Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли шпекулациите дека САД би можеле да се повлечат од Алијансата, оценувајќи дека такво сценарио не е реално. Тој истакна дека американската нуклеарна заштита за Европа не е доведена во прашање, нарекувајќи го „крајна гаранција за безбедноста“. Во последните недели, изјавите на Доналд Трамп предизвикаа загриженост, откако тој ги критикуваше сојузниците за недоволна поддршка, особено во контекст ...

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација со цел непречено обезбедување на мамографски прегледи за жените од источниот регион. Во таа насока, директорите на Клиничка болница Штип и Општа болница Кочани договорија взаемно решение со кое се овозможува континуитет на услугата. Мамографиите ќе се изведуваат во Општата болница во ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) алармира за сериозен пад на странските директни инвестиции во Македонија, повикувајќи на политичка одговорност од актуелната власт. Според партијата, во 2025 година инвестициите се намалиле за 61% во однос на претходната година, достигнувајќи вредност од 468 милиони евра, што го оценуваат како „еден од најслабите резултати во регионот и тежок сигнал за економијата на државата“. Во соопштението се ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Венко Филипче и СДСМ стануваат сѐ поарогантни и дека делуваат целосно отуѓени од реалноста, оценувајќи дека наместо да се занимаваат со состојбите во Македонија, се фокусираат на политички случувања во други држави. „Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија“, велат од партијата. Во соопштението се наведува ...

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ангажирал странска приватна разузнавачка компанија за следење на опозицијата и, како што велат, фабрикување афери. Во соопштението се наведува дека станува збор за Black Cube, израелска приватна разузнавачка компанија, која СДСМ ја опишува како „приватен Мосад“, позната по „следење, собирање информации, провокации и фабрикување ...

Актерката Натали Портман (44) е бремена и го очекува своето трето дете, прво со партнерот Тангуј Дестабл. Среќната вест ја споделила во интервју за магазинот Harper’s Bazaar. „Тангуј и јас сме неизмерно возбудени… исклучително сум благодарна“, изјавила таа. Веста доаѓа една година по разводот со поранешниот сопруг Бенжамен Милпје, со кого има две деца. Портман и нејзиниот партнер се во врска од минатата година, а актерката и понатаму ја чува ...

Тензиите околу Ормуски теснец и понатаму се високи, додека светските лидери изнесуваат спротивставени ставови за решавање на кризата. Додека американскиот претседател Доналд Трамп најавува напредок во преговорите, Иран се заканува со затворање на овој клучен поморски правец доколку продолжи американската блокада. Во меѓувреме, европските сили подготвуваат меѓународна мисија за заштита на пловидбата. Трамп: Преговори за викенд, блокадата ...

Припадник на Армијата со брза реакција спречил ширење на пожар под Кале. Од оганот биле зафатени неколку паркирани автомобили на поранешниот полигон за обука за моторни возила, но професионалниот војник кој бил на заминување од рабоното место ги забележал возилата во пламен и веднаш дејствувал. „Денес, околу 15:40 часот, на поранешниот полигон за обука за моторни возила (наспроти Националната Арена „Тодор Проевски“), професионалниот војник ...

Економијата на Мицкоски доживеа дебакал, се фали со „трета економија во Европа“, а во реалноста – тотален дебакл и губење на инвестициониот момент, објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на социјалната мрежа фејсбук. Во објавата Филипче посочува дека во 2024 година, во периодот на владата на СДСМ, странските директни инвестиции достигнале рекордни 1,255 милијарди евра, а само една година подоцна, под Мицкоски, инвестициите паднале на ...

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе соработуваат со Иран за собирање на збогатениот ураниум и да го вратат во САД, објави Ројтерс. „Ќе го решиме тоа заедно. Ќе влеземе со Иран, со бавно и лежерно темпо, ќе се спуштиме и ќе почнеме да го ископуваме со големи машини. Ќе го вратиме во САД“, рече Трамп за време на телефонско интервју, пренесува медиумот. Тој исто така спомена „нуклеарна прашина“ и додаде дека таа ќе биде ...

Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека повеќе од 10 земји се подготвени да придонесат со средства за одбранбената мисија, чија цел е да се врати слободната пловидба во Ормускиот теснец. „Ќе го продолжиме ова со конференција за воениот план во Лондон следната недела, каде што ќе објавиме повеќе детали за составот на мисијата и повеќе од десетина земји веќе понудија да придонесат со средства“, изјави Стармер за новинарите во Париз, ...

Според Глобалниот индекс за рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот за 2025 година, Нов Зеланд, Ирска, Белгија, Германија, Норвешка, Данска, Канада и Австралија се меѓу осумте земји кои најмногу се издвојуваат по оваа рамнотежа. Индексот е составен врз основа на индикатори како што се законски годишен одмор, боледување, платено породилно отсуство, минимална плата по час, пристап до здравствена заштита, просечен број работни часови ...

Европа очекува војната во Украина да заврши до 2030 година, давајќи ѝ неколку години за подготовка за можни закани од Русија, изјави началникот на белгискиот Генералштаб Фредерик Вансина во интервју за „Ле Соар“. „2030 година ќе биде тежок период за Европа. Дотогаш се надеваме дека војната во Украина ќе заврши. Русија ќе има армија од 650.000 до 700.000 искусни војници“, предупреди тој. Тој верува дека дотогаш Европа мора да ги зајакне ...

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, за време на војната во Иран, му ги покажал на светот вистинските способности на Соединетите Американски Држави, имено дека тие не се семоќни. „Трамп му покажа на целиот свет дека Соединетите Американски Држави не се семоќни. Во однос на нивната моќ, тие се супердржава, но не и суперсила. Сите го разбраа тоа“, изјави Лукашенко за „Рашa ...

Иран постави три услови за премин на бродови низ Ормускиот теснец, објави денес агенцијата „Тасним“, повикувајќи се на извор во Врховниот совет за национална безбедност на Иран, кој исто така изјави дека Техеран ќе го затвори теснецот ако САД продолжат со поморската блокада. Според изворите на иранската агенција, првиот услов за премин низ Ормускиот теснец е бродовите да бидат комерцијални, додека движењето на воени бродови е забрането, а ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата на САД во земјава Никол Варнс, со која разговараше за приоритетите од аспект на подобрување на работата и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство. Савески се заблагодари за континуираната американска поддршка за унапредување на целокупниот систем за владеење на правото, а особено за функционирањето на ...

Добро е што Венко Филипче од Блиски Исток сега се концентрира на европски простор, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Но тоа не се случи затоа што Филипче се отрезнил и сфатил дека, сепак, фокусот треба да му биде на Македонија и на Европа, туку тоа е резултат на кризата во тој дел на светот, каде што во друштво на Зоран Заев беше чест посетител, инвеститор и сопственик на недвижности и на златна виза. Туку да го прашаме, им кажа ли Филипче на ...

Директното учество на европските земји во конфликтот околу Украина се зголемува, а сите детали за ова прашање беа презентирани во соопштението за медиумите на руското Министерство за одбрана, според кое Москва го смета ова за чекор што води кон ескалација на воено-политичката ситуација и предупредува дека нападите врз Русија ќе доведат до непредвидливи последици, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков на ...

Шпанската кралица Летиција привлече внимание за време на појавувањето во Мадрид со својот сопруг, 58-годишниот крал Фелипе. Кралскиот пар посети угостителско училиште, а во таа прилика 53-годишната кралица уште еднаш покажа дека седата коса може да изгледа елегантно, модерно и многу негувано. Природен изглед кој совршено ѝ стои Летиција остана верна на својот препознатлив, природен стил. Косата ја носеше долга и права, со разделба на страна, ...

Десет години по референдумот за Брегзит, поддршката за повторно приклучување кон Европската Унија расте меѓу британските гласачи, при што повеќе од половина од испитаниците ја поддржуваат опцијата. Анкетата, исто така, покажува дека повеќе од 80 проценти од поддржувачите на Лабуристичката партија, Либералните демократи и Зелените сакаат целосно враќање во членството во ЕУ, а не само во единствениот пазар, пишува „The Guardian“. Експертите ...

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека меѓународниот систем поминува низ длабока „морална и егзистенцијална криза“, предупредувајќи на зголемувањето на глобалните конфликти, неправдата и слабеењето на постојните механизми на меѓународното право. Турскиот претседател, говорејќи на Дипломатскиот форум во Анталија, рече дека е потребно да се зајакне мултилатерализмот и „пофер претставување во глобалниот систем“. ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамки на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул, оствари билатерални средби со претседателот на Сенатот на Кралството Белгија, Винсент Блондел, и со првиот потпретседател на Врховната рада на Украина, Олександр Корнијенко. На средбата со Блондел, беше потврдена добрата и стабилна соработка меѓу двете земји, како и заедничката определба за нејзино понатамошно унапредување. ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи соопшти дека Ормускиот теснец е целосно отворен за сите комерцијални бродови за време на траењето на примирјето во Либан. Пловидбата, како што е наведено, ќе се одвива по рутата утврдена од иранската Организација за пристаништа и поморство. Одлуката доаѓа во пресрет на состанокот на европските лидери посветен на деблокада на овој клучен енергетски коридор. На веста од Техеран реагираше и ...

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија, што се одржува од 15 до 19 април 2026 година во Истанбул. Делегацијата ја предводи претседателот на Собранието и шеф на Делегацијата во ИПУ, Африм Гаши, а во нејзин состав се пратениците Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Арбана Пашоли и Јована Мојсоска, како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, која ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска оствари средба со Н.Е. Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена одличната соработка меѓу двете држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. На средбата се разговараше за продлабочувањето на билатералната соработка, особено во делот на сајбер безбедноста, во контекст на неодамнешната средба во ...

Победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, изјави дека се уништуваат документи од периодот на заминувачката влада на Виктор Орбан и ги повика сите што имаат сознанија за тоа да ги пријават. Тој додаде дека е отворена онлајн платформа на која можат да се пријават свиркачи. „Сите кои учествуваат во вакви криминални активности ќе одговараат кога ќе се формира новата влада“, напиша Маѓар на Фејсбук. Се очекува Маѓар да положи заклетва како ...

Филипче се однесува како Алиса во земјата на чудата, СДСM е партија на лагите и конструкциите, живеат во свој свет полн со апсурд и фантазија, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека Социјалдемократскиот сојуз и Филипче, по поразот на локалните избори на кои дојдоа до 130 илјади гласови, најмалку во нивната историја, излегоа на прес-конференција и велеа дека тоа било одличен резултат. Во однос на меѓународните договори, ...

Светот влегува во сериозна економска турбуленција. Земјите веќе се организираат, разговараат за економскиот раст, инфлацијата, носат мерки и водат сериозни политики за заштита на своите граѓани. Македонија не смее да доцни, пишува претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, во својата објава на социјалните мрежи. Зајкова изминатите неколку денови е во Вашингтон, С.А.Д., на Пролетните ...

Полициска акција во Прилеп открила десетици стари монети во домот на 41-годишен прилепчанец, по што против него е поднесена кривична пријава. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ОВР Прилеп поднел кривична пријава против П.В.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита на културно наследство и природна реткост“. При претрес во домот на ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
0.95
33%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.29
82%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
3.48
79%
1015
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.7
40%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.24
36%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
75%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.47
49%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.62
37%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.92
46%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
4.92
52%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
2.68
45%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.36
56%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Паладиум

42535.44

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Алуминиум

3.46

Злато

139690.59

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Бакар

13.10

Платина

57324.78

Сребро

2269.46

Кобалт

45.39