Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Претседателката на Народното собрание на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека со евентуалното членство во Европската Унија, односно со влезот во Шенген зоната, Србија би станала економски многу поконкурентна, а нејзините граѓани би патувале далеку полесно. Одговарајќи на прашањето што претставува постепената интеграција во Шенген за Западен Балкан по панелот во рамките на безбедносниот форум „ГЛОБСЕК 2026“ во Прага, Брнабиќ истакна дека ...
Еден од домаќините на претстојниот Мундијал, кој што стартува за околу три недели, репрезенатцијата на Мексико, имаше добар тест дуел против селекцијата на Гана. Мечот одигран во градот Пуебла кој што нема да биде домаќин на ниту еден меч од турнирот, заврши со конечни 2:0, со головите на Гутиерез и Мартинез. Гана пак со својот нов селектор Карлос Квеирош имаше неколку ситуации најпрво да израмни, а потоа и да ја намали негативата но сепак ...
Нападите погодија станбени области, уништувајќи неколку куќи и предизвикувајќи значителна материјална штета, објави Анадолу. Повредените цивили беа однесени во болницата Ал-Авда во бегалскиот камп Нусејрат на лекување. Нападите продолжуваат и покрај прекинот на огнот Израелската армија продолжува со своите речиси секојдневни напади низ Газа и покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври 2025 година. Според податоците на ...
Пожарникарите веќе биле на местото на настанот кога се случила експлозијата. Тие одговориле на пријава за пожар во подрум во кој биле заробени двајца работници. Експлозијата се случила додека се бореле со пожарот и се обидувале да спасат преживеани. Двајца пожарникари биле хоспитализирани, едниот со фрактура на слепоочницата и крварење во мозокот, додека другиот бил исто така во сериозна состојба, но покажувал знаци на подобрување. „Ова беше ...
Популарниот пејач настапувал на Плоштадот на независноста во Подгорица по повод Денот на независноста на Црна Гора, а концертот, на кој се собрал голем број луѓе, бил накратко прекинат по опасен инцидент во публиката, објави Телеграф. Според видеата што кружат на социјалните мрежи, во еден момент меѓу посетителите владеела целосна паника. Се слушале вресоци, додека дел од публиката се обидувал да стигне до излезот од страв. Кратко потоа, ...
АД ЕСМ покажа како со паметно и домаќинско работење може да се оствари приход и истовремено да се зачуваат домашните енергетски ресурси. Во текот на изминатите два месеци, вклучувајќи го и претстојниот продолжен викенд, компанијата реализира серија успешни набавки на струја преку транспарентен јавен оглас, со кои успеа да заработи околу 44.000 евра. Специфичноста на овие набавки е во тоа што се реализирани во периоди со негативни цени на ...
Дигитално обработената слика го прикажува лицето на Трамп, зголемено над гренландски град, додека ја потпира раката на планински венец, придружено со зборовите „Здраво, Гренланд“. Објавата на американскиот претседател дојде само еден ден откако неколку стотици жители на Гренланд се собраа пред новиот американски конзулат во главниот град Нук, за да протестираат против желбата на американскиот претседател САД да ја преземат контролата врз ...
Иако Србија ја заштити славата во УНЕСКО во 2014 година, Хрватска неочекувано донесе официјална одлука со која ја прогласи славата за културно богатство на неретванските католици, без да спомене дека станува збор за традиција на православните Срби . Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска донесе одлука за внесување на „Слава, крстница, крстна слава или крстно име – прослава на семејниот светец на светецот-заштитник на ...
Потпретседателот на владата Иван Стоиљковиќ поднесува тужба до лидерот на СДСМ Венко Филипче во врска со неговите обвинувања дека работи за српската тајна служба и дека е во дослух со Владимир Путин. Филипче овие обвинувања ќе мора да ги докаже на суд а казната што ќе ја плати ќе оди во Психијатриската болница во Бардовци која не успела да ја превенира неговата состојба пишува Стоиљковиќ сугерирајќи на можни психички проблеми кај лидерот на ...
Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин беа утврдени сериозни повреди на законски обврски. Надзорот утврдил грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги. Поради тежината ...
Судија на претходна постапка доцна синоќа му определил мерка притвор на возачот осомничен за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која загинаа четири лица. Мерката притвор е донесена на барање на надлежното јавно обвинителство по спроведениот распит во судот поради постоење опасност од бегство, како и можност осомничениот да го повтори кривичното дело. Судија на претходна постапка доцна синоќа му определил мерка притвор ...
Властите се борат да спречат експлозија на контејнер што ја содржи хемикалијата метил метакрилат откако почна да протекува и да се прегрева во четврток попладне во воздухопловна постројка во Гарден Гроув, југоисточно од Лос Анџелес. Калифорнискиот сенатор Тони Стрикленд ја нарече ситуацијата „масовен инцидент со истекување на индустриска хемикалија“, по брифингот со службениците за јавна безбедност. Крег Кови од Противпожарната служба на ...
Џанлуиџи Буфон ја остави вратата отворена за враќање во Парма како директор. Легендарниот поранешен голман призна дека е отворен за можности што навистина го возбудуваат. Сепак, тој не потврди дали има конкретни разговори со клубот каде што ја започна својата професионална кариера. „Отворен сум за работи што можат да ме возбудат и што имаат смисла“, рече Буфон. „Во луѓето и понудите што ги добивам, мора да има нешто што ме допира. Не сум ...
Грчкиот гигант Панатинаикос официјално објави дека се разделува од главниот тренер Рафаел Бенитез. Шпанскиот специјалист го презеде тимот во октомври 2025 година. „Ви благодариме за сè, господине. Ви посакуваме се најдобро во иднина“, се вели во пораката објавена на профилот на Панатинаикос на социјалната мрежа „X“. Под водство на Бенитез, ПАО заврши на четвртото место во грчкото првенство, собрајќи 52 бода. „Детелинците“ беа 20 бода зад ...
Денеска наутро по локално време, тој слета во источниот град Калкута, а неговиот зафатен распоред вклучува посети на Делхи, Џајпур и Агра, како и средба со индискиот премиер Нарендра Моди, каде што енергијата веројатно ќе биде главна тема, пишува Би-Би-Си. Снабдувањето со енергија преку Ормутскиот теснец, клучен морски пат кој стана жариште на конфликт откако Израел и САД го нападнаа Иран во февруари 2026 година, е речиси целосно прекинато. ...
Неверојатен случај доаѓа од Битола, каде наставник по ликовно образование речиси цела учебна година одел на работа без да знае дека веќе не е вработен. Наставник по ликовно во Битола цела година одел на работа без да му кажат дека дека добил отказ. Одел на настава до некни кога му ја затвориле вратата. Претходно цела 2025 година досега држел часови, имал пристап до е-дневникот, пишувал оценки, одел на Наставнички совет, се потпишувал за ...
Израелската војска соопшти дека целите биле членови на милитантната група Хезболах и нивната инфраструктура и дека презела чекори за ублажување на потенцијалната штета врз цивилите, објави Ал Џезира. Либанското Министерство за здравство објави видео за кое вели дека е снимено во градот Деир Канун Ен-Нар. Видеото прикажува двајца мажи во жолти елеци како му помагаат на трето лице покрај патот. Кога пристигнува амбулантно возило, има блесок ...
Шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Наср, е заинтересиран за Пеп Гвардиола. Ова го призна агентот на каталонскиот специјалист, Хозе Марија Оробитг. „Пред месец и половина имаше контакти, но тоа беа само разговори, без никакви обврски или писмена понуда“, рече Оробитг. Според различни публикации, на Гвардиола му биле понудени околу 130 милиони евра годишно од саудискиот клуб, каде што игра Кристијано Роналдо. „Сумата не беше толку голема“, ...
Државната новинска агенција Ксинхуа соопшти дека несреќата се случила во рудникот Лиушенју во покраината Шанкси, во сопственост на групацијата Тонгџоу. „Новинарите на местото на експлозијата на гас во рудникот за јаглен Лиушенју дознаа дека 82 лица загинале во несреќата“, објави Ксинхуа. Експлозијата се случила во петок во 19:29 часот по локално време, односно во 11:29 часот по средноевропско време. Во времето на несреќата, 247 рудари ...
Според медиумските извештаи, затворските службеници се обидувале да вметнат интравенска линија повеќе од еден час откако го донеле Карутерс во затворот со максимална безбедност во Нешвил, пред да се откажат и да го вратат во неговата ќелија. Локалните власти соопштија дека примарната интравенска линија била успешно вметната, но дека „резервната вена“ што ја бара протоколот за смртоносна инјекција не успеала, објави Ројтерс. Републиканскиот ...
Дерн рече дека изразот на лицето на Тарантино бил „смртно сериозен“ во тоа време. Несогласувањата на снимањето не се невообичаени Познато е дека колегите и претпоставените не секогаш се сложуваат, а филмската индустрија е полна со приказни за конфликти меѓу актерите и режисерите. Еден од попознатите примери е соработката на Кира Најтли и Џон Карни на филмот „Почни повторно“ од 2013 година. Потоа Карни ја опиша Најтли како повеќе „супермодел“ ...
Фиорентина и Аталанта одиграа нерешено 1:1 во Фиренца во натпреварот од последното коло на италијанската Серија А. Аталанта така остана непоразена за прв пат во последните четири гостувања на „Артемио Франки“. Во поголемиот дел од првото полувреме, гостите беа поопасни, а српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ и Муса имаа шанси, но голманот Кристенсен успешно интервенираше. Фиорентина поведе во 39-тата минута, кога Роберто Пиколи шутираше, ...
Покраината Алберта ќе одржи референдум на 19 октомври за тоа дали да остане во Канада или да продолжи процесот кон уште едно обврзувачко гласање за отцепување, што се смета за прв сериозен тест за единството на земјата по децении, објави премиерката на Алберта, Даниел Смит. „Дали Алберта треба да остане покраина на Канада или владата на Алберта ќе го иницира правниот процес предвиден во Уставот на Канада за одржување обврзувачки покраински ...
Видеото, исто така, го открива нејзиното прво прашање до полицајците додека ѝ ставале лисици, што открило што најмногу ја загрижувало во тој момент. Дискусија со полицијата и необична понуда Според извештајот на CBS News, пејачката била запрена од сообраќајната полиција во Калифорнија откако била забележана како скршнува меѓу сообраќајните ленти на американски автопат. 101. Таа реагирала на полициските сигнали да застане дури по 15 секунди. ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока ...
Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија, рече претседателката Гордана Силјановска Давкова коментирајќи го ставот на бугарската страна, што го пренесоа дел од медиумите, искажан денеска на првата средба на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски со неговата бугарска колешка Велислава Петрова. Претседателката Силјановска Давкова посочи дека на последниот попис во Бугарија имало речиси ист број регистрирани Македонци како ...
Американскиот државен секретар и министер за надворешни работи, Марко Рубио, изјави дека мировните преговори за завршување на војната во Украина во моментов не се во тек, иако Вашингтон останува подготвен да помогне во олеснивањето на разговорите доколку се променат условите. Зборувајќи со новинарите на маргините на самитот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска, Рубио рече дека САД се директно вклучени во дипломатските напори ...
Стилистот Џовани Лагуна беше уапсен во Кан откако ја нападнал Андреа дел Вал, минатогодишната Мис Венецуела, и ја ранил во лицето, пишува Њујорк пост. Самата Мисица споделила видео од крвавите рани по нападот, а гостите во хотелот слушнале жестока расправија и тепачка од нивната соба и ја повикале полицијата. Лагуна е креативен директор на Мис Универзум Колумбија и има врски со други кралици на убавината. Дел Вал сподели вознемирувачко ...
Eвропската комисијата денеска потврди дека го примила писмото од германскиот канцелар Фридрих Мерц, во кое предлага забрзана интеграција на Западен Балкан и Молдавија, како и придружно членство за Украина. – Тоа покажува дека постои силна посветеност на земјите-членки проширувањето да стане реалност, што е можно поскоро. Многу е јасно дека проширувањето сега е геостратешка инвестиција во нашиот просперитет, мир и безбедност, наведе ...
На играчите на Црвена Звезда им беше врачен шампионскиот пехар за сезоната 2025/26, ова беше направено пред натпреварот од последното коло на Српската Супер лига со ОФК Белград, вечерва на “Маракана“. Прославата на титулата е пред никогаш помалку луѓе за натпревари од ваков карактер во тековната шампионска серија на Црвена Звезда, а за да не биде доделена пред тотално мал број луѓе на трибините, почетокот на церемонијата и натпреварот беа ...