Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Релациите помеѓу нашите две држави се беспрекорни, на највисоко можно ниво, и гледаме можност како во иднина да ги подобриме и зацврстиме овие односи, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, попладнево во Ватикан по аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол. Тој рече дека во најдобар можен ред поминале аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен ...
Легендарниот шпански репрезентативец и интернационалец, Андрес Иниеста ја започнува неговата тренерска кариера. Според последните информации, Иниеста започнува од Блискиот исток, односно од тимот на Гулф Јунајтед од Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Интересно е да се напомене дека Иниеста токму во ОАЕ ја заврши неговата богата играчка кариера, откако по легендарниот престој во Барселона, кратко беше дел и од тимот на Осака во Јапонија. ...
Сочно, богато чоколадно брауни во комбинација со лесен крем од сирење и јагоди е совршен десерт за потоплите денови. Додека класичното брауни носи интензивен вкус на чоколадо, розовиот крем од свежо крем-сирење и јагоди дава освежувачка овошна нота која ќе ги воодушеви сите љубители на благото. Целосниот впечаток го заокружуваат свежо исечканите јагоди кои на овој колач му даваат неодолива пролетна свежина. Состојки За подготовка на овој ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио им порача на сојузниците од НАТО дека алијансата ќе мора да одговори на загриженоста на претседателот Доналд Трамп. Во врска со реакциите на европските партнери кон операциите на САД и Израел на Блискиот исток.. Рубио пораката ја даде на состанокот на министри за надворешни работи на НАТО во Шведска, каде што посочи дека жешката тема ќе биде ставена на маса на јулскиот самит во Анкара.. Како една од ...
Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, бразилецот Пеле, доби 9.5 метарска статуа пред стадионот во мексиканскиот град Гвадалахара. Пеле токму во Мексико во 1970 година го осви својот последен Мундијал со репрезентацијата на Бразил. Мексико може да се пофали дека до сега два пати бил домаќин на Мундијалоте, токму во споменатата 1970 односно 1986 година. Па така, Бразил и Пеле, токму на овој стадион во таа седумдеста година од минатиот ...
Ако сме инвалиди, и ние сме живи луѓе! Со оваа порака, со трепет, но и горделивост во гласот новинарот, писател и театарски критичар Борче Грозданов пред камерата на Канал 5 започна да ни раскажува за, како што вели неправдата со која се соочуваат луѓето како него и како неговата мајка, оние кои не можат самостојно да се движат или да се грижат за себе и неопходни им се асистенти и негуватели. Тој има асистент, но вели, наместо 80 часа ...
На прв поглед, сино-белите куќи на грчките острови изгледаат како внимателно осмислен естетски избор, совршено вклопен со морето и небото. Многумина веруваат дека станува збор за традиција или за боите на националното знаме, но вистината е далеку попрактична. Овој препознатлив изглед настанал од потреба, а не од желба за убавина. Куќите биле како „рерни“ На островите како Санторини, Миконос, Парос и Наксос куќите некогаш се граделе од камен, ...
Во Македонија е потврден првиот случај на западнонилска треска оваа година, а здравствените власти предупредуваат дека со порастот на температурите и зголемената активност на комарците можно е да се појават и нови случаи во наредниот период. Од Институт за јавно здравје информираа дека станува збор за 55-годишен жител на Велес, кај кого болеста започнала со висока температура, осип, силна малаксаност и нарушена свест. Поради влошување на ...
Рубин Земон, член на Централниот одбор на СДСМ, се сретнал со бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на т.н. „Фондација Македонија“, кој има доживотна забрана за влез во Македонија и против кого пред два месеца беше поднесена кривична пријава за ширење говор на омраза кон македонската држава и народ. За средбата објави самата Фондација на социјалните мрежи. „На неофицијална средба со Рубин Земон, дел од раководството на ...
Амбасадата на Јапонија денеска организираше мастер-клас за јапонска кујна во Средното училиште „Лазар Танев“ во Скопје, наменет за младите и идни готвачи. Како што сооштуваат од Амбасадата, идните готвачи и нивните наставници имаа можност да се запознаат со „вашоку“. Вашоку е традиционална јапонска прехранбена култура која се темели на хармонична рамнотежа помеѓу сезонските состојки, нутритивната вредност и визуелната естетика. Вашоку е ...
Маурицио Сари е многу блиску до назначување за нов тренер на Аталанта, додека Винченцо Италијано би можел да го преземе кормилото на Наполи. Според новинарот Николо Скира, преговорите меѓу Сари и клубот од Бергамо се во завршна фаза. Се очекува 67-годишниот Италијанец, кој моментално работи во Лацио, да потпише договор до летото 2029 година, со плата од 3,5 милиони евра годишно. Наполи, од кој заминува Антонио Конте, е заинтересиран да го ...
GPS нè одвикна од запомнување на рути, пребарувањето на Google од меморирање информации, а сега експертите предупредуваат дека вештачката интелигенција би можела да влијае на многу посериозни работи – креативност, концентрација и способност за критичко размислување. Алатките како ChatGPT станаа дел од нашето секојдневие. Ги користиме за пишување имејлови, пишување домашни задачи, организирање задачи, па дури и донесување одлуки. Сепак, ...
Поранешниот руски падобранец Рустам Набиев стана првата личност во историјата која со ампутирани две нозе успеа да се искачи на највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 метри), без да користи протетски екстремитети. Хим Лал Гаутам, координатор во базниот камп, потврди дека Набиев успешно стигнал до врвот и веќе се спушта назад. Набиев ги изгубил двете нозе во 2015 година при уривање на воена касарна во Русија. По трагедијата, тој се ...
Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против 25-годишна жена откако пред два дена бил спречен несекојдневен обид за внесување дрога во КПУ „Идризово“. Осомничената се товари за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги откако кај неа биле пронајдени марихуана и кокаин. Настанот се случил на 20 мај, кога жената дошла во посета на својот сопруг кој издржува затворска казна. Таа со себе ...
Манчестер Јунајтед заврши голема работа денеска. Го промовираше до сега вршителот на должност што се вели менаџер, Мајкл Карик во перманентен кормилар на тимот с договор до 2028 година. Со ова се става крај на сите шпекулации и отворени прашања во врска со Карик и менаџерската функција во еден од најголемите клубови на светот. Карик е поранешен играч на Јунајтед, кој што го презема тимот во многу специфичен момент и покажа дека е кадарен да ...
Средствата што Европската Унија ќе ѝ ги додели на земјава по признанието од Европската комисија за исполнетите реформи главно ќе се слеат во државниот Буџет, а Министерството за финансии ќе одлучи колкав дел ќе добие Министерството за образование и наука. Министерката Весна Јаневска изрази уверување дека ќе наиде на разбирање бидејќи претстојат нови реформски чекори со кои ќе се обезбедат дополнителни европски пари. Процесот на спречување на ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на управен и надзорен одбор на ТЕЦ „Неготино“. Целата документација ќе биде поднесена за постапување до Јавното обвинителство, одлучи ДКСК за предметот, кој на денешната седница го соопшти членот на ДКСК, Сервет Демири. - Во ДКСК пристигна пријава од непознат поднесител против лица од поранешниот управен одбор ...
Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, ученичките Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје, под менторство на наставничката Билјана Ниновска, учествуваа на финалето на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост. Финалниот натпревар се одржа на 19 мај 2026 година во Брисел, Белгија, во организација на Европската банкарска федерација (ЕБФ) според дводневна ...
Републиканците во четврток се мачеа да најдат гласови за да го отфрлат законот што би го принудил претседателот Доналд Трамп да се повлече од војната со Иран, одложувајќи го планираното гласање за ова прашање до јуни. Гласањето беше закажано за доцна во четврток попладне, непосредно пред пратениците да го напуштат Вашингтон за паузата за Денот на сеќавањето, но бидејќи стана јасно дека републиканците нема да имаат доволно гласови за да го ...
Големиот проект за десалинизација во Белмонт, Австралија, влезе во една од своите најважни фази на изградба. На околу 800 метри од плажата Најн Мајл (Nine Mile), започнаа сложените поморски работи за поставување на океанскиот усен систем кој ќе ја носи морската вода до идното построение за преработка во питка вода. Овој проект, вреден 530 милиони долари, се очекува да биде целосно завршен во 2028 година и ќе покрива приближно 15 отсто од ...
Поради инцидентот со солзавецот концертот на Рики Мартин за момент морало да биде прекинат. На социјалните мрежи беше објавено видео од граѓани како бегаат од плоштадот откако е фрлен солзавец. - Луѓето плачеа и бегаа од настапот на Рики Мартин. Фрлен е солзавец. Многумина мислеа дека е бомба. Настапот дури сега продолжи - изјави изворот за Telegraf.rs. Рики Мартин набрзо се врати на сцената и со насмевка им рече на публиката: - Ништо нема ...
Лутото нане (нане) во целиот свет е познато како зачин и чај кој се пие поради пријатниот мирис, но и поради бројните лековити својства. Лековито е целото растение, но за таа намена најмногу се користат листовите. Нането содржи висок процент на ментол, соединение кое е заслужно за неговиот освежувачки мирис и вкус. Сите придобивки од нането Како зачин се додава во многу јадења, десерти и освежувачки пијалаци. За лековити цели се пие како ...
Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, денеска и официјално го објави списокот на фудбалери кои ќе ги поведе на Светското првенство во 2026 година. Англичаните на Мундијалот заминуваат со следните 26 играчи: Голмани: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд , Џејмс Трафорд. Дефанзивци: Ден Бурн, Марк Гуехи, Рис Џејмс, Езри Конса, Валентино Ливраменто, Нико О’Рајли, Џарел Куанса, Џед Спенс, Џон Стоунс. Среден ред: Елиот ...
Патријархот московски и на цела Русија, Кирил (Владимир Гунѓаев), наскоро би можел да стане првиот лидер на голема верска заедница на кого ќе му биде забранет влез во Европската Унија. Европската комисија дури 14 пати се обиде да го стави на списокот со санкции, но секој пат наидуваше на вето од Виктор Орбан. Како знак на благодарност, Кирил во 2023 година му додели висок орден. Сепак, по политичките промени во Будимпешта и доаѓањето на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска, предизвикувајќи конфузија по деновите на спротивставени изјави на Трамп и неговата администрација за намалување, а не зголемување, на американското воено присуство во Европа. Администрацијата на Трамп претходно објави дека го намалува бројот на војници во Европа за околу 5.000. Најавата на Трамп на социјалните медиуми додаде ...
Македонската јавност е во шок по трагичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница, а меѓу загинатите се и познатиот оперски уметник Ристе Велков и неговиот син Адам. Според досегашните информации, трагедијата се случила меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, кога камион со косовски регистарски таблички ја пробил заштитната ограда, преминал на спротивната лента и директно удрил во автомобил „БМВ“. По ...
Наместо да повикува Филипче на обединување за промена на Устав со цел внесување на Бугарите, може еднаш барем да застане на страната на Македонија, на македонската страна и да се приклучи на ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на македонските интереси, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција. – Интересно е што оваа теза за поврзаност на Филипче со бугарските власти, се потврдува откако јасно говоревме дека чуварот на ...
Цената на нафтата „Брент“ денеска благо порасна на 105 долари за барел, а на сировата нафта (WTI) на 98,6 долари, додека европските и американските берзански индекси исто така забележаа раст. Фјучерсите на сировата нафта од марката „Брент“ се искачија над 105 долари по барел, откако извештаите укажаа дека иранскиот врховен лидер наредил резервите на збогатен ураниум во земјата да останат во Иран. Ова ги комплицира тековните мировни ...
Канадската покраина Алберта на 19 октомври ќе одржи референдум на кој граѓаните ќе одлучуваат дали покраината треба да остане во Канада или владата треба да покрене уставна процедура за организирање обврзувачко гласање за независност. Премиерката Даниел Смит појасни дека ова е необврзувачко изјаснување за добивање политички мандат и веднаш најави дека лично таа, нејзината влада и пратеничката група ќе гласаат за останување во државата. ...
Сервис за возила во Штип бил фатен во незаконско користење на електрична енергија, при што е утврдена штета од 150.610 денари за период од четири месеци, соопштија од Електродистрибуција. Случајот бил откриен на улица Железничка во Штип, откако екипи од Корисничкиот енерго центар на Електродистрибуција – Штип, во координација со специјализираниот тим за откривање на неовластено користење на електрична енергија, извршиле теренска контрола. ...