Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Веројатно најголемата фудбалска ѕвезда во Бразил, Нејмар, пристигна во тренинг-кампот на националниот тим во Терезополис со приватен хеликоптер. 34-годишникот пристигна на собирот со повреда, па веднаш ќе биде подложен на лекарски прегледи за да се утврди вистинската сериозност на повредата и да се процени кога може да очекува враќање на теренот. Патем, Нејмар е единствениот играч кој долета на тренинг. Националната репрезентација ќе остане ...
Пекинг тврди дека хеликоптери од бродот го нарушиле кинескиот воздушен простор над островите Парасел. Кинеската војска соопшти дека распоредила поморски и воздухопловни сили за да ја потисне холандската фрегата, која ја обвинува за нелегално влегување на островите Парасел во спорното Јужнокинеско Море. Хеликоптерите од воениот брод полетаа неколку пати и „влегоа во кинескиот воздушен простор“, изјави Жаи Шичен, портпарол на Јужната команда ...
На социјалните мрежи се појави видео-снимка која прикажува физичка пресметка меѓу двајца таксисти на еден од булеварите во Скопје, на која се гледа инцидент кој предизвика реакции во јавноста. На снимката се забележува како двајцата мажи најпрво влегуваат во вербален конфликт, кој брзо прераснува во физичка пресметка. Ситуацијата ескалира до степен кога еден од таксистите користи и палка во обид да го нападне другиот учесник во конфликтот. ...
„Сè сфаќаме сериозно. На еден или друг начин, потребно е да се разговара за идната структура на Европа. Ова е невозможно без учество на Европејците. Затоа преговорите ќе бидат неопходни на еден или друг начин“, рече Песков во интервју за каналот „Известија“. Тој додаде дека Русија, како и Путин, е отворена за овие преговори, но дека „Европејците дури сега почнуваат да созреваат“. „Ќе видиме. Бидејќи овие разговори за преговори засега се ...
Повеќе од 100.000 странски работници се регистрирале во Србија минатата година. Доаѓањето на странски работници во Србија одамна веќе не е избор, туку неопходност. Ги има околу 10 пати повеќе отколку пред една деценија, особено во градежништвото, угостителството и транспортот. Кои процедури ги презема државата по зголемувањето на бројот на странски работници и со кои земји ќе се интензивира соработката - за РТС зборуваше Даниел Игрец, ...
Тројца поранешни министри за финансии, кои во различни политички периоди ја водеа државната каса, денес се поврзани со фирми за консултантски услуги. Станува збор за Зоран Ставрески, Драган Тевдовски и Фатмир Бесими, чии компании се регистрирани во дејноста советување во врска со работењето и останато управување. Податоците до кои дојде порталот Фактор покажуваат дека фирмите имаат различен обем на работа, различна профитабилност и различен ...
Луѓето во Германија секако се подготвени да потрошат многу пари на одмори. Според тековната анализа на туризмот (Tourismusanalyse), Германците минатата година потрошиле рекордни 1.636 евра по лице на одмор. Што се однесува до најпопуларните дестинации во странство во Европа, најмногу потрошиле во просек во Грција (1.872 евра), а најмалку во Австрија (1.183 евра). Во Хрватска, според анализата на туризмот, минатата година потрошиле 1.303 евра ...
Сега веќе поранешниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, како своја следна работа најверојатно ќе има селекторска улога во некоја репрезентација. Каталонскиот тренер го напушти Сити по 10 години во клубот, во кои освои 20 трофеи. Гвардиола ќе стане амбасадор на Сити Фудбал Груп, во која се вклучени Сити и уште 10 клуба. Според „talkSPORT“, Пеп сонува еден ден да ја води репрезентацијата на Англија. Во меѓувреме, Фудбалската федерација ...
Трамп ги отфрли загриженостите за исходот од претстојните среднорочни избори, нагласувајќи дека верува дека иранскиот режим е без сила и нема друг избор освен да се согласи на договор под американски услови. Трамп: Не ми е гајле за среднорочните избори За време на состанокот на неговиот кабинет, Трамп тврдеше дека Иран нема да успее во својата стратегија за одложување на преговорите со надеж дека ќе го ослаби политички. „Мислеа дека можат да ...
Со години, милиони луѓе ширум светот сонуваат за истиот момент - кога нивниот билет ќе им донесе промена во животот и добивка од милион долари на лотарија. Додека некои редовно инвестираат големи суми верувајќи во среќа и статистика, повеќето сè уште играат само повремено, издвојувајќи неколку евра со надеж дека само тој мал облог би можел да им го промени животот. Во време на финансиска несигурност, лотаријата стана симбол на надеж и бегство ...
Додека дел од политичката сцена се обидува да мобилизира отпор против странските работници, хрватската економија силно зависи од нив. Според податоците од Министерството за внатрешни работи, до 30 април оваа година на странски работници им биле издадени 64.775 дозволи за престој и работа. Во текот на целата 2025 година, вкупно биле издадени 170.723, претежно во туризмот и угостителството (52.858) и градежништвото (52.776). Иако ова е помалку ...
Селаните влегле во пештерата во покраината Ксаисомбун во централниот Лаос минатата среда во потрага по злато, но обилните дождови предизвикале ненадејни поплави што го блокирале излезот, објави АП, повикувајќи се на спасувачките тимови од Лаос и Тајланд. Двајца тајландски нуркачи и еден фински експерт, кои учествувале во драматичното спасување на младински фудбалски тим од пештера во Тајланд во 2018 година, се приклучиле на ризичната ...
Селекторот на Холандија, Роналд Куман, го објави конечниот список од 26 играчи за претстојното Светско првенство што ќе се одржи во Канада, Мексико и САД, а меѓу најважните вести е враќањето на најдобриот стрелец во историјата на националниот тим, Мемфис Депај. Бразилскиот напаѓач на Коринтијанс успеа да се опорави од повредата на тетивата и ќе биде достапен за Холанѓаните на Светското првенство. Добри вести за Холанѓаните се повиците за ...
Сепак, тој не привлече најголемо внимание поради неговото пристигнување на црвениот тепих, туку поради неговата облека, по што набрзо започна дискусија на социјалните мрежи. Актерот пристигна во преголема портокалова дуксерка со качулка, сини тренерки и патики, а како изгледаше можете да видите во видеото подолу. Adam Sandler supports wife Jackie Sandler and reps New York Knicks at Netflix premiere.#AdamSandler #JackieSandler #Knicks ...
Лацио го објави заминувањето на Маурицио Сари. Римскиот клуб објави дека 67-годишниот специјалист поднесе оставка од функцијата главен тренер во меѓусебен договор со клубот. Сари беше на чело на Лацио од јуни 2025 година. Претходно го водеше тимот од 2021 до 2024 година. Минатата сезона, „Орлите“ завршија на 9-то место на табелата во Серија А, со 54 бода, и стигнаа до финалето на Купот на Италија, каде што загубија со 2-0 од Интер. Претходно ...
Глобално, драматично звучи соопштението на Светската метеоролошка организација (WMO), според кое наскоро се очекува развој на климатскиот феномен Ел Нињо, можеби во многу посилна форма како таканаречениот Супер Ел Нињо. Метеоролошките и климатските настани се базираат на временските услови и високата температура од глобалниот рекорд и до сега постои можност за високи температури. Според најновата анализа на метеорологот Славчо Попоски, во ...
Како што јавува „Марка“ во денешното издание, тимот на Барселона има начелен договор со звездата на тимот на Њукасл, Ентони Гордон. Тој пак според информациите на Ноу Камп би требало да се пресели за сума помеѓу 70 оносно 80 милиони евра, што е секако сериозен проект. Спортскиот директор на Барса, Деко, отпатувал лично во Англија за да се разговара за заинтересирсните страни, односно клуб, и играч. Тој но и првиот човек на Барса, Жоан ...
Во емисијата „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски кој истакна дека Владата продолжува со економска политика насочена кон силни капитални инвестиции и поддршка на градежниот сектор со цел зголемување на бруто-домашниот производ. „Овие 260 милиони евра кои Република Македонија ќе ги повлече ќе бидат за финансирање на одредени капитални проекти коишто се финансираат од ...
Вирусот Чикунгуња (Chikungunya), тропска болест која ја пренесуваат комарците, би можел да се прошири низ Европа и Северна Америка во текот на следните децении, предупредуваат научниците. Досега оваа болест главно беше ограничена на тропските и суптропските предели на Јужна и Централна Америка, Карибите, Југоисточна Азија и Африка, но климатските промени создаваат сè поповолни услови за ширење на пренесувачите на заразата. Климатските ...
Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат, како што изјави, и печатени. Според Јаневска, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а во 2028-ма процесот ќе биде заокриужен вклучително и со деветто одделение. -Од оваа ...
Македонија е добро рангирана на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, кој обезбедува компаративен преглед на состојбите и капацитетите за иновации и конкурентност во регионот, како и сет препораки за унапредување на јавните политики и поттикнување на одржлив економски раст. Ова беше посочено на презентацијата на Индексот, во организација на Центарот на истражување и креирање политики, во соработка со Фондацијата Конрад ...
Со овации, трчање во три круга околу бината и силен емотивен прием од белградската публика, македонската кантавторка Дина Јашари го одбележа настапот на платото пред Музејот на Југославија во Белград, како дел од 9. издание на манифестацијата „Leto u MuzeYU“ по повод Денот на младоста. Настапот се одржа точно една година по објавувањето на нејзиниот деби-албум „Растенија без корен“, а Дина симболично го одбележа моментот со трчање три круга ...
Една навидум безопасна навика зад воланот сега може да ве чини до 4.000 евра - заедно со одземање на возачката дозвола. Важно е да знаете дека овие правила важат и за туристите, без никакви исклучоци. Затоа е добра идеја да проверите што се променило и како да избегнете непријатности на патот пред да тргнете. Користењето мобилен телефон додека возите е една од главните причини за несреќи Користењето мобилен телефон додека возите станува ...
Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада. Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело, велат од Владата. Потренцираат дека укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада. -А ...
Скопје се подготвува за историски музички настан. На 1 септември, на градскиот плоштад, по повод јубилејот 35 години од независноста на државата, ќе се одржи мегаконцерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски тенори на сите времиња – шпанскиот маестро Хозе Карерас. Светската класика на сцената ќе се спои со кремот на домашната естрада. Како дел од проектот „Македонија ол-стар“, рамо до рамо со Карерас ќе застанат Каролина Гочева, ...
Граѓаните ќе мора да се облекуваат пристојно кога ќе ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи откако МВР објави дека воведува Кодекс за облекување за вработените и странките. „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и ...
Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од ...
Лоциран во Општина Илинден, Приватна установа за вон-семејна социјална заштита за стари лица ОАЗА претставува најсовремен и најголем дом за стари лица во регионот, со капацитет од 150 корисници, а во прва фаза се започнува со 64 корисници. Домот нуди концепт на функционирање во кој грижата за повозрасните не подразбира само сместување, туку целосен систем на здравствена, социјална и психофизичка поддршка, достоинствен живот и активно ...
Вечерва со почеток од 21:00 часот во Лајпциг, Германија, екипите на Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе го одиграат финалето во Лигата на Конференции. Како што тоа речиси секогаш бива кога се во прашање англиските екипи и нивните навивачи, во пресрет на финалето и на само неколку часа од стартот на истото се случи инцидент. Поточно тепачка помеѓу двете навивачки групи во центарот на градот односно во фан зоната на англичаните. При што, како што ...
Веста беше потврдена од бројни американски медиуми и јавни изјави од сојузници на администрацијата. Помалку од два месеци по нејзиното отстранување од функцијата државна обвинителка, американскиот претседател ја назначи Бонди во Советот на советници за наука и технологија на претседателот, тело кое станува сè поважно во напорите на администрацијата да ја обликува политиката за вештачка интелигенција и да се натпреварува со Кина. Советниот ...