Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Во пресрет на скопските концерти во Филхармонија кои се закажани за 14 ноември и 6и 7 декември, Калиопи за денес го најави излегувањето на новата песна „Добра вечер и лека ноќ“. И’, се случи точно во 12 часот на нејзиниот канал на Јтјуб можевме да ја слушнеме „Добра вечер и лека ноќ“. Песна со многу моќен текст и мелодија која „влегува во уво“ и после второто слушање ќе почнете да ја потпевнувате. Песната освојува а сега останува да го ...
Фестивалот SCREAM 2025 — Голема рок посвета за Бора Чорба на 1 ноември во арената „Борис Трајковски“ На 1 ноември 2025 година, арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе стане центар на најголемото рокенрол славење на годината – фестивалот SCREAM, кој ќе обедини три легенди на балканската музичка сцена: Влатко Стефановски Трио, Рибља Чорба и Галија. Оваа година, настанот добива специјално значење – тој ќе биде свечена рок посвета на човекот кој ...
Синоќа во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, се одржа концерт на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ кој заврши со вистински инцидент. Според очевидци, за време на настапот пејачката во еден момент развила бугарско знаме, што предизвикало бурна реакција кај присутните. Се обидел да интервенира и Мики Секуловски но бадијала – штетата веќе била направена – публиката видела како српската пејачка го развива и бакнува бугарското знаме. Публиката ...
Тој откри дека, според него, жената која му помогнала претходниот ден во Велес – фанклуберка на Цеца – била изманипулирана и дека не верува дека пејачката го направила гестот намерно. „Жената која ми помогна да го отсонувам сонот вчера во Велес била изманипулирана и тоа од свој верен фан, девојка која доаѓа на сите нејзини концерти. Како и зошто, тоа е друго прашање,“ напиша Станишиќ. Тој апелираше јавноста да не ги меша уметниците со ...
Синоќа арената „Борис Трајковски“ беше исполнета до последното место — „Скрим фестивалот“ повторно ги собра љубителите на вистинскиот рок звук и ги обедини генерациите во четиричасовен музички спектакл. 🎤 Први на сцената излегоа „Рибља Чорба“, кои настапија со новиот вокал Јован Јефтиќ. Тој со многу емоција и енергија ги изведе најголемите хитови на легендарниот Бора Ѓорѓевиќ, а публиката возврати со громогласни аплаузи и заедничко пеење на ...
Дона Жан Годшо-Мекеј, мецосопранот позната по својата работа со рок-групата „Грејтфул Дед“ и по придружните вокали на песни како што се „Suspicious Minds“ на Елвис Присли и „When a Man Loves a Woman“ на Перси Слеџ, починала на 78-годишна возраст од рак, потврдил нејзиниот портпарол. Родена како Дона Жан Тачер во Флоренс, Алабама, таа ја започналасвојата кариера како студиска пејачка, пишува „Гардијан“. На почетокот на 1970-тите, заедно со ...
Младиот и сè попопуларен хрватски музичар Јаков Јозиновиќ ќе ја заврши годината со настап на едно од најатрактивните новогодишни места во регионот — Страдун во Дубровник. Иако главна ѕвезда на вечерта ќе биде Дино Мерлин, Јозиновиќ ќе ја загрее публиката со својот препознатлив настап, а на сцената ќе се појави и Хилсон Мандела, што ветува вечер исполнета со музика, енергија и забава до раните утрински часови. View this post on Instagram A ...
Синоќа, сцената на Националната опера и балет беше претворена во храм на сеќавањето и љубовта. Концертот „Летај галебе“, посветен на маестро Кире Костов, беше повеќе од вечер исполнета со музика – беше вечера со душата на еден човек што живее низ секој тон, секој стих, секој здив на публиката. Од првиот миг, кога музичарите се појавија на елегантната и топла сцена, во воздухот се почувствува нешто посебно. Како да ќе се случи чудо. И се ...
Само неколку дена по премиерата, новата песна „Najskuplja“ на Тијана Дапчевиќ веќе се вбројува меѓу најмоќните и најкоментираните регионални изданија. Со речиси 50.000 прегледи за рекордно кратко време, публиката ја прегрна како едно од најзрелите и најемоционалните поглавја во нејзината кариера. Баладата го носи препознатливиот печат на Тијана – силна вокална приказна, драматичен израз и доза на театрална сензуалност. Но овде таа оди чекор ...
Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, на 9 декември, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше доделена наградата „Пегаз“ за 2025 година на писателката Фросина Пармаковска за романот „Кривата Дијана“. Препорачано Ракописот „Кривата Дијана“ (со поднаслов „Роман за верижната вина“) е книга на актуелниот момент, кој трае повеќе од три децении во мерливо време, а многу подолго кога се мери со ...
На само два до три часа возење од Скопје, северозападно од Ниш, се наоѓа Хумска Чука – археолошко наоѓалиште со огромно историско и културно значење. Локалитетот, сместен кај селото Хум, претставува остатоци од праисториска населба што датира од неолитот, означувајќи го преминот од камено во метално доба. Поради природното возвишение и доминацијата над Нишката котлина, Хумска Чука била стратешки важна за контрола на регионот, од Сиќевачката ...
Скопје, 13 декември 2025 (МИА) - На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведено комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини кое со својата духовитост, динамика и незаборавни арии со децении ја плени домашната и светската публика. Изведбата е под диригентската палка на Џанлука Мартиненги (Италија), режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценографијата на Марија Ветероска, а костимографијата на Марија ...
„За нас почнува живот“ е современа трагикомедија за човекот кој сонува…што ќе биде изведена в понеделник од 20.00 часот на сцена 105. „„За нас почнува живот“ не се занимава со големите наслови на светот – туку со тишината меѓу двајца, со зборовите што не се кажани, со љубовта што опстојува и кога е скршена… Оваа претстава не е бајка. Таа е огледало. И во тоа огледало не се гледа совршенство, туку мали луѓе со големи соништа, заробени меѓу ...
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со голема чест и задоволство ја најавува својата кулминација на сезоната-Годишниот концерт-„Ритамот на душата, бојата на традицијата“ Дата: 20.12.2025 Сабота Место: Национална Опера и Балет Време: 19:30 часот Ова е вечер кога сцената ќе оживее со „Ритамот на душата, бојата на традицијата“- мотото под кое се одвива тековната концертна сезона. Подгответе се за незаборавно патување низ ...
Низ спектарот на загуби, од обичните изгибено клучевите до загубата на љубовта на својот живот, сепак ништо не е понезамисливо, понеразбирливо во своето неприродно кршење на битието и времето, од загубата на дете од страна на еден родител. Ернест Хемингвеј (21 јули 1899 – 2 јули 1961) во своите дваесетти години живеел во Франција каде се спријателил со Џералд и Сара Мерфи. Кога двојката се вратила во Америка нивниот син, Баот, починал по ...
Екипата на весникот ВЕЧЕР, која деновиве во Драмски можеше да ја почувствува атмосферата при подготовката на оваа долгоочекувана претстава за публиката – „Болва в уво“, ги затече актерите, кои првпат ги имаа облечено костимите и си делеа комплименти за својот изглед. Се подготвуваа и се шминкаа пред да излезат на сцената, на која се фотографираа и за официјалниот плакат за претставата Колоритно, динамично, интересно, со многу смеа помина ...
Бојана Скендеровски го одржа првиот солистички концерт вчера (13 декември) во Филхармонијата во Скопје. „Ова го чекав 23 години“, рече на почетокот поп-пејачката која почна да пее во талент шоуто „М2“, а потоа како дебитант победи на Макфест во 2003. „Кога настапив првпат на Макфест бев студент. Татко ми ми рече дека нема да настапам ако не положам испит прво. ‘Ако сакаш да пееш на Макфест ќе учиш’, ми кажа татко ми. Макфест за мене е ...
„Кога ја снимивме првата песна немавме пари за професионално студио. Имавме камперска маса со чадор во студиото. На чадорот ставивме јаболија и така направивме импровизирана глува соба“, рекоа браќата Дарко и Жарко Масларковски на прославата на 30 години од основањето на рап дуото „Пука козметика“ вчера (13 декември) во Младинскиот културен центар (МКЦ). Славењето почна со подкаст кој од позадина го водеше радиоводителот Јово Брамс. На ...
Исклучителен шпански трилер „Пиги“ во режија на Карлота Переда, ќе има специјална проекција утревечер во 20 часот во Кинотеката на Македонија. Вознемирувачкиот филм ѝ го отвори патот на режисерката Переда кон меѓународната сцена и ја утврди како едно од најзначајните имиња во современиот хорор. Настанот се реализира како соработка на Кинотеката на Македонија и Амбасадата на Шпанија во нашата земја. Во задушливото лето на рурална Екстремадура, ...
Македонската режисерка Тамара Котевска присуствуваше на затворен ВИП ручек и специјална дискусија посветена на филмот One Battle After Another, заедно со холивудските актери Леонардо Ди Каприо, Бенисио Дел Торо, Тијана Тејлор и Регина Хал. Како член на Академијата за филмска уметност и наука, Котевска беше единствениот претставник од областа на документарниот филм меѓу поканетите гласачи. Нејзиното присуство доаѓа во година кога нејзиниот ...
Македонската претставничка на „Јуниор Евросонг“, прекрасната Нела Манчевска го освои седмото место на музичкиот натпревар што се одржа во главниот град на Грузија, Тбилиси. Нела, која пред публиката се претстави со песната „„Miracle“, облечена како самовила имаше одличен сценски настап. Нела го заврши натпреварот со вкупно 141 поен, добиен со комбинирано гласање на стручна жити-комисија и публиката. Понедник на ова, 23. издание на „Јуниор ...
Три книги кои ќе ви го стоплат срцето, совршени за празничните денови Новогодишните и божиќните празници носат многу топлина и убави чувства, па такви се и книгите што ви ги препорачуваме овој викенд. Замислете ја следнава ситуација - седнувате дома под ќебе, чајче или топло чоколадо и лесна книга покрај вас која ќе направи да се чувствувате убаво, исто како во филмовите или на идиличните фотографии од списанијата. Но, зошто да не го ...
Со проекција на „13. ДЕН“, долгометражен игран филм од 84 минути, вечерва ќе биде затворено јубилејното 10. издание на Меѓународниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“. Во свет растргнат од прогон, војна и угнетување, три деца беа избрани да ја пренесат пораката на Пресвета Богородица за надеж на светот. Ова е едно од најголемите чуда на Пресвета Богородица во историјата на светот, кога Сонцето танцуваше на ...
Тамара Котевска беше поканета на затворен ВИП ручек и дискусија за филмот ONE BATTLE AFTER ANOTHER со целиот каст: Леонардо Ди Каприо, Бенисио Дел Торо, Тијана Теклор, Чејс Инфинити, Регина Хал. Како член на Академијата и гласач, Тамара Котевска беше единствениот претставник на документарни филмови меѓу 30тината избрани и поканети холивудски гласачи на ВИП ручекот и дискусија со холивудските актери од ONE BATTLE AFTER ANOTHER на Пол Томас ...
Иван Антонов е роден во село Ума, Гевгелија, на 01 мај 1924 година. Тој беше доајен на македонското радио и телевизиско спикерство, човекот со најрадиофоничниот и најпознатиот машки глас во Македонија. Антонов беше меѓу десет најпопуларни личности во Македонија помеѓу 1947 и 1983 година. За сите генерации слушатели на Радио Скопје или гледачите на Телевизија Скопје, Антонов беше и ќе остане еден од ненадминатите спикери. Спикерската кариера ...
-70 години, 70 факти – седум децении љубов, посветеност на КУД “Илинден“ – Битола, но и традиција што се пренесува од генерација на генерација, сето тоа беше на незаборавна вечер исполнета со љубов, култура и свеченост на јубилејниот концерт на “Илинден“. Под мотото „Од кога започна сè… со љубов продолжува“, Културно-уметничкото друштво „Илинден“ – Битола вечерва во Центарот за куктура во Битола го одржа својот голем јубилеен концерт, по ...
Во време кога сè почесто зборуваме за кризи, неизвесност и борба за опстанок, хуманоста останува најсилниот одговор на сиромаштијата и гладот. Зад статистиките и бројките стојат реални човечки приказни – празни трпези, семејства кои се борат да преживеат и деца за кои основните потреби сè уште не се секојдневие. Токму во такви моменти, солидарноста и несебичната поддршка добиваат вистинско значење, покажувајќи дека општеството има сила да се ...
Нашата Нела Манческа „растури“ со изведбата на Јуниор Евросонг 2025 – погледнете го настапот и гласајте за нашата самовила (видео) Со моќна изведба на песната „Miracle“, со својот волшебен глас и самовилски изглед, Нела ја освои сцената додека ја претставуваше Македонија на Јуниор Евросонг - погледнете го нејзиниот настап и гласајте за неа. Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржа 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја ...
На Универзитетот „Скопје“ денеска беше промовиран јубилејниот македонски буквар „Абецедарот – сто години потоа (1925–2025)“, капитално издание кое ја одбележува стогодишнината од печатењето на „Абецедарот“ во Атина. Книгата содржи авторски текстови од проф. д-р Нада Јурукова, проф. д-р Виолета Ачкоска и проф. д-р Елка Јачева Улчар. Јубилејното издание е составено од два дела. Во првиот дел се поместени научни статии кои го анализираат ...
На 15 декември во 14 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп ќе биде отворена изложба од Петра Јованоска и Рафаел Ристовски. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Во оваа заедничка изложба, Петра Јовановска и Рафаел Ристовски ќе создадат еден вид уметнички дијалог, каде двата различни пристапи — тој на Јовановска преку симболиката на геометриските форми и емоционалната порака, и ...