СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Е.М., Е.Р.(30), Ѓ.А., А.Р.(32) и еден малолетник, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик. Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 16 август 2026 година, околу 01:15 часот, на подрачјето на скопската општина Аеродром. Најпрво настанала физичка пресметка помеѓу Н.Е.(36) и Е.М.(43), двајцата од Скопје. ...

Дваесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани спаси 21 човечки живот, е еден од 16-те добитници на престижната награда „Младинска храброст 2026“ (Young Courage Award). Меѓународното признание го доделува Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и шведските амбасади, а е наменето за млади луѓе на возраст од 13 до 20 години кои со храброст, морални вредности и ...

Македонија се враќа на евровизиската сцена. Земјава го потврди учеството на Изборот за песна на Евровизија 2027, кој во мај следната година ќе се одржи во бугарскиот крајбрежен град Бургас. Враќањето доаѓа по повеќегодишна пауза – последното македонско учество на Евровизија беше во 2022 година во Торино, кога земјава ја претставуваше Андреа со песната „Circles“. Бургас официјално беше избран за домаќин на Евровизија 2027, а натпреварот ќе ...

СДСМ објави видео за кое тврди дека прикажува експлозија на бомба во дворот на М.Б., лице вработено во Министерството за внатрешни работи, за кое опозициската партија наведува дека е поврзано со кумот на премиерот Христијан Мицкоски. Од СДСМ јавно поставија повеќе прашања околу случајот и побараа одговор зошто, според нив, информациите за настанот досега не биле соопштени во јавноста. „Зошто се крие од јавноста? Која е позадината?“, ...

Пишува: Проф д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ Морам да признаам дека сум фрапиран од леснотијата и брзината со која судските и извршните инстанции понекогаш пристапуваат кон извршувањето на правосилните судски одлуки, како самото постоење на извршна исправа да е доволно да ја затвори секоја понатамошна дилема. Особено загрижува впечатокот дека при таквото експресно постапување недоволно се води сметка за последиците што можат да настанат ако пресудата ...

Поранешниот министер за култура и туризам Зоран Љутков нема да се врати на актерската работа во својот матичен Драмски театар во Скопје, туку го продолжува ангажманот во државната администрација. Тој е назначен за национален координатор за култура во Владата. Информацијата денеска ја објавија повеќе медиуми, а името на Љутков веќе јавно се споменува во ова својство и во реакциите поврзани со „Струшките вечери на поезијата“. Љутков ја ...

Најмладиот хоспитализиран пациент со невроинвазивна форма на западнонилска треска во земјава има само 25 години. Тој се наоѓа во стабилна здравствена состојба и се лекува на Одделот за невроинфекции на Клиниката за инфективни болести. Во меѓувреме, шест пациенти се во критична состојба, а викендов е регистриран и трет смртен случај. Досега во земјава лабораториски се потврдени 35 случаи на западнонилска треска, додека за уште тројца ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Додека, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите ...

На 16.08.2026 во 05:56 часот во ОВР Ресен било пријавено дека околу 05:37 часот на ул.„Корчуланска” во Ресен, патничко возило „шевролет” со ресенски регистарски ознаки, управувано од 66-годишната Л.С. од с.Стење, ресенско, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.С. и нејзината 71-годишна сопатничка Р.Д. од Ресен, констатирани во Клиничка болница Битола. Известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(34) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”. На 31.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка, по што од нејзината чанта одзел пари и клучеви од возило. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(34) од ...

Денес започна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, учествуваше во првата фаза од порибувањето на езерото. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е ...

На 16.08.2026 околу 21:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, во атар на с.Ласкарци, скопско, патничко возило „бмв” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(23) од с.Палатица, тетовско, удрило во ограда и излетлао од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С.(19) и 15-годишник, додека со телесни повреди се здобил соаптникот Е.К.(20), сите од с.Палатица, ...

На иницијатива на министерот за здравство Сашо Клековски, денеска е формирано координативно тело во кое, покрај институциите од здравствениот сектор, се вклучени и Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници на Град Скопје, како и градоначалникот на една од засегнатите општини. Целта е да се обезбеди навремено, усогласено и ефикасно постапување на сите надлежни институции. – Ги ставаме на располагање сите институционални капацитети ...

Денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, по повод 18. Август – Денот на Армијата, се одржа свечен собир на припадниците на Армијата и вработените во одбраната, на кој се обратија министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во пресрет на роденденот на македонската Армија, министерот Мисајловски упати благодарност до сите вработени и нагласи: „Вашиот труд, ...

Рокот од 60 дена што го поставија американскиот претседател Доналд Трамп и Иран во јуни за траен крај на војната и договор за нуклеарната програма на Иран истече. Наместо да постигнат напредок, Вашингтон и Техеран денес се подалеку од договор отколку кога беше потпишан привремениот договор во Версај, објавува Асошиејтед Прес . Преговорите во последните недели во голема мера се вртеа околу повторното отворање на Ормутскиот теснец и ...

Македонската економија влегува во период во кој странските инвестиции повеќе не се сведуваат само на отворање нови фабрики, туку сè повеќе се гледа и тренд на проширување на компаниите кои веќе работат во земјата. Тоа е важен показател за довербата на инвеститорите, но и за постепеното позиционирање на Македонија како производствена база за европските и глобалните пазари. Дел од инвестициите веќе влегуваат во производствена фаза. Во ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85% во однос на одлуката од 10.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 8,983%, кај ...

Расте бројот на заболени, но и починати во Македонија од вирусот Западен Нил. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска на прес-конференција кажа дека во државата има три смртни случаи од западнонилска треска. Истовремено, бројот на заболени се искачи на 35 лица, а шест од нив се во критична состојба. „Овие шестмина кои се во критична состојба и се лекуваат во Одделот за интензивна нега се на возраст над 60, но кај инфицирани ...

Соопштение за јавност на ДУИ: Во уставниот поредок, определбата „македонски” се поврзува исклучиво со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република Северна Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата. Можеби Министерството, ненамерно, само ја опиша реалноста што ја создава оваа Влада. Албанците систематски се отстрануваат од високите позиции и од ...

Прес конференција на Маја Борозан од СДСМ СДСМ со денови јавно бара владата на Мицкоски да објави официјален документ, анализа, резултат кој потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. Прашањето е зошто се крие официјален документ за водата во Гостивар? Зошто не се објавува? Бадијала се повиците на Мицкоски кога не се објавува и се крие од луѓето. А знаеме криењето на резултати до каква катастрофа доведе. Од почетокот на ...

Во врска со денешната прес-конференција на Сојузот на одгледувачи на овци и упатениот апел за преземање итни мерки против ширењето на сипаниците кај овците и козите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека, во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), континуирано ја следи епидемиолошката состојба. Министерот Борче Серафимовски и директорот на АХВ Оливер Миланов се во ...

Документарниот филм „Добри луѓе” на Милчо Манчевски синоќа имаше светска премиера пред публика, која не можеше да ги скрие силните емоции. Филмот се прикажа во официјалната документарна конкуренција на 32. Сараевски филмски фестивал. После проекцијата во салата завладеа заглушувачка тишина, која траеше бесконечно – за потоа да биде разбиена со силен аплауз од емотивната публика. „Во оваа громогласна тишина се собра сета тага на Кочани што ...

Соопштение за јавност на Левица: Само што власта ги истроши политичките поени од линеарните покачувања на пензиите, на маса стигна и сметката: повисока старосна граница за пензионирање, повисоки придонеси и промена на начинот на усогласување на пензиите. Тоа се параметрите што ММФ сега ги посочува како можни мерки за одржливост на македонскиот пензиски систем. ММФ може да препорачува, но ако утре работниците треба да работат повеќе години ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Во ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе од нивните редови јавно признаваат дека партијата функционира како политбиро. Тесен круг крои приказни, дели улоги и очајно се обидува да создаде впечаток дека сè е под контрола. Но работата одамна им е излезена од раце. Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема докази. Али Ахмети, пак, демек му кажал да ...

Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле до слобода Б.С.(67) од Битола. Од МВР информираат дека тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на улицата „4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола и по ...

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената граница. Пратката пристигнала преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговец во Петрич. Пиперките биле задржани и ставени под забрана за продажба додека се чекале резултатите од анализите. Откако било потврдено дека нивото на пестицидот е над дозволеното, бугарската ...

Општина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта. Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина во која секое дете ќе се чувствува еднакво и прифатено. Градоначалникот на ...

Десет лица загинаа откако туристички автобус се преврте во планински регион на Рио де Жанеиро, Бразил, соопшти Федералната сообраќајна полиција. Несреќата се случила околу 4:30 часот наутро по локално време, додека возилото се спуштало по планина кон Рио де Жанеиро, јавува порталот „Гаучаж“. Автобусот, сопственост на компанијата „Estrela Guia Turismo“, сообраќал од Бело Хоризонте до Копакабана, во јужната зона на Рио де Жанеиро. Според ...

Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, вештаците кажаа дека „Пулс“ нелегано бил пренаменет од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план. Со вештачењето е утврдено и дека биле ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 18 се изгаснати, . Активни пожари има кај село Морани – село Вртекица – село Рамни Габер во општина Студеничани каде што годи мешана шума и кај Видуш, Драгов Дол и Локвица во општина Македонски Брод каде што е запалена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32