Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи. Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека ...

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска во врска со Гренланд, во неделата со заедничка изјава предупредија дека таквите мерки носат ризик. „Заканите со царини ги поткопуваат трансатлантските односи и носат ризик од опасна надолна спирала. Ќе останеме обединети и координирани во нашиот одговор. Посветени сме на заштитата на нашиот суверенитет“, се ...

Во голем пожар што зафати трговски центар во центарот на Карачи, најголемиот град во Пакистан, загинаа шест лица, а 11 се повредени, објави „Ројтерс“. Пожарот избувнал во саботата навечер во трговскиот центар „Гул Плаза“, по што брзо се проширил од приземјето кон горните катови и ја зафатил речиси целата зграда. Противпожарните екипи интервенирале во текот на ноќта за да го спречат ширењето на огнот во густо населената деловна зона. Во ...

Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“ Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници. Синдикатот предупреди и на ...

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана. Пациентот бил донесен со развиена масивна пневмонија и акутен респираторен дистрес синдром. Не бил вакциниран за сезонски грип, иако бил во групата на пациенти што требало да примат сезонска вакцина. Имал претходни белодробни заболувања. Ова е втор смртен случај поврзан ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ќе учествува на Лидерскиот состанок (Davos Leadership Gathering), кој ќе се одржи во Давос, во периодот од 19 до 22 јануари. Лидерскиот состанок во Давос ќе собере светски лидери, економисти, банкари и експерти од различни области, со цел дискусија за глобалните предизвици и меѓународните економски развои. Првиот заменик-претседател ќе се обрати на форумот во ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, и на денешната прес-конференција побара Јавното обвинителство итно да ги провери наводите за притисок врз Жан Митрев да ја продаде болницата, оценувајќи дека се работи за сериозни обвинувања кои бараат одговорност. Стојаноски повикувајќи се на телевизиското интервју на Жан Митрев, рече дека во времето кога СДСМ била на власт, поранешниот премиер Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче ...

По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија. Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин. View this post on Instagram ...

Насилното преземање на Гренланд од страна на САД би значело „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО и поранешен дански премиер Андерс Фог Расмусен, пренесува „Фајненшел тајмс“. Расмусен го спореди јазикот што го користи Доналд Трамп за Гренланд со јазикот на „гангстери“ во Русија и Кина, кои САД, според него, би требало да се обидат да ги контролираат. „За мене тоа беше болен процес. ...

Петтиот кат на станбена зграда во 11. арондисман во Париз се урнал во текот на изминатата ноќ врз четвртиот кат од истата зграда, во момент кога околу педесет лица биле собрани на забава во станот чиј под се урнал, при што 20 лица биле повредени, соопшти противпожарната бригада во француската престолнина. При уривањето на катот од зградата, кое се случило кога подот на приватен стан на петтиот кат се урнал за време на прослава, едно лице ...

Шпанскиот премиер, Педро Санчес, изјави дека евентуална американска инвазија на Гренланд би го направила рускиот претседател Владимир Путин најсреќниот човек на светот. „Ако се фокусираме на Гренланд, морам да кажам дека американска инвазија на таа територија би го направила Владимир Путин најсреќниот човек на светот. Зошто? Затоа што би го легитимизирала неговиот обид за инвазија на Украина“, рече Санчес во интервју за весникот ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР. Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени. Текстот Променливо облачно време со врнежи од дожд ...

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија. Кај 10 оператори, со ...

Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони. „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири. Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири ...

Актерката Лина Еско откри дека таа и Бен Афлек често се смееле и кикотеле за време на снимањето интимни сцени во новиот филм The Rip, наместо да бидат сериозни. „Само се кикотевме“, изјави Еско на премиерата во Њујорк на 13 јануари. „Бевме како две луди личности што се забавуваа.“ Во филмот, Еско ја игра капетанката Џеки Велез, а сцените во спалната со Афлек ѝ останале во посебно сеќавање. Таа го опиша Афлек како драг и опуштен, а целиот тим ...

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните дождови што предизвикаа поплави. Во Сиднеј, главниот град на државата, доцна во саботата беше извршена евакуација на жители и туристи од ниското предградие Нарабин. Екипите за итни интервенции реагирале на повеќе од 1400 пријави низ државата откако дождот започнал во саботата. Најголем дел од интервенциите се ...

Времето утре променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз. Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за ...

Сириската војска го продолжи продорот на територии под контрола на Курдите, и покрај повиците на САД да го запре напредувањето на северот од земјата. Државните медиуми објавија дека е заземен северниот град Табка, како и блиската брана и стратешката брана „Слобода“, западно од Рака. Курдските власти не ги потврдија овие тврдења, а не е јасно дали борбите сè уште траат. Судирите се водат околу стратешки позиции и нафтени полиња долж реката ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди на опасноста од воведување царини, кои, според неа, би ги поткопале трансатлантските односи. Во објава на социјалните мрежи нагласи дека територијалниот интегритет и суверенитетот се основни начела на меѓународното право, клучни за Европа и за меѓународната заедница во целина. Фон дер Лајен исто така истакна дека Европската унија стои во целосна солидарност со Данска и ...

Европската комисија уште еднаш ги повика српските власти да спроведат брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводната употреба на звучен топ за време на антивладиниот протест во Белград на 15 март 2025 година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ). Повикот доаѓа откако европските медиуми повторно го покренаа прашањето, а Политико објави дека српските разузнавачки служби, во соработка со руската ФСБ, тестирале звучни уреди на кучиња во ...

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта изјави дека ќе излезат со заеднички одговор како реакција на новата закана на Доналд Трамп за воведување царини кон некои европски земји поради Гренланд. Говорејќи на прес-конференција одржана непосредно по објавата на Трамп, Кошта порача: „Европската унија секогаш ќе биде многу цврста во одбраната на меѓународното право… кое, секако, започнува внатре во територијата на земјите членки на ...

Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, ја нарече изненадување најавата на Доналд Трамп за воведување царини и нагласи дека Данска е во тесна комуникација со Европската унија по ова прашање. „Најавата на претседателот доаѓа како изненадување“, наведе Расмусен во писмена изјава. Тој во средата се сретнал со американскиот државен секретар, со кого, меѓу другото, разговарале и за несогласувањата меѓу Данска и САД во врска со ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади најостро ги демантира наводите изнесени во јавноста за наводно непостапување по случајот во ЈУМЦСР Тетово. „Ваквите обвинувања се целосно неосновани, неточни и спротивни на фактите. Инспекторите од Инспекциската служба при Министерството за социјална политика, демографија и млади редовно вршат инспекциски надзори од сите видови (редовни, вонредни и контролни) во ЈУ Меѓуопштински ...

Во малото холандско место Буник, во провинцијата Утрехт, е откриено исклучително вредно археолошко откритие: 404 златни и сребрени монети од римско и британско потекло. Најстарите датираат од 200 година пред нашата ера, а најновите од времето на римската инвазија на Британија во 47 година од нашата ера. Богатството било закопано во поле на длабочина од само 30 сантиметри, и најверојатно му припаѓало на римски центурион – како воен плен од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија се подготвува за понатамошни напади врз украинската енергетика и инфраструктура, вклучително и објекти што ги опслужуваат нуклеарните електроцентрали, пренесе „Би-Би-Си“. „Извештај од началникот на Главната разузнавачка управа Олег Ивашченко. Пред сè, во врска со конкретните задачи за руската армија. Не сме регистрирале подготвеност од страна на агресорот да почитува какви било ...

Актерката Емилија Кларк (39), позната по улогата во „Игра на тронови“, откри дека се повредила на сетот на новата серија Ponies, додека снимала експлицитна сцена. Во интервју за The Wrap, Кларк изјавила дека при снимањето на долга интимна сцена со тројца мажи, почувствувала болка и подоцна ѝ било утврдено дека има повреда на едно ребро. „Само реков: ќе седнам тука, вие доведете ги, а ние ќе се правиме дека имаме секс. Тој ден си го повредив ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави бран зголемување на царините за европските сојузници додека на САД не им биде дозволено да го купат Гренланд. Во објава онлајн на „Тру соушал“, Трамп рече дека царините од 10 отсто ќе стапат во сила на 1 февруари за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска. Овие царини ќе се зголемат на 25 проценти на 1 јуни и ќе продолжат да важат додека не се постигне ...

Употребата на парацетамол за време на бременоста – популарен аналгетик, познат под името Тајленол (Tylenol) во САД – е безбедна, објави група европски истражувачи откако ги анализираше најдобрите достапни научни докази. Истражувањето беше реакција на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатата година тврдеше дека лекот е поврзан со развој на аутизам кај децата. Во текст објавен во саботниот број на британското стручно ...

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната и заедничка сопственост на граѓаните. Како што информираат од општината, искршена е урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а извршена е и кражба со провалување во чуварската куќа. Од Општина Аеродром потсетуваат дека паркот „Бановина“ неодамна бил целосно обновен и опремен со современа урбана опрема, наменета за ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
71%
1028
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
9.77
43%
1029
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
46%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
52%
1031
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
5.96
52%
1033
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
0.51
59%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
8.75
53%
1027
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
51%
1026
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
62%
1035
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
3.09
47%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
8.23
54%
1031
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Родиум

372948.66

Платина

68963.35

Кобалт

66.14

Злато

166253.76

Бакар

11.73

Паладиум

51794.85

Алуминиум

3.42

Сребро

2711.59

Калај

50.64

Цинк

3.24

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05