Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Во македонското Собрание денеска ќе се одржи 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир на тема „Унапредување на толеранцијата и мирот: стратешката улога на парламентите во обликувањето и донесувањето политики за иднината“. Предвидени се поздравни обараќања на претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и на претседателите на Глобалниот совет ...
Под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, во Скопје денеска и утре ќе се одржува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. Форумот ќе ги обедини носителите на политики, меѓународните организации, финансиските институции, приватниот сектор и граѓанското општество, со цел зајакнување на регионалната климатска соработка и ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност која од северозапад преку Алспкиот регион ќе ја зафати Македонија во Четврток на 4 Јуни 2026 ќе услови да имаме променливо облачно и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските просеци ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. И во ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе одигра уште еден пријателски дуел. Најдобрата селекција гостува кај Турција уште еден учесник на Светското првенство кое почнува на 11. јуни. По натпреварот во Сараево со Босна и Херцеговина (0:0), селекторот Гоце Седлоски ќе има прилика да испроба играчи на кои ќе смета за следниот циклус натпревари во Лигата на Нациите. На прес конференцијата во пресрет на дуелот и за важноста на овој тип ...
Американската војска потврди дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран, кои ги опиша како чин на „самоодбрана“ по неодамнешното соборување американско беспилотно летало. Според Централната команда на САД (CENTCOM), цел на нападите биле ирански радарски системи, како и командни и контролни центри за управување со беспилотни летала во местото Горук и на островот Кешм, што се наоѓа во стратешки важната Ормуска Теснина. ...
Со грандиозна и спектакуларна изведба на величествената опера „Набуко“ од Џузепе Верди, синоќа на сцената на Националната опера и балет свечено беше затворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта беше изведена под диригентската палка на гостинот од Аргентина, Јерухам Шаровски, во режија на Ренато Бонајуто (Италија). Сценографијата и костимографијата беа на Флавио Арбети и Артемио Кабаси (Италија), кореограф – Маја ...
Денеска и утре во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, информираат од Градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Од град Скопје ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има ...
Ракометарите на ГРК Охрид испишаа златни страници во македонскиот спорт, откако го освоија Европскиот куп за сезоната 2025/26 и го донесоа првиот европски трофеј во историјата на клубот. По големата победа од 29:28 на гостински терен во првиот финален натпревар против унгарска Татабања, охриѓани вечерва пред преполните трибини во спортската сала „Билјанини Извори“ ја потврдија својата доминација со убедлива победа од 31:25. Во фантастична ...
Среќните бракови не се резултат на совршени односи, туку на навики кои партнерите ги негуваат секој ден. Според психотерапевтката Кели Луиз Мекгурк, долготрајните и стабилни врски не се градат со спектакуларни романтични изненадувања, туку со мали, но значајни секојдневни постапки. Таа посочува дека токму овие навики создаваат чувство на сигурност, доверба и емоционална блискост меѓу партнерите, дури и по многу години заеднички живот. ...
Под влијание на малку поладен воздух на висина поврзан со атмосферски фронт од север и на високи летни температури на воздухот во долниот слој од атмосферата денот недела 31 Мај 2026, како и во првите денови од месец јуни во Македонија особено во попладневните часови ќе имаме дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација локално ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и ...
По одигрувањето на баражите за пласман во Првата македонска фудбалска лига, дефинитивно е затворена листата на екипи кои следната сезона ќе се натпреваруваат во елитното друштво. Во шампионатот 2026/27 ќе настапуваат Вардар, Шкендија Тетово, Струга Трим Лум, Силекс, Тиквеш, Башкими, Арсими, Брегалница, Скопје и Шкендија Арачиново. Најголемото изненадување го приреди Шкендија Арачиново, која со историски успех обезбеди место меѓу ...
На Петтиот партиски конгрес, крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села официјално го промени своето име во Албанска лига, означувајќи почеток на ново политичко поглавје и нова стратегија за делување на политичката сцена во земјата. Пред делегатите и партиските активисти, Села порача дека претстои период на засилени активности на терен, формирање нови подограноци и проширување на партиската инфраструктура низ државата. ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против Н. Р. (22), М. И. (19), О. Н. (19), Л. Г. (19), А. Д. В. (18) и 15-годишник, сите од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство”, „злоупотреба на лични податоци”, „неовластено снимање” и „самовластие”. Во период од февруари 2025, пријавените, дејствувајќи организирано како група, преку креирани профили на социјални мрежи користеле лажен профил преку кој се ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници постапувале по седум пријави поврзани со семејно насилство, при што четири лица биле лишени од слобода, а со едно лице бил извршен службен разговор. На 31.05.2026 година во 08:20 часот, на улицата „Штипска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ќ. (44) од с.Добридол, гостиварско, со престој во Тетово, поради сомнение дека извршил семејно насилство врз ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Власта да распише Референдум, граѓаните да одлучат за европската иднина на Македонија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, потенцирајќи дека власта има обврска да им овозможи на граѓаните да се изјаснат за европската иднина на државата. „Власта има обврска да распише референдум, затоа што нема право да го запре европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе обезбедат подобра преговарачка ...
Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА”, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни. „Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да ...
о текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на целата територија на државата лишиле од слобода шест возачи поради безобѕирно управување со моторни возила. Во Скопје биле лишени од слобода двајца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. Едниот управувал мопед и кај него биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта, додека другиот управувал патничко моторно возило со исто количество алкохол во крвта и предизвикал ...
Министертвото за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот период, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), во наредниот период од понеделник до петок ќе работи од 08:00 до 18:00 часот. ...
Осум лица загинаа, меѓу кои и едно мало дете, кога автобус во западна Турција се лизнал од патот и се запалил утрово, објавија локалните медиуми. Автобус во сопственост на туристичката агенција Памуккале удрил во ограда на автопатот во покраината Денизли во 1:40 часот по локално време додека патувал од Измир кон Анталија, јавува агенцијата Демирорен. Во моментот на несреќата, во возилото имало 38 лица, а меѓу загинатите се 50-годишен ...
На 29.05.2026 година во 23 часот, на улица „Зеќир Чанка” во Дебар, лишен од слобода е А.Л.(29) од Дебар. Тој претходно, на улица „Амди Леши” во Дебар, управувајќи моторно возило „фолксваген поло” со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода со оштетување на друг патнички автомобил и избегал а потоа, физички ги нападнал полициските службеници кои, по преземени мерки, го сопреле возилото. Тие утврдиле дека истиот немал ...
Изјава за медиуми на Венко Филипче, претседател на СДСМ: Денеска сме тука на покана на претседателот на НСДП, Горан Мисовски, се одржува изборниот конгрес на партијата. Јас им честитам за целата досегашна работа и благодарам за коалициската поддршка која што ја дава долги години наназад. Тоа е доказ дека навистина споделуваме еднакви исти, би рекол вредносни политики. Коалицијата и соработката продолжува и понатаму, сега и во една нова ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. „Динамиката на изградбата на автопатот ...
Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Постои една стара мудрост која вели дека вистината не се менува ако долго време молчиме за неа. Историјата не е политички плакат што по потреба ќе го продолжуваме или скратуваме. Таа е сведоштво за времето, за луѓето и за фактите. Токму затоа, кога денес се одбележуваат „80 години пензионерско организирање во Македонија“, должни сме да поставиме едно едноставно, но суштинско прашање: ...
На 31.05.2026 во 00:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.А.(35) од Росоман, кој на улица „Пролетерска“ во видно алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не постапувал по наредбите на полициските службеници при вршење службени дејствија. Дополнително, било пријавено дека во угостителски објект во Росоман физички го нападнал Л.Л.(18) од с.Паликура, при што ...
Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор Мицкоски дојде на власт со лаги. Ги излажа граѓаните за враќање на името, за Преспанскиот договор, за подобра преговарачка рамка. Ги излажа и за економијата. Изминуваат 2 години, половина од мандат на Христијан Мицкоски а ниту едно од ветувањата во економијата не е остварено. Наместо подобар живот и повисок стандард, народот живее полошо и со помалку пари. Наместо ...
Деведесет и една мостра од млеко и млечни производи и од сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, земаа официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на вонредните контроли кои имаа за цел утврдување, дали реално производите по својот квалитет соодветствуваат со означеното на декларациите. Засега комплетирани се резултатите од тестираните примероци млеко и млечни производи земени од ...
Четвртата меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро ќе започне денеска во 10 часот на плажата кај хотел „Бисер“ во населбата Калишта, а во неа ќе учествуваат нуркачки клубови од земјава, како и гости од Србија и Хрватска. Покрај нив, во акцијата која има за цел зачувување на природните вредности и подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, се очекува вклучување и на голем број волонтери, граѓани, еколошки ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Венко филипче, исто како и Заев во своето време, се обидува да ги убеди граѓаните дека уставните измени без гаранции се прифатливи и дека нема причина за загриженост. Заев користеше идентична реторика кога ги промовираше измените поврзани со името на државата, тврдејќи дека тоа е последниот чекор кон членството во ЕУ. Наместо ветениот напредок од страна на СДС, Македонија се соочи со нови блокади, нови ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во следните два дена ќе престојува во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе учествува на Парискиот сајбер самит (Paris Cyber Summit 2026), еден од најзначајните меѓународни форуми посветени на сајбер безбедноста, вештачката интелигенција и дигиталната трансформација. Програмата на самитот е фокусирана на стратешки дискусии за актуелните безбедносни предизвици во ...