СДСМ денеска побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по случајот со припадник на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој заврши во притвор под сомнение за семејно насилство. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, изјави дека станува збор за уште еден скандалозен случај кој, според неа, ја покажува состојбата во безбедносниот систем. „Обезбедувањето на Мицкоски е под ...

Хју Џекмен се најде на мета на критики откако на овогодинешната „Мет Гала“ се појави со својата нова девојка, актерката Сатон Фостер. Нивното пристигнување во Метрополитен музејот на уметноста во понеделникот вечерта, при кое позираа држејќи се за раце, многумина го протолкуваа како нечувствителен потег кон неговата поранешна сопруга, Дебора-Ли Фернес, пишува „Дејли мејл“. На социјалните мрежи брзо се појавија критики, а дел од корисниците ...

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изведе песна од познатиот шансонер Шарл Азнавур на државната вечера во Ереван, додека премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, држеше ритам на тапаните. Францускиот лидер е во Ерменија во рамките на официјална посета, за време на која беа организирани и церемонијални протоколарни настани. Во видеото објавено од телевизијата „Франсинфо“, Макрон може да се види, со микрофон во рака, како седи на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави почеток на доградбата на ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром, оценувајќи дека станува збор за уште еден проект насочен кон подобрување на условите за образование. „Уште еден ден, уште еден нов проект, уште една нова доградба на училиште. Тоа е практично нашата инспирација овие речиси две години откако сме избрани како влада – што повеќе проекти, што повеќе додадена вредност во квалитетот на ...

Плус-сајз моделот Ешли Греам проговори за зголемената употреба на популарни лекови за слабеење во неодамнешно интервју за Marie Claire. Речиси и да нема човек во Холивуд кој не ги пробал, а има и такви кои отворено зборувале за своите искуства. Ешли е горда на својот изглед и сè што е поврзано со овој нов тренд го смета за доста обесхрабрувачко. „Како некое време сè да одеше во насока на прифаќање. Акцентот беше на тоа секој да има право да ...

Програмата на НАТО за млади професионалци го објави повикот за привлекување на млади талентирани лица од земјите членки на Алијансата. Тригодишната програма нуди можност заинтересираните кандидати да ја развијат нивната кариера и да се стекнат со низа искуства во рамки на НАТО. Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат распоредени во различни тела на НАТО во периоди од по една година, за вкупно три тела на Алијансата, соопшти Министерството ...

СДСМ денеска обвини дека Министерството за правда не дава јасен одговор дали ги испратило документите за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски и праша дали постапката е „институционално заглавена или намерно блокирана“. На прес-конференција, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, рече дека наместо конкретен одговор, Министерството за правда се повикува на „комплетирање документација“. „Прашањето е ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека конфликтот со Иран може да трае уште две до три недели и оцени дека САД веќе победија. Во телефонско интервју за „CBS News“ вчера попладне, Трамп одби да каже дали примирјето со Иран завршило откако Иран ги нападна Обединетите Арапски Емирати, но посочи дека војната може да продолжи уште две или три недели. „Па, тоа не можам да ви го кажам“, рече Трамп кога беше ...

Овогодинешната Мет Гала традиционално собра голем број познати ѕвезди, иако имаше многу шпекулации за тоа кој ќе ја прифати поканата, на крајот сè помина според планот. Холивудските диви го покажаа целиот свој гламур, а меѓу гостите беше Никол Кидман (58) со нејзината ќерка Сандеј Роуз (17). #MetGala’s co-chair Nicole Kidman arrives hand in hand with her daughter Sunday Rose pic.twitter.com/X2b9BHfKjY — The Hollywood Reporter (@THR) May 4, ...

Некои од нуклеарните постројки во Иран можеби ги преживеале нападите на САД и Израел, објави денес Си-ен-ен, а пренесува Анадолија. Во извештајот се наведува дека во овие последни напади, голем дел од производствениот процес бил „значително оштетен“, но дека некои клучни делови, поврзани со залихите на високо збогатен ураниум, „можеби воопшто не биле погодени“. Се додава дека рудникот за ураниум Сагханд, каде што се вади суровината, ...

Стоматолошката комора на Македонија изрази сериозна загриженост поради кривичната пријава што Управата за финансиска полиција ја поднесе до Основното јавно обвинителство Скопје против поранешен претседател на Комората, како и против претседателот и членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања. Во соопштението, Комората наведува дека пријавата се однесува на сомнежи за злоупотреба на службена положба и овластување, нагласувајќи дека ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика Европската Унија да се воздржи од потези и реторика што би можеле да го поткопаат она што тој го нарече „конструктивен став“ на Анкара. „Да не се заборави дека Турција повеќе не е стара Турција, ниту пак светот е сè уште ограничен на сферата на влијание на западните земји“, рече Ердоган во обраќањето до нацијата по седницата на владата. Тој, исто така, рече дека ЕУ треба да препознае дека не ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на 8. Самит на Европската политичка заедница во Ереван, оствари средба со претседателот на Романија, Никушор Дан. Таа се заблагодари за континуираната поддршка на Романија на македонските евроинтеграции, вклучително и преку групата „Пријатели на проширувањето“, укажувајќи дека истото мора да биде процес врзан за Копенхашките критериуми со почитување на европските принципи и вредности, ...

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, реализира дводневна работна посета на Брисел, каде одржува средби со високи претставници на европските институции и на Европскиот парламент. Првиот ден, вчера, започна со средби со Емануел Жиофре, Директор за Европа во Европската служба за надворешна акција (EEAS), и Валентина Суперти, Директорка за Западен Балкан во DG NEAR на Европската комисија, како и со ...

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира в четврток, во раните утрински часови, известува Градот. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, соопштува Град Скопје. ...

Полициските служби низ Европската Унија во 2024 година регистрирале повеќе од 256.000 кривични дела поврзани со сексуално насилство, а 38 проценти од нив се однесувале на силување. Според податоците на Евростат, бројот на пријавени случаи на сексуално насилство пораснал за пет проценти во однос на 2023 година, додека пријавите за силување се зголемиле за седум проценти. Најголем број случаи биле пријавени во Франција, Германија и Шведска. ...

Силен земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер ноќеска ја погоди северна Србија, со епицентар кај Бездан во близина на Сомбор, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија. Потресот бил регистриран во 2:35 часот, а само десетина минути подоцна следувал и втор, послаб земјотрес со јачина од 2,5 степени. Земјотресот се почувствувал низ поширокиот регион – во Војводина, источна Хрватска, јужна Унгарија и северна Босна и Херцеговина. ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени. Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 27 степени. Времето во наредните денови Од среда попладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со ...

„Христијан Мицкоски тврдеше дека ‘нема поскапувања’ и дека владата ‘контролира сè’, горивата во Македонија повторно поскапеа. Уште една лага. Европа отворено најавува економска криза. Авиокомпаниите откажуваат летови поради скап керозин. Само една германска компанија најавила откажување на 20.000 летови“, велат од СДСМ. „Цените на ѓубривата повторно растат, земјоделците се без поддршка и без субвенции. Исто така, цените на основните животни ...

Финскиот претседател Александар Стуб изјави во Прага дека Европа треба да го промени својот пристап кон Украина и да почне да размислува за тоа што земјата може да понуди на европската безбедност, а не само за помошта што ја добива. Зборувајќи заедно со чешкиот претседател Петр Павел, Стуб нагласи дека Украина, благодарение на искуството на бојното поле, е важен стратешки ресурс за Европа и НАТО. „Постепено треба да го промениме нашето ...

Украинските сили извршија голем ракетен и беспилотен напад врз неколку руски региони во текот на ноќта, погодувајќи објекти важни за рускиот воено-индустриски комплекс, според руските канали на Телеграм. Фотографиите и снимките објавени на социјалните мрежи од локалните жители наводно покажуваат пожар во објектот на АД ВНИИР-Прогрес во Чебоксари. Објектот е државен институт кој произведува компоненти за високопрецизно оружје што го користи ...

Пенелопе Круз и Хавиер Бардем ретко зборуваат за својот брак, а не се појавуваат толку често заедно, па секој пат кога папараците ќе ги „фатат“, тие се добра инспирација за прекрасна љубовна приказна. Познатата актерка Пенелопе Круз (52) ужива во љубовта со својот колега Хавиер Бардем (57) и двајцата секогаш се главна тема на настаните кога се појавуваат. Можеби затоа избегнуваат заеднички појавувања и ја држат својата љубов подалеку од ...

Бродската компанија „Маерск“ објави дека „Алијанс Ферфакс“, носач на возила под американско знаме, управуван од нејзината подружница „Фарел Лајнс“, вчера излегол од Персискиот Залив преку Ормускиот теснец, придружуван од американските воени сили. Американските сили активно помагаат во напорите за враќање на комерцијалниот превоз низ Ормускиот теснец, објави Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа Икс. Околу 20 проценти од ...

Актерката Оливија Вајлд се смета за една од најубавите дами во Холивуд, но дури ни таа не е поштедена од негативни коментари. Неодамна, Оливија беше мета на навреди поради нејзиното лице. Некои дури отидоа дотаму и се посомневаа дека е болна, па актерката почувствува потреба самата да проговори за тоа. Последната капка ја прелеа чашата кога ја споредија со Голум од култниот филм „Господар на прстените“. View this post on Instagram A post ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека настаните во Ормускиот теснец покажуваат дека „нема воено решение за политичката криза“. Неговата изјава, објавена на социјалните медиуми, следеше по наводниот инцидент во клучниот воден пат во понеделник, за кој има сосема контрадикторни извештаи. Иранските државни медиуми објавија дека нивната војска погодила американски воен брод со две ракети, спречувајќи го да влезе во ...

Во понеделник во Вашингтон се случи пукање во кое безбедносните сили ранија „сомнително лице“. Американската тајна служба потврди дека нејзини агенти биле на местото на настанот во близина на Белата куќа, која накратко била затворена попладнето, пренесува Ројтерс. Тајната служба првично објави на социјалните мрежи дека нејзините агенти биле на местото на пукање на раскрсницата на 15-та улица и Авенијата Independence. BREAKING UPDATE: Secret ...

Страшни сцени се одвиваа во понеделник попладне во центарот на Лајпциг, каде што 33-годишен Германец го возеше својот автомобил во пешачка зона. Во таквото дивеење, тој уби две лица и повреди многу други пред да биде уапсен. Според неофицијални информации, повод за ова дело била расправија, а сторителот наводно имал психички проблеми. На улицата Гримајше, една од најпрометните трговски улици во Лајпциг, во понеделник околу 16:45 часот, ...

Австрија прогласи тројца руски дипломати за персона нон грата поради „шума од антени“ на покривите на дипломатските згради што би можеле да се користат за шпионажа, соопшти владата. Бројните сателитски антени инсталирани на зградите што ги користи руската држава во Виена, особено на станбениот комплекс за дипломатски персонал, долго време го привлекуваа вниманието на главната служба за внатрешна безбедност на Австрија, која со години ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека неговите сили ќе бидат „избришани од лицето на земјата“ ако се обидат да ги таргетираат американските бродови што ги придружуваат бродовите низ Ормускиот теснец како дел од операцијата „Проект слобода“. „Имаме повеќе оружје и муниција отколку што имавме порано. Имаме најдобра опрема, имаме бази низ целиот свет и сите се опремени. Можеме да го користиме сето тоа и ќе го користиме ...

Европските земји ја разбраа пораката на американскиот претседател Доналд Трамп и сега се грижат за спроведување на договорите за користење на воени бази, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Трамп обвини некои членки на НАТО дека не прават доволно за да ги поддржат САД во војната против Иран. Како дополнителен знак на незадоволство од своите европски сојузници, САД објавија планови за повлекување на 5.000 војници од Германија во ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.5
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.91
91%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.58
86%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.64
71%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.76
94%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.34
80%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.97
62%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.02
73%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
61%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54