, до сабота ...

Голем конвој американски војници се упатува кон Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во „Ер Форс Уан“ враќајќи се во Вашингтон од Давос. Тој нагласи дека би претпочитал да не ги користи бродовите за напад врз земјата поради зголемените тензии по бранот протести. „Имаме многу бродови што одат во таа насока, за секој случај. Имаме голема флотила што оди во таа насока и ќе видиме што ќе се случи. Имаме голема ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 1ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.5
59%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.62
81%
1028
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.53
75%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
72%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
82%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -3ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
75%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Рутениум

47358.05

Платина

68963.35

Злато

166253.76

Алуминиум

3.42

Кобалт

66.14

Родиум

372948.66

Паладиум

51794.85

Иридиум

231355.22

Калај

50.64

Цинк

3.24

Бакар

11.73

Сребро

2711.59