Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Познатата хрватска кондиторска компанија „Звечево“, еден од најпрепознатливите брендови за слатки од поранешна Југославија, чија приказна е постара од 100 години и датира уште од 1921 година, западна во сериозна финансиска криза по преземањето од рускиот бизнисмен Денис Штенгелов, пишува „Б92“. Компанијата минатата година прикажала нето загуба од 8,5 милиони евра, додека приходите изнесувале околу 12,5 милиони евра. Тоа е првата целосна ...
Сè почесто се забележува дека дел од товарниот сообраќај, наместо да се движи по автопатната мрежа, се пренасочува кон споредните делници. Причината, според дел од надлежните и учесниците во сообраќајот, е избегнување на трошоците за патарина. Во практика, ако помине камион повеќе делници на автопат (на пример, од север до југ на Коридорот 10), вкупниот трошок може да се собере и на неколку илјади денари по едно патување, зависно од ...
Министерството за финансии на Северна Македонија на 19 мај ќе понуди државни хартии од вредност во вкупен износ од 2,27 милијарди денари, односно околу 36,8 милиони евра, покажуваат податоците на централната банка. Информацијата ја објави SeeNews, повикувајќи се на податоци од монетарните власти. Според најавата, аукцијата на државни записи и обврзници ќе се одржи следната недела, како дел од редовните активности на државата за обезбедување ...
Станува збор за важен чекор за „Clarity Act“, предлог-закон кој треба појасно да ги дефинира надлежностите на регулаторите над криптосекторот, но кој со месеци беше блокиран поради судирот меѓу криптоиндустријата и банките. Постапката во комитетот вклучува расправа, можни амандмани и гласање за тоа дали предлог-законот ќе биде испратен понатаму во процедура. Исходот ќе покаже дали законот има реални шанси да ги добие најмалку седумте гласови ...
Добивај вести на Viber Иако за многумина е вистински рај на земјата, оваа островска земја ја посетуваат само неколку илјади луѓе годишно, што ја рангира меѓу најмалку посетените земји во светот. Додека популарните дестинации низ целиот свет се борат со прекумерен број туристи и притисок врз инфраструктурата, постојат места кои се чини дека останале надвор од времето и глобалните трендови за патување. Кирибати е токму такво место - островска ...
Во далечниот север на Алјаска постои мал и необичен град наречен Витиер. Она што е интересно за него е тоа што речиси целиот град живее во една единствена зграда. Витиер е опкружен со планини, снег и густа магла, а пристапот до него е ограничен и тежок. Поради екстремните временски услови, животот тука се организира на сосема поинаков начин од она што сме навикнати да го гледаме во „нормални“ градови. Во центарот на оваа необична приказна се ...
Министерството за одбрана на Унгарија склучило рамковен договор во вредност од 1.311.050.000.000 форинти (3,6 милијарди евра) со компанијата за вселенска технологија 4iG, која прерасна во ИТ гигант, дознава унгарскиот медиум ХВГ. Договорот е потпишан кон средината на март, еден месец пред изборите, од страна на компанијата на Гелерт Јасаи и министерството под контрола на Кристоф Салај-Бобровнички. Договорот, кој веќе стапи на сила од април, ...
Американската прехранбена компанија Марс има намера значително да го прошири својот производствен погон во градот Ступино во Московската област до 2027 година, со зголемување на производствениот капацитет за речиси 500 тони слатки дневно, покажаа податоците од веб-страницата на државниот орган за надзор на градежништвото во среда. „Фабриката за слатки на Марс ќе биде проширена со нов производствен погон кој ќе се простира на повеќе од 26.000 ...
Бизнисот добро се справува со инфлацијата, се чувствува исцрпено, но има капацитети да одолее на предизвиците. Првиот човек на стопанската комора Бранко Азески, уверува дека состојбата е стабилна, а државата и компаниите имаат доволно механизми да делуваат за амопртизација на ценовниот шок. Во услови кога изостанува значителен инфлаторен удар однадвор, состојбите полесно се менаџираат: „Ние сме секојдневно во комуникација со Владата така да ...
Клучните членки на OPEK+ имаат намера во наредните месеци да продолжат со серијата зголемувања на нафтените квоти и до крајот на септември, барем на хартија, да го завршат враќањето на еден дел од прекинатото производство, изјавија делегати. Групата веќе формално се согласи да обнови околу две третини од намалувањето на понудата од 1,65 милиони барели дневно, кое го спроведе уште во 2023 година. Планира дополнително да ги зголеми целите и ...
Посветени сме да бидеме конструктивен регионален партнер, кредибилен учесник во европската енергетска интеграција, земја која придонесува за постабилна, побезбедна и поодржлива Југоисточна Европа, изјави денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, говорејќи на Министерскиот панел: “Delivering 2030 – Leadership commitments for the East Med transition”, во рамките на дводневниот „Energy Transition ...
Јапонскиот производител на автомобили пријави загуба од 423,9 милијарди јени, односно 2,7 милијарди долари, за фискалната година што заврши во март. Компанијата процени дека загубите поврзани со работењето во секторот за електрични возила вкупно ќе достигнат 2,5 трилиони јени (16 милијарди долари), главно во штотуку завршената и во тековната фискална година. Од „Хонда“ признаа дека побарувачката за електрични возила ослабнала, поради што ...
Законот за задолжување стигна во Собрание. Иако, по новата еврообврзницата се бараа и дополнителни 300 милиони евра за буџетски потреби, неколку банки меѓу кои од Германија, Аргентина, САД , Австрија се договориле да дадат 260 милиони евра. Односно од КФБ банката, Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Гроуп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит Гезелшафт мбХ (AKA ...
Цените на авионските билети во Европа ќе растат доколку продолжи војната во Иран и нестабилноста на енергетските пазари, изјавил директорот на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт – ИАТА. Причина за очекуваното поскапување е растот на цената на нафтата и керозинот, кои се меѓу најголемите трошоци на авиокомпаниите. Според проценките на авиокомпаниите, трошоците за гориво учествуваат со 20 до 30 проценти во вкупните расходи, а ...
Tреба да ги гледаме процесите онакви какви што се и да бидеме реални. Треба да сме свесни дека малите и средни претпријатија на класично отворен, либерален систем се неконкурентни и тоа треба да го кажеме јавно, директно и отворено. Нема јавна постапка што може да ја добие мало и средно претпријатие од Македонија, ако на неа учествува кој било не светски, не европски, туку регионален учесник. Прашањето е што правиме ние за да ги заштитиме ...
Tреба да ги гледаме процесите онакви какви што се и да бидеме реални. Треба да сме свесни дека малите и средни претпријатија на класично отворен, либерален систем се неконкурентни и тоа треба да го кажеме јавно, директно и отворено. Нема јавна постапка што може да ја добие мало и средно претпријатие од Македонија, ако на неа учествува кој било не светски, не европски, туку регионален учесник. Прашањето е што правиме ние за да ги заштитиме ...
Добивај вести на Viber Идејата да се инвестира дел од личната заштеда навидум може да делува застрашувачки, но тоа е важен чекор кон создавањето на сопствен капитал и стабилна финансиска независност. Притоа, воопшто не е тешко да се започне, доколку имате конкретен план, соодветна поддршка и инвестициски експерт на ваша страна. Пред да направите било што важно е да одлучите колку пари би сакале да инвестирате и да се осигурате дека тие нема ...
Добивај вести на Viber Летово ќе биде завршена физибилити студијата, по што ќе следува ревизија. Процесот на планирање мора да заврши перфектно добро. Првичниот рок што го кажав, дека проектот ќе се заврши до 2031 година, останува, ништо не е поместено, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски за брзата пруга на Коридорот 10. Како што истакна Николоски одговорајќи на новинарски прашања, во тек се активностите ...
Дебатата за иднината на рударството во Македонија добива нов интензитет, откако еко-активисти порачаа дека нема да дозволат отворање на нови рудници во земјата. Во телевизиско гостување тие отворија прашања за можни еколошки ризици – од ширење прашина преку ветер, до влијание врз земјоделството и потенцијални природни непогоди. Активистите сметаат дека Македонија треба да се фокусира на туризмот како главна развојна гранка, додека ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, упати силна порака за неопходноста од итна заштита на домашното стопанство на конференцијата „Бизнис со интегритет“. Министерот отворено и реално укажа дека македонските мали и средни претпријатија се соочуваат со огромни предизвици во сегашниот либерален систем, каде тешко можат да им парираат на регионалните и светските гиганти без соодветна државна поткрепа. Министерот Николоски ...
Има или нема доволно „стотки“ во оптек? Иако Народната банка уверува дека во оптек има доволно банкноти од 100 денари, реалноста на терен е сосема поинаква. Граѓаните веќе со недели се жалат дека тешко доаѓаат до „стотки“, а потврда за тоа стигнува и од банките и од менувачниците, од каде што велат дека недостигот сериозно се чувствува. Во дел од банкоматите веќе подолго време не можат да се подигнат банкноти од 100 денари, а шалтерските ...
Binance, водечката светска крипто берза според обем на тргување и број на корисници, овој викенд носи посебен настан во центарот на Куманово. На 16 и 17 мај, во периодот од 11:00 до 16:00 часот, Binance „Камионот со ќебапи“ ќе биде поставен на плоштад Нова Југославија, каде посетителите ќе можат да уживаат во бесплатни ќебапи и во исто време, во опуштена и отворена атмосфера, да се доближат до светот на криптовалутите. Во текот на двата ...
Добивај вести на Viber Покрај хартиените свидетелства, на крајот од оваа учебна година, учениците од прво до трето одделение за првпат ќе добијат и дигитални свидетелства како резултат на заложбите на Министерството за образование и наука за дигитализација на образованието. Ова е значаен чекор во процесот на модернизација на образовните услуги во државатареализиран со поддршка од Македонски Телеком. „Оваа учебна година започнуваме со ...
Министри и високи претставници од Европа и Централна Азија, од 11 до 15 мај 2026 година, престојуваат во Душанбе, каде што дискутираат за зајакнување на ефикасноста, инклузивноста, отпорноста и одржливоста на агро-прехранбените системи во услови на сè поизразени климатски, економски и геополитички предизвици. 35-тата сесија на Регионалната конференција на ФАО за Европа (ERC35) се одржува во главниот град на Таџикистан под главната тема: ...
Кризата на Блискиот Исток, заедно со одредени проблеми со снабдувањето, сè повеќе го комплицира работењето на италијанските компании за печење кафе, изјави Микеле Монцини, потпретседател на италијанскиот комитет за кафе во Unione Italiana Food, во интервју за Comunicaffé, објави логистичкиот портал Pluton. Од една страна, тензиите во Црвеното Море и Ормускиот Теснец го продолжија времето на транспорт и ги зголемија трошоците за логистика до ...
И S&P 500 и Nasdaq Composite достигнаа нови интрадневни и затворачки максимуми за време на редовната сесија во среда. Широкиот пазарен индекс додаде 0,58%, додека технолошкиот Nasdaq доби 1,2%. Dow го смени трендот, паѓајќи за 67,36 поени или 0,14%. Инвеститорите размислуваа за уште еден извештај за инфлација посилен од очекуваниот – индексот на цените на производителите за април, кој се зголеми за 1,4%, што е најголем месечен раст од ...
Со потпишувањето на договорот за пренос на акции, Фортенова Груп и Жито формално го завршија процесот со кој Звијежда плус и Звијежда Словенија стануваат сопственост на Жито Груп. Жито со тоа стана сопственик на 100 проценти од деловните акции во компаниите Звијежда Плус и Звијежда Компани за внатрешна и надворешна трговија, Љубљана. Хрватскиот џин се топи: продадени клучни брендови, што останува? Откако сите регулаторни тела ја одобрија ...
На настанот присуствуваа претставници на институциите, амбасадори, членови на бизнис заедницата, партнери, медиуми и гости, како и претставници на SPAR International и менаџментот на SPAR Македонија. Славица Блажева, комерцијален директор на SPAR Македонија, истакна дека доаѓањето на SPAR претставува почеток на долгорочна трансформација на малопродажниот пазар и силна инвестиција во економскиот развој на земјата. „Денес не се случува само ...
Странските инвеститори го продлабочија своето повлекување од јужнокорејските акции, дури и додека пазарот продолжува да се искачува до нови максимуми поради локалните приливи и бумот на вештачката интелигенција. Странците продадоа корејски акции во вредност од 11,5 милијарди долари досега во мај, на нето основа, според податоците собрани од „Блумберг“. Тоа ги става на добар пат за нивниот трет најголем месечен одлив досега, по невидените ...
Добивај вести на Viber Global Engineer Girls North Macedonia беше дел од средбата на Global Engineer Girls (GEG) во Истанбул, каде идните жени-инженери од Турција, Косово, Саудиска Арабија, Шпанија, Брегот на Слоновата Коска, Мозамбик и Обединетото Кралство се собраа на настан посветен на важноста на глобалната солидарност, женското лидерство, меѓукултурната размена и заедничката визија за создавање инклузивна иднина во инженерството и ...