Народна Република Кина и Соединетите Американски Држави постигнаа прелиминарен договор за намалување на некои тарифи и формирање на две нови трговски тела – трговски совет и инвестициски совет, објави Министерството за трговија на Кина, додавајќи дека се постигнати договори и во областите на земјоделството и воздухопловната индустрија. Според соопштението објавено на веб-страницата на министерството, двата совети ќе се занимаваат со преговори ...

Во изминатата недела инвеститорите можеа да набљудуваат разидувања меѓу различните класи на средства - додека акциите, особено на технолошките компании, се засилуваа, политичките потреси, стравот од инфлација и економскиот пад поради геополитичката криза го погодија пазарот на обврзници. Глобалната макроекономија со тешкотија ги апсорбира и ублажува далекусежните последици од конфликтот на Блискиот Исток, а во исто време изгледа дека Волстрит ...

Аргументот што важеше повеќе години дека обновливите извори (ОИЕ) не се сигурни, веќе не важи. Според најновиот извештај на Меѓународна агенција за обновливи извори на енергија, ИРЕНА (International Renewable Energy Agency - IRENA), овие извори може да обезбедат сигурна енергија нонстоп. Освен тоа, обновливите извори обезбедуваат исплатлива енергија. Според процените на ИРЕНА, трошоците на компаниите што инвестираат во вакви извори ...

Милијардерот Ринат Ахметов, најбогатиот човек во Украина, купи огромен луксузен стан на пет ката во најпрестижниот нов комплекс во Монако за огромни 471 милиони евра, што ја прави трансакцијата една од најголемите единечни продажби на недвижности во историјата. Имотот на брегот со 21 соба е купен преку холдинг компанијата на бизнисменот и се наоѓа во областа Маретера на кнежевството. Оваа нова област, изградена на земјиште обновено од ...

Добивај вести на Viber Пазарната вредност на Nvidia достигна 5,7 билиони долари и го надмина проектираниот бруто-домашен производ на Германија, најголемата европска економија. Според проценките на Меѓународниот монетарен фонд, БДП на Германија за 2026 година изнесува 5,45 билиони долари, додека Nvidia во средината на мај достигна пазарна капитализација од 5,7 билиони долари. Со тоа американскиот производител на чипови, чии процесори се ...

Во последните 24 часа криптовалутниот пазар бележи мешани движења, при што најголемата дигитална валута Биткоин останува речиси стабилна со благ пад, додека Етериум и неколку други алткоини бележат умерен раст. Биткоин се тргува на ниво од околу 78,159.3 долари, со минимален пад од -0.01%, што укажува на момент на консолидација по претходните флуктуации. И покрај малиот пад, обемот на тргување останува значителен, со над 23.26K единици во ...

Македонја е на петто место, а Косово на второ по сиромаштија во Европа, по Молдавија, според извештај објавен од „World Atlas“ врз основа на податоци од Меѓународниот монетарен фонд за бруто-домашниот производ по глава на жител според паритетот на куповната моќ. Извештајот го одразува вистинското ниво на животниот стандард и економската состојба со која граѓаните се соочуваат секојдневно. Според податоците од извештајот, Молдавија останува ...

„Она што е симптоматично е што дежурните критичари манипулираат со податоци кои внесуваат страв и паника меѓу родителите создавајќи лажна перцепција дека приредувачите на легалните игри на среќа имаат економски интерес малолетници да влегуваат во нивните објекти. Можеме да ги броиме и објектите за игри на среќа во центрите на повеќе европски метрополи, каде дел од домашните критичари гордо позираат и се фотографираат кога се туристи“, велат ...

Ниските температури и мразот повторно ги оставија овоштарите и лозарите со огромни штети. Дел од земјоделците велат дека родот е преполовен, а на одредени места и целосно уништен. Од Националната земјоделска мрежа се надеваат дек со обештетувањата ќе ги покријат реалните загуби за разлика од претходните сезони кога добивала од 5 до 10 % оштета за загубениот род Според нив, земјоделците се ставени во невозможна ситуација – ако нема род поради ...

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низа негативни последици врз граѓаните и општеството. Овој закон нема да реши ниту еден проблем, туку ќе создаде огромни нови проблеми. Со него, де факто, се затвораат легалните игри на среќа и широко се отвора вратата за нелегално обложување по подруми, со што државата се враќа во деведесеттите години, велат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на ...

Сите вработени во Пошта на Македонија платата за месец април 2026 година ќе ја добијат во текот на утрешниот ден, 18 мај, објавија од АД поштенски сообраќај на социјалните мрежи. Еднодневното доцнење во реализацијата на исплатата, имајќи предвид дека редовниот рок беше 15.05.2026 година (петок), е резултат на административни пречки, отсуства од здравствени причини и слични оперативни околности. Станува збор за техничко и административно ...

Добивај вести на Viber Најновиот извештај 13F на компанијата Berkshire Hathaway, објавен во петокот, покажува дека компанијата во првиот квартал од годината излегла од своите позиции во повеќе фирми, меѓу кои се Amazon, Mastercard, Visa и UnitedHealth Group. Во меѓувреме, „Беркшир“ одлучил да го зголеми својот удел во компаниите Alphabet, матичната компанија на Google, и The New York Times Company, а купил и акции во Delta Air Lines и ...

Намалување на количествата во пакувањата станува сè почест начин за прикриено поскапување, предупредуваат од Организацијата на потрошувачи. Оттаму посочуваат дека оваа практика не се однесува само на чоколадото „Милка“, туку и на бројни други производи, што ги доведуваат потрошувачите во заблуда. Освен кај прехранбените производи, оваа појава почесто се забележува и кај непрехранбените производи, како што се влажните шамичиња за бришење, каде ...

Туристичката сезона 2026 година е под силно влијание на цените, квалитетот на услугата и глобалната економска нестабилност. По неколку години на интензивно закрепнување, аналитичарите предвидуваат дека ова лето гостите многу повнимателно ќе ги избираат дестинациите според нивниот буџет. Земјите од регионот — Хрватска, Црна Гора и Албанија — се обидуваат да најдат баланс меѓу желбата за заработка и потребата да останат конкурентни на ...

Според податоците на „Евростат“, дури 32 проценти од работниците во Македонија работат за време на викендите, со што земјата е меѓу европските држави со највисока стапка на работа во сабота и недела. Дури 21,3 проценти од европските работници редовно работат во сабота и недела, според најновите податоци на „Евростат“. Во некои земји, просекот е значително повисок, особено на Балканот и наМедитеранот. Во Грција, дури 41 процент од вработените ...

Производството на нафта во Русија се намали за 460.000 барели дневно во април. Извозот на сурова нафта се зголеми за 250.000 барели дневно од март. Производството на сурова нафта во Русија се намали за 460.000 барели дневно во април во споредба со истиот месец минатата година на околу 8,8 милиони барели дневно, објави денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Во меѓувреме, извозот на сурова нафта се зголеми за 250.000 барели дневно од ...

Зошто храната повторно поскапува во целиот свет (2) Земјоделството на удар на променливото време Променливото време пролетва сѐ уште може да зададе сериозен удар и за земјоделските култури. Уште на почетокот на месецов температурите паднаа значително под просекот, а вегетацијата веќе беше започната за поголем дел од земјоделските култури. Сепак, агрометеоролозите смируваат, велејќи дека не се очекуваат големи штети врз земјоделските култури ...

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, стравува од нов економски удар предизвикан од противречните изјави на претседателот на САД Европа повторно стои на раб на голема економска неизвесност. Додека кризата на Блискиот Исток се заканува да предизвика нов енергетски шок, финансиските пазари нервозно чекаат што ќе направи Европска централна банка (ЕЦБ). Во центарот на вниманието е претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, која само за неколку ...

Добивај вести на Viber Во периодот што следи треба да се насочиме на производи кои имаат голема додадена вредност за да можеме да го јакнеме и бруто домашниот производ, но и економијата во државата. Очекувам трендот на стапка на раст над 3,5 проценти на реален БДП во услови кога Европа расте под 1 процент да продолжи во периодот кој следи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Виница. - Со консолидирење на европскиот пазар, кој е ...

Министрите за енергетика од Грција, Македонија, Бугарија и Србија на денешната средба во Атина порачаа дека енергетската безбедност, стабилноста на снабдувањето и отпорноста на системите претставуваат заедничка регионална и европска одговорност. На првата квадрилатерална средба посветена на енергетската соработка во Југоисточна Европа, министрите разговараа за идната енергетска поврзаност, интеграцијата на пазарите и зајакнувањето на ...

Американската администрација не го продолжи исклучокот од санкциите што привремено им дозволуваше на држави, меѓу кои и Индија, да купуваат руска нафта транспортирана по морски пат. Одлуката значи дека претходната дозвола истече без ново продолжување. Исклучокот беше воведен за да се ублажи притисокот врз снабдувањето и цените на енергенсите, во услови на нарушувања на пазарот поради кризата околу Ормускиот Теснец. Американското Министерство ...

Амбициозен план вреден милијарда долари за проширување и дополнителна безбедност на претседателскиот комплекс не доби зелено светло, откако беше блокиран поради процедурални причини. Одлуката предизвика реакции и отвори нова дебата околу начинот на носење вакви крупни проекти. Клучниот проблем лежи во тоа што предлогот бил оценет како премногу обемен за да помине преку поедноставена процедура. Тоа значи дека не може да биде усвоен без ...

Добивај вести на Viber Најмладиот и најбогат човек во источниот дел на Европската Унија, Михал Стрнад, парите од јавната понуда на акции на одбранбената компанија CSG ќе ги насочи во нов, диверзифициран инвестициски фонд за Европа и САД. Стрнад, 33-годишен чешки милијардер кого „Блумберг“ го рангира на врвот на листата на најбогати луѓе во источниот дел на ЕУ, основа инвестициска компанија со потенцијал до 10 милијарди евра за преземања во ...

Добивај вести на Viber На местото претседател на Управниот одбор на BMW AG, на кое досега беше Оливер Ципсе, официјално дојде Милан Недељковиќ, менаџер со српско потекло, кој досега беше директор за производство. - Со „Новата класа“ (Neue Klasse) на патиштата носиме генерација возила која поставува технолошки и емоционални стандарди. Профитабилноста и брзината се клучни во ова динамично опкружување - порача Недељковиќ при преземањето на ...

Добивај вести на Viber Холандија ќе им надомести на рибарите 13,5 милиони евра за зголемените трошоци за гориво, предизвикани од војната во Иран и кризата на Блискиот Исток, соопшти холандскиот министер за земјоделство Силвио Еркенс. Парите ќе им бидат ставени на располагање на холандските рибари за да се ублажи ударот од повисоките цени на горивото. Најголемиот дел од средствата доаѓаат од европски фонд кој првично бил наменет за одржливост ...

Добивај вести на Viber Цените на гасот за домаќинствата во главните градови на ЕУ пораснале меѓу почетокот на февруари и почетокот на април, што се поврзува со геополитичките тензии на Блискиот Исток. Во исто време, цените на електричната енергија во просек се намалиле, што покажува дека европските пазари на струја и гас се движат во различни насоки. Според Индексот на цени на енергијата за домаќинствата, цените на струјата за крајните ...

Нам од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ ни е јасно дека игрите на среќа редовно стануваат тема пред секои редовни или вонредни избори. Речиси сите политички партии служејќи се со популизам се обидуваат да печалат политички поени со радикални предлози за дислокација, намалување или целосно затворање на легалните објекти за игри на среќа. Притоа, никој од предлагачите не кажуваат, ниту пак изразуваат ...

Приказната која го поттикнуваше растот на европските акции почна да се распаѓа, а инвеститорите бараат посигурно засолниште од глобалниот енергетски шок и сè поагресивно вложуваат во компании поврзани со бумот на вештачката интелигенција (ВИ). Европските акции силно растеа пред војната на Блискиот Исток, бидејќи инвеститорите ја намалуваа изложеноста кон американскиот пазар и се насочуваа кон значително поевтините европски акции. Сепак, тој ...

Добивај вести на Viber Просечните плати значително се разликуваат низ Европа, исто како и трошоците за живот. Најновите споредби покажуваат дека највисоки плати имаат земјите од западна и северна Европа, додека најниски примања се бележат во делови од источна и јужна Европа. Според податоците на Евростат за 2023 година, просечната месечна приспособена бруто-плата за вработен со полно работно време во Европската Унија се движела од 1.125 евра ...

Во повеќе скопски општини, особено во Центар, Аеродром, Карпош и Кисела Вода, инвеститорите сè потешко наоѓаат купувачи за новоизградените станови. Дел од зградите кои до пред една година се продаваа уште во фаза на темели, денес остануваат со непродадени станови и по завршувањето на изградбата. „Пазарот влезе во период на заситување. Цените достигнаа ниво кое голем дел од граѓаните веќе не можат да го следат, особено со актуелните каматни ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54