Љубителите на филмови го избраа најтажниот филм на сите времиња, а победник, со голема предност пред конкуренцијата, е блокбастерот „Титаник“ (Titanic). Во анкета спроведена меѓу 2.ooo гледачи, филмот на Џејмс Камерон од 1997 година ги надмина класиците како „Бележникот“ (Note book) и „Дух“ (Ghost). Истражувањето, што го нарачана телевизискиот канал „Грејт романс“, покажа дека дури 41 отсто од испитаниците плачеле со трагичната љубовна ...

Најголемиот книжевен настан во земјава и оваа година ќе го претвори Скопје во централно место за љубителите на литературата. Саемот на книгата оваа година ќе се одржи под мотото „Отвори прозорец кон нови светови“, истакнувајќи ја моќта на книгите да нѐ однесат во авантури кои не сме можеле ниту да ги замислиме. Во периодот од 23 до 29 април, арената „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на читатели и љубители на книги, но и автори, културни ...

На 26 март со почеток во 19:30 часот, во Национална опера и балет ќе се одржи концертот „Австриска вечер на камерна музика“, настан кој ја слави богатата музичка традиција на Австрија. Концертот е посветен на делата на тројца великани на виенската класична школа – Волфганг Амадеус Моцарт, Јозеф Хајдн и Франц Шуберт. Публиката ќе има можност да слушне внимателно избрана програма со акцент на камерната музика, каде доминираат гудачките ...

Узбекистан ќе отвори нов Центар за современа уметност во историска поранешна дизел-електрана. Во првата сезона на изложбениот простор ќе учествуваат меѓународни уметници, придружен проект на Венециското биенале и културни фестивали низ целиот град. Првиот постојан Центар за современа уметност во Ташкент ја означува трансформацијата на поранешна индустриска електрана во нова културна институција за Узбекистан и поширокиот регион. Изградена во ...

На 10-ти март, на Санктпетербуршкиот државен универзитет за воздухопловна инструментација (SUAI) се одржа 4-тиот Меѓународен јавен и научен форум „Балкански дијалог 2026: Црна Гора – Русија“. Настанот беше посветен на споменот на извонредниот црногорски државник и црковна личност, митрополитот Василије Петровиќ Његош, чие последно почивалиште е во Санкт Петербург. Санктпетербуршкиот државен универзитет за воздухопловна инструментација и ...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ остро реагираше на обвинувањата за антисемитизам упатени од страна на израелскиот министер за надворешни работи, оценувајќи ги како неосновани и навредливи. Во својата изјава, Милановиќ употреби жестока реторика, нарекувајќи ги критичарите „пробисвети, убиствени манијаци и опасни типови кои мислат дека им е сè дозволено“. Тој додаде дека, според него, станува збор за луѓе кои „убиваат, газат и палат без ...

Средба насочена кон продлабочување на соработката меѓу Македонија и Народна Република Кина одржа Дарко Тодоровски, кој на социјалните мрежи информираше за разговорите со претставници на кинеските институции. Во фокусот на средбата биле унапредување на партнерството, меѓусебното учење и заедничкиот развој, како дел од пошироките напори за зајакнување на билатералните односи. Со господинот Чен Рунјун, потпретседател на Академијата за ...

Во време кога дигиталниот простор е преплавен со површна содржина, а фитнесот сè почесто се сведува на естетика и брзи резултати, ретки се гласовите што нудат суштина, контекст и вистинска вредност. Токму таму се позиционира подкастот „Бајкерот и Кросфитерот“, како автентична платформа што не се обидува да му угоди на алгоритмот, туку на сопствените убедувања. Зад него стојат Жарко Батиќ и Томе Попчевалиев, двајца спортисти со сериозно ...

„Јуниверзал“ потврди дека ќе снима биографски филм за „Бон Џови“. Филмот ќе се фокусира на раните години на рок-бендот, следејќи го неговиот подем од скромните почетоци во Њу Џерси до распродадените стадиони во 1980-тите. Филмот ќе го продуцираат Кевин Џ. Волш („Manchester By the Sea“, „House of Gucci“) и Готам Чопра, кој го режираше документарецот од четири дела „Thank You, Goodnight: The Bon Jovi Story“ од 2024 година. Засега нема ...

Кинеската компанија за играчки „Поп Март“ и „Сони“ објавија дека популарните кукли лабубу наскоро ќе добијат свој игран филм. Филмот „Лабубу“, кој ќе комбинира глума и компјутерски генерирана анимација, е во рана фаза на развој, соопштија двете компании. Филмот ќе го режира Пол Кинг, кој, меѓу другото, ги сними „Вонка“ и „Падингтон“. Не е познат датумот на излегување. Куклите лабубу станаа глобална сензација во последните години, а продажбата ...

Концертна промоција на новиот албум „Еден свет“ на „Конкеринг лајон“ ќе се одржи на 21 март во клубот „Јавна соба“ во Скопје од 21 часот. „Конкеринг лајон“ е даб/реге/кросовер состав од Тетово, формиран во 2007. Првиот албум „I“ го објави во 2009, по што следуваa „Know Your Wisdom“ (2011) и „Revelation“ (2013), со кои се наметнa како еден од поактивните реге бендови во регионот. Во текот на годините настапи во повеќе европски земји на иста ...

Американскиот актер Николас Брендон, најпознат по улогата на Ксандер Харис во популарната серија „Buffy the Vampire Slayer“, починал на 54-годишна возраст. Веста дека актерот починал беше потврдена во соопштение од неговото семејство објавено на Инстаграм. „Со скршено срце ја споделуваме веста за смртта на нашиот брат и син, Николас Брендон. Почина во сон од природна смрт“, соопштило семејството, додавајќи дека повеќето луѓе го познаваат по ...

Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“ го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2026 година. Меѓу нив се и три драми на македонски јазик: „Џинови и џуџиња“ од Владимир Јанковски, „Кој сум јас“ од Митко Чешларов и „104“ од Драгана Лукан Николоски. Во конкуренција на 1.430 пријавени дела од автори што пишуваат на некој од европските јазици се најдоа и осум текстови напишани на македонски јазик. ...

Кавадарци, 19 март 2026 (МИА) - Во градската библиотека „Феткин“ во Кавадарци, синоќа беше промовирана збирката раскази „Облогот“ од Станка Бајлозова Барламова. Книгата е во издание на издавачкиот центар „ТРИ“, а за нејзините книжевни вредности и пораки говореше професор Весна Мојсова Чепишевска, која беше промотор на ова дело. Таа, меѓу другото, подвлече дека ова се приказни кои без проблем ги минуваат границите на македонскиот јазик и кои ...

Гевгелија, 19 март 2026 (МИА) - Во организација на Библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија, на 26 март ќе се промовира последното издание на филмскиот критичар Влатко Галевски, „Калиграфи на филмското писмо“. Настанот е закажан во 19 часот во хотелот „Аполонија“, а промотор на изданието е проф. д-р Александар Прокопиев. Изданието на Галевски прикажува иновативен филмолошки концепт во толкувањето на делата на дванаесет мајстори на филмот меѓу ...

Ви го споделуваме посланието што во чест на 21 Март, Светскиот ден на поезијата, го упати авторот Жарко Кујунџиски, од името на Македонскиот П.Е.Н центар. Настанот беше во Македонската академија на науките и уметностите. Пишува: Жарко Кујунџиски Дали е случајно што на осумдесетиот ден од годината, кога календарот ја отвора или штотуку ја отворил вратата на пролетта, го одбележуваме и Светскиот ден на поезијата? Можеби се тие аверс и реверс на ...

По повод празникот Фитр Бајрам, муфтијата Х. Амит еф. Расими упати честитка до верниците, во која посака мир, здравје и благосостојба. Во продолжение интегралниот текст од честитката: Во името на Аллах, Милостивиот, Семилосниот قَدْ اَفْلَحَ مَنْ تَزَكّٰىۙ وَذَكَرَ اسْمَ رَبِّهٖ فَصَلّٰى„Успеа оној кој се очисти, го спомнува името на својот Господар и намаз извршува.“ (Ел-А‘ла, 14-15) Почитувани верници, браќа и сестри, Со срца исполнети со ...

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 325, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (20-22.3.2026), во формат на четири страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со сликарот Свето Манев за циклусот „Човек, средство, цел“: Уметноста ми овозможува да останам во дијалог со светот – современата австриска уметност во Чифте амам е претставена со дела инспирирани од природата, животот и просторот – во објектот ...

Театарот за деца и младинци – Скопје на 13 март премиерно ја изведе претставата „Садако сака да живее“, во режија и драматизација на Тамара Кучиновиќ од Хрватска, работена според мотиви од истоимениот роман на Карл Брукнер. Претставата е инспирирана од вистинската приказна за Садако Сасаки – девојчето од Хирошима кое, по трагичните последици од атомската бомба, стана светски симбол на мирот, надежта и волјата за живот. Низ емотивна приказна, ...

Регионалниот музички фестивал „Бисер Јадрана 2026“ официјално го отвори конкурсот за нови авторски композиции во категориите поп, забавна и медитеранска музика, нудејќи можност за нови хитови и голема сцена за изведувачите од целиот регион. Конкурсот е отворен од 24-ти февруари до 24 мај 2026 година, а авторите и изведувачите треба да испратат демо верзија (mp3 формат) од својата песна, при што композициите мора да бидат целосно нови – ...

Замислете ноќ исполнета со елеганција, мир и врвна уметност. Моцарт, Хајдн и Шуберт се композитори чие творештво не старее, туку од година в година се продлабочува и ја зголемува својата вредност, велат од Национална опера и балет. Во секојдневието исполнето со обврски, стрес и брзо темпо на живот, ретко си дозволуваме момент за себе. Момент во кој ќе застанеме, ќе здивнеме и ќе почувствуваме нешто вистинско. И, токму тука најчесто губиме, ...

Агенцијата за филм на РСМ и Бирото за развој на образованието потпишаа Меморандум за соработка со кој започнува партнерство насочено кон унапредување на наставата преку филмската уметност. Преку оваа соработка, филмот ќе се користи како едукативна алатка што ќе поттикне креативно и критичко размислување кај учениците, а наставниците ќе добијат нови ресурси и поддршка за работа. Чекор поблиску до современо и инспиративно образование. ...

Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечерва беше отворена самостојна изложба на скулпторот Ангел Коруновски насловена „Лица“ во која се неговите видувања на незабележителните лица на глобализацијата – анонимните, занемарените и замолчените поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот свет. Во изложените дела Коруновски преку синтеза на колаж, гест, акција и апстракција, го визуелизира човечкото присуство што ...

По повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март, кој оваа година се одбележува под мотото „Правата на децата на сцена“, македонската порака ја пренесе м-р Јулијана Мирчевска, претседателка на Македонскиот национален центар на детски театри АСИТЕЖ Македонија. „На сцената каде што светлината нежно паѓа, детските соништа добиваат глас. Денес не славиме само театар, денес славиме нешто навистина посебно – правото на секое дете да сонува, да ...

„Прибежиште во зборот“ и збирката анегдоти „Дешавки“ на струмичкиот автор Ацо Ѓоргиев се двете нови книги кои деновиве ги промовираше издавачката куќа „Македоника литера“. Поетската книга „Прибежиште во зборот“ содржи околу четириесет песни, распоредени во три циклуси. Во поговорот на изданието, Даниела Пејева истакнува дека зборот во поезијата на Ѓоргиев е дом на смислата, мерка на совеста и место на човечката вистина. Втората книга, ...

Димче Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски актер и хуморист. Исто така тој е татко на познатата македонска пливачка, Наташа Мешковска. Матична сцена на Мешковски била Драмски театар – Скопје. Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични ...

Нашиот реномиран ликовен уметник Дејан Иванов-Маргуш сподели убава вест со јавноста, откако доби благодарница за донацијата на уметничко дело, како дел од една значајна и хумана иницијатива. Свечениот настан се одржа завчера во Амфитеатарот на Интерните клиники, по повод примопредавањето на донираните уметнички дела на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во рамки на настанот, на уметниците донатори им беа доделени благодарници како ...

Писателот Анде Јанков на малата сцена во Велешкиот театар го промовира своето најново дело „Memento Mori “, петто од неговиот серијал со полицискиот инспектор Виктор Николов. Книгата ја промовира Софија Стојков, а извадоци читаше професорката и писателка Соња Карбева. Како што појасни промоторката Стојков, петтиот дел на серијалот за полицискиот инспектор Виктор Николов е своевиден трактат за филозофијата на стоицизмот. -И тоа не само заради ...

Театар „Провокација“ почна со редовен репертоар на детски претстави во Бистро „Комедија“. Претставите се играат секоја недела, со почеток од 12:00 часот. -Ова е начин да се создаде уште едно катче, каде децата и родителите ќе уживаат во едукативните претстави на овој театар, кој со години е посветен на најмладата публика, соопштуваат од Театарот Оваа недела на 22 март децата ќе можат да го погледнат мјузиклот „Штурците и мравките“. ...

„Сентиментална вредност“ (Sentimental value) од Норвешка во режија на Јоаким Триер ќе може да се погледне вечер со почеток во 20 часот во „Кинотека“. Трае 133 минути и се работи за интимна и емотивна приказна за татко и две ќерки кои повторно се среќаваат по години емоционална дистанца. - Преку тивки моменти и недоречени разговори, филмот истражува вина, љубов и потреба од простување. Суптилна и меланхолична медитација за семејните врски, се ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
76%
1017
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
46%
1018
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
43%
1021
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
76%
1016
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.65
73%
1015
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1021
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
6.17
77%
1012
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
58%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
93%
1015
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
60%
1016
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
33%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
78%
1016
Currency

61.645

Currency

52.6183

Currency

71.0956

Currency

37.6837

Currency

38.5248

Currency

67.1488

Currency

7.70987

Currency

0.70065

Currency

0.32997

Currency

0.52528

Currency

1.1713

Currency

0.56113

Родиум

326330.08

Рутениум

53788.20

Платина

66584.20

Сребро

2508.22

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.62

Калај

51.07

Паладиум

50026.56

Цинк

0.00

Злато

153002.26

Бакар

12.18

Кобалт

45.39