Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Општина Крива Паланка ја доби престижната Награда за општинска извонредност и препознаена од страна на Делегацијата на Европската Унија како лидер во државата во искористувањето на европските фондови и имплементацијата на проекти со директен бенефит за граѓаните. Наградата беше свечено доделена на Завршниот настан на програмата ЕУ4М, кој се одржа во Националната опера и балет во Скопје, во присуство на претставници на институции, меѓународни ...
Коалицијата „Вреди“ на 9 мај официјално ќе прерасне во единствена политичка партија чии копретседатели ќе бидат Изет Меџити и Билал Касами, додека функцијата генерален секретар ќе ја извршува Беким Сали. Како што беше најавено на денешниот брифинг со новинарите, новиот политички субјект ќе биде структуриран со пет потсекретаријати, со рамномерна распределба од по 20 отсто за сите пет политички партии кои моментално се дел од коалицијата. ...
Врсничкото насилство во скопската населба Ѓорче Петров ја стави во фокус и безбедноста меѓу децата во училиштата. Бруталниот случај каде 3 малолетни девојчиња присилувале соученичка да јаде измет од куче, ја навредувале и потоа и физички ја малтретирале предизвика шок за јавноста. Во тек е истрага, а на разговор се повикани 14 лица меѓу кои и родителите на ученичките, а постапува и обвинителството. Надлежните потенцираат дека е неопходен ...
Пратеникот Илир Демири учествува на дводневната седница на Комисијата за социјален развој, образование, истражување и наука на Парламентарното собрание на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), во Анкара. Главна тема за дискусија на седницата е: „Употребата на вештачката интелигенција во образованието“. Седницата била отворена со поздравен говор на претседателот на Комисијата, Рефик Озен, по што следело обраќање на заменик ...
Ученичка од шесто одделение била брутално нападната од три повозрасни девојчиња и како последица на тортурата, сега добива стручна помош. Инцидентот се случил во населбата „Ѓорче Петров“, каде според информациите, девојчето било насилно однесено во парк, по што било физички нападнато, горено со цигари, понижувано и принудено да јаде кучешки измет. Дел од бруталниот чин бил снимен со мобилен телефон. Причината за нападот, според првичните ...
Во Министерството за локална самоуправа денеска беа потпишани договори за реализација на два инфраструктурни проекти во Општина Берово, насочени кон подобрување на локалната инфраструктура и условите за живот на граѓаните. Како што информираше градоначалникот Петар Ружински, станува збор за реконструкција на крак 1 и крак 2 од улицата „15-ти Корпус“ -За реализација на оваа активност се одобрени 2.677.646 денари, како и за оградување и ...
Последната анализа открива дека Македонија и понатаму заостанува во превенцијата и раното откривање на ракот на грлото на матката, иако постојат национални програми за скрининг и вакцинација. Според податоците од здравствените институции, во земјата годишно се регистрираат околу 150 нови случаи и околу 60 смртни случаи од ова заболување, што укажува на сериозен јавно-здравствен проблем. Клучен проблем останува недоволниот опфат на жени со ...
Во индустриската зона „Чуката“ во Пехчево отпочнаа градежни работи за изградба на дел од улицата 1. Со ова како што информираат од Општината се започнува реализација на нов инфраструктурен проект во зоната. -Проектот очекуваме да придонесе за унапредување на условите за работа на постојните капацитети, како и за создавање подобри предуслови за привлекување на нови инвестиции и економски развој на зоната, истакнаа од Општина Пехчево. Оттаму ...
Општина Делчево е подготвена за одржување на првиот Бизнис-форум кој ќе се реализира под мотото „Заедно да подадеме рака на развојот“, а кој има за цел да ги обедини бизнис-секторот од пограничниот регион, институциите и локалната самоуправа. Настанот претставува платформа за размена на идеи, визии и можности за економски развој на Делчево и поширокиот регион, со посебен акцент на унапредување на деловната соработка и привлекување нови ...
Безбедноста и здравјето при работа не трпи импровизации, политиканство и суети и не смее да биде тема само кога ќе се случи трагедија, кога ќе загине работник. Оваа област бара индивидуална и колективна одговорност зашто не се сведува само на физичка заштита, туку подразбира и системска грижа за менталната благосостојба на луѓето, за организацијата на работата, за превенцијата на стресот и создавањето работни средини во кои секој ќе може да ...
Повеќе од 600 прилепски првачиња денеска присуствуваа на едукативната театарска претстава што се одржа во големата сала на Центар за култура „Марко Цепенков“, во организација на Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и Општина Прилеп. Претставата со наслов „Застани, погледни, па на пешачки помини“ е дел од едукативната кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. -Сакаме ...
Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат вршат вонредни контроли во неколку институции низ земјата, изјави министерот за здравство, Азир Алиу во одговор на новинарско прашање што преземаат во случајот со увоз на сомнителни филери и ботокси. Тој објасни дека и до Инспекторатот и до Министерството за здравство стигнале пријави за сомнеж за несакани ефекти по естетски интервенции и дека веќе преземаат мерки. -Да имавме таков ...
Во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година животот го загубија 63 лица, а преку 200 беа повредени. Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, презентираше опсежна медицинска документација и вештачења кои ја отсликуваат тежината на трагедијата. Обвинителката Наташа Сарамандова пред судот ги изведе вештачењата за: 157 лица 65 лица Според ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И. (46) од тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Според информациите од МВР, на 16 март 2026 година пријавениот физички ја нападнал својата сопруга. По документирање на случајот, против него е поднесена соодветна пријава, а надлежните институции ќе постапуваат понатаму во согласност со законот. СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И. (46) ...
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, го оспорува законот за правична и соодветна застапеност, бидејќи според него, овој закон го легализира југословенскиот концепт. Османи го критикува фактот што законот ја става меритократијата над етничката припадност, аргументирајќи дека овој пристап историски бил користен за да се заобиколат Албанците. Според Османи, механизмот „балансер“ бил најдобрата гаранција за правична застапеност и не треба да се ...
Дали знаевте дека во Москва се користи сосема поинаков „превод“ за македонските политичари отколку дома? Дознајте како македонските политички актери се користат како „западни гласови“ за оправдување на руските воени злосторства. СКОПЈЕ, 28 април 2026 година — ЦИВИЛ МЕДИА на македонски јазик објави сеопфатно истражувачко досие во кое детално се опишуваат механизмите на руското малигно влијание во Северна Македонија. Извештајот, кој следи по ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои седум возеле без дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол. Двајца возачи во Куманово и по еден во Скопје, Тетово, Крива Паланка, Кочани и Валандово управувале возило без возачка дозвола. По еден возач во Охрид и Дебар управувале возило со активна забрана, додека ...
Штипските матуранти веќе наголемо ги започнаа подготовките за матурската вечер, иако дел од нив се уште се во фаза на избор и планирање. Некои веќе имаат избрано комбинации и внимателно го распределуваат буџетот, кој најчесто се движи од неколку илјади до околу 20.000 денари, зависно од желбите и стилот. Велат дека не мора да се потроши многу за да се изгледа впечатливо, но сепак оваа вечер ја сметаат за посебна и вредна за вложување. Дел од ...
25-годишна скопјанка синоќа била физички нападната од 61-годишна жена во Ѓорче Петров. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 20:40 часот во СВР Скопје, М.Д.(25) од Скопје пријавила дека околу 20:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од 61-годишната Ј.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 25-годишна скопјанка синоќа била физички нападната од 61-годишна жена во Ѓорче Петров. Како што се ...
Тројца измамници зеле пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка, соопшти полицијата. Полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција ги лишија од слобода Е.Ј.(46) од Скопје, Д.Т.(48) од Свети Николе и А.Т. (45) од Дојран и против нив поднесоа кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 09.03.2026, пријавените со уште едно лице, со лажно ...
Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на денешната 58-та седница ги разгледа годишните извештаи за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија, на агенциите за електронски комуникации, за регулирање на железничкиот сектор и на Агенцијата за пошти. Директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски ...
Во единственото средно училишта во Дебар, гимназија „28 Ноември“, во учебната 2025/2026 година образованието го завршуваат 111 ученици, што е за 15 помалку од минатата учебна година, додека во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, 23 или тројца ученици повеќе споредено со минатата година. -Во нашата образовна институција средното образование го завршуваат 111 ученици, од нив 30 со настава на македонски јазик, при што за државна матура се ...
Тука се разменувале првите срамежливи погледи, првите нежни стисоци на рацете, првиот бакнеж под некое темно пооддалечено костеново стебло. Или, како што напишал еден познат писател, „голема возбуда ми претставуваше да го бакнам нејзиното мало прсте, а ако случајно ѝ го допрев фустанот, не можев да ја пронајдам вратата за да излезам“. – Денес на Кејот е останат само дел од истите тие липи, а костените веќе одамна ги нема. Тогаш немаше ниту ...
Одборот на бранителите денеска одбележа 25 години од масакрот врз осумте припадници на безбедносните сили што се случи на 28 април 2001 година помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Бреза. Одбележувањето почна со оддавање на минута молк, по што млади тетовски вокалисти ја изведоа македонската химна и рецитали посветени на бранителите. Пред плочата со имињата на загинатите полицајци и војници потоа положија цвеќе претставници ...
Советот на Општина Куманово денеска донесе одлука за зголемување на цената на такси превозот. Почетната цена за километар од досегашните 80 се зголемува на 100 денари, секој следен километар ќе изнесува 40 денари. Раководителката на секторот Лидија Ланг Спасовска информира дека зголемувањето на цената е на барање на такси превозниците кои доставиле барања за зголемуавње на цените до општината. – Оваа покачување произлезе по барање на ...
Утре учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид организираат хуманитарен концерт со цел да се обезбеди помош за социјално загрозените семејства на матуранти. Концертот ќе се одржи на спортскиот терен во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со почеток во 19 часот, а влезницата е 50 денари. Ве покануваме да бидете дел од овој настан исполнет со музика, младешка енергија и хуманост. Секој купен билет е поддршка за оние на кои им е најпотребно, велат ...
Уапсен млад маж од Крива Паланка кој физички ја нападнал сопругата. На 28.04.2026 во 03:45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода С.Ц.(34) од Крива Паланка затоа што физички ја нападнал неговата 26 – годишна сопруга и ѝ се заканувал. Ќе следи соодветна пријава до сторителот. Уапсен млад маж од Крива Паланка кој физички ја нападнал сопругата. На 28.04.2026 во 03:45 часот, полициски службеници од ОВР Крива ...
Изгоренци на кожата, скршеници, повреди на дишните патишта, дисфункција на видот на двете или на едно око се дел од повредите со кои се здобиле оштетените деца По изведувањето на обдукциските наоди, Обвинителството на денешното рочиште ги наведе повредите на сите оштетени во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“. Обвинителството за повредите објаснуваше тргнувајќи од најтешките до лесните телесни повреди. Според наодите на медицинските установи каде ...
Основниот суд во Штип денеска го осуди Денис Асанов на доживотен затвор за убиството на 79 годишната Борјанка Николова . Во текот на судењето кое траеше два месеци, 74 годишниот Асанов тврдеше дека е невин. Тој сведочеше дека Николова ја затекнал падната на скалите во купатилото, како лежи со главата свртена кон подот, сакал веднаш да пријави во полиција, но немал кредит на телефонот… Убиството се случи лани, а дел од телото на жртвата беше ...
Општина Струмица е добитник на наградата за општинска извонредност за проектот „Вело Струмица“, со што се потврдува нејзиниот врвен придонес во унапредувањето на урбаната мобилност. Признанието беше доделено од Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г. Михалис Рокас, во рамки на настанот организиран од програмата „ЕУ за општините“, по повод шест години континуирана поддршка за општините во државата. Проектот „Вело Струмица“ претставува значаен ...