„Почитуван’’ поранешен претседател на Македонија, она што го говорите на едно ваше интервју за наводно про-руско или про-српско влијание во државата во изминатите 7 години, да ве потсетиме дека тој период на власт беа СДС и ДУИ. Од тие изминати 7 години, да ве потсетиме дека вие бевте претседател на државата, период во кој вие велите дека е зголемено истото тоа влијание во државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Прашуваат, дали Пендаровски, заедно со ...

Вчера во 12:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.Д.(58) од село Тромеѓа, кумановско. Постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на ул.„Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1.100 разновидни пиротехнички срредства. Тој е задржан во полициска станица и по целосно ...

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на почетокот на изградбата на новата детска градинка во населбата Дексион во Ѓорче Петров. „Ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратениците коишто доаѓаат од овој дел на Скопје за залагањето, за трудот, за амбицијата да тоа коешто претставува акутен проблем би рекол, а тоа е обезбедување на услови за дечињата да бидат сместени во ...

Ноќеска во 02:53 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода 31-годишниот М.П. од Пробиштип. Претходно, тој со возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, удрил во паркирано возило, по што се заканувал на сопственичката на паркираното возило М.С.(21) од Свети Николе. Додека, при преземање мерки во врска со настанот, полициските службеници констатирале дека е под дејство на ...

Во периодот од 01.11.2025 до 30.11.2025 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат пропишаните стандарди за затемнување на стаклата на возилата, извести МВР. „При контролата санкционирани се 101 учесници во сообраќајот. Најголем дел се регистрирани на подрачјето на СВР Тетово – 45 и СВР ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе ...

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30 градилишта, при што се изречени 24 казни за различни прекршувања, меѓу кои незаконско зафаќање јавни површини со градежен материјал и валкани гуми. Санкциите се движат од 1.300 до 1.800 евра, известуваат од Општината. Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски порача дека локалната ...

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина Карпош. Од секое училиште беа земени мостри од храна како и брисеви од работни површини од кујните во училиштата. По направените анализи во испитуваните примероци не се докажани патогени бактерии. Освен во едно од училиштата каде на 2 површини е докажано присуство на ентеробактерии, што е индикатор на недоволна хигиена. ИЈЗ ...

На 30.11.2025 околу 20:00 часот во атар на село Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 15 години од Кочани. Претходно, на автопатот од наплатна рампа Романовце кон Граничен премин Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на возило „фолксваген пасат“ со делчевски регистарски ознаки, во кое се ...

Полицијата рано изутринава кај наплатната рампа Романовце лишила од слобода возач и седум илегални мигранти од Египет. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Како што се посочува во информацијата од МВР, околу 2:10 часот на 30 ноември, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на ...

Тројца мажи се приведени во две одделни полициски акции спроведени во селото Миравци, гевгелиско, соопшти МВР. Во првиот случај, на 29 ноември 2025 година околу 22:10 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Т.П. (32) од Миравци, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. Еден час подоцна, околу 23:20 часот, во истото село биле приведени С.Р. (27) и К.Т. (38), двајцата од село Пирава, валандовско. ...

Деветнаесетгодишен возач е тешко повреден, а неговиот 20-годишен сопатник е полесно повреден во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, информира МВР. Несреќата била пријавена на 29 ноември 2025 година околу 13:20 часот, кога патничко возило пежо 206 со велешки регистарски таблички, управувано од Ф.К. (19) од Гевгелија, излетало надвор од коловозот на местото викано „Л’гот“. Во несреќата возачот се здобил ...

Полициските службеници во изминатите два дена лишија од слобода тројца возачи во Македонска Каменица, Кратово и Куманово поради сериозни прекршоци во сообраќајот. На улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, вчера околу 23 часот полицијата го привела Д.Ј. (54) откако управувал возило „Хјундаи“ под дејство на алкохол. Измерени му биле 2,00 промили алкохол во крвта. Неколку часа подоцна, однсно ноќеска во 1:59 часот, на улицата ...

Пратеникот Илир Демири ќе дејствува како независен. Тој за оваа одлука го информирал претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопштија од кабинетот на собранискиот спикер. Демири беше избран за пратеник од шестата изборна единица како кадар на Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, партија која на парламентарните избори настапи во Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Одлуката на Демири за независно дејствување следува ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови наместа ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе биде во интервал од 7 до 13 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне ...

Украинските сили за беспилотни системи објавија дека уништиле три вредни руски противвоздушни системи со вкупна проценета вредност од околу 60 милиони долари – Бук-М1, Бук-М2 и Тор-М2 – за време на тридневен напад со беспилотни летала. Во соопштение на социјалните мрежи, тие велат дека операторите од батаљонот Асгард на 412-та бригада Немезис, заедно со 12-от Центар за специјални намени и специјалната единица „Кабул 9“ на Воената ...

Метеоролозите за денеска прогнозираат облачно време, со врнежи кои ќе бидат сконцентриани во крајниот западен регион во сабота и тоа повеќе во втората половина од денот. Позачестени врнежи се очекуваат во недела, и тоа повторно повеќе во западниот крај, но без голем потенцијал за значајна количина на воден талог. Приквечер врнежи може да се очекуваат и во североисточниот крај. Заради влијанието на јужното струење, снег ќе врне само на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на преговорите со Соединетите Американски Држави за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија, кои, како што наведе, наскоро ќе започнат, земјата ќе ја претставуваат началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андреј Гнатов и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров. Во синоќешното видео обраќање, Зеленски рече дека претставници на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги поништил сите уредби и документи потпишани од неговиот претходник на функцијата, демократот Џозеф Бајден, бидејќи користел уред за автоматско потпишување. Кои се правните последици од одлуката на Трамп засега не е јасно. „Секој документ кој го потпишал Поспаниот Џо користејќи автоматско пенкало, што е околу 92 проценти од нив, со ова се поништува и повеќе нема никаква правна сила или ...

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека меѓу повредените е тринаесетгодишно момче. Воената администрација на Киев ги предупреди жителите и на заканата од напад со балистички ракети и ги повика да останат во затворен простор. Шефот на воената администрација на Кијева, Тимур Ткаченко изјави дека еден човек загинал во нападот, ...

Историската зграда на бугарскиот парламент беше осветена во сина боја на 20 ноември, денот кога се одбележува годишнината од усвојувањето на Конвенцијата на ОН за правата на децата, јавува БГНЕС. Овој симболичен гест е реализиран по иницијатива на Државната агенција за заштита на детето, како дел од втората Национална кампања против насилството врз и меѓу децата под мотото „Биди храбар, биди добар“. Кампањата има за цел да го поттикне јавниот ...

Полицијата евидентираше два одделни инцидента со малолетници во основни училишта на подрачјето на градот. На 26 ноември 2025 година, во 11:15 часот, во хол на основно училиште во општина Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред и мир при физичка пресметка меѓу двајца малолетници од Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Следниот ден, на 27 ноември 2025 година, во 15:00 часот, во СВР Скопје пријавил О.М. (44) од Скопје дека ...

Вчера, по полноќ, полициски службеници од Штип го приведоа 29-годишниот Ј.А. од селото Таринци, општина Карбинци, во Клиничката болница во Штип. Претходно, во болницата бил донесен неговиот татко В.А. (54), кој, и покрај укажаната лекарска помош, починал. Кога Ј.А. пристигнал во установата и бил информиран од медицинскиот персонал дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон персоналот и искршил стакла и делови од болничкиот ...

„Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната постапка и оти судијата известител ставил потпис на конечниот извештај со кој се укинува линеарното зголемување на покачувањето на пензиите за пензионерите од следниот месец“, вели Христијан Мицкоски. Премиерот потенцираше дека со линеарното зголемување на пензиите како Влада сакале да го подобрат животниот стандард на околу ...

Поради прославата на Денот на албанското знаме, сообраќајот во Чаир попладнево е силно отежнат, а делови од улиците кон Бит Пазар речиси се непроодни. Според граѓани кои се затекнале во областа, движењето е овозможено само во лентата резервирана за дефилето, додека останатите ленти и околни улици се блокирани со возила, што предизвикува застои и невозможност за движење. Колоните што се движат со полициска придружба тргнуваат од пред Општина ...

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека „единството меѓу лидерите на ЕУ за Украина на денешниот виртуелен самит било видливо“, јавува БНР. Според неа, сите лидери остануваат посветени на постигнување траен мир што ќе ги заштити виталните безбедносни интереси и на Украина и на Европа. Таа најави дека темите за безбедноста на Украина и новите санкции против Русија ќе бидат во ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Украина би можела да добие гаранции за својата безбедност кои ќе бидат споредливи со принципот на колективна одбрана предвиден во Северноатлантскиот пакт, јавува БНР. „Она што го разгледуваме сега не е членство на Украина во НАТО, туку безбедносни гаранции по примерот на членoт 5,“ изјави Руте за американскиот канал „Фокс њуз“. Тој не ја исклучи можноста за распоредување на западни војници ...

На денешната видеоконференциска врска на „Коалицијата на подготвените“ беа разгледани резултатите од преговорите за Украина што синоќа се одржаа во Вашингтон. За ова информираше бугарскиот премиер Росен Желјазков преку објава на социјалната мрежа Х. „Сите канали за поддршка на Украина, кои досега сме ги воспоставиле, треба да продолжат да се применуваат на координиран начин како клучен елемент од гаранциите за безбедност“, истакна премиерот. ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска не го усвои упатството за пополнување на образец за кандидатски листи за членови на советите на општините и Градот Скопје. Причината е барањето на членката Дитмире Шеху одлуката да се донесе консензусно, повикувајќи се на Изборниот законик кој тоа го дозволува кога станува збор за интереси на немнозинските заедници. Шеху посочи дека бројот на советници се утврдува со Законот за локална самоуправа, а не ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков најави дека изградбата на Универзална сала ќе се реализира во една фаза, со инвестиција од 20 милиони евра. Тендерот е распишан, а доколку постапката заврши успешно, градежните работи ќе почнат во септември. „Овојпат нема фази, изградбата ќе биде клуч на рака. Очекуваме салата да биде завршена до крајот на 2027 година,“ изјави Љутков, нагласувајќи дека Министерството за култура и туризам целосно ја ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
10.29
56%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
6.17
57%
1032
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
5.01
75%
1033
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 1ᴼ
0.0
62%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
7.2
61%
1027
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1026
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
2.68
75%
1034
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.24
60%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
61%
1031
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Платина

68963.35

Злато

166253.76

Иридиум

231355.22

Алуминиум

3.42

Сребро

2711.59

Цинк

3.24

Кобалт

66.14

Паладиум

51794.85

Калај

50.64

Рутениум

47358.05

Бакар

11.73

Родиум

372948.66