Алијансата за Албанците на Зијадин Села вели дека се потребни конкретни чекори и политичка одговорност за, како што велат, прекршувањата на правата на Албанците. „Премиерот Христијан Мицкоски денес потврди два неоспорни факти што многу негови подредени се обидоа да ги негираат или манипулираат. Младите албански правници имаат право да го полагаат испитот по правосудство на албански јазик, додека за досегашното одбивање и кршењето на ова ...

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, оцени дека изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за правото на полагање на правосудниот испит на албански јазик претставува признавање на, како што вели, факти што досега биле негирани или релативизирани од поединци во власта. Според него, покрај јавните ставови, неопходни се и конкретни институционални чекори. Села посочува дека младите албански правници имаат право испитот да го полагаат ...

Министерот за правда, Игор Филков, реагира на изјавата на вицепремиерот Беким Сали во врска со барањето на студентите за полагање на правосуден испит на албански јазик. -Времето кога Уставот и законите се толкуваа според дневнополитички потреби, а не според нивната содржина, заврши со заминувањето на СДСМ–ДУИ од власт. Оваа Влада нема намера да ја продолжи праксата на правен релативизам, институционален хаос и селективна примена на нормите. ...

Правосуден испит може да се полага само на македонски јазик, одговори министерот за правда Игор Филков по изјавата на неговиот колега и вицепремиер Беким Сали дека полагањето може да биде и на албански јазик. Во соопштението порачува дека поминало времето на правен релативизам, институционален хаос и селективна примена на нормите, туку воспоставување на јасни правила, правна сигурност и целосно почитување на уставниот поредок. „Токму затоа, ...

Полагањето на правосудниот испит на албански јазик е прашање кое мора да се решава суштински и исклучиво во рамки на Уставот и законите, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој одговарајќи на новинарско прашање по направениот увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина Кисела Вода, појасни дека сегашниот закон не дозволува таков тип на полагање, но изрази подготвеност тоа да се регулира и не ...

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да се донесат измени на Законот за употребата на јазиците, за да се овозможи албанските граѓани да го полагаат правосудниот испит на албански јазик. На новинарско прашање во врска со тоа како ќе се надминат несогласувањата, со оглед дека министерот за правда Игор Филков е против ова барање што го изнесе вицепремиерот Беким Сали, премиерот рече дека мора да се знае суштината, за да се дојде до ...

Оневозможувањето полагање на правосудниот испит на албански јазик повеќе не е административно прашање. Ова веќе претставува пречка во спроведувањето на законот и отвора основа за кривична одговорност. Правосудниот испит е во директна надлежност на Министерството за правда. Непреземањето мерки за обезбедување полагање на испитот и на албански јазик претставува свесно непостапување по законската обврска, се вели во соопштението од ДУИ. – Со ...