Се појавуваат сè повеќе докази за обидите на унгарскиот премиер Виктор Орбан стратешки да ја сврти земјата кон Исток и економски и политички да ја интегрира со Русија. Ова стана главна точка на напад на неговиот опонент Петер Маѓар во пресрет на парламентарните избори закажани за 12 април. Таен договор за стратешка соработка Според документи до кои дојде медиумот „Politico“, унгарската влада потпишала сеопфатен договор со Руската Федерација ...
Унгарија влегува во последните денови пред парламентарните избори на 12 април, во атмосфера каква што земјата не памети во изминатите 16 години. Опозициската Тиса на Петер Маѓар според повеќе независни анкети влегува како фаворит, а гласањето веќе се претвора во тест не само за власта на Виктор Орбан, туку и за идниот однос на Будимпешта со Европската унија. Најсилниот сигнал доаѓа од последната независна проекција на Медијан, според која ...
Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави денеска дека го поддржува премиерот на Унгарија Виктор Орбан на утрешните избори во земјата, за кои смета дека се важни не само за иднината на Будимпешта, туку и за Европската Унија, пренесува „Бета“. Вучиќ на „Инстаграм“ напиша дека не знае дали Орбан ќе изгуби или ќе победи, ама дека му е благодарен за пријателството меѓу Србите и Унгарците. „Не знам дали Виктор ќе изгуби или ќе победи. Знам ...

