Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Нафтата од резервите за итни случаи на Меѓународната агенција за енергетика (IEA) наскоро ќе почне да пристигнува на светските пазари, откако земјите членки ветија дека ќе стават на располагање вкупно 411,9 милиони барели, соопшти денес агенцијата. Владите ветија дека ќе обезбедат 271,7 милиони барели нафта од државните резерви, 116,6 милиони барели од задолжителните резерви на нафтената индустрија и 23,6 милиони барели од други извори, се ...
Корисниците на платежни картички на Силк Роуд Банка сега можат да плаќаат брзо и безбедно преку Google Pay на Android уреди. Вашиот мобилен телефон отсега е ваш паричник Со Google Pay, корисниците на Android уреди можат да извршуваат бесконтактни трансакции без потреба од физички паричник. Со оваа услуга, мобилниот телефон станува паричник – трансакции во продавници, ресторани и други објекти се извршуваат без контакт и без потреба од физичка ...
Добивај вести на Viber Историјата на часовничарството често се раскажува како приказна за прецизност, инженерство и техничка генијалност, но ако се погледне внимателно, постои една тивка историска иронија. Додека господата со внимателни движења ги ваделе своите џебни часовници од елеците, жените веќе го направиле она што денес го сметаме за најприродно нешто на светот, го ставиле времето на раката. Рачниот часовник, симбол на модерниот ...
Халкбанк го нуди пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy) – современ и иновативен банкарски пакет наменет за млади на возраст од 16 до 24 години, кој комбинира практични банкарски услуги со бројни дополнителни поволности прилагодени на нивниот динамичен животен стил. Покрај основните банкарски услуги, пакетот Halk EZ нуди и активности насочени кон финансиска едукација на студентите и младите претприемачи, како и културно-забавни и ...
Европските берзански индекси денес се мешани, цените на нафтата од типот Брент повторно се зголемија на повеќе од 106 долари за барел, додека фокусот на инвеститорите оваа недела е војната на Блискиот Исток и одлуките на централните банки за каматните стапки. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Фајненшл тајмс“ (FT) објавено во неделата изјави дека неговата посета на Кина, планирана за овој месец, може да биде одложена бидејќи ...
Нееднаквоста во богатството низ Европа е огромна. Луѓето во некои земји се значително побогати од другите, а износот на сметката на возрасен покажува јасна поделба помеѓу побогатите и посиромашните земји. Нето средствата, или „богатството“, ја претставуваат вкупната вредност на она што го поседува едно домаќинство минус она што го должи. Тие вклучуваат финансиски средства и недвижнини, првенствено недвижнини. Долговите потоа се одземаат од ...
Денеска се очекува нова одлука на Регулаторната комисија за енергетика за малопродажните цени на горивата во Македонија. Од минатиот понеделник, после првата корекција по војната во Персискиот залов, важи ценовникот што стапи на сила на 10 март, според кој Еуросупер БС-95 се продава по 79,5 денари за литар, БС-98 по 81,5 денари, Еуродизелот по 85,5 денари, а екстра лесното масло по 82,5 денари. Во меѓувреме цената на нафтата од типот Брент ...
Во архитектурата на Охрид постојат куќи кои не се само станбени објекти, туку дел од културниот пејзаж на градот. Една од нив е Куќата на фамилија Ѓурчинови, елегантна градба од 1930 година која се издигнува на кејот покрај Охридското Езеро. Оваа куќа претставува редок пример на меѓувоена станбена архитектура во градот, време кога Охрид постепено се отвора кон европските архитектонски тенденции, но сè уште ја задржува својата локална ...
Судбината на ТикТок во САД добива нов, многу конкретен финансиски пресврт. Според „Engadget“, администрацијата на претседателот Доналд Трамп би можела да собере дури 10 милијарди долари во брокерски такси за продажба на платформата. Иако деталите сè уште не се официјално потврдени, извори блиски до преговорите сугерираат дека државата би ја презела улогата на „брокер“ во трансакцијата помеѓу кинеската компанија „ByteDance“ и потенцијалните ...
Европските централни банкари оваа недела се соочуваат со позната, но непријатна ситуација да донесуваат одлуки во услови на голема неизвесност, додека се чека појасна слика за економските последици од конфликтот поврзан со Иран, пренесува Волстрит џурнал. Според очекувањата на економистите и пазарите, креаторите на монетарната политика во ЕЦБ и Банката на Англија како и нивните колеги во Шведска и Швајцарија, најверојатно ќе одлучат да ги ...
Бразилската влада воведе царини за извоз на нафта и дизел со цел да се обезбеди снабдување и да се намалат трошоците на земјоделците во услови на зголемување на цените на енергијата на светските пазари. Кабинетот на претседателот Луиз Инасио Лула да Силва се обидува да го ублажи влијанието на неодамнешното зголемување на цените на нафтата и верува дека оваа одлука ќе ги ограничи цените на горивата на домашниот пазар, особено на дизелот. ...
Ескалацијата на војната на Блискиот Исток и нарушувањето на транспортот низ Ормускиот теснец создадоа еден од најголемите енергетски шокови во последните години. Во момент кога глобалната економија сè уште се обидува да закрепне од инфлаторниот бран по пандемијата и енергетската криза по војната во Украина, новиот геополитички ризик повторно ги турка цените на енергијата нагоре. Како што пишува New York Times, финансиските пазари реагирале ...
Словенската банкарска група Нова Љубљанска банка (НЛБ) има сериозни амбиции да влезе на албанскиот финансиски пазар. Во интервју за „Monitor“, извршниот директор на групацијата Блаж Бродњак вели дека влезот на албанскиот пазар би ја заокружил регионалната присутност на НЛБ и би ја зајакнал интегрираната финансиска мрежа на банката во целиот Западен Балкан. Според него, оваа поврзаност може дополнително да ги поддржи прекуграничните текови на ...
Приватните пензиски фондови, осигурителните компании и банкарите – остануваат најголеми финансиери на државата. Заемите што и ги дале на Владата по основ на државни хартии од вредност се “бројат“ во неколку милијарди евра. На крајот на февруари годинава долгот на државата по основ на државни хартии од вредност изнесувал 4.310.000.000 евра, со тенденција на континуиран пораст во изминатиот период , пишува Порталб. Дури 52,3% од заемите од ...
Поскапувањето повторно тропна на вратата на маркетите. Најпрво се почувствува на бензинските, а само неколку дена подоцна и на рафтовите со основни намирници. Маслото, јајцата, кафето… производи што речиси секое домаќинство ги става во кошничката без размислување, веќе се продаваат по повисоки цени. Граѓаните го чувствуваат ударот веднаш. Една сметка од маркет, која до вчера изгледаше сосема вообичаено, денеска е за неколку стотици денари ...
Добивај вести на Viber Веста за војната во Иран предизвикани од протокот на нафта ги привлекуваат малопродажните инвеститори кон најтргуваната стока во светот, дополнително поттикнувајќи ја нестабилноста. Малите инвеститори вложија рекордни суми во фондови поврзани со нафта кои се тргуваат на берза во последните недели, бидејќи цените се намалија поради конфликтот на Блискиот Исток и стравувањата од продолжени прекини во протокот на сурова ...
На почетокот на месецот многу семејства во Македонија ја прават истата математика. Седнуваат со лист хартија или со калкулатор на телефонот. Плата на едната страна, сметки на другата. Струја, вода, парно, интернет, телефон, кредит, градинка. Некогаш и рата за автомобил. Кога ќе се соберат бројките, прашањето доаѓа само од себе: што останува? Некои велат дека најтешки се првите десет дена од месецот. Тогаш се плаќа речиси сè. Во многу домови ...
Одвреме навреме во јавноста се обновуваат информациите за амбициите, иницијативите и проектите за да се започне со производство на македонски или за автомобили со лиценца кои би се произведувале во Македонија. Првата иницијатива е регистрирана уште во 1959 година која стигнала до тоа да биде изработен и прототип. Возилото се викало ВАРДАР и било дизајнирано со копирање на примеси од Фат 1400 од 1948 година и руската Победа (1948-1959 година). ...
Цените на бензинот во САД во недела достигнаа просечна цена од 3,70 долари за галон, што е зголемување од 24 проценти од почетокот на војната во Иран на 28 февруари, според податоците на Американската автомобилска асоцијација (AAA). Цените на нафтата се движеа околу 100 долари за барел минатата недела, бидејќи тензиите ескалираат на Блискиот Исток и во Ормутскиот теснец, кој е клучен премин за голем дел од светската трговија со сурова нафта, ...
Научниците од Сколтех направија пробив во генетскиот инженеринг, станувајќи први во Русија кои успешно го изменија геномот на пченицата користејќи го револуционерниот метод CRISPR-Cas. Експериментот, чии резултати се зачудувачки, доведе до создавање мутантни линии со изменети структури, кои сега произведуваат двојно повеќе зрна по клас. „Добивме неверојатна, разновидна колекција на мутанти. Сега собираме шест зрна од еден мал клас, наместо ...
Добивај вести на Viber Народната банка објави оглас за вработување на двајца извршители на определено време во траење од две години, при што за едната позиција основната нето-плата достигнува 83.306 денари (околу 1.355 евра) месечно. Огласот се однесува на работните места „самостоен советник аналитичар“ и „помлад аналитичар почетен II степен“. За позицијата самостоен советник аналитичар во Отсекот за планирање и контрола во Дирекцијата за ...
Добивај вести на Viber Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток отвори прашања за можните последици врз туризмот на Јадранот, цените на енергенсите и очекувањата од претстојната летна сезона. Иако од Министерството за туризам на Хрватска велат дека засега не очекуваат поголеми потреси, туристичките работници предупредуваат дека резервациите веќе се одвиваат побавно, а сезоната може да се решава во последен момент. Државната секретарка во ...
Добивај вести на Viber Јапонија денеска ќе почне со ослободување на нафта од своите стоковни резерви, бидејќи се очекува увозот на сурова нафта значително да се намали од крајот на март поради затворањето на Ормускиот теснец, кој е клучен за транспорт на нафта на светскиот пазар, изјави денеска главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара. - Планираме да вложиме напори за (нафтата од стоковните резерви) непречено да циркулира на пазарот – ...
Добивај вести на Viber Акционерското друштво Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје во периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година остварило нето добивка од 32.102.266 денари, односно околу 522.000 евра, што е благо намалување во однос на 2024 година кога добивката изнесувала 33.704.702 денари, односно околу 548.000 евра. Во анализираниот период компанијата остварила вкупни приходи од 45.404.301 денари, односно околу 738.000 евра. - ...
Добивај вести на Viber Акцизата е посебен индиректен данок на промет кој се наметнува на одредени специфични производи. Најчесто се однесува на таканаречените акцизни производи, како што се гориво, тутунски производи, алкохол и понекогаш кафе или енергетски производи. Главната цел на акцизата е намалување на потрошувачката на производи кои се штетни за здравјето или животната средина, но воедно претставува и важен извор на приходи за ...
Добивај вести на Viber Војната на Блискиот Исток веќе почнува да влијае врз глобалната економија, а една од првите последици може да биде значително поскапување на авио-картите, предупредуваат експерти од авио-индустријата. Со растот на цените на нафтата и авионското гориво, авиокомпаниите ширум светот се соочуваат со сè поголем притисок да ги зголемат цените на летовите, особено пред почетокот на летната туристичка сезона. Според ...
Добивај вести на Viber Во секоја голема криза доаѓа момент кога економијата престанува да биде прашање на бројки, графици и берзански извештаи, а почнува да наликува на нешто многу поосновно – борба за ресурси. Во последните недели, додека цената на нафтата расте, трговските рути стануваат несигурни, а клучни точки како Ормускиот теснец се претвораат во геополитички жаришта, сè повеќе економисти предупредуваат дека светската економија може ...
Нестабилност ги зафати глобалните пазари, при што цените на акциите паѓаат, а цените на нафтата се искачуваат на највисоко ниво во повеќе од три години, додека војната во Иран продолжува. Добивките од обврзниците го изгубија моментумот, бидејќи повисоките цени на енергијата ги поттикнаа стравувањата од инфлација. Нестабилност на Волстрит S&P 500 изгуби 0,6 проценти во петокот и сега е 5 проценти под неодамнешниот максимум, затворајќи на ...
Добивај вести на Viber Начинот на кој компаниите ги избираат кандидатите за работа постојано се менувал низ историјата. Во почетокот на 20 век, еден производител од Филаделфија избирал работници на необичен начин – фрлал јаболки кон група кандидати и оној што ќе успеел да фати јаболко и да го задржи, бил примен на работа. Подоцна, во педесеттите години, компаниите вовеле сложени тестирања на интелигенција и личност кои траеле со денови. Во ...
Во Македонија социјалните мрежи одамна не се само простор за лични објави и забава. Профили со десетици и стотици илјади следбеници на Инстаграм и Тикток денес функционираат како влијателни канали за промоција и продажба на производи, услуги и настани. Кога неколку десетици јавни личности и инфлуенсери имаат кумулативен досег што се мери во милиони следења, секоја нивна објава станува потенцијална маркетинг-алатка со реални финансиски ефекти. ...