Фудбалерите на Манчестер Јунајтед остварија значајна победа со резултат од 2:0 над градскиот ривал Манчестер Сити на „Олд Трафорд“ во натпреварот од 22-то коло од англиската Премиер лига. Брајан Мбеумо во 65-тата минута, а Патрик Доргу во 76-тата минута беа стрелците за победа. Јунајтед сега скокна на четвртото место и има 35 бода, осум помалку од второпласираниот Сити. Тоа беше деби на Мајкл Карик на клупата на Јунајтед во улога на ...

Во главниот град на Данска, Копенхаген, денес се одржа протест против плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е данска автономна територија, а илјадници луѓе учествуваа на митингот. Демонстрантите се собраа пред Градското собрание во Копенхаген, а планиран е марш до Американската амбасада, објави „Гардијан“. Други собири треба да започнат во Гренланд и во други делови на Данска. ...

„Скандалот во Центарот за социјални работи во Тетово со незаконски исплатени социјални пензии и додатоци за туѓа нега ја разоткрива длабоката системска корупција и злоупотреба во институцијата која треба да им служи на најранливите. Социјални пензии добивале лица кои што воопшто не исполнуваат услови за тоа, додека лица на кои што им е од суштинска важност да добијат социјална пензија или надоместок за туѓа нега се одбивани“ соопштија ...

Сообраќајната полиција во Србија денеска околу пладне запре четириесет и едногодишен германски државјанин на подрачјето на општина Рума, кој управуваше „бмв“ со германски регистарски таблички со брзина од 238,9 километри на час, на делот од автопатот Рума – Шабац каде што ограничувањето на брзината е 130 километри на час. Министерството за внатрешни работи соопшти дека возачот е исклучен од сообраќај и дека против него е поднесена ...

Во СВР Скопје, 29-годишна жена од скопско, пријави дека на 10. овој месец во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била физичка нападната од нејзиниот сопруг К.Ј.(33), кој употребил тврд предмет, а притоа и упатувал ѝ закани со остар предмет. Претходно, според пријавеното, К.Ј. физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера, пак, во 09:20 часот во СВР ...

„Секој ден сум предмет на јавен линч, преку груби лаги и постојана црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Морис итн. Пред некој ден ме споредија дури и со Џим Џонс, убиец на 300 деца. Вчера, отидоа дотаму, да преку Жан Митрев, за кого како лекар не можам да кажам што мислам, ме обвинија за рекет за цела болница. Претераа. Ова веќе ги поминува сите можни граници. Што ќе смислат следно, утре ќе ме обвинат ...

Индонезиски авион од типот ATR 42-500 со вкупно 11 лица на бордот исчезна во близина на градот Макасар. Според извештаите на локалните медиуми и податоците од системите за следење на летови, на планина во близина на местото каде што е изгубен контактот наводно се забележани остатоци од леталото, пишува News18.com. Авионот му припаѓа на индонезиското Министерство за поморство и рибарство, а во него се наоѓале осум членови на екипажот и три ...

МВР информира дека вчера попладне во 13:00 часот во ПС Гостивар С.А.(34) од Гостивар пријави дека преку СМС порака добил известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“. Откако ги внел податоците од својата дебитна картичка на лажната веб-страна, од неговата сметка во неколку наврати биле извршени неовластени трансакции во вкупен износ од 89.106 денари кон примач во странство. Се преземаат мерки за ...

МВР информира дека вчера наутро во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Војвода Васил Чакаларов“ во Скопје, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(52) удри во скопјанката, 48-годишната Р.Д. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. МВР информира дека вчера наутро во 08:00 часот ...

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област. Стручните констатации и наодите добиени од спроведените контроли претставуваат основа за постапување на другите надлежни органи. „Во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, УЈП е во постојана и целосна соработка со обвинителството, ...

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека никој не може да гарантира дека САД ќе останат во Алијансата, но дека е убеден дека треба да се направи сè што е можно за да се намали ризикот од нивно излегување. „Не можам да ветам дека САД ќе останат во НАТО, никој не може. Сепак, сум убеден дека треба да направиме сè што можеме за да го намалиме ризикот од излегување на САД и дека ние самите сме во најдобра можна ...

Протестите што го потресоа Иран со недели се смирија, но немирите оставија илјадници мртви и обвинувања од највисоките нивоа на владата. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за „жртвите и штетите“ предизвикани за време на протестите, додека групите за човекови права наведуваат дека повеќе од 3.000 луѓе биле убиени во задушувањето на немирите, пишува Скај њуз. Во својата прва објава ...

Водечката платформа за достава во Македонија, Wolt, ја започна новата промотивна кампања, Зима на Wolt+, наменета за сите постоечки и нови корисници на претплатата на Wolt+. Во текот на следните три недели, членовите на Wolt+ ќе можат да искористат попусти до 50% на нарачки од одбрани ресторани и продавници во Скопје. Минималниот износ на нарачка за ресторани е 350 денари, а за продавници е 600 денари. Покрај тоа, новите корисници можат да ...

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони. Според јавноздравствените стандарди, пушењето е личен избор, но заедничкиот затворен простор ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за – Помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна незгода. Со автомобил ...

„Владата на Мицкоски им ги отвори вратите со одлука за нови 10.000 странски работници во 2026 година. Бројот е двојно зголемен во споредба со лани. Иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени Владата донела одлука да се носат 10.000 странски „економски работници“. Тоа што се подготвуваше сега започна. Најпрво владата склучи „стратешки договор“ за кој известија британските медиуми“ рече денеска на прес-конференција Рената ...

Единаесетгодишник од Пенсилванија е обвинет за убиство откако пукаше и го уби својот татко затоа што тој му ја зема конзолата за игри Nintendo Switch. Пукањето се случи на 13. овој месец во семејна куќа во Данканон Бороу, пишува The Guardian. Полицијата беше повикана во домот на семејството околу 3:20 часот наутро поради пријава за „маж во несвест“. По пристигнувањето, полицајците го пронајдоа 42-годишниот Даглас Диц мртов во креветот со ...

Според податоците од страната Аir care, неколку градови во Македонија денеска се екстремно загадени. Струмица e меѓу најзагадените градови со индекс 399. За второто место утрово е Куманово, каде индексот на загаденост изнесува 255, а во Скопје со индекс на загаденост е 247. Следуваат Кавадарци и Крушево, каде индексот на загаденост изнесува 164, односно 176. Скопје утрово се најде на четвртото место на најзагадени градови во Европа со ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред почетокот на Австралија Опен изјави дека многу се зборува за потенцијално освојување на 25-от Гренд Слем трофеј во неговата кариера и додаде дека сака малку да го намали притисокот врз себе. Десеткратниот шампион од Мелбурн го игра својот натпревар од првото коло против Шпанецот Педро Мартинез во понеделник наутро по македонско време. „Одлично е што сум повторно тука. Ова ми е 21-ви пат, што е ...

Претседателот на Фиорентина, Роко Комисо, почина на 76-годишна возраст, соопшти клубот од Фиренца. „Со голема тага и заедно со неговата сопруга Катерина, децата Џузепе и Мариса и сестрите Италија и Рафаелина, објавуваме дека претседателот Роко Комисо почина. По долга борба со болеста, тој нè напушти утрово“, се вели во соопштението, пренесува Анса. Комисо почина во САД, каде што живееше. Комисо е роден во Марина ди Џоцо Јоника (Калабрија) ...

Милијардерот и извршен директор на „X“ – Илон Маск, поднесе тужба против OpenAI и Microsoft, барајќи 134 милијарди долари, бидејќи компаниите, како што вели тој, остварија „нелегална добивка“ благодарение на неговата рана поддршка на стартапот за вештачка интелигенција. Според судското поднесување, OpenAI заработи помеѓу 65,5 милијарди и 109,4 милијарди долари, додека Microsoft профитираше помеѓу 13,3 милијарди и 25,1 милијарди долари од ...

Жена од Букурешт е уапсена откако полицијата утврди дека сама си праќаше заканувачки пораки и лажно го обвини својот поранешен сопруг, припадник на армијата. Истрагата е покрената на почетокот на годинава, кога една жена контактираше со полицијата тврдејќи дека е жртва на сериозни закани насочени кон неа и нејзиното дете. Таа достави неколку пораки со исклучително насилна содржина до истражителите и го именуваше својот поранешен сопруг, ...

Големи протести против амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд се очекуваат денеска во неколку градови во Данска, вклучувајќи го и главниот град, но и во главниот град на Гренланд, Нуук. На социјалните мрежи, илјадници луѓе изјавија дека ќе учествуваат во протести во Гренланд и во Данска, во Копенхаген, Орхус, Алборг и Оденсе, на иницијатива на неколку гренландски организации. „Целта е да се испрати јасна ...

Во првиот дуел на Европското првенство 2026 македонската ракометна репрезентација синоќа претрпе убедлив пораз од кодомаќинот Данска со 36:24, а веќе утре го играме можеби клучниот натпревар за пласман во следната фаза – противник ни е Португалија. По дуелот селекторот Кирил Лазаров изјави дека денешниот тренинг нема да се одржи со цел тимот да биде одморен во пресрет на дуелот со Португалија. Тој се осврна ѝ на отсуството на двајцата ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека постигнала договор за привремено прекинување на непријателствата во близина на нуклеарната централа Запорожје. „Денес, МААЕ обезбеди договор меѓу Руската Федерација и Украина за спроведување на локално примирје, што ќе овозможи почеток на поправки на последниот преостанат резервен далновод во нуклеарната централа Запорожје“, се вели во писмената изјава на директорот на МААЕ, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски прави сè за да го одложи постигнувањето мир со Русија, бидејќи таков исход, според него, би можело да доведе до сериозни политички последици, дури и до негово протерување од земјата. Оваа проценка ја даде професорот на Универзитетот во Варшава, Адам Веломски, во објава на социјалната мрежа X. Веломски изјави дека се согласува со ставот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно изјави ...

Повеќе од 3.000 луѓе загинаа во протестите низ Иран, според американската група за човекови права ХРАНА, додека само мало зголемување на интернет активноста во земјата е регистрирано по осумдневното затворање. ХРАНА соопшти дека потврдила 3.090 смртни случаи, вклучувајќи 2.885 демонстранти, додека жителите и државните медиуми изјавија дека безбедносните мерки во голема мера ги задушија протестите досега и дека апсењата продолжуваат, објави ...

Синоптичарите за денеска најавуваат слаби локални врнежи од дожд на пониските места, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја заостри својата реторика по прашањето за Гренланд, велејќи дека би можел да ги казни земјите со трговски царини ако не ги поддржат американските планови за преземање контрола врз островот. Иако Трамп со месеци инсистира дека САД треба да го контролираат Гренланд, автономна територија во рамките на Кралството Данска, ова е прв пат републиканскиот претседател експлицитно да спомене употреба на царини ...

Незадоволни граѓани од Куманово, кои во изминатите години работеле за американски компании во воените бази во Ирак и Авганистан, и денеска излегоа на протест пред зградата на Управата за јавни приходи. Тие повторно побараа надлежните институции да ги земат предвид доставените докази за нивниот престој и работа во странство, како што се пасоши со гранични печати и потврди од работодавци, со цел утврдување на реалната даночна состојба. ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
62%
1026
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
52%
1027
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
51%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
55%
1027
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
3.94
54%
1029
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.45
67%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.26
57%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
36%
1025
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
48%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
3.58
56%
1031
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
39%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
48%
1029
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Сребро

2711.59

Платина

68963.35

Цинк

3.24

Алуминиум

3.42

Злато

166253.76

Калај

50.64

Кобалт

66.14

Бакар

11.73

Родиум

372948.66

Иридиум

231355.22

Паладиум

51794.85

Рутениум

47358.05