Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Очекувам во рамките на рокот да биде завршен овој објект бидејќи проектот „Европска престолнина на културата“ после сите оние застои во минатото, конечно добива некаква динамика, а мораме до 2028 комплетно да ги затвориме сите објекти. Така што еден од тие објекти е и овој позади нас, посочи премиерот Христијан Мицкоски по увидот во градба на објектот на Универзална сала. -Јас сум благодарен од мое име, од името на граѓаните на Градот Скопје ...
Венко Флипче секој ден повторува како неговиот став и на неговата СДСМ е членство во ЕУ, за ова зборуваше и викендов во рамки на дебатата во Собранието, но тој како да не сфаќа или не сака да сфати дека слугувајќи му на Зоран Заев не може во ЕУ. Брисел не бара и не сака само реторика дека некој ја сака Европската Унија, туку бара конкретни дела. А Филипче и раководството на СДСМ, кое е само марионета на Заев, знаат само да зборуваат дека ќе ...
Институт за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) денеска информираше дека согласно Одлуката на Владата, за нов директор на нивната институција избран бил Газменд Алиу за период од четири години. „Со голема чест и задоволство го поздравуваме стапувањето на функцијата на новиот директор. Во следното поглавје на Институтот, сите заедно очекуваме добра соработка, континуитет во зајакнувањето на нашата улога во општеството и ...
Фудбалскиот терен во рамки на основното училиште „Страшо Пинџур“ во Ѓорче добива нова трибина, сподели денеска градоначалникот на општината, Александар Стојкоски. „Продолжуваме со конкретни инвестиции таму каде што се создаваат идните шампиони! На фудбалскиот терен во ООУ „Страшо Пинџур“ изградивме нова трибина со должина од 15 метри, со што обезбедуваме подобри услови за следење на натпреварите и поддршка за младите спортисти“, истакна ...
Примиерот Христијан Мицкоски денес беше на увид на реконструкцијата на Универзална Сала. Тој беше прашан да даде мислење околу одлуката на апелација за случајот „27 Април“. – Станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната влада. Според мене, таму невини луѓе беа прогласени за терористи. Невини за терористи, но сепак направија одреден престап и требаше за тој престап да одговараат, рече Мицкоски. Премиерот со жалење ...
Прашањето дали маж и жена можат да бидат „само пријатели“ е една од најчестите дилеми во современото општество. Иако ваквите односи во минатото биле поретки, денес се сè поприсутни благодарение на промените во општествените норми и поголемата рамноправност меѓу половите. Според истражувањата и мислењата на стручњаците, машко-женските пријателства се можни и често многу квалитетни, бидејќи ја задоволуваат основната човечка потреба за ...
Тажната вест ја споделија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за прераната смрт на нашиот другар, пријател и поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево, Никола Зисов. Никола беше човек кој искрено и безрезервно и служеше на идејата, на партијата и пред сè на татковината. Со чисто срце ја сакаше Македонија и секогаш беше таму каде што беше најпотребно меѓу народот, со луѓето, за луѓето. ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски најави дека ќе започнат со исплата на 525 пензионери, кои ќе добијат еднократна финансиска помош. Во објавата на Фејсбук, Костовски посочи дека денеска го потпишал решението за исплата на еднократна финансиска помош и поддршка на пензионерите. „525 пензионери од општина Бутел ќе добијат финансиска помош. Финансиската поддршка значи повеќе сигурност и достоинство за нашите највозрасни ...
На повеќе места во Скопје, почнувајќи од Градскиот парк, се копаат бунари за вода, која би се користела за наводнување, со што се очекува да се намали огромната загуба на питка вода во главниот град, што изнесува до 60 отсто. – Во Градскиот парк се користела питка вода, а сега на повеќе места почнуваме со копање бунари, со цел да се намали употребата на водата од водоводниот систем – рече градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој ...
Во своето обраќање, Божиновска испрати силна порака дека одржливото управување со ресурсите не е избор, туку императив во време на глобални енергетски и климатски предизвици. „Се наоѓаме во период на длабока и неповратна трансформација на енергетскиот и ресурсниот систем. Предизвиците како климатските промени, енергетската сигурност и економската отпорност се меѓусебно поврзани, но и можностите што произлегуваат од нив можат да бидат двигател ...
Македонија повеќе да се сврти кон обновливите извори на енергија, отколку кон инвестициите во гасна инфраструктура, бараат од еколошката организација Еко свест. Во пресрет на 3SI Самитот во Дубровник, 47 организации од граѓанското општество апелираа до сите земји од Западен Балкан, кои во моментов се многу малку зависни од гас, да се откажат од плановите за изградба на нови гасоводи и гасни електрани и да ја избегнат зависноста од фосилно ...
Премиерот Христијан Мицкоски при увидот на градежните активности на Универзална Сала одговараше на ноивинарски прашања. Тој даде свое видување за цените на дизењлот и враќањето на ДДВ- то на 18%. -Не мислам дека е преуранета, напротив Македонија како држава веќе два месеци е пример за начинот како се справуваме со оваа енергетска криза. Ова е увезена криза поради геополитичките случувања. Ние сме една од ретките држави која што направи ваква ...
Начелно гледано, во љубовта секој треба да го бара она што му одговара, ако некој е по парите – да си бара материјалистички ориентиран партнер, ако друг е по страстите – да се обиде да биде со партнер што поседува силни страсти и еротска привлечност, ако трет е по семејните вредности, моралот и верноста – да создаде заедница со посветен, одговорен и верен партнер итн. Проблемот е што не можеме да знаеме кој каков е, сè додека не бидеме заедно ...
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) Шведска по втор пат успешно организираше Гала вечера, која оваа година се одржа на 25 април 2026 година во Малмо, обединувајќи Македонци од Шведска, Данска и пошироко. Настанот имаше двојна цел, да ги препознае и одбележи успесите на Македонците во Шведска, но и да покаже солидарност преку собирање средства за здружението „Стоп СМА“ од Битола. Во свечена и топла атмосфера, исполнета со гордост, ...
Мавзолејот во чест на Никола Карев планиран под Мечкин Камен никогаш не бил почнат со изградба, а сведоштва од учесници тврдат дека проектот бил стопиран од највисоко ниво, при што директно се посочува тогашниот лидер Лазар Колишевски. Посмртните останки на претседателот на Крушевската Републикаво 1953 година биле ексхумирани од Кочанско и свечено пренесени во Крушево со јасна намера да бидат положени во мавзолеј. Наместо во планираниот ...
Општина Центар објави јавен повик за практикантство, со кој на студентите и апсолвентите им се овозможува да стекнат практично искуство во работата на општинската администрација. „Ова е можност студентите да се запознаат со работата на администрацијата и да го започнат својот кариерен пат. Нашите врати се отворени за младите, за нова енергија и свежи идеи,“ порача градоначалникот Горан Герасимовски. Со повикот се опфатени студенти и/или ...
Фискалната состојба во Европа влегува во 2025 година со благо подобрување кај буџетскиот дефицит, но со продолжен раст на јавниот долг, покажуваат најновите податоци на Евростат. Според објавата, дефицитот на општата држава во еврозоната е намален од 3,0% на 2,9% од бруто домашниот производ, додека на ниво на Европската унија останува непроменет на 3,1%. Сепак, позитивните поместувања главно завршуваат тука. Во исто време, односот на јавниот ...
Месец мај започнува со продолжен викенд. Ќе се одмора петок, сабота и недела. Во мај, граѓаните ги очекуваат дури три продолжени викенди, два за сите граѓани и еден за граѓаните од православна христијанска вероисповед, а ќе празнуваат и граѓаните од муслиманска вероисповед. Неработни денови во претстојниот месец се: - 1 мај (петок) – Ден на трудот; - 25 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела); - 29 мај (петок) – ...
Односите меѓу САД и Обединетото Кралство се наоѓаат во една од најтешките фази во последните децении, непосредно пред официјалната посета на британскиот монарх Кралот Чарлс III во Вашингтон. Посетата, која треба да започне в понеделник, се одвива во услови на зголемени политички тензии меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер. Трамп во повеќе наврати јавно го критикуваше Стармер, оценувајќи го како слаб ...
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи иако еден месец не доаѓа на работа и заминал кај семејството во Брисел, потврда за тоа од премиерот Христијан Мицкоски јавноста официјално доби вчера. Владата, пак, и натаму молчи дали Фетаи ќе земе плата иако не одел на работа, ниту дали вицепремиерското столче и неговите работни обврски ќе чекаат до реконструкцијата на Владата, најавена од премиерот за крајот на мај или за почетокот на јуни. ...
Настаните од Упадот во Собранието на Македонија на 27 април 2017 остануваат една од најдлабоките и најтемни политички рани во поновата историја на државата, со последици што и денес силно се чувствуваат во политичкиот живот и јавниот дискурс. Судскиот процес и пресуди пак се најцрното петно во македонската понова историја, вистински и неизбришлив резил за државата и правосудниот систем. На 27 април 2017 година, група демонстранти, кои станаа ...
„27 април е тежок, крвав потсетник колку лесно една криминална, недемократска власт може да ја втурне државата во провалија. 9 години од крвавиот 27 април, најцрниот ден во историјата на македонската демократија. Тоа беше организиран обид за државен удар, во режија на ВМРО и Никола Груевски“, вели Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Во Собранието влегоа насилници со јасна намера – да убијат пратеници, да ...
Од СДСМ денеска порачаа дека 27 април останува „најтежок потсетник“ за опасностите од политичко насилство и недемократско однесување, оценувајќи дека станува збор за ден кој не смее да се заборави и кој треба да служи како опомена. Од партијата во нивната објава на социјалните мрежи наведуваат дека и по девет години постојат, како што велат, обиди за релативизирање на настаните и загриженост за состојбата со демократијата и институциите, ...
Летните патувања со авион влегуваат во сезона во која евтините билети ќе бидат сè потешки за наоѓање. Растот на цената на млазното гориво, геополитичките ризици, повисоките аеродромски такси и ограничениот капацитет на дел од европските авиокомпании ја туркаат цената на летањето нагоре, токму пред најсилниот туристички период во годината. Најголемиот притисок доаѓа од горивото. Во последните недели цената на млазното гориво во Европа се ...
Малолетно девојче било изложено на брутално врсничко насилство во парк во близина на старото вовче, на локација што се наоѓа недалеку од полициска станица. Според првичните информации, девојчето било однесено таму насила, по што било физички нападнато, понижувано и снимано со мобилен телефон. По настанот, детето завршило на лекарска и психијатриска помош. Случајот ја отвора повторно темата за врсничкото насилство, кое сè почесто не завршува ...
Свечена Архиерејска Литургија во Париз по повод Неделата на жените мироносици На 26 април 2026 година, во Неделата на жените мироносици, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ при Македонската православна црковна општина во Париз, Франција, на достоинствен и молитвен начин беше одбележан овој значаен ден. По тој повод се отслужи Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. ...
ЈП Водовод Охрид најавува за утре прекин во водоснабдувањето кај корисниците од неколку улици поради сервисирање на повеќе вентили од поголем профил во централното градско подрачје. Утре од 08:00 часот до завршување со активностите, без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Мите Богоески“, „Славеј Планина“, „Кеј Македонија“, „Серафим Китаноски“, „Ванчо Николески“, „Кузман Јосифоски Питу“, дел од „Јане ...
Граѓаните и компаниите во март годинава во банките чувале 10,8 милијарди евра. Споредено со истиот месец лани, депозитите се зголемени за 11,3 отсто. Од друга страна, македонските граѓани инвестирале околу 1,5 милијарди евра во странски акции. Како случувањата на Блискиот Исток се одразуваат врз штедењето и инвестирањето? Податоците од Нродната банка покажуваат дека Македонците и натаму преферираат плаќање во кеш, наместо со картички. ...
И ДЕВЕТ ГОДИНИ по безобразлукот на кој кумуваше токму СДС и нивниот тогашен и сегашен лидер Заев, партијата очебијно ништо не научила. И додека и врапчињата во државата ја знаат вистината за она што се случи на тој кобен ден за Македонија, само СДС продолжува со инфантилниот наратив. Цела држава и секој нормален човек очекува ново, праведно судење за обвинетите, кои 7 години се неправедно соудени како терористи, но на СДС тоа им годи, па и ...
Настаните од Упадот во Собранието на Македонија на 27 април 2017 остануваат една од најдлабоките и најтемни политички рани во поновата историја на државата, со последици што и денес силно се чувствуваат во политичкиот живот и јавниот дискурс. Судскиот процес и пресуди пак се најцрното петно во македонската понова историја, вистински и неизбришлив резил за државата и правосудниот систем. На 27 април 2017 година, група демонстранти, кои станаа ...