Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски во своето гостување на МРТВ информираше за текот на преговорите со репрезентативните синдикати во врска со покачувањето на платите во јавниот сектор. По денешниот состанок со УПОЗ, премиерот ја образложи понудата на Владата која треба да обезбеди континуиран раст на примањата на административните службеници. Понудата предвидува етапно зголемување на платите, кое ќе започне со исплатата во април (за мартовската ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска испрати јасни пораки до јавноста: даноците и цените на јавните услуги нема да растат додека граѓаните не добијат квалитет каков што заслужуваат. На прес-конференцијата посветена на идните планови, тој најави воспоставување дисциплина, обнова на запуштените локации и решавање на горливиот проблем со превозот. Ѓорѓиевски најави дека цената на паркингот нема да се зголемува, но ќе се укинат ...
Надолниот тренд во македонското рударство продолжува и на почетокот од годинава. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, вкупното индустриско производство расте, но рударството останува единствената гранка со значителен пад. Во пресекот за ноември, минусот изнесувал 4,7%, а во јануари достигнал близу 7%, што дополнително ја нагласува кризата во секторот. „Бројот на работниците во ноември 2025 година, во однос на ноември ...
Еден од највлијателните американски медиуми се соочува со најдлабокото реструктурирање во својата понова историја. „Вашингтон пост“ започна обемни отпуштања кои сериозно ги погодија редакциите за спорт, локални вести и меѓународно известување, објави самиот весник. Според извори запознаени со одлуката, компанијата отпуштила околу 30 отсто од вкупниот број вработени. Меѓу нив има и повеќе од 300 новинари од редакција што броела околу 800 луѓе, ...
Скопјанка пренесува сведоштво за потресен и немил настан кој се случил денеска во населбата Маџари, во близина на пругите. Глетката на која присуствувале случајни минувачи ја отсликува суровата реалност со која се соочуваат животните кои се користат за влечење запрежни коли. Според сведоштвото, постар човек кој управувал со запрежна кола, придружуван од жена и дете, со жестоко мавање и викање го принудувал коњот да трча побрзо. Под притисок ...
Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Деановски, по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски и владини претставници изјави дека Владата го прифатила барањето на синдикатот, но не во целост. „Важно е што се прифати исплата на додатоците на плати за вработените во државната управа и правосудството. Како што најавувавме минатата година, зголемувањето ќе се ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска упати порака до граѓаните кои преку протести бараат олеснување или ослободување од обврската за полагање возачки испит поради неписменост. Таа нагласи дека законскиот минимум за возачка дозвола е основно образование и дека државата веќе нуди низа инструменти за негово стекнување. Министерката посочи дека неписменоста не смее да биде изговор, бидејќи постојат реални можности за ...
Полицијата утрово спроведе детални проверки на возилата на паркингот пред судницата меѓу кои и на родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани. Дополнително, денешното рочиште беше прекинато бидејќи на еден од обвинетите му се влоши здравствената состојба. Родителите на жртвите беа видно вознемирени од, како што велат, неочекуваниот третман од страна на полициските службеници. Еден од родителите за 4NEWS.mk го опиша моментот на ...
Дваесетгодишната Сара Велинова, која пред само една година била дел од ведрото мнозинство на концертот на групата „ДНК“, денеска застана пред судот за да го опише моментот кога забавата се претворила во смртоносна стапица. Нејзиното сведочење е клучен дел од мозаикот со кој Обвинителството се обидува да докаже дека дискотеката „Пулс“ била небезбедна по повеќе основи. Огнената стапица: Спуштениот плафон и чадот Сара, со видлива вознемиреност, ...
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција даде детален отчет за сработеното во изминатиот период, истакнувајќи дека градот се извлекува од долгогодишен колапс и долгови. Тој нагласи дека неговиот мандат е посветен на промени и воспоставување ред, со цел Скопје да стане модерен и функционален град. Финансиска стабилизација и рекорден буџет Градоначалникот информираше за сериозно консолидирање на градската каса и ...
Вишото јавно обвинителство во Заечар повторно поднесе обвинение против Дејан Драгиевиќ и Срѓан Јанковиќ за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ. Данка Илиќ исчезна на 26 март 2024 година. Според српските медиуми, следело опсежно пребарување на подрачјето, кое траело со денови. Во текот на тие денови, полицијата испрашувала сведоци и мештани, но ништо не укажувало што се случило со детето. Потоа се појавило видео од Виена, на кое се ...
Потресни сцени, вербални пресметки и прекин на рочиштето го одбележаа денешното судење за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Додека преживеаните сведочеа за стампедото и „спуштениот плафон“ кој станал огнена стапица, одбраната издејствува прекин поради влошената здравствена состојба на еден од обвинетите. Тензиите го достигнаа врвот кога адвокатката на Гроздан Милковски (сопственик на објектот) побара прекин на судењето ...
Од ВМРО-ДПМНЕ попладнево веднаш излегоа со реакција по мајновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР). Во извештајот за 2024 година се откриени сериозни неправилности во управувањето со државните пари и имот. Сепак од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа е во време на СДСМ, односно Пеце Мирчевски ексдиректор на СОЗР направил низа злоупотреби за време на владеењето. „Пеце Мирчевски ...
Министерството за внатрешни работи воведе нов начин на комуникација со возачите, со цел да се подигне свеста за безбедноста во сообраќајот. Доколку вашето возило биде снимено како се движи со брзина малку над дозволената, но сепак во рамките на законската толеранција, на вашиот мобилен телефон може да добиете информативна порака од MVR-INFO. Што содржи пораката? Според примерот кој се појави во јавноста, пораката ги содржи следните прецизни ...
Најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) во 2024 година откри сериозни неправилности во управувањето со државните пари и имот. Од „невидливо“ земјиште вредно стотици милиони евра, до неплатен промет во владиното бифе, ревизорите нотираат низа законски прекршувања. Владино бифе со „сопствени правила“ Ревизорите утврдиле дека во текот на 2024 година, во владиното ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај за периодот од 26 јануари до 1 февруари регистрира нов смртен случај поврзан со грип. Станува збор за 62-годишен маж од Тетово, кој бил хоспитализиран на Инфективното одделение. Според извештајот, кај него е потврдена Инфлуенза А, имал претходни коморбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип. Со овој случај, бројот на починати од почетокот на сезоната се искачи на четири лица. ...
Полицијата денеска повторно спроведува претреси на неколку локации поврзани со петте тони марихуана која беше запленета минатата недела во соседна Србија. Според информациите, се постапува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое ја води истагата. Српските власти тврдат дека таа влегла од Македонија, а исто така претреси имаше и во текот на вчерашниот ден. Претходно од Обвинителството за гонење ...
На ден 04.02.2026 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишен од слобода е П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет ...
Судскиот процес за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ продолжи со потресни сведоштва на првите спасувачи кои пристигнале на кобната ноќ на 16 март 2025 година. Фокусот на Обвинителството е насочен кон докажување на одговорноста на сопственикот за супстандардните услови во објектот, како и пропустите на обезбедувањето од агенцијата „Рубикон“. Пожарникарот Благојчо Паунов, кој пристигнал на местото само пет минути по повикот, пред ...
Судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ продолжи со сведочењето на Драган Апостолов, командир на противпожарната единица во Кочани. Неговиот исказ ги откри застрашувачките услови со кои се соочиле спасувачките екипи при влезот во објектот каде што животот го загубија 63 лица. Апостолов пред судот опиша сцена на вистински ужас. И покрај професионалната заштитна опрема, командирот се здобил со изгореници и пликови на ...
Еден од клучните краци на мега-предметот „Империја“ доби неочекуван епилог. Како што пренесува „Призма“ (БИРН), Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во декември 2025 година официјално го повлече обвинението против бизнисменот Цветан Панделески. Немало докази за измама и перење пари Одлуката ја донел обвинителот Фатон Азизи, кој по сослушувањето на сведоците оценил дека нема докази оти Панделески ги довел во заблуда ...
Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“, составена од родители, едукатори и стручни лица, упатува итен апел до јавноста и институциите во Македонија. Како што велат, време е да кажеме „доста е“ на дигиталниот хаос кој директно влијае врз развојот на нашите најмлади. Иако технологијата нуди знаење, денешните социјални мрежи се дизајнирани како „машини за внимание“. Нивните алгоритми не се грижат за менталното здравје на ...
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ пред судот сведочеше пожарникарот Благој Паунов, кој детално опиша како се одвивала спасувачката акција во трагичната ноќ. Паунов изјави дека дојавата за пожарот ја примил во 2:35 часот, а огнот бил изгаснат околу 4 часот. Заедно со колега пристигнале како прво противпожарно возило само пет минути по дојавата. – Нашата стандардна процедура е најголем приоритет спасување човечки животи. ...
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има врнежи од дожд во источните и југоисточните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно сончево. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. T=14°C. P=962hPa. U=80%. V=1m/s. Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните ...
Трагедија ја погоди италијанската општина Лука, откако четири члена на семејство беа пронајдени починати во својот дом во Поркари. Жртвите се таткото Арти Кола (48), мајката Јонида (43), нивниот 22-годишен син Хајдар и 15-годишната ќерка Џесика. Првичните информации укажуваат дека причината за смртта е истекување на јаглерод моноксид, најверојатно од неисправен бојлер. Случајот го пријавила нивна роднина, која не успеала да стапи во контакт ...
Во атмосфера на тензии и силни емоции, пред стартот на денешното судско рочиште за предметот „Пулс“, семејствата на загинатите јавно алармираа за, како што тврдат, сериозни обиди за влијание врз сведоци во постапката. Јулија Златкова, мајка на Томас Златков кој го загуби животот кобната ноќ во дискотеката „Пулс“, изнесе обвинувања дека располагаат со информации за можни притисоци врз сведоци на Обвинителството. Според нејзините наводи, лицето ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека нема да дозволи нови вработувања во градската администрација, нагласувајќи дека ниту еден денар од буџетот на скопјани не смее да биде злоупотребен. Тој информираше дека денес јавно побарал од сите советници да гласаат против одлуката донесена во минатото за вработување на 21 лице, која, како што посочи, директно би го чинела градот околу 1,4 милиони евра. Според Ѓорѓиевски, ...
На 04.02.2026 во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.М. (24) од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.П. (37) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(35) од Охрид. По преземени мерки, ...
По брзата интервенција на безбедносните служби, српската полиција приведе осомничен за сериозен инцидент што се случи рано утрото во белградската населба Дедиње. Како што соопшти доцна синоќа Министерството за внатрешни работи на Србија, уапсено е лице за кое постои сомневање дека заедно со уште едно лице по кое интензивно се трага, во вторникот околу 04:52 часот активирале и фрлиле рачна граната во дворот на семејна куќа, при што е ...
Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли ...