Министерот за здравство, Азир Алиу, беше во обиколка на Клиника за ТОАРИЛУЦ и информира дека е во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали во хируршкиот оперативен блок „Комплетното реновирање на КАРИЛ е во завршна фаза и во најскоро време очекуваме овој простор да биде пуштен во употреба за пациентите. Се финализира и реновирањето на хируршкиот оперативен блок, каде се опфатени четири операциони сали во прва ...

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на ...

Полицијата уапси двајца разбојници кои на 03.12. извршија разбојништво во финансиско друштво во Скопје, а истите биле барани и со потерници поради бегство од затвор. На 04.12.2025 во 17:05 часот на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ж.(37) од Скопје и К.Б.(33) од Битола. Тие се сомничат дека на 03.12.2025 околу 18:40 часот во финансиско друштво на ...

„СДС со ново соопштение, покажува дека се плаши од соочување со народот. Доколку СДС смета дека се подготвени и дека ја имаат поддршката од народот за избори, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Доколку СДС смета дека анкетите во кои тие се 4-5 партија во Македонија, не се точни и дека имаа поголема доверба од народот, нека повелат уште утре нека ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и со Синдикатот на Клинички центар. „Со синдикатите сме на иста страна, во постојана комуникација сме, одржуваме редовни работни средби и заеднички се залагаме за унапредување на статусот на здравствените работници. Во духот на социјалниот дијалог, разговаравме и ги разгледувавме можните ...

Од Министерството за правда соопштија дека по добиеното мислење, Предлог Законот за Судски совет ќе се поднесе во собраниска процедура. Станува збор, како што велат од таму, за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија. „Клучни новини кои се предвидени со Законот: Јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна. Прецизирање ...

Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени. Времето во наредните ...

Неколку помали земјотреси, за краток временски период, ја погодија областа на Италија помеѓу Ромања и Тоскана во текот на ноќта, јавуваат италијанските медиуми. Во периодот од 22:38 часот, регистриран е таканаречен „сеизмички рој“ од шест земјотреси, од кои најголемиот е регистриран во 3:36 часот наутро, со магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала, помеѓу Чезена и Арека, пренесува „Анса“. Епицентарот на овие земјотреси бил помеѓу ...

Украинската делегација ќе ги продолжи преговорите во Соединетите Американски Држави со цел да ги разјасни деталите од состанокот на претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп во Русија. И да ги координира понатамошните чекори за постигнување праведен мир, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Нашата задача сега е да добиеме целосни информации за тоа што беше кажано во Русија, какви други изговори најде ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се залагаше за тоа да се дадат јасни гаранции дека ризиците од планираната употреба на замрзнатите руски државни средства за поддршка на Украина ќе бидат подеднакво распределени меѓу сите земји-членки на Европската Унија. Во колумна објавена во весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Мерц нагласи дека секоја земја треба да преземе „еднаков дел од ризикот во согласност со своите економски капацитети“, објави ...

Во рамките на карванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, и со членовите на Советот на Општината. Разговорите беа насочени кон клучните приоритети на Општината, тековните инфраструктурни активности, како и кон можностите за дополнителна поддршка преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, кој обезбедува ...

Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против А.А. (42) од овој град поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „бесправно градење“. Пријави се поднесени и против фирма од Гостивар за „фалсификување исправа“, како и против Б.И. (33), сопственик и одговорно лице на правното лице, поради сомнение за „фалсификување исправа“ и „несовесно работење во службата“. Според МВР, првопријавениот во периодот од 2022 година до 10 ...

Вчера во 10:19 часот во СВР Битола, 70-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило и ја известило дека нејзината ќерка паднала по скали и ја искршило вилицата и ногата и дека требало да ѝ се стават златни шипки. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна откако ѝ се јавила нејзината ќерка сфатила дека е измамена. Се преземаат ...

Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој најави дека заедно со неговиот тим ќе бара интегритет, одговорност и транспарентност од сите институции. „За мене претставува, пред сѐ, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам, во која израснав како професионалец. Истовремено е голема одговорност, имајќи ...

Општина Бутел извести дека денеска во координирана акција со МВР, во раните утрински часови бил отстранет бесправно изграден објект во населеното место Визбегово. „Законот за бесправно изградени објекти се спроведува на целата територија на општина Бутел. Градоначалникот Дарко Костовски нагласи дека се додека тој е градоначалник, законите ќе важат за сите граѓани подеднакво, без исклучок. Градоначалникот работи во интерес на сите граѓани и ...

Велика Британија и Норвешка денес ќе потпишат нов договор за одбранбена соработка, планирајќи заедничко управување со флота од фрегати за лов на руски подморници во северниот Атлантик, објави британското Министерство за одбрана. Договорот доаѓа неколку месеци откако беше објавено дека Норвешка купила најмалку пет фрегати од типот 26 од британската група BAE Systems, за сума од 11,5 милијарди евра. Според условите на новиот договор, кои треба ...

„СДСМ го потсетува ново избраниот претседател на ДКСК, Адем Чучуљ, за корупцискиот скандал од 9 милиони евра и го повикува да биде меѓу првите негови работни задачи. Кои се фактите: Фирма основаната минатата година, со само двајца вработени добива 9 милионски договори за тендери од владата на Христијан Мицкоски. Тендерите се во висина од 9 милиони евра, пари на граѓаните!“, велат од СДСМ. „Периодот на добивање на сите тендери вредни 9 милион ...

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени. Времето во наредните ...

По состанокот меѓу претставниците на САД и рускиот претседател Владимир Путин во Москва, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави планови за нови разговори меѓу украинските и американските претставници. „Подготвуваме состаноци во Соединетите Држави“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање. Тој додаде дека Украина очекува вести за ова во следните неколку дена. Разговорите ќе ги водат секретарот на Советот за национална безбедност ...

ИКЕА купува околу 24.000 хектари шума во Латвија и Литванија од финската инвестициска компанија CapMan Natural Capital, која по повеќе од десет години активно управување оценила дека имотот достигнал „зрела фаза“ на создавање вредност. ИКЕА соопшти дека набавката е во согласност со целите за одговорно управување со шумите и користење локални суровини, имајќи предвид дека таа е меѓу најголемите потрошувачи на дрвна маса во светот. ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ја посети Клиничката болница во Тетово по повод доделување решенија за вработување доктори-специјализанти од повеќе области. -Со големо задоволство присуствувам на доделувањето решенија за вработување на 28 доктори специјализанти. Станува збор за приватни специјализанти од повеќе различни области, со што сериозно се унапредува специјалистичката здравствена заштита во оваа установа. Приватните ...

По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети Центарот за деца со церебрална парализа, кој одбележа 20 години постоење. На приредбата, градоначалникот ја нагласи посветеноста на локалната самоуправа за постојано унапредување на овој Центар. „Нашата општина има инклузивен и хуман пристап кон сите граѓани, а токму овој Центар е доказ за тоа“, истакна Герасимовски. Центарот за ...

Вчера во 10:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ја лишија од слобода 24-годишната Џ.А. од селото Ново Село, општина Боговиње. Претходно, таа со нејзиното патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувала, удрила во паркирано возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблици, паркирано од В.У.(23) од Тетово. При преземање мерки констатирано ...

Во текот на месец ноември 2025 година, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше вкупно 179 едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Претставниците на Еко-патролата ги информираа и едуцираа граѓаните на кој начин, каде и во кои термини, согласно законските одредби, треба да го одлагаат комуналниот отпад и отпадот од пакувања, со цел – ...

Полицијата уапси три лица од кривопаланечко кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување службени дејствија. Вчера околу 16:00 часот во село Трново, кривопаланечко, кај место викано „Самоков“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода Г.Ѓ.(57), А.Ѓ.(30) и А.Ѓ.(22), сите од с.Жидилово, кривопаланечко. Имено, тројцата агресивно се однесувале и ...

Поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на булеварот Александар Македонски, ЈП Водовод и канализација Скопје ќе преземе одреден технички зафат кој ќе се одвива денеска. Прекин на водоснабдување на денеска од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места: – Бул. Александар Македоски – Ул. 808 (дел од улица) – Бул. Киро Глигоров (дел од булевар) – Населба Автокоманда со намален притисок во ниска ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Минималната ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби. „Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија остануваат во сила до донесување конечна одлука ...

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца полицајци за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Двајцата пријавени, полициски службеници во Полициската станица Кочани при СВР Штип, при извршување на службени задачи на 07.09.2025 година во врска со пријава за гласна музика, влегле во дворот на лицето пријавено за пуштање на гласна музика и без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба, неовластено ...

На почеток на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен скужбеник во Министерството за економија кој е во притвор и во чија ќелија биле пронајдени вкупно 13 мобилни телефони и лаптоп. „Морам да ве предупредам дека ви следува самица и други казни“, рече судијката Груевска-Илиевска. Обвинетиот Камбери се обиде да објасни дека и тој ги нашол 13-те ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
8.75
62%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
1.03
74%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
86%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
3.15
88%
1033
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.28
79%
1027
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
6.69
60%
1026
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1025
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.57
81%
1034
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.68
63%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
8.75
61%
1031
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Алуминиум

3.42

Злато

166253.76

Родиум

372948.66

Платина

68963.35

Рутениум

47358.05

Цинк

3.24

Паладиум

51794.85

Сребро

2711.59

Кобалт

66.14

Иридиум

231355.22

Бакар

11.73

Калај

50.64