Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Жителите на северната хемисфера на Земјата денеска ќе можат да проследат редок астрономски настан – помрачување на Сонцето. Во некои региони ќе има целосно затемнување, а во други само делумно. Овој астрономски феномен се случува кога Месечината поминува помеѓу Земјата и Сонцето, блокирајќи ја сончевата светлина целосно или делумно. Целосно помрачување на Сонцето ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот ...
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување. „Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните ...
Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од главниот град, откако во изминатиот период е регистриран зголемен број заболени од вирусот. Според информациите, епидемијата е прогласена на подрачјата на Кисела Вода, во реонот на Пржино, како и во Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Во моментов Институтот за јавно ...
Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се ...
Утре и во петок времето наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата. Утре и во петок времето наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ...
Девет дојави за бомби преку и-мејл беа примени утрово во разни институции и градинка во Софија, јави Бугарското национално радио. Во пораките пишува за закани за експлозии. Една од примените закани се однесува на Националната канцеларија за ревизија. Утрово беше примена закана за бомба во зградата на Нова Бродадинг Груп. Компанијата веднаш ја активираше стандардната постапка за справување со вакви ситуации, без да го прекине телевизиското ...
Во врска со соопштението на Судскиот совет на Република Северна Македонија и Здружението на судии, Уставниот суд упатува на член 12 став 3 од Уставот, според кој „Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни“, како и на член 89 став 2 од Актот на Уставниот суд, кој уредува дека „Одлуките со кои Судот утврдил повреда на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот, ги извршува органот или субјектот што врши јавни ...
Соопштение на Левица: ДПМНЕ повторно се обидува економската состојба во државата да ја сведе на неколку внимателно одбрани проценти, наредени во партиска графика и ослободени од секој контекст што би можел да им ја расипе приказната. Оние бројки што ДПМНЕ намерно ги премолчува кажуваат многу повеќе од самофалбите што ги сервираат. Впрочем, нема потреба ни од посебни анализи, доволно е да се прашаат граѓаните дали ги чувствуваат вмровските ...
Прес конференција на СДСМ, Трајче Стојчевски, претседател на СДММ Денеска е Меѓународен Ден на младите! Силен потсетник за значењето на младите, најголемиот потенцијал на една држава. Тие се прогресивната сила – двигатели на развојот, носители на иднината. Во нормалните држави владите се фокусирани на создавање подобри услови за младите, подобро образование, работни места, достоинствени плати и сигурен живот, за младите да останат во ...
По повод Меѓународниот ден на младите, младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“ преку герила акција во Скопје го изразува својот револт од сè поголемата присутност и нормализација на коцкањето и обложувањето во секојдневието на младите. Казина, обложувалници, онлајн платформи и реклами што ветуваат „брза добивка“ се лесно достапни во средина во која ...
Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Додека граѓаните пет недела чекаат чиста вода има нови случаи на заболени во Гостивар – здравствената катастрофа не стивнува. Уште поалрмантно е што според информациите кои стигнаа до нас, има случаи на реинфицирани граѓани – луѓе кои повторно се затруени и заболени. Ова е сериозен аларм дека ризикот не е отстранет и дека изворот на труењето се уште не е ставен под контрола. Пет недели Гостивар е ...
Денеска, на одредени делови во светот ќе има целосно затемнување на Сонцето. Овој феномен ќе ги опфати северните и западните делови на планетата, од Северниот Пол и Гренланд, преку Исланд, па сè до Шпанија и делови од Балеарските Острови, каде што Месечината целосно ќе го покрие Сончевиот диск. Во поголемиот дел од Европа, затемнувањето ќе биде делумно. Според НАСА, максималното времетраење ќе изнесува две минути и 18 секунди над ...
На 11.08.2026 во 18:45 часот во село Удово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода И.Л.(37) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „Берета“ калибар 12 мм, која ја поседувал без дозвола. За настанот е известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 11.08.2026 во 18:45 ...
Во текот на изминатите два дена (10/11.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 32 лица, од кои три за возење под дејство на алкохол, ...
Колку јавноста навистина е запознаена со сите факти поврзани со случајот „Мазут“, кој со месеци е една од главните теми во македонските медиуми? За да се добие целосна слика, потребно е случувањата да се разгледаат хронолошки, преку официјалните извештаи, вештачењата, исказите на сослушаните лица и економските показатели од периодот кој беше предмет на истрагата. На 9 ноември 2021 година Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со ...
ЈП „Паркинзи на Општина Центар” продолжува со унапредување на своето работење преку воведување и примена на меѓународно признати стандарди. По успешно завршениот процес на сертификација за ISO 9001:2015 – Систем за управување со квалитет и ISO 14001:2015 – Систем за управување со животната средина, со што се потврдува посветеноста на ЈП ПОЦ кон воспоставување високи стандарди во работењето. Сертификатите му беа официјално врачени на ...
Младите се двигател на општествениот развој, а нивното знаење, креативност и енергија се најголемата инвестиција во иднината на државата. Затоа, континуирано работиме на создавање повеќе и подобри можности за образование, личен развој и професионална реализација на новите генерации во сопствената земја. По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, Министерството за образование и наука уште еднаш ја потврдува својата заложба младите ...
Соопштение на ДУИ: Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од оние што тој се обиде да ги затвори со поднесувањето на анкетниот лист во Антикорупциската комисија. Рама пријавил акции во големи странски компании, меѓу кои и во германската компанија Mercedes-Benz Group AG. Но, клучниот проблем е датумот. Според неговото сопствено пријавување, уделите се стекнати на ...
Општина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека оваа мерка веќе стана убава традиција со која Општината им посакува добредојде на децата кои за првпат седнуваат во училишните клупи. ...
Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се два, а 20 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, и над село Моране во Општина Сруденичани каде што е зафатена мешана шума. Пожари под контрола се пожарите на ...
Екипите на Пари Сен-Жермен и на Астон вила вечер ќе се борат за Суперкупот. Натпреварот ќе се одржи во Салцбург, Австрија со почеток во 21 часот. ПСЖ ќе игра за трофејот како победник на Лигата на шампионите во 2025/26 година, додека Астон вила ќе игра како победник на Лигата на Европа. Парижаните се исто така актуелни носители на Суперкупот на УЕФА, откако го победија Тотенхем на пенали во 2025 година. Екипите на Пари Сен-Жермен и ...
Необичен инцидент повторно ги вознемири капачите во Каштел Лукшиќ во Хрватска, откако млад човек бил каснат од голема морска желка додека се наоѓал во водата. Инцидентот се случил во неделата на плажата „Миљенко и Добрила“. Според сведоштвата на присутните, желката му се приближила на младиот човек одзади и го каснала во долниот дел од грбот, при што му нанела повреда која крвавела. По нападот веднаш била побарана медицинска помош. ...
Денешниот ден носи засилени емоции, потреба за расчистување на старите дилеми и можност некои работи конечно да се придвижат од мртва точка. Кај дел од знаците во центарот на вниманието ќе бидат љубовта и односите, додека други ќе мора да се посветат на работата, парите и одлуките кои долго ги одложувале. Некои ќе добијат вест што ја очекувале, други ќе се соочат со личност од минатото, а за неколку знаци 12 август може да донесе сосема ...
Соопштение на Левица: Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, повторно се обидува преку ПР-соопштенија да ја смени суштината на дебатата околу спорниот Нацрт-ДУП за Барутана, претставувајќи ја задолжителната јавна анкета како доказ дека граѓаните наводно „директно се вклучени во одлучувањето”. Но, јавната презентација и јавната анкета се законски предвиден дел од постапката за донесување на урбанистички план и не ...
Бројот на загинатите во силниот земјотрес што ја потресе Колумбија достигна најмалку 254 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот рано изутрината го потресе западниот дел на Колумбија, а најпогоден е главниот регион за производство на кафе во земјата. Станува збор за најразорниот земјотрес во Колумбија од почетокот на векот. Станбени ...
Големата фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, се венча со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез. Четириесет и едногодишниот Португалец објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледаат неговите и рацете на Родригез, на кои се венчални прстени. Роналдо и Родригез се во врска од 2016 година. Двојката има две ќерки заедно, Алана Мартина и Бела Есмералда. Тие ги одгледуваат и трите деца на Роналдо: Кристијано Џуниор, Ева и ...
МВР трага по 52-годишниот Љупчо Стојановски, чие исчезнување било пријавено вчера во СВР Скопје. Според информациите од семејството, тој исчезнал на 6 август, а последен пат бил виден на подрачјето на Ново Лисиче во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање. „На 11.08.2026 во СВР Скопје е пријавен за исчезнат Љ.С.(52), кој според пријавителот исчезнал ...
Со изведување на градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, изјави дека ...
Без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Карпош и Петровец. – во периодот од 08:30 до 13:00 часот, во населба Момин Поток, поточно на ул. Калош Дани, фирмите Стил Железо,Синтекс, Европа 92 ( Oпштина Карпош ) – во периодот од 09:00 до 13:00 часот, објектот на ОУ Кочо Рацин во Петровец ( Oпштина Петровец ) – во периодот од 09:00 до 14:00 часот, главниот објект на ЈП Паркови и Зеленило ( Oпштина Карпош ) Без ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен денеска и во петок (14 август), со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Пријавените кандидати денеска ќе го полагаат тестот по изборниот екстерен испит – математика ...