Раководните структури на тимот на Вест Хем кој што и официјално испадна од Премиер лигата сезонава, одлучи дека најдобро за тимот следната сезона е да го води истиот менаџер како и досега. Нуно Еспирито Санто ќе остане кормилар на Вест Хем и покрај релегацијата. Менаџментот одлучи дека сепак тој е најдоброто решение за брзо враќање во највисок ранг. Весте Хем под водство на Еспирито Санто, освои 22 бода од 13 натпревари и беше близу до ...

Министерството за здравство на Либан соопшти дека жртвите се резултат на нападите извршени вчера. Напади во близина на езерото Караун Либанските власти изјавија дека Израел извршил операции на други места во земјата, вклучувајќи три напади во близина на вештачкото езеро Караун југоисточно од главниот град Бејрут. Управата за реката Литани предупреди на „катастрофални ризици за жителите, инфраструктурата и виталните објекти низводно“. Караун ...

Само што заврши сезоната во Премиер лигата, и фудбалскиот свет ќе се префрли преку Атлантикот за да го следи Мундијалот во САД, Мексико и Канада, а веќе екипите во Англија го подготвуваат ростерот за следната сезона. Сериосни фудбалски гиганти како Манчестер Јунајтед одамна ги имаат пикирано имињата кои ги посакуваат како засилувања, па летово само е финишот на трансферите на истите. Па така, Едерсон од Аталанта, играчот кој импресионираше ...

Пред изрекувањето на пресудата, мајката и сестрите на Пери проговорија за длабочината на измамата од страна на Кенет Ивамаса, кој се изјасни за виновен за снабдување и испорака на кетаминот што ја предизвикал смртта на актерот. Ивамаса беше пријател и асистент на Пери 25 години, а обвинителите бараат 41-месечна затворска казна за него, објавува Entertainment Weekly. „Сè што ни кажа беше лага“ Кенет Ивамаса, кој ќе биде осуден денес, се ...

Лидерот Мохамед Одех беше убиен вчера во рација на неколку згради во градот Газа, по месеци надзор, според заедничкото соопштение на израелската војска и безбедносната служба Шин Бет, објави ДПА. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац претходно потврдија дека цел на нападот бил Одех, командантот на военото крило на Хамас. Во соопштението се вели дека Одех учествувал во планирањето и извршувањето на масакрот ...

Нуњо Еспирито Санто останува во Вест Хем и покрај испаѓањето во Чемпионшип. Денес пристигна веста дека раководството на Вест Хем одлучило да го задржи и да го поддржи Санто, со цел што побрзо да се врати во Премиер лигата. Од Вест Хем пристигна само кратка потврда дека по состанокот е одлучено дека португалскиот играч ќе добие целосна поддршка пред новата сезона. Нуњо пристигна во Вест Хем кон крајот на септември 2025 година наместо Греам ...

Единственото место на Земјата што е и држава и континент. Ниедна друга копнена маса на Планетата не може да се пофали со тоа. Опкружена со океан, Австралија е шестата најголема земја во светот со 7.688.287 квадратни километри. И тука работите стануваат бизарни. Австралија има повеќе диви камили што талкаат по пустините отколку Саудиска Арабија. Речиси 80% од животните во Австралија не постојат никаде на друго место на планетата. Кенгурите, ...

Иран е под строга блокада на теснецот од крајот на февруари, по нападите на САД и Израел врз земјата, објавува „Дејли меил“. Блокадата на водниот пат, кој претходно пренесуваше една петтина од светската нафта, доведе до огромен скок на цените на нафтата, гасот и енергијата низ целиот свет. И покрај повторените обиди да се натера Техеран да попушти, режимот не го олабави својот строг стисок врз Ормутскиот теснец. Денес, Управата за Персискиот ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни ...

Европа полека но сигурно чекори кон век во кој најголемиот предизвик нема да биде економскиот раст, туку едноставното прашање: кој ќе работи, кој ќе плаќа даноци и кој ќе ги издржува пензиските и здравствените системи? Новите демографски проекции на Евростат цртаат загрижувачка слика. Иако Европската Унија моментално бележи благ раст и во 2025 година достигна 451 милион жители, тој тренд ќе го доживее својот врв во 2029 година (453,3 ...

Пациентите со мултипла склероза (МС) повеќе нема да мора да патуваат исклучиво во Скопје за да ја примат својата лековита терапија. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, информираше дека започнува пилот-програма за децентрализација на третманот во три регионални центри. Тоа се ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје, Клиничката болница во Штип за Источна и Североисточна Македонија, како и болницата „Св. Еразмо“ во Охрид за ...

Вечерва (21 часот), сите погледи на европскиот фудбал ќе бидат насочени кон Лајпциг, каде што Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе се соочат во историското финале на Конференциската лига. За двата клуба, ова е златна можност да ги запишат своите имиња во пантеонот на европските клупски турнири и да го освојат првиот голем меѓународен трофеј во својата историја. Кристал Палас помина низ тешки тестови за да стигне до Ред Бул Арена. Тимот на Оливер ...

Скопје се подготвува за историски музички настан. На 1 септември, на градскиот плоштад, по повод јубилејот 35 години од независноста на државата, ќе се одржи мегаконцерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски тенори на сите времиња – шпанскиот маестро Хозе Карерас. Светската класика на сцената ќе се спои со кремот на домашната естрада. Како дел од проектот „Македонија ол-стар“, рамо до рамо со Карерас ќе застанат Каролина Гочева, ...

Албанскиот премиер Еди Рама отворено ја поддржа идејата за привремено ограничување на правото на вето во процесот на проширување за идните земји членки. Оваа порака доаѓа во период кога во Брисел сериозно се дебатира за нов модел на пристапување „чекор по чекор“, кој на земјите кандидат би им овозможил делумен пристап до европскиот пазар и до институциите на Унијата уште пред полноправното членство. „Нема да се колебаме, ќе направиме сè што ...

Во април годинава во однос на април лани реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во трговијата на мало во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 17.3 проценти, а реално за 11.3 ...

Иран објави нова мапа на Ормускиот Теснец за која соопшти дека ја опфаќа областа од виталниот воден пат што е под иранска контрола. Иран го стави Ормус под строга блокада од крајот на февруари, по нападите на САД и на Израел врз земјата. Блокада на водениот пат, низ кој некогаш поминуваше една петтина од светската нафта, доведе до огромен скок на цените на нафтата, гасот и на енергијата низ целиот свет. И покрај повеќекратните напори, досега ...

Уставните измени не се последниот услов за Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, Бугарија има пошироки барања кон Македонија, а лидерот на СДСМ Венко Филипче е спремен да ги поддржи - рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. – Очигледно е дека единствениот кој безрезервно им верува на пораките на Румен Радев дека уставните измени се последната пречка на патот кон ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во однос на најавите за укинување на роамингот на ЕУ со Западен Балкан, вели дека тоа не зависи од нас, туку од ЕУ, а оптимистичко сценарио тоа да се случи би можело да биде 1 јануари 2027 година. - Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа можност за нашите граѓани. Тоа сепак зависи од Европската Унија, рокот не зависи од нас, но би значело оптимистичко ...

Запленивме половина милион евра кеш, 25 илјади парчиња лекови и медицински инструменти, во тек е истрага за заплена на 80 килограми марихуана по информација на царинското разузнавање, а веќе неколку месеци во тек е и опсежна истрага за акцизна стока која досега било незамисливо некој воопшто да работи на ова, рече директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, во гостувањето на Топ тема на Телма телевизија, информира прес-службата на ...

Изведбата на операта „Набуко“ од Џузепе Верди, на 31 мај во 20.00 часот, ќе биде посветена на неодамна трагично починатиот првенец на МОБ, баритонот Ристе Велков, со што ќе биде затворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“, информираат од НОБ. ‒ Со својата уметност, моќен глас и впечатливо сценско присуство, Ристе Велков остави длабока и трајна трага во македонската оперска уметност. Токму улогата на Набуко беше едно од ...

Хотелите со историски значајна архитектура „Бристол“ и „Јадран“ (Арапска куќа) одат на продажба, откако Собранието на акционери на „Македонијатурист“ ја потврди одлуката на раководството на компанијата да се ослободи од имотите кои не работат со години и не носат никаков приход за компанијата. Одлуката е објавена на Македонска берза, а во неа покрај овие два хотела се наведува дека се продава и друг имот на компанијата во Скопје меѓу кои и ...

Фудбалерите на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле и Ашраф Хакими, завршија целосен тренинг за францускиот шампион четири дена пред финалето на Лигата на шампионите против Арсенал во Будимпешта. Дембеле, освојувачот на Златната топка минатата година, заработи повреда на десната потколеница за време на последниот натпревар од Лига 1 против градскиот ривал Париз. Француските медиуми претходно објавија дека неговиот настап во финалето на Лигата на ...

Ужасен злостор ја потресе Аризона откако мајка (38), по пукање во сопругот и уште една жена во локален бар, заминала дома, ги убила своите две мали деца, а потоа си пресудила и себеси. Андреа Клерис Дејвис (38) е осомничена дека среде ноќ пукала во својот сопруг Нолан Дејвис (39) и во една 36-годишна жена. Според соопштението на полицијата, Дејвисова по пукањето се вратила дома каде што им ги одзела животите на своите деца – 18-месечниот ...

Градот Скопје и Министерството за култура и туризам денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда на главниот град. Меморандумот, потпишан од градоначалникот на Град Скопје и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претставува важен чекор во подготовките за „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ и има за цел посилна институционална координација во развојот и ...

Со должина од само 85 метри, границата помеѓу Шпанија и Мароко се смета за најкратка меѓународна граница во светот. Иако двете земји се одделени од Средоземното Море и се наоѓаат на два различни континента - Европа и Африка - мала шпанска територија покрај брегот на Мароко создала необична граница што со децении го привлекува вниманието на јавноста и географите ширум светот. Сè започнало во 20 век. На почетокот на 1900-тите, Шпанија ...

Секој ден, без воопшто да го забележите тоа, на Земјата ѝ е потребно малку повеќе време за да ја заврши својата ротација. Промената се мери само во делови од милисекунда, но силите потребни за да дојде до неа се речиси незамисливо големи. Според новата студија, брзината со која нашите денови се продолжуваат сега е „без преседан“ во последните 3,6 милиони години од геолошката историја. Наодите покажуваат дека, како што поларните ледени ...

Секако дека е повеќе од заслужено. Шпанскиот тренер на Арсенал, Микел Артета, е прогласен за менаџер на годината во Премиер лигата за сезоната 2025/26. Тој ги победи Пеп Гвардиола, Андони Ираола, Кит Ендрус, Реџис Ле Бри и Мајкл Карик во трката за наградата. Под водство на Артета, „топџиите“ ја освоија англиската титула. Тие собраа 85 бода од 38 кола од шампионатот, 7 бода пред нивниот најблизок конкурент Манчестер Сити. Ова е прва титула за ...

Атрактивната пејачка и актерка позираше во бело бикини, со сламена шапка и златна огрлица, додека косата ја собра во пунџа. Во објавата, таа сподели и видео од себе како се опушта на розова подлога за базен, а подоцна покажа уште една летна комбинација, долг бел ленен фустан со длабоко деколте и чипкани детали. - Го поминувам денот со луѓето што ги сакам. Среќен Ден на сеќавањето на сите - напиша Лопез со објавата. Нејзините близнаци Макс и ...

Ферари наскоро би можел да ги израдува љубителите на класичното возење со враќање на мануелниот менувач. Според најновите информации, италијанскиот производител наводно подготвува специјална верзија на моделот 12Cilindri со три педали и мануелен менувач. Ако гласините се покажат како точни, новиот модел би можел да биде претставен уште во текот на летото, што би го означило враќањето на мануелниот Ферари по првпат по речиси две децении. ...

Американската вселенска агенција НАСА ги објави деталите за револуционерните роботски лендери, беспилотни летала и лунарни возила кои треба да го подготват теренот за изградба на постојана човечка база на Месечината. Меѓу избраните партнери за овој мегапроект се најде и компанијата „Блу Ориџин“ на милијардерот Џеф Безос, соопштува BBC News. Белата куќа има јасна амбиција да ги врати американските астронаути на лунарната површина пред ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
47%
1009
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.25
38%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
55%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00