Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Работник на 53-годишна возраст загина вчера при извршување работни задачи во производствена хала во фирма кај Новоселски пат. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 12 декември 2025 година во 08:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека С.А. (53) од Скопје се здобил со тешки повреди од машина, по што починал на самото место. Смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош, а на местото на настанот бил ...
Полицијата во Струмица поднесе кривична пријава против 66-годишниот В.К. од овој град поради сомнеж за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и поттикнување, како и против Д.Т. (61) од Струмица поради сомнение за помагање. Како што соопшти полицијата, на 4 април 2025 година полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, во угостителски објект во селото Колешино, како и во објект на правно лице во ...
Од 11:00 часот граничниот премин Евзони (ГП Богородица) е затворен за сообраќај, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е ...
Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија. Како што соопшти Дескоска, за нова претседателка на Венецијанската комисија е избрана Марта Картабија, професорка по уставно право и поранешна министерка за правда на Италија. Заедно со Дескоска, за потпретседатели се избрани и Ерик Холмовик од Норвешка и Тимоти Оти од Обединетото Кралство. Дескоска ...
Над 150 издавачи претставуваат повеќе од 100.000 наслови на годинешниот Софиски меѓународен саем на книгата, познат и како „зимски“, организиран од Асоцијацијата „Бугарска книга“. Саемот традиционално се одржува во мермерното фоаје на Националниот дворец на културата, каде што посетителите можат да учествуваат и во богата културна програма – промоции, дискусии и средби со бугарски и меѓународни автори. Книжевниот настан ќе биде отворен до ...
Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологии – INSAIT, при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, освои второ место на престижното натпреварување по роботика MARS, кое се одржа во рамки на конференцијата NeurIPS во Соединетите Американски Држави, јавува БНР. Конференцијата е еден од клучните светски форуми во областа на вештачката интелигенција, соопштија од прес-службата на институтот. Во конкуренција со 18 ...
Земјите од Европската Унија се обидуваат да ги вклучат Соединетите Американски Држави во нивните преговори за мировниот план со Киев, изјави германскиот канцелар, како што објави агенцијата ДПА. „Се обидуваме да ја вклучиме американската влада во преговорите што ги водиме едни со други, како и со украинската влада и украинскиот претседател“, рече Мерц по средбата со Манфред Вебер, претседател на парламентарната група на Европската народна ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес ги посети војниците распоредени на Купјан и рече дека резултатите на фронтот се од клучно значење за Украина да постигне резултати на дипломатско ниво. „Така функционира: силните позиции на терен значат силни позиции во разговорите за завршување на војната. Благодарност до секој војник“, рече Зеленски на Телеграм. По тој повод, тој им го честиташе Денот на копнените сили на Украина на ...
Времето денес ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека јавно настапува како противник на мигрантите, додека за време на владеењето на СДСM, заедно со поранешниот премиер Зоран Заев, водел политика за населување мигранти во Македонија. Во соопштението се наведува дека во периодот на владеење на Сoцијалдемократскиот сојуз постоела, како што тврдат, партиска и државна политика за носење мигранти, при што се посочува дека во 2018 ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека лидерите на Тајланд и Камбоџа за време на денешниот разговор со него се согласиле на прекин на огнот, почнувајќи од вечерва. „Имав многу добар разговор утрово со премиерот на Тајланд, Анутин Чарнвиракул, и премиерот на Камбоџа, Хун Манет, во врска со многу несреќното обновување на нивниот долгогодишен воен конфликт. Тие се согласија да ги прекинат сите непријателства, почнувајќи од вечерва, и да ...
Белгија, Бугарија, Италија и Малта соопштија во заедничка изјава дека гласале за поддршка на плановите на Европската Унија за неопределено замрзнување на средствата на Руската централна банка што се чуваат во Европа, јавува БНР. „Во духот на соработката, Белгија, Бугарија, Италија и Малта гласаат ‘ЗА’ во тековната писмена процедура, но појаснуваат дека ова гласање под никакви околности не го предодредува решението за евентуалното користење на ...
Целосната забрана за продажба на нови автомобили на бензин и дизел во Европската унија од 2035 година ќе биде олеснета, најави еден од водечките политичари на Европскиот парламент. Одлуката, која Европската комисија треба да ја објави следниот вторник во Стразбур, предизвика остри поделби и гнев кај екологистите, кои тврдат дека тоа го поткопува Зелениот план на ЕУ, пишува „Гардијан“. Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека го ...
Опозицијата се обединува против, како што беше наведено, тајните договори на Владата предводена од ДПМНЕ за прифаќање мигранти, соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче информираше дека на неговата покана се одѕвале претставници на сите партии од опозициската коалиција, со кои разговарале за, како што оцени, сериозноста на состојбата поврзана со договор за мигранти со Велика Британија. Според него, ...
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со сопругата на премиерот Рози Мицкоска и пратеничката Жаклина Пешевска, денеска остварија предновогодишна посета на Клубот за деца со церебрална парализа во населбата Расадник. Во празнична и топла атмосфера, тие се дружеа со децата, учествуваа во новогодишната забава, заеднички ја китеа елката и пееја, а на децата им беа поделени и новогодишни пакетчиња. Притоа беше истакната важноста од ...
Две лица од Тетово се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело – измама. Според полицијата, настанот се случил во октомври 2024 година, кога Х.А. (58) довела во заблуда лице од Тетово, уверувајќи го дека може да му помогне со посредување во Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово, со цел тој и неговата сопруга да остварат надомест за помош и нега од друго лице. Откако го уверила ...
Во полицијата било пријавено дека 13-годишно момче било физички нападнато од четворица малолетници на подрачјето на Карпош, соопшти полицијата. Во пријавата се наведува дека нападот се случил околу 14:30 часот, а малолетниците, кои биле познати на семејството, физички го нападнале момчето, при што еден од нив употребил и тврд предмет. По нападот, како што се наведува, на малолетникот му биле упатени и закани поврзани со неговите двајца браќа. ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку објава на „Фејсбук“ повика на протест, кој ќе се одржи утре, 13 декември, во 13 часот, на плоштадот Скендербег во Скопје, со слоганот „Јас сум УЧК“. Во објавата Ахмети наведува дека протестот има цел барање правда и отфрлање, како што посочува, на измислените обвинувања на Србија и Русија додавајќи дека протестот е израз на почит кон жртвите и одбрана на, како што вели, вистината за историјата. „Слободата има ...
Јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи. При претрес во домот на осомничениот во селото Орашје, полицијата пронашла автоматско огнено оружје и муниција кои на граѓаните им се забранети. Станува ...
Светската здравствена организација (СЗО) објави нова анализа со која повторно потврдува дека не постои причинско-последична врска меѓу вакцините и аутизмот, спротивно на тврдењата што кружат во јавноста. Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека аутизмот не е несакан ефект од вакцините. Анализата на Советодавниот одбор за безбедност на вакцините опфатила 31 научна студија спроведена во повеќе земји во период од 15 години, ...
„Бугарија ќе биде членка на еврозоната од 1 јануари“, изјави портпаролот на Европската комисија, Балаш Ујвари, одговарајќи на прашање од БНР дали оставката на владата и барањето за одложување од страна на партијата „Преродба“ би можеле да го променат воведувањето на еврото во земјата од 1 јануари. „Ситуацијата е многу јасна. Постојат точно утврдени критериуми што мора да бидат исполнети за таа цел, а Бугарија ги има исполнето. Сите основни ...
Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Овој чин не е само еколошка акција, туку длабоко симболичен и човечки гест. Секој јавор претставува жив споменик, тивок знак на почит и сеќавање на нашите деца“, велат семејствата на загинатите деца. Наместо студен камен, како што додаваат, избрале да засадат дрвја што ќе растат и ќе сведочат за постоењето на нивните деца, како симбол на ...
Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе авто-школи на подрачјето на Република Северна Македонија, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 авто – школи. При увидот се констатирани индиции кои ...
Средба со автограм со авторот Бојко Беленски ќе се одржи на 12 декември, со почеток во 16:30 часот, во Националниот дворец на културата (НДК) во Софија. Настанот ќе се одвива на третиот кат, штанд број 306, во рамки на Софискиот меѓународен саем на книгата. Повод за средбата е делото „Дијамант во кокардата на Дрангов“. Публиката ќе има можност лично да се сретне со авторот, да добие автограм и да се запознае одблиску со книгата. Настанот е ...
Собранието на Бугарија со 227 гласа „за“ и без „против“ или воздржани ја усвои оставката на владата предводена од премиерот Росен Желјазков, јавува БГНЕС. Одлуката беше претставена од пратеничката на ГЕРБ-СДС Деница Сачева, која појасни дека кабинетот ќе продолжи да ја извршува функцијата до изборот на нова влада. Причините за оставката беа предмет на остри дебати. Од ПП-ДБ изјавија дека владата паднала поради јавниот притисок и политичката ...
Припадници на Копнените сили на Бугарија ги демонстрираа своите способности за време на меѓународната воена вежба „Golden Sword – 25“, која се одржа од 8 до 11 декември во Грција, јавува МО на Бугарија. На вежбата учествуваа војници од седум држави – Грција, Бугарија, Шпанија, Романија, Италија, Португалија и Албанија. Од бугарска страна во вежбата беше вклучен механизиран вод со командир постар поручник Јордан Стојчев, од составот на Третото ...
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации. „Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението. Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но ...
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата, „ВМРО-ДПМНЕ да го потпише договорот со народот и заедно да ја поднесеме во македонското Собрание“. „Зошто со денови не одговараат дали ќе ја потпишат? Содржината е објавена и јавно достапна, сега повеќе немаат изговори дека не ја виделе или не ја прочитале. Ајде, заедно да го потпишеме договорот со народот. Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“, велат од ...
„Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба. Каков капитал влегува во земјава и со што е поврзан? Постои ли финансиско-политичка мрежа и со кои земји е преплетена? Која е позадината?“, велат од СДСМ „Дали затоа оваа влада на Мицкоски ја држи Македонија надвор од ЕУ – изолирана и претворена во црна точка во Европа?“, се вели во најавата на СДСМ од каде додаваат дека прес-конференцијата е закажана за 10:30 часот, во седиштето на ...
Тони Коцев Манипулирање на ТВ гледачите со цел сугестија за начинот на размислување . Многу од македонските ТВ јавуваат дека владата во Бугарија – НАЈСИРОМАШНАТА земја во Европа паднала . Да , точно е дека бугарската влада поднесе оставка , но каде е манипулацијата ? Телевизиите го поврзуваат настанот ( пад на влада ) со негативен атрибут ( најсиромашната држава ) , сугерирајки им на гледачите емоција на супериорност и задоволство , та дури ...