Реза Пахлави, синот на соборениот шах на Иран, им ја испрати најострата порака досега на демонстрантите во Иран, повикувајќи на радикализација на протестите, окупација на градските центри и општи штрајкови. Тој исто така најави враќање во земјата, но дури откако ќе заврши револуцијата. Во своето последно обраќање, Пахлави експлицитно побара од демонстрантите да ја променат тактиката – од обично присуство на улиците до „освојување и држење“ ...
Во порака до демонстрантите, тој ја пофали, како што ја нарече, нивната „храброст и издржливост“ откако милиони луѓе одговорија на неговите повици за протести во текот на изминатите неколку дена. Пахлави рече дека „масовната излезност го потресе владејачкиот естаблишмент и ја откри кревкоста на безбедносниот апарат на Исламската Република“. Тој рече дека следната фаза мора да се базира на постојано присуство на улиците и економски притисок, ...

