Кабинетот на поранешниот македонски претседател Иванов информира дека денес е објавен конкурсот за учество на 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам”, која ја одразува потребата од нови пристапи во лидерството и одговорно дејствување во услови на забрзани глобални промени и предизвици. 17. Школа за млади лидери ќе се реализира во периодот октомври–ноември 2026 година и ќе ...

Петнаесет деца загинаа, а 62 се ранети минатата недела во Либан, каде Израел продолжува со воздушните напади и покрај прекинот на огнот, соопшти денеска Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ). УНИЦЕФ ги нарече овие бројки „запрепастувачки“ и истакна дека, според меѓународното хуманитарно право, децата мора да бидат заштитени во секое време за време на конфликтот, пренесува Ал Џезира. Израел, кој се бори против проиранското движење ...

Селекторот на македонската репрезентација Гоце Седлоски, по натпреварот против Босна и Херцеговина кој заврши без голови, истакна задоволство од настапот на тимот, напоменувајќи дека нерешениот резултат е најреален, и дека жали за неискористените шанси. „ Прво полувреме имавме и ние шанси, и Босна имаше иницијатива и шанси. Ако постигневме гол од тие две шанси, ќе беше мечот сосема поинаков. Ова е некоја нова репрезентација, со доста ...

Светскиот рекет број 4, Новак Ѓоковиќ од Србија, синоќа загуби од Бразилецот Жоао Фонсека во третото коло на Отвореното првенство на Франција – 6:4, 6:4, 3:6, 5:7, 5:7. Мечот траеше 4 часа и 57 минути. Ѓоковиќ не успеа да се пласира во втората недела од Ролан Гарос за прв пат од 2009 година. Тогаш Србинот стигна до третото коло, каде што загуби од Германецот Филип Колшрајбер (4:6, 4:6, 4:6). Новак има освоено три титули на Ролан Гарос – ...

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сомневање дека дронот што падна врз станбена зграда во Романија бил руски и смета дека всушност станува збор за украинско беспилотно летало. Путин предложи остатоците од леталото да бидат предадени на Русија за да може Москва да спроведе сопствена независна истрага. Никој не може да зборува за потеклото на дронот додека не се направи експертиза на остатоците, рече Путин одговарајќи на новинарско ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер (над 40 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 ...

Доцна вечерва, околу 22:40 часот, на улицата Пластичарска во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило и мотоцикл. Според првичните информации, во несреќата тешко е повреден возачот на мотоциклот. На местото на настанот веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која му укажала прва помош на повредениот, по што тој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за понатамошно ...

Порталот 4news.mk реагира по соопштението на М-НАВ и тврди дека информациите се темелат на официјално воздухопловно известување – НОТАМ Цел ден редакцијата на 4news.mk чека одговори од М-НАВ за проблемот што самата институција го пријавила преку издавање НОТАМ (Notice to Air Missions), официјално воздухопловно известување кое се користи за информирање на воздухопловната заедница за состојби што можат да влијаат врз воздушниот сообраќај. ...

Австриски суд изрече казна од 15 години затвор за 21-годишен маж од македонско потекло, кој бил вмешан во планирање џихадистички напад на концертот на американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт во Виена во август 2024 година. Осудениот, идентификуван како Беран А., според австриските закони, беше прогласен за виновен за повеќе кривични дела поврзани со тероризам. Тој беше уапсен по информација добиена од американската разузнавачка агенција ...

Романија презеде остри дипломатски мерки кон Русија откако руски дрон се урна врз станбен блок во градот Галаци, при што беа повредени две лица. Романскиот претседател Никушор Дан го прогласи рускиот конзул во крајбрежниот град Констанца за „персона нон грата“ и му наложи да ја напушти земјата, а според најавите се очекува и затворање на рускиот конзулат. Одлуката беше соопштена по состанокот на Врховниот совет за национална одбрана на ...

Советничката за медиуми на претседателот на Србија, Сузана Васиљевиќ, ја информираше денеска јавноста дека во првата тужба поднесена против медиум, во име на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во овој случај против германското списание „Шпигел“, Суд во Хамбург донел привремена мерка со која му забранува на тој медиум понатамошно објавување и ширење наводи што предизвикуваат сомневање дека Вучиќ, бил вмешан во наводното ...

Градоначалникот Дејан Митески им посака добредојде во Општина Аеродром на учесниците на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, кој од вечерва до 1 јуни ќе се одржува во Долно Лисиче. На фестивалот, покрај македонските, ќе настапат и млади фолклористи од Чиле, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. Фестивалот е одлична можност гостите да ја почувствуваат нашата гостопримливост и со себе да понесат прекрасни спомени од нашиот ...

Министерството за правда внимателно ги следи информациите објавени во јавноста во врска со наводите дека Никола Груевски стекнал унгарско државјанство. Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки, се вели во соопштението од Министерството за ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на отворањето на новиот трговски центар „Mega Shopping Park“ во Гевгелија. „За мене претставува огромна чест и задоволство што денеска можам да присуствувам на овој би рекол прекрасен настан, овде во Гевгелија. Отворањето на овој шопинг-центар којшто е не само додадена вредност за економијата тука во Гевгелија, туку очекувам да прерасне во едно место коешто ќе го посетуваат сите оние ...

Владата на Србија на вонредна седница одобри Републичката дирекција за стоковни резерви да обезбеди флаширана вода за пиење на загрозеното подрачје на Моравскиот административен округ – 330.000 шишиња од половина литар. За градот Чачак се обезбедени 240.000 шишиња од 0,5 литри вода, за општина Горњи Милановац 40.000 шишиња и за општина Лучани 50.000 шишиња. Од Владата беше објавено дека е усвоен заклучокот со цел да му се помогне на ...

ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.С.(50) и правен субјект од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”. Во периодот од 2021 до 2025 година, во дел од три катастарски парцели запишани во имотен лист во државна сопственост со вкупна површина од 518 метри квадратни, првопријавениот во својство на сопственик и управител на второпријавеното правно лице како ...

Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина и затоа не може да биде посредник во решавањето на тоа прашање, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој изјави дека европското оружје „директно пука“ кон Русија и дека, како што рече, не може да се „апстрактира од тоа“, пренесуваат руските медиуми. Песков додаде дека мирот во Украина ќе дојде побрзо ако сите земји престанат да испорачуваат оружје на Киев. Во овој ...

На 28.05.2026 година во 22:45 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на булевар „Гевгелија” мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 16 годишен малолетник од Гевгелија удрил во пешакот В.С.(57) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешакот и 17 годишен сопатник на моторот од село Моин, гевгелиско. Повредите се констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото изврши екипа ...

Со владината одлука за дополнително намалување и усогласување на царинските стапки за полупризводите и суровините, ги правиме нашите извозници и домашни и странски инвеститори уште поконкурентни, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Донесовме одлука со која се зголеми обемот на полупризводи и суровини кои ги користат производителите и извозниците во Македонија за да извезуваат. Претходно имавме усогласување 50-на отсто, сега имаме ...

Сериозен технички дефект на главната радио-станица на Солунска Глава предизвикал ограничувања и затворање на дел од воздушните патишта на пониски височини во македонскиот воздушен простор, дознава 4news.mk. Според официјалните воздухопловни известувања (NOTAM), Контролата на летање во Скопје (МНАВ) се соочила со значителни проблеми во комуникациската инфраструктура, што директно влијаело врз нормалното одвивање на воздушниот сообраќај. ...

Обединетите нации синоќа предупредија на опасната ескалација на војната во Украина поради бранот големи руски напади и заканите за понатамошни напади, а генералниот секретар Антонио Гутереш изјави дека „спиралата на смртта мора да се запре“. ОН на својата веб-страница објави дека, во говорот на вонредната седница на Советот за безбедност во Њујорк, Гутереш рече дека последните напади на Русија на 23 и 24 мај – заедно со нејзиното ...

На 28.05.2026 година, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода две лица на возраст од 58 и 37 години, двете од села на подрачје на Тетово. Претходно, истиот ден во 16:45 часот, во СВР Тетово, 62 годишно лице исто така од тетовско село пријавила кривично дело „полово вознемирување” со елементи на обљуба извршено врз нејзината малолетна внука од страна на 58 годишното лице. Според пријавеното настанот се случил во декември 2024 ...

Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ се одржа 12. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, под покровителство на Општина Илинден и во организација на КУД „Гоце Марковски“. Фестивалот започна со свечено дефиле на учесниците, кои придружувани од звуците на зурли и тапани продефилираа од ПООУ „Гоце Делчев“ низ главната улица во н.м Илинден. Настанот беше збогатен со изведба на големо интернационално оро кај ...

Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за еден отсто во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 проценти е намален во споредба со истото тримесечје минатата година. Од вкупниот број невработени лица, мажи се 62,4 отсто, а жени 37,6 проценти. Како што информира Државниот завод за статситика, бројот на вработени лица бележи намалување од 0,3 отсто. Од вкупниот број вработени, 57,9 отсто се ...

Во 2025 година е забележан пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, но истовремено и намалување на бројот на обвинети и осудени лица, покажуваат најновите статистички податоци. Во исто време, кај кривичните дела доминираат имотните деликти и прекршоците во сообраќајот, како кај полнолетните лица, така и кај малолетниците. Согласно последните податоци на Државниот завод за статистика, вкупно 14.237 полнолетни ...

На 28.05.2026 година во 10.40 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во работнички камп лоциран во кичевското село Извор, турскиот државјанин Ш.А.(57), вработен во градежна фирма, при самоволно извршување на сеча на гранки од дрво и невнимание, паднал и се здобил со скршеници. Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид. На 28.05.2026 година во 10.40 часот, во ОВР Кичево е ...

Малолетникот починал во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Куманово – Скопје, помеѓу „мерцедес“ и електричен тротинет. – На 28.05.2026 околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во селото Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово и електричен тротинет управуван ...

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта од 2018 година, добил унгарско државјанство во 2022 година, и тоа му обезбедува заштита од можна екстрадиција во Македонија, објави истражувачкиот портал ВиСквер, повикувајќи се на извори од владата на Унгарија. Порталот пишува дека Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година, врз основа на „државен интерес на Унгарија“. Според друг владин извор, се ...

Населението на Јапонија во последните пет години се намалило за 2,5 проценти, покажуваат податоците од пописот објавени утрово, што претставува најголем пад откако започнаа пописите во 1920 година. Според прелиминарните резултати од пописот, кој се спроведува на секои пет години, населението на четвртата најголема економија во светот се намали на 123 милиони луѓе во 2025 година, што е за повеќе од три милиони луѓе помалку од претходниот ...

Согласно Законот за филмска дејност, Управниот одбор на Агенцијата за филм, на седница одржана на 28.05.2026 година, ги донесе одлуките за прифатени проекти по Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за 2026 година (прв рок), за кои се обезбедени вкупно 93 милиони денари. Оваа година за прв пат беше воведен модел на презентација (пичинг) на долгометражните филмски проекти, при што апликантите имаа ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
74%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
2.68
70%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
80%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.65
76%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.06
86%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
57%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.96
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
76%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
1.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28