Продолжуваат судирите на Блискиот Исток, неколку часа откако Иран го именуваше Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер на земјата. Хезболах го поздрави изборот, за Вашингтон-неприфатлив. Трамп вели тој е лесна категорија-„нема долго да трае“ без одобрение од САД. Техеран со одговор-никој не може да се меша во нашите внатрешни работи. „Не дозволуваме никој да се меша во нашите внатрешни работи. Изборот на нов лидер зависи од иранскиот народ, тоа е ...

Иако Иранската револуција од 1979 година се чинеше дека стави крај на практиката на пренесување на власта од татко на син, таа надеж сега е разбиена. Моџтаба Хамнеи, вториот син на покојниот врховен лидер Али Хамнеи, е назначен на позицијата што неговиот татко ја држеше речиси четири децении, сè до неговата смрт во воздушен напад на САД и Израел. Потегот на 88-членото Собрание на експерти, и покрај противењето на многу Иранци, ја ...

Иранското верско раководство избра судир наместо компромис со именувањето на Моџтаба Хамнеи за наследник на неговиот татко Али Хамнеи, потег што регионалните функционери го гледаат како директен одговор на американскиот претседател Доналд Трамп, кој неговиот син го прогласи за „неприфатлив“, пишува агенцијата Ројтерс. Врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи беше убиен во американско-израелски напад во почетокот на конфликтот, кој сега влегува ...

Иран влезе во нова фаза на војната на Блискиот Исток веднаш по изборот на Моџтаба Хамнеи за врховен лидер. Првите часови од неговиот мандат беа обележани со нов бран ракетни и дронски напади кон Израел и повеќе држави од Персискиот Залив, што ја подигна ескалацијата од „две страни“ кон поширок регионален судир, со ризик да се вовлечат и земји кои досега се обидуваа да останат на дистанца. Во нападите кон Израел беше пријавена полесна повреда ...

Свештеникот Моџтаба Хамнеи е именуван за нов врховен лидер на Иран, наследувајќи го својот татко Али Хамнеи, кој загина во еден од првите напади за време на неодамнешниот конфликт со САД и Израел. Одлуката ја донесе Собранието на експерти на Иран, тело составено од 88 свештеници кое е надлежно за избор на врховниот лидер, пренесе „Ројтерс“. Во соопштението објавено по полноќ по локално време во Техеран, се наведува дека со убедливо мнозинство ...

Иран во понеделник го именуваше Моџтаба Хамнеи за врховен лидер, сигнализирајќи дека тврдокорните поддржувачи остануваат цврсто на власт, додека еднонеделната војна меѓу САД и Израел со Иран предизвика скок на цените на нафтата, а азиските берзи доживеаа пад. Иранските институции и политичари, од Министерството за надворешни работи до пратениците, издадоа соопштенија во кои ја изразуваат својата верност кон новиот врховен лидер на земјата, ...

Во телефонско интервју Трамп рекол дека двајцата „разговарале“ и додаде дека „одлуката ќе биде донесена во вистинскиот момент“. На прашањето дали Израел би можел да ја продолжи војната против Иран ако САД одлучат да ги прекинат своите напади, Трамп ја отфрли таа можност. „Мислам дека тоа нема да биде потребно“, изјави тој. Трамп, исто така, не сакаше да ја коментира тогаш само можноста Моџтаба Хамнеи да стане нов врховен водач на Иран, кратко ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му го честиташе на новоизбраниот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, изборот за оваа функција, соопшти Кремљ. „Сега, кога Иран се соочува со вооружена агресија, вашиот труд на ова високо место несомнено ќе бара голема храброст и посветеност. Уверен сум дека ќе го продолжите делото на вашиот татко со чест и ќе го обедините иранскиот народ пред тешките искушенија“, се наведува во честитката на Путин ...

Бумеранг

36 минути - Civil Media