Добивај вести на Viber Иако располагаат со огромно богатство, многу од најбогатите луѓе во светот – меѓу кои Илон Маск и Марк Закерберг – често користат хипотекарни кредити при купување недвижности. Финансиските експерти велат дека тоа не е знак на недостаток на пари, туку промислена стратегија за управување со богатството. Илон Маск, извршниот директор на „Тесла“, подигнал неколку големи хипотекарни кредити за своите имоти во Калифорнија. ...

Војната со Иран не стивнува, цената на нафтата оди нагоре-надолу реагирајќи на секоја изјава на Трамп, а од полноќ денеска во Македонија се точи поскапо гориво. Новата цена на дизелот е 92 денари за литар, а бензините БС-95 и БС-98 чинат по 86,5 и 88,5 денари за литар. Од почетокот на кризата на Блискиот Исток цената на дизелот во земјава се зголеми за 21 денар, а на бензините за 12 денари по литар. Македонските граѓани и компании стануваат ...

Европската комисија на 4 март годинава предложи сеопфатен законодавен пакет, наречен „Закон за индустриски акцелератор - ЗИА“ (Industrial Accelerator Act - IAA), со цел зајакнување на европската индустрија преку зголемување на уделот на материјали и компоненти произведени во ЕУ во јавните набавки, владините стимулации за купување или даночните олеснувања. „ЗИА“ доаѓа како резултат на согласувањето меѓу европските лидери дека европската ...

Вредноста на Биткоинот (BTC) се зголеми за 3,45 проценти на 64.608,35 евра денес во 15:30 часот на најголемата светска берза за криптовалути „Бајнанс“ (Binance). Како што објави „Коиндеск“ (CoinDesk), зголемувањето се должи на комбинација од регулаторен оптимизам во Соединетите Американски Држави. Се појавија шпекулации дека Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) може да го преиспита својот негативен став за таканареченото стејкирање ...

На денешното отворање на американските берзи акциите беа во плус, бидејќи цените на нафтата паднаа откако американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека Вашингтон им дозволува на иранските траекти да поминат низ Ормутскиот теснец. За падот на цените на нафатата придонесе и извештајнот на „Волстрит журнал“ во кој се наведува дека САД наскоро ќе ги објават имињата на земјите кои ќе испратат бродови низ теснецот, пренесе ...

Комесарот за енергетика, Ден Јергенсен, денес објави дека Европската комисија ќе предложи забрана за увоз на руска нафта, за која во моментов се во сила санкции, но две земји имаат исклучоци. „Денес имаме санкции, но две земји имаат исклучок и ние ќе предложиме тоа да се промени. Сите земји мораат да се подготват за таа ситуација, не сакаме во иднина да купуваме енергија од Русија, рече Јоргенсен на прес-конференцијата по состаникот на ...

Добивај вести на Viber Од крајот на март, Европа ќе пласира на пазарот 73 милиони барели нафтени деривати и околу 35 милиони барели сурова нафта од залихи, според податоците на Меѓународната агенција за енергија (IEA). Европските влади ќе ослободат 32,7 милиони барели од стратешките залихи, додека компаниите ќе пласираат на пазарот 74,7 милиони барели нафта и нафтени производи, објави IEA во неделата. Исто така, од крајот на март, ...

Високи американски и кинески економски претставници треба да ги завршат разговорите во Париз, со можни области на договор во земјоделството, критичните минерали и контролираниот трговски модел, што потоа би можеле да го разгледаат Доналд Трамп и Си Џинпинг. Изворите велат дека „екстремно стабилните“ разговори, предводени од американскиот секретар за финансии Скот Бесант и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, требаше да предизвикаат можни ...

Москва побрза да товари сурова нафта на танкери за да ги искористи високите цени на нафтата предизвикани од ефективното затворање на Ормускиот Теснец од страна на Иран, како и привремената дозвола од САД државите да ги купуваат тие барели без страв од санкции. Русија има двојна корист, прво, од високите референтни цени на нафтата на светските берзи, што истовремено ги зголемува руските извозни цени, како и дополнителната придобивка од ...

Иако Илон Маск е најбогатиот човек во светот, дури и тој направи нешто што го прават милиони обични луѓе – тој зема хипотекарен кредит. За најбогатите поединци во светот, тоа не е знак на недостаток на пари, туку добро осмислена финансиска стратегија што му помага на нивниот капитал да работи и да носи приноси. Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, земал повеќе големи хипотеки на своите имоти во Калифорнија. Според „Лос Анџелес Тајмс“, ...

Добивај вести на Viber Туристичките аналитичари, разбирливо, препорачуваат плаќање за туристички патувања што е можно порано и истакнуваат дека горивото сочинува близу една третина од оперативните трошоци на авиокомпаниите. Војната на Блискиот Исток донесе многу неизвесност во европскиот туристички сектор. Секоја ескалација и нестабилност ги охрабрува туристите да бидат претпазливи, бидејќи туристичките патувања првенствено зависат од ...

Цените на златото паднаа на 5.023 долари за унца денеска, продолжувајќи ги загубите по две последователни недели пад. Пазарот останува под притисок поради зголемувањето на цените на нафтата, а ситуацијата станува се попроблематична по нападот на САД врз иранскиот нафтен терминал на островот Харг – еден од клучните извозни центри на земјата. Нападот предизвика одмазда од Техеран, а Иран го нападна Израел и енергетската инфраструктура во ...

Домот на холивудската актерка Марго Роби во Лос Анџелес е пример за елегантен, но релативно дискретен луксуз. Куќата е изградена во 2016 година, има четири спални соби и повеќе бањи распоредени на две нивоа. Надворешниот изглед е инспириран од калифорниски колонијален стил, со бела фасада, уредена градина и базен во дворот. За разлика од огромните холивудски вили, оваа куќа има поинтимна атмосфера и изгледа повеќе како стилен семеен дом ...

Надзорниот одбор на Алта Банка АД Битола на својата 10-та седница одржана на 2 март 2026 година донесе одлука за именување на Ангелина Барџиева, Раководител на Дирекција за стратешко планирање, контролинг и екстерно известување, и Горан Грујиќ, самостоен стручен соработник за контролинг на трошоци, за нови лица за контакт со инвеститори на банката. Со оваа одлука престануваат да важат претходните именувања на Гордана Балтовска и Христина ...

И покрај тоа што во јавноста се појавија информации дека набавната цена на дизелот ќе биде намалена од страна на ОКТА, од „Макпетрол“ велат дека до денес не е пристигнато официјално известување врз основа на кое би се промениле договорните услови помеѓу двете компании. „Наместо тоа, од страна на добавувачот и понатаму се испраќаат фактури во полна сума, односно без најавениот попуст. Во однос на соопштението испратено до јавноста од ...

Во Македонија може да се развие бензин-туризам. Поради пониските цени на горивото во споредба со Грција, Србија, Бугарија, Косово и со Албанија, многу граѓани од овие држави доаѓаат во Македонија да наполнат бензин. Покрај тоа, тие често користат и други услуги: посетуваат ресторани, одат на шопинг и понекогаш преспиваат во хотели. На тој начин се зголемува потрошувачката и државата, како и локалната економија, има дополнителна корист. Затоа, ...

Ормускиот теснец, една од најважните светски бродски артерии, низ која минуваат огромни количини нафта, игра и помалку видлива, но подеднакво важна улога во глобалното производство на храна. Овој тесен премин помеѓу Персискиот Залив и Оманскиот Залив е клучна точка за глобалната трговија со минерални ѓубрива. Секое сериозно нарушување на бродскиот сообраќај низ теснецот веќе почнува да ги зголемува цените на ѓубривата и да предизвикува ...

Ново поскапување на горивата. Цената на бензините скокна за 7, а на дизелот за 6,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. За една недела ова е второ зголемување на цените на нафтените деривати. Па, така со корекцијата направена минатиот понеделник кај бензините е повисока за 12 денари, а кај дизелот за над 20 денари. Стопанствениците и експертите алармираат – ако не се преземе нешто следи бран поскапувања. Од Стопанската комора ...

Добивај вести на Viber Брзината за широкопојасен интернет за секој краен корисник, кој е дел од универзалната услуга, да се зголеми од сегашните минимални 12 Mbps на 30 Mbps, предлага Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), која отвори јавна расправа во пресрет на плановите за објава на тендер за избор на нови даватели на универзалната услуга. Предмет на јавната расправа се нацрт-документите: „Анализа на брзината на пренос на податоци ...

„Тесла“ на Илон Маск наскоро може да почне да ги снабдува британските домаќинства со електрична енергија, откако во четвртокот доби лиценца. Така, нов конкурент влезе на пазарот во време на зголемена загриженост за растот на сметките. Државниот регулатор за енергија Ofgem објави дека единицата на „Тесла“, Tesla Energy Ventures, сега доби статус на снабдувач со електрична енергија, по процесот што започна минатиот јули. Новата лиценца ја ...

Нафтениот шок ретко прво се гледа на светските берзи, а многу побрзо на касата во маркет и на бензинската пумпа. Во Македонија новата одлука за горивата веќе го покажува тој удар: бензините од полноќ поскапуваат за 7 денари, дизелот за 6,5 денари, а РКЕ вели дека малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 8,98 отсто во однос на претходната одлука. Во исто време, Банката за меѓународни порамнувања предупреди дека од ...

Неделата на парите е глобална иницијатива која има за цел да ја подигне свеста за важноста на финансиската писменост кај младите и да ги поттикне навреме да стекнат знаења за управување со личните финансии. Токму оваа иницијатива потсетува дека разбирањето на основните финансиски концепти како планирање на буџет, штедење, инвестиции и користење на современи банкарски услуги е една од најважните животни вештини што може да се развие уште во ...

Добивај вести на Viber “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) денес најави дека нивниот Micro RGB телевизор (модел R95H) ги доби сертификатите за “Безбедност за очите“ (Safety for Eyes) и за “Приказ на циркадијалниот ритам“ (CRD - Circadian Rhythm Display) од “Verband Deutscher Elektrotechniker“ (VDE), водечки глобален институт за тестирање со седиште во Германија. Произлезени од пошироката “EyeCare Circadian“ сертификација на ...

Со растот на цената се враќа и старата навика на Македонците да штедат во злато. Сопствениците на златарници во земјава велат дека сè поголем е интересот за купување на златен накит, но и на златни инвестициски плочки. Среброто пак го менува златниот накит, за тие што не можат да купат златен накит, нарачуваат сребро кое се позлатува за пониска цена. Аналитичарите велат дека ваквата реакција на граѓаните е нормална во период на економска ...

Голем скандал ја тресе Франција откако беше откриено дека повеќе од еден милион возила се поврзани со измама во системот за регистрација. Истражителите велат дека слабостите во дигиталниот систем им овозможиле на лажните компании нелегално да регистрираат автомобили. Проблемот датира од 2017 година, кога државата делумно го приватизираше системот за регистрација на возила. На продажните места за автомобили и овластените посредници им беше ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 8,98 проценти. Согласно Методологијата за формирање на цените, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), поскапуваат за 7 денари по литар во однос на цените утврдени на 9 март 2026 година. Со ова, новата цена на: ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 денари за ...

Италијанската УниКредит банка, сака да ја купи германската Комерцбанк и достави формална понуда за преземање до акционерите на втората по големина приватна банка во Германија, објави седиштето на УниКредит во Милано. Целта на понудата е да се надмине прагот од 30 проценти сопственост пропишан со германскиот закон за преземање и да се започне конструктивен дијалог со менаџментот и акционерите на Комерцбанк во наредните недели, објавува Билд. ...

Двајца кандидати се пријавиле на јавниот оглас за избор на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според информациите на МИА, на огласот се пријавиле Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш и Шамил Реџепи, вработен во РКЕ. Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре на седница ќе ги разгледува пријавите по Одлуката за објавување јавен оглас за ...

Шпаркасе Банка им нуди на клиентите потрошувачки кредит до 2.400.000 денари со каматна стапка од 4,9% и флексибилни рати преку моделот „Рати по твој избор“. Со ова решение, клиентите можат однапред да го прилагодат износот на месечната рата според своите финансиски обврски, сезонски трошоци или лични приоритети. Дополнителна предност е што поволната каматна стапка од 4,9% е достапна при користење пакет-понуда која вклучува Visa кредитна ...

Претставниците на Федералните резерви се очекува да ги задржат каматните стапки непроменети на состанокот оваа недела, додека вниманието се пренасочува кон тоа како би можеле да реагираат доколку последиците од војната на Блискиот Исток ги повлечат нивните цели на политика во спротивни насоки. Американско-израелскиот напад врз Иран внесе значителна неизвесност во економските изгледи, при што наглиот раст на цените на нафтата се заканува да ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
54%
1018
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
4.12
69%
1020
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
71%
1023
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
55%
1019
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.83
79%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
81%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.47
84%
1014
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
33%
1016
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
6.17
35%
1018
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
7.2
58%
1016
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
44%
1019
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
71%
1015
Currency

61.645

Currency

52.6183

Currency

71.0956

Currency

37.6837

Currency

38.5248

Currency

67.1488

Currency

7.70987

Currency

0.70065

Currency

0.32997

Currency

0.52528

Currency

1.1713

Currency

0.56113

Калај

51.07

Кобалт

45.39

Злато

153002.26

Платина

66584.20

Сребро

2508.22

Паладиум

50026.56

Рутениум

53788.20

Родиум

326330.08

Цинк

0.00

Бакар

12.18

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.62