Девет години по настаните во Собранието на 27 април 2017 година за СДСМ е најцрниот ден во историјата на македонската демократија. За премиерот Христијан Мицкоски тоа е политички монтиран случај од страна на претходната Влада. Апелациониот суд пак минатата недела го одби барањето за повторно судење. Осудените во минаттите години обвинуваа за политички прогон и монтиран процес. Од СДСМ порачуваат дека 27 април е тежок, крвав потсетник колку ...

Според неа, политичката стабилност е суштински фактор за напредок во односите меѓу Скопје и Софија, посочувајќи дека без стабилни влади и институции е тешко да се води сериозен и одржлив меѓудржавен дијалог Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека е подготвена за комуникација и идни политички разговори со Бугарија, нагласувајќи дека стабилни институции и политичка легитимност се клучни предуслови за суштински дијалог ...

„Мицкоски денеска повторно зборува за името, стои во објавата на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на X. „Кога клечеше и молеше за власт, ветуваше дека ќе го врати името и ќе го поништи Преспанскиот договор а нас нè нарекуваше предавници. Па зошто не го враќаш името, БЈРМ? Затоа што знаеш дека тоа значи излез од НАТО и крај на европскиот пат. Лажеше тогаш. Лажеш и сега. Толку е со лажниот патриотизам со бугарски пасоши. Доаѓа времето ...

Кривични пријави се поднесени против две лица од Дебар поради измама преку лажна хуманитарна акција. Станува збор за 19-годишна девојка од село Селокуќи и 28-годишен жител на Дебар. Според полицијата, тие преку социјални мрежи собирале пари за операција на наводно болно дете. На овој начин тие се стекнале со 3.200 евра и 6.000 денари. „Првопријавената, поттикната од второпријавениот, во периодот од 10 до 12 март годинава довела во заблуда ...

-Пред 10 години, кон крајот на април во 2016 година, Фудбалската федерација на Македонија ја заврши својата обврска од договорот меѓу ФФМ, Општината Битола и УЕФА и заврши со активностите кои се поврзани со изградбата на модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. Тревната подлога поставена на главниот терен ...

Добивај вести на Viber По видеото што вчера се прошири на социјалните мрежи, СВР Охрид денеска излезе со официјално соопштение за настанот со параглајдеристите кај каналот „Студенчишта“. Според информациите, станува збор за две лица кои се спуштиле на пешачката патека, при што дошло до пад и оштетување на канделабра. „На 26.04.2026 во 21:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 14:00 часот две лица со параглајдер се спуштиле на пешачката ...

Претседателот на Швајцарска конфедерација, Ги Пармелен, во среда, 29 април, ќе престојува во официјална посета на државава, поради што во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, соопшти Министерство за внатрешни работи, пренесе МИА. Поради посетата, Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје на Скопје. Од МВР апелираат до сите граѓани и учесници во ...

Зачудени сме од лежерноста кон последното грубо кршење на законите при изборот на новиот директор на МРТВ, реагираат од ВМРО-Народна партија. „Кога првиот човек на институција која се финансира од граѓаните се избира во затворени кругови и кога критериумот на пријателство со моќници од Власта претежнува над мериторниот систем, тогаш јавниот сервис престанува да биде сервис на јавноста и станува мегафон на Власта. ВМРО-Народна партија смета ...

Повеќе од два месеци откако градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави рушење на нелегалните тобака и останати диви објекти во Чаир, како и затворањето на нелегалниот пешачки премин кај Бит Пазар кој секојдневно предизвикува огромен сообраќаен метеж, скопскиот градоначалник денеска изјави дека во следните денови ќе започне отстранувањето на дивите објекти низ оваа општина, а најави и оградување на нелегалниот премин преку булеварот ...

Денеска сме сведоци, не само ние, туку и нашите гости, дека кога ве оценуваат според конкретни високи стандарди, не може да има импровизации и вие или ќе ги поминете или – не, изјави претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова која денеска присуствуваше на армискиот полигон „Криволак“ каде се реализира Ден за високи гости во рамки на вежбата „Блесок 26“. – Мојата порака е: Она што го прави НАТО со стандардите, да го прави ...

ВЛЕН ја смета за несериозна и самосаботирачка денешната иницијатива на ДУИ, која повеќе наликува на сатирична пародија отколку на нешто што вреди сериозно да се разгледа. ДУИ сериозно ја навредува ЕУ и Албанците кога Блерим Беџети зборува за европски вредности. Го потсетуваме јавноста дека Блерим Беџети, како долгогодишен функционер на ДУИ, е синоним за политика спротивна на секоја европска вредност. Како пратеник, како градоначалник и пред ...

Стоиме пред вас како луѓе кои 8 години се соочуваат со системска неправда, истакна Јане Ченто кој поднесе кривична пријава против поранешниот јавен обвинител Вилма Рускоска за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба и овластување. -Доставивме докази до Јавното обвинителство поврзани со случајот 27-ми април кој сериозно го доведуваат во прашање начинот на кој беше водена истрагата и текот на судскиот процес. Доказите ...

Ги потпишав договорите за финансирање на 31 проект за намалување на регионалните диспаритети и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, со вкупна вредност од 74.147.029 денари,објави мионистерот за локална самоуправа, Златко Перински. 💰Овие средства значат нови инвестиции, подобра инфраструктура и посилни општини. 🎯Рамномерниот регионален развој е нашата цел и обврска кон секој граѓанин. Ги потпишав договорите за ...

Вчера во 21:06 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп–Крушево, во селото Врбјани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ. (28) од Прилеп, и патничко возило „опел вектра“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од Н.З. (32) од Крушево. Во несреќата, возачот на возилото „опел вектра“, Н.З., се здобил со тешки телесни повреди, по што ...

Којничкото музички талентирано девојче Ива Ракиџиева продолжува да жнее награди. Ракиџиева победи на VI Меѓународeн натпревар „Сергеј Михајлов“ во Штип во жанрот поп и џез музика. Таа од стручното жири освои максимални 100 бодови за интерпретациите на песните „Бато“ на Калиопи и „Илјада и три“ на Тамара Тодевска. Натпреварот се одржа во дворот на Дом на култура „Ацо Шопов“. Еве како испеја Ива, вчера, на овој веќе реномиран музички ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Дебар поднесе кривични пријави против две лица осомничени дека преку измама прибирале пари за наводно лекување на болно дете. Според информациите од СВР Охрид, се работи за Х.М. (19) од селото Селокуќи, дебарско и И.К. (28) од Дебар, против кои се води постапка за кривично дело „измама“. Истражителите утврдиле дека првопријавената, поттикната од второпријавениот, во периодот од 10 до ...

Мицкоски истакна дека иако бил направен одреден прекршок за кој требало да се одговара, квалификацијата „тероризам“ е несоодветна. „Станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната влада. Според мене, таму невини луѓе беа прогласени за терористи. Тие направија одреден престап и требаше за тој престап да одговараат, но не како терористи“, изјави премиерот. Потреба од одговори за минатите судски процеси pремиерот изрази жалење ...

Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостуваат националните координаторки за имунизација и за трансплантација, Александра Грозданова и Билјана Кузмановска, се емитува вечерва (27 април 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1 Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 гостуваат две дами, национални координаторки, едната за имунизација – Александра Грозданова, и другата за трансплантација – Билјана Кузмановска. Иако, на прва, ...

Министерството за образование и наука бележи одличен напредок во реформите на средното стручно образование, каде бројката од 800 компании вклучени во дуалниот систем веќе ја надмина предвидената цел за 2026 година. Министерката Весна Јаневска истакна дека овој модел е клучен за создавање кадар подготвен за пазарот на труд, што потврдува и фактот дека дури 66 отсто од средношколците се запишани во стручните училишта. Како следен чекор, ...

Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево во преполна сала и на задоволство на присутните се реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на КУД „Рацин“ – „Велигден се до Спасовден“ со кореографска режија на Јовица Блажевски и Христина Ристеска, проект поддржан од Министерство за Култура и Туризам. Публиката повеќе од еден час имаше можност да ужива во одличните изведби на играорците при културно уметничкото друштво, водени од оркестарот ...

Реконструираната Универзална сала нема да биде приклучена на централно парно греење во Скопје туку ќе биде климатизирана. На денешниот увид на градежните работи, проектантот Бујар Муча од „Мегарон инженеринг“ кажа дека сакале да постават систем на загревање и ладење со пумпи но вода, но тоа не било можно оти нема притисок. По ова, премиерот Христијан Мицкоски праша зошто објектот не се поврзе на парно греење и на тој начин трошоците за струја ...

Општина Илинден започна со реализација на нов инфраструктурен проект – изградба на канализациона линија на улицата „8“ во населбата Илинден, со цел подобрување на комуналната инфраструктура и условите за живот на жителите. Новата канализациона мрежа ќе биде во должина од 130 метри и ќе се поврзе со постојниот фекален систем, односно со колекторот Илинден–Марино. Со нејзиното ставање во функција ќе се овозможи приклучување на околу 10 ...

Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, денеска рече дека било историски ден за општината - започната изградбата на првиот трговски центар на нејзината територија. „Денес со особена чест присуствував на поставувањето на камен-темелникот на првиот трговски центар во Општина Сопиште капитална инвестиција вредна над 5.000.000 евра, која претставува нова ера на развој, економски напредок и нови можности за нашите граѓани“, истакна ...

Пратениците од Европскиот фронт го известуваат почетокот на иницијативата за обезбедување на потребните пратенички потписи за иницирање на уставни измени, како неопходен и одговорен институционален чекор за унапредување на процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија. Оваа иницијатива се заснова на уставната можност предвидена во член 130 од Уставот, според која предлог за измена на Уставот може да поднесе најмалку 30 ...

Државниот здравствен инспекторат во петокот на прашањето на „Слободен печат“ дали добиле претставки од жени во Македонија за компликации после аплицирање ботокс и филер, одговори дека не добиле. Нашата редакција го пренесе таквиот одговор до јавноста, но веќе наредниот ден доби и претставка со алармантни наводи упатена токму до овој инспекторат, а која датира од 9 февруари 2026 година. Пациентката чиј идентитет ѝ е познат на нашата ...

Нема да има политичка криза ако СДСМ го напушти Парламентот, ниту застој на реформскиот процес. Ако некој одлучил да се маргинализира од политичката сцена, јас не можам да го спречам, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите за напуштање на работната група за Изборен законик од претставниците на СДСМ. Опозициската партија не се согласува со законското решение за укинување на техничката ...

Новиот шретседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е член на ВМРО-ДПМНЕ. Но, над секој член има шеф. Веќе неколку недели по ред премиерот Христијан Мицкоски најмалку ден порано кажува колкава ќе бидат цените на горивата што се одредуваат секој понеделник од РКЕ. И тоа генерално се тие цени. Мицкоски објаснува дека се служел со калкулации на цената на нафтата на светскиот пазар (ги гледал секое утро) и пресметувал колкаво ќе ...

Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 2,50 денари за литар, а на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за 2,00 денари за литар. Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на се намалува за 1,00 денар за литар - соопшти РКЕ. Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,368 ден./кг и сега ќе изнесува 46,656 денари за килограм. - Од 28 април од 00.01 часот ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), ...

На денешната прес-конференција, Јане Ченто соопшти дека поднесува кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В.Р., за кривични дела попречување на правдата по член 368-а и злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. Тој истакна дека до Јавното обвинителство се доставени докази поврзани со случајот „27 април“, за кои тврди дека сериозно го доведуваат во прашање начинот на кој била ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
1019
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
55%
1016
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
50%
1019
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.95
65%
1017
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 12ᴼ
1.03
79%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
0.89
61%
1018
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
66%
1020
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
58%
1019
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
72%
1016
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 14ᴼ
1.79
40%
1014
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
59%
1016
Currency

61.645

Currency

52.5617

Currency

71.3566

Currency

37.788

Currency

38.6981

Currency

67.309

Currency

7.69809

Currency

0.70131

Currency

0.33513

Currency

0.52509

Currency

1.16316

Currency

0.55383

Кобалт

45.39

Платина

64494.40

Алуминиум

3.51

Бакар

11.98

Калај

49.41

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

323115.00

Рутениум

51376.89

Злато

147815.56

Паладиум

48644.08

Сребро

2406.31