Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги, манипулации и црна кампања. Филипче изјави дека секојдневно е цел на неосновани обвинувања, вклучувајќи тврдења за имот, патувања и споредби со убијци, оценувајќи дека ваквите напади ги надминале сите граници на политичка борба. Особено реагираше на обвинувањата поврзани со доктор Жан Митрев, ...
Скопје наскоро ќе добие нов булевар, откако со забрзано темпо продолжува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти – изградбата на клучката „Момин Поток“ и булеварот „Никола Карев“. Како што информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, во моментов е во напредна фаза поставувањето на атмосферската канализација во средишниот дел на булеварот, на потегот од реката Серава до раскрсницата со булеварот ...
Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, соопшти ЕСМ. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија. За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање потенцираше дека СДСМ не е против системот „Сејф сити“ од аспект на безбедноста, туку во сегашното решение постојат други сериозни и суштински прашања кои мора да се прецизираат . „Еден таков закон кој се однесува на проектот „Сејф сити“ во којшто се регулира еден дел од сообраќајот, со којшто се намалува ризикот од несреќи, сообраќајќи ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев, од позиција на власт, вршеле притисок врз доктор Жан Митрев со цел да му ја одземат сопствената болница. Стојаноски се повика на интервју на Митрев во кое докторот раскажа дека Филипче и Заев му се заканувале, а институциите ја блокирале неговата лична сметка, како и сметката ...
Стејт департментот на САД реагира на изјавите на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „криминалец“. Во пораката на Стејт департментот се наведува дека САД се свесни за можните планови на Исламската Република за напади врз американски бази и дека предупредуваат на жестока одмазда. „Како што претседателот Трамп повеќепати потенцираше – сите опции се на маса. Ако режимот на ...
Градоначалникот на јапонскиот град Јокохама, Такехару Јаманaка, се извини откако беше обвинет за вербално малтретирање на соработниците, нарекувајќи ги „идиоти“ и „човечки отпад“, пренесе Би-Би-Си. На прес-конференција, директорот на градската служба за човечки ресурси, Џун Кубота, изјави дека градоначалникот Јаманaка повеќепати користел навредливи изрази кон вработените, вклучително и кон него лично. Според Кубота, Јаманaка ги нарекувал ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го прослави својот 49. роденден во Токио, за време на средбата со јапонската премиерка Санае Такаичи. Такаичи ѝ приреди торта и подароци, а двете лидерки направија заедничко селфи, чија „аниме“ верзија Мелони подоцна ја објави на социјалните мрежи, пренесе Скај њуз. Due Nazioni lontane, ma sempre più vicine. Amicizia e sintonia con @takaichi_sanae pic.twitter.com/LbRlnoeQcZ — Giorgia Meloni ...
Сара Фостер откри дека во 1990-тите, кога имала 19 години, била на состанок со Џорџ Клуни, но искуството за неа било „многу непријатно“. Состанокот ѝ го договориле Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер. Во подкастот The World’s First Podcast, Фостер раскажа дека веднаш почувствувала дека состанокот е „тотално не“, додавајќи дека Клуни ѝ изгледал „како дедо“ и дека разликата во години ѝ била многу чудна. Таа истакна дека никогаш не ги ...
СДСМ обвинува дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ја отвора државата за масовен прилив на странски таканаречени „економски работници“, иако во земјава, како што велат, има речиси 100.000 невработени. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, изјави дека Владата донела одлука за вработување на нови 10.000 странски работници во 2026 година, што е двојно повеќе од лани. Според СДСМ, процесот бил ...
Авион ATR 400 на лет од Џогјакарта кон Макасар го изгубил контактот во индонезиската провинција Јужен Сулавеси, јавија денеска локалните медиуми. Леталото на компанијата Indonesia Air Transport требало да слета на Меѓународниот аеродром Султан Хасанудин во Макасар. Контактот наводно бил изгубен околу 13:17 часот по локално време, додека авионот летал над подрачјето на Марос, пренесе Синхуа. Индонезиската агенција за пребарување и спасување ...
На 15 јануари, отсекот за превенција при СВР Охрид, ја реализираше превентивната сообраќајна кампања „Биди одговорен возач-користи зимска опрема“. Притоа, полициски службеници од отсекот, на повеќе сообраќајни пунктови во градот, остварија кратки разговори со возачите на моторни возила и ги потсетуваа на потребата и законската обврска за задолжително носење и користење зимска опрема во возилата како основен предуслов за безбедно движење на ...
Во Франција за првпат е поднесен парламентарен предлог со кој се повикува на повлекување на земјата од НАТО. Иницијативата ја покрена потпретседателката на Народното собрание и членка на левичарската партија Непокорена Франција (LFI), Клеманс Гете, пренесува Танјуг. Резолуцијата бара одвојување од западниот воен сојуз и доаѓа во момент на растечки сомнежи околу улогата на Соединетите Американски Држави и насоката на европската безбедносна ...
Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони, велат од Министерството за здравство. Според јавноздравствените стандарди, пушењето е личен ...
Според астролозите, постојат хороскопски знаци кои тешко ги контролираат емоциите и можат да „експлодираат“ за миг. Ова се трите најтемпераментни: Овен Овните се исклучително импулсивни и често реагираат без многу размислување, особено кога чувствуваат притисок или провокација. Не сакаат чекање и ограничувања, па нивните испади знаат да бидат нагли и бурни. Лутината им е силна, но краткотрајна – брзо се смируваат, како ништо да не се ...
Почетниот извештај за разорниот пожар во бар во Кран-Монтана, во кантонот Вале, во кој загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени, укажува дека причина за трагедијата била употреба на огномет во затворен простор. Според наодите на истражителите, во урнатините на барот е пронајдена голема количина пиротехнички средства. Во извештајот се наведува дека биле откриени 25 огнени фонтани, а при дополнителна претрага биле пронајдени уште околу ...
Единаесетгодишно момче од Пенсилванија е обвинето за убиство на својот татко, откако наводно пукало во него затоа што му била одземена гејминг-конзолата Nintendo Switch, објави „Гардијан“. Инцидентот се случил на 13 јануари во семејната куќа во Данканон Боро. Полицијата била повикана рано наутро и го пронашла 42-годишниот татко починат во спалната соба. По истрагата, како осомничен бил идентификуван неговиот 11-годишен син. Според ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР. Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен ...
Актерот Ештон Кучер ретко зборува јавно за својата поранешна сопруга Деми Мур, но овојпат направи исклучок и јавно ја пофали нејзината работа. Промовирајќи ја својата нова серија The Beauty, Кучер во интервју за Entertainment Tonight се осврна на филмот The Substance („Супстанца“) од 2024 година, во кој глуми Мур. „Нејзината улога во Супстанца доби исклучителни пофалби и навистина сум многу горд на неа – растури“, изјави Кучер. Мур и Кучер ...
Моделoт создаден со вештачка интелигенција, Ниа Ноар, успеа да измами милиони корисници на социјалните мрежи, собирајќи огромен број прегледи и следбеници. Нејзиниот профил на „Тик-ток“ има околу 2,7 милиони следбеници, а едно од видеата достигнало речиси 199 милиони прегледи. Иако многумина верувале дека станува збор за вистинска личност, Ниа Ноар е целосно генерирана со ВИ. Корисници забележале дека нејзините танци и облека често се ...
Синот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров , Адам, е однесен во новата републиканска болница во Грозни по сообраќајна несреќа. Тој е во сериозна состојба, објавија локалните медиуми. Информацијата ја потврдија два извори за Кавказ, а слични информации објавија и опозициските групи на социјалните медиуми. „Тој е во несвест на интензивна нега. Не знаеме со сигурност што му е на синот на Кадиров“, рече еден од изворите во Грозни. Grozny traffic ...
Поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко на рочиште пред Врховниот антикорупциски суд на Украина ги негираше сите обвиненија против неа и изјави дека земјата се наоѓа под „фашистички режим“. Судот ѝ изрече мерки на Тимошенко, која неодамна беше уапсена во акција на Националното антикорупциско биро на Украина поради сомнежи за тешка корупција. Судијата одлучи Тимошенко да биде пуштена на слобода со кауција во износ од околу 655.000 ...
Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски по забелешките на американскиот претседател Доналд Трамп дека Киев го попречува завршувањето на војната. Украинскиот тим активно соработува со претставниците на американскиот претседател, „и покрај сè“, рече Зеленски на социјалните мрежи, додавајќи дека се планирани ...
Мадона ја изрази својата поддршка за народот на Иран, велејќи им да се „држат цврсто“. Во објава на Инстаграм, 67-годишната музичарка сподели видео од себе како јава коњ низ пустината во Мароко, поврзувајќи ја сопствената слобода со борбата на демонстрантите во Иран. Мадона е една од ретките светски ѕвезди кои јавно ги поддржуваат протестите. „Држете се цврсто… Не можам да смислам порелевантна фраза од оваа додека влегуваме во Годината на ...
Актерката Блејк Лајвли го прошири својот правен тим со ангажирање на истакнатата адвокатка Сигрид Меколи за нејзиниот правен спор со Џастин Балдони. Меколи е позната по застапувањето на жртвите на Џефри Епштајн. Потврдена е и специфичната улога што Меколи ќе ја има во иднина. Таа наводно ќе служи како врска помеѓу тимот на Блејк Лајвли и јавноста и ќе ги информира медиумите за напредокот на тужбата. „Привилегија е да се работи со светски ...
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr. Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000. „Досега, сите ...
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп не бил сериозен кога пред неколку дена изјавил дека можеби воопшто не треба да има избори за Конгресот. Портпаролката на Трамп, Каролин Ливит, изјави дека претседателот всушност сакал да биде хумористичен со изјавата, а не да го доведе во прашање одржувањето на изборите. „Претседателот се шегуваше“, рече Ливит, одговарајќи на прашања од новинарите. Таа додаде дека Трамп зборувал ...
Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја исмеа иницијативата, додека тензиите меѓу Европа и САД растат поради намерата на американскиот претседател Доналд Трамп да го окупира арктичкиот остров. „Гренланд. Се прашувам зошто. Патување?“, рече тој денес во Рим. „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“, рече Кросето за европската мисија. Оваа ...
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје. Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки. Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд. „Можам да ставам царини на земјите ако не се согласат за Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезната маса во Белата куќа за руралното здравје. Трамп постојано изјавува дека САД апсолутно мора да го преземат Гренланд, со што дополнително ...