Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, е пуштен од притвор и ќе го очекува почетокот на судењето во домашен притвор, откако депонира банкарска гаранција од 500.000 евра. Со одлука на надлежниот суд, мерката притвор му е заменета со домашен притвор до стартот на судскиот процес, објави 4news.mk Во домашен притвор е и претседателот на ФФМ Муамед Сејдини, кој обезбеди гаранција од 1.000.000 евра. ...

До 13 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои девет се сè уште активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, меѓу деветте активни пожари е жариштето во Општина Студеничани над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Активни пожари во кои е зафатена ниска вегетација има ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице Акционерско ...

Соопштение за јавност на Левица: Епидемијата од западнонилска треска во скопските општини е уште еден печат на неспособноста, неодговорноста и неажурноста на вмровската власт која имаше цела пролет и половина лето да го пресретне ризикот. Комарците не се појавија преку ноќ, сезоната не беше изненадување, а западнонилскиот вирус не е нова и непозната закана. Сепак, ДПМНЕ и вмровските градоначалници успеаја една од најпредвидливите сезонски ...

Турист од Грузија вчера го загубил животот во водите на Охридското Езеро кај Пештани, информираат од СВР Охрид. Според полицискиот билтен, во 14:32 часот било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира, но лекар констатирал смрт. На телото не биле забележани видливи повреди. Со преземените мерки било утврдено дека станува збор за ...

Интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ: Почитувана јавност, Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење. Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за ...

По повеќе од три децении најави и застои, железничкото поврзување на Македонија со Бугарија влегува во фаза во која проектот добива и конкретна финансиска конструкција и јасен план за реализација. Третата делница од Коридорот 8, од Крива Паланка до бугарската граница, е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што треба да ја промени позицијата на земјата во регионалниот транспорт. Делницата е долга 22 километри, но нејзината ...

Од Меѓународниот монетарен фонд за „Фокус“ порачуваат дека ќе препорачаат параметарски промени во системот, кои може да ги опфатат правилата за усогласување на пензиите, возраста за пензионирање и висината на придонесите. Конечната одлука, нагласуваат од Фондот, е на македонските власти, се вели во изјавата која ја пренесува Фокус.мк Причината е долгорочниот финансиски притисок врз пензискиот систем, кој дополнително го зголемуваат ...

Денес се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор —историски документ кој остави силна трага во развојот на државата. Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, да се даде пообјективен осврт на она што се случувало во тие денови. Македонија беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. Конфликтот чукаше на врата, но се избра патот на договорот, патот на компромисот и на ...

Романските воени радари синоќа повторно детектираа дронови во близина на границата со Украина, што предизвика два борбени авиони Ф-16 да бидат испратени на празна линија. На жителите во северниот округ Тулча им беше испратена предупредувачка порака. Од петте следени дронови, едно накратко влегло во романскиот воздушен простор. Во четврток наутро, објект за кој се верува дека е дел од дрон беше забележан во морето во близина на Костинешти, ...

Во вторник и среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за идни студенти во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...

Романската државна нуклеарна компанија „Нуклеарелектрика“ го започна процесот на исклучување на својот единствен оперативен реактор од електричната мрежа поради рекордно ниските нивоа на реката Дунав, соопшти компанијата во четврток. Реакторот е затворен поради ниското ниво на Дунав Реката погодена од суша веќе ја принуди да затвори еден реактор кон крајот на јули. Компанијата има два реактори од 706 мегавати во Чернавода на Дунав, кои ...

На 11.08.2026 во 21:30 часот во с.Србјани, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода И.Б.(43) и А.Л.(29), двајцата од Кичево. Претходно, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал И.Б., а сопатник бил А.Л., при што тие од прозорец на возилото фрлиле пакување со бела прашкаста материја, која била пронајдена и одземена. При преземање мерки, ...

СДСМ бара итна и системска реакција од институциите по прогласувањето на епидемијата на западно-нилска треска. Наместо задоцнето гасење на пожарот, потребни се конкретни мерки, навремена превенција и јасна одговорност, порача Кети Штерјова од СДСМ, на денешната прес-конференција. „Доста беше играње со здравјето на луѓето. СДСМ бара веднаш Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност, Национална GIS карта на епидемијата и ...

Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите. Ова е четврти ...

Утрово во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје е пронајдено телото на Лирим Хајредини, дознава 4news.mk. Според првичните информации со кои располага 4news.mk, се работи за самоубиство. Местото е обезбедено од полициски службеници, а се очекува телото да биде предадено на обдукција, по што треба да бидат познати повеќе детали за случајот. Хајредини беше долгогодишен медиумски професионалец и повеќе од 16 години ја извршуваше ...

Соопштение за јавност на ТХП: Поминаа 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Овој договор постави темели за воспоставување мир во Северна Македонија и за изградба на демократски поредок во кој различните заедници ќе можат да живеат рамноправно. Рамноправноста, правичната застапеност и меѓуетничката доверба беа дефинирани како основни елементи на овој поредок. Но денес, 25 години подоцна, мораме да потсетиме дека ...

МВР започна со информативни разговори со лица кои на социјалните мрежи деновиве пласираа информации дека во скопската вода има присуство на бакетеријата ешерихија коли и дека истата не е безбедна за пиење. „Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат профилите на лицата и истите се повикуваат на информативен разговор. По завршување на истражните дејствија ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во „Тема на денот” на Сител ТВ истакна дека во евроинтегративниот процес е неопходно јасно разграничување меѓу суштинските европски реформи и билатералните прашања. „Тоа што го бараме е јасно разграничување меѓу суштинските реформи и билатералните прашања. Јасно им укажуваме на сите земји членки дека треба да се стави крај на барањата што се однесуваат ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: И оваа година, по повод 25-годишнината од Охридскиот договор, ДУИ ги собира своите фотељаши на приватна прослава. Сите со долгогодишни кариери, изградени во името на Охридскиот договор и на грбот на Албанците. Охридскиот договор не е приватна сопственост на ДУИ. Тој е резултат на жртвата на една цела генерација. Но она што започна како чин на национална совест, ДУИ го обезвредни, претворајќи го во банкомат ...

Соопштение за јавност на ЛДП: Додека западнонилската треска се шири, имаме заболени и веќе еден починат пациент, надлежните институции повторно се однесуваат како проблемот да ќе исчезне ако доволно долго молчат. Ова не е тема за бирократски соопштенија и префрлање на топката од една институција на друга. Ова е јавно здравје и човечки животи. Според досега објавените информации, епидемија е прогласена во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, ...

Македонија денеска одбележува 25 години од потпишувањето на Охридскиот мировен договор потпишан меѓу тогашните најголеми политички партии во присуство на специјалните претставници од Европската унија и САД, Франсоа Леотар и Хавиер Солана и Питер Фејт и Џејмс Пердју. Договорот беше потпишан за време на конфликтот во 2001 година меѓу македонските вооружени сили и албанската ОНА со кој се стави крај на воениот конфликт. Преговорите траеја во ...

Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат дел од корисниците на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ во Општина Центар поради дефект на водоводната мрежа. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Васил Ѓоргов“ број 20. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата на дефектот Без вода денеска од 8:30 ...

Соопштение за јавност на Левица: Мицкоски гордо зборува за некакви стратегии и механизми со кои Владата наводно спречила сушно сценарио и обезбедила вода во Тиквешката акумулација. Реалноста кај Возарци е до тој степен апсурдна што буквално може да се нарече политичка сатира – водата во езерото се задржува затоа што не смее да се испушта низ Црна Река и дополнително да ги натопува и еродира веќе поткопаните фундаменти на мостовите. Она ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС го надмина секое дно, одредени центри блиски до СДС шират паника во Скопје обидувајќи се вештачки да креираат криза, хистерија и паника кај граѓаните дека водата е контаминирана и загадена. СДС шират паника по социјалните мрежи преку лажни пораки од активисти на СДС дека наводно во водата имало бактерии, дека е контаминирана и загадена со цел да создадат паника кај населението и поради ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Граѓаните се соочуваат со здравствени последици од труење со вода, со небезбедна вода во над 50 населени места, со загадени реки а сега и со епидемија од западно нилска треска. Што прави премиерот и министрите во Владата? Прмеиерот Мицкоски е на екскурзија. Министерот за полиција Панче Тошковски, беше задолжен за хиперхлокирање на водата во Гостивар и чистење на цевките. Сега Тимчо Муцунски – министер за ...

Украина има само една десетина од пресретнувачките ракети што итно ѝ се потребни од Соединетите Држави за да ги запре сè поинтензивните руски напади со балистички ракети, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека секојдневно води „милиони“ телефонски повици и доверливи разговори со сојузниците за да обезбеди дополнителни залихи. „Оваа година имаме два и пол пати помалку пресретнувачи отколку што имавме во 2025 ...

Центарот за управување со кризи инфомира дека на ден 13.08.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 51 пожар на отворен простор. Од нив, пет пожари се активни, четири се под контрола, а 42 се изгаснати. Активни пожари има во: Општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума). Општина Босилово – с. Старо Балдовци (ниска вегетација и шамак). Општина Новаци – с. Маково (ниска вегетација). Општина Крива ...

Аеродромот во Катанија ќе остане затворен до два часа по полноќ во петок поради активноста на вулканот Етна, јави германската агенција ДПА. Затворањето на аеродромот беше повторно продолжено во среда, само неколку часа откако компанијата што го управува соопшти дека летовите ќе останат суспендирани до четврток во 16 часот. Не се исклучени понатамошни продолжувања. Прекинот се случи во средината на врвот на туристичката сезона, погодувајќи ...

Пожарот кој се прошири од правец на селото Моране зафати дел од подрачјето на селото Габер, каде што противпожарните екипи во текот на целиот ден водеа борба со огнената стихија. Поради тешкиот и непристапен терен, во гаснењето од воздух беа вклучени и три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. На терен во Габер е директорот на Центарот за управување со кризи, заедно со командантот на Противпожарната бригада на Град ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.92
88%
1028
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
94%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
68%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
68%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -3ᴼ
2.06
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76