Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес најави понатамошна работа за воведување санкции против Русија и рече дека се надева дека исплатата на првата рата од договорениот заем од 90 милијарди евра за Украина ќе започне наскоро. „Видовме дека примирјето што го сакаше Владимир Путин беше многу цинично за да ја заштити својата парада, додека во исто време цивилите во Украина беа нападнати, ...

При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад. Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно со член 130 од Законот, извести општината Аеродром. „За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност! Општина Аеродром ...

Двајца евакуирани патници од крузерот MV Hondius, на кој избувна инфекција со хантавирус, беа позитивни на тестот, додека последните евакуации од бродот лоциран на Канарските Острови се очекуваат денес, според новите податоци објавени од AFP во понеделник. Меѓу веќе евакуираните патници, една Американка и една Французинка беа позитивни на хантавирус, против кој нема вакцина или лек, а кој може да предизвика акутен респираторен синдром. Друг ...

Претставници на Кина и САД оваа недела ќе одржат нова рунда трговски преговори во Сеул, соопшти кинеското Министерство за трговија. Кинескиот вицепремиер Хе Лифенг ќе престојува во Јужна Кореја од утре до среда, каде ќе разговара со американскиот министер за финансии Скот Бесент за економски и трговски прашања. Бесент најави дека по средбите во Јапонија и Јужна Кореја ќе му се придружи на американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот ...

Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на локалната самоуправа. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека со оваа мерка продолжува поддршката за подобрување на условите за домување и унапредување на безбедноста на граѓаните. „Сите станбени заедници во Општина Центар кои ...

Во текот на изминатите два дена (09/10.05.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1433 издадени платни налози, 861 прекршок се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишено од слобода за безобѕирно управување на возило е 21 лицe, од кои пет за возење под дејство на ...

Француската министерка за здравство Стефани Рис соопшти дека на Французинка, која била позитивна на хантавирус по патување со крузерот „МВ Хондиус“, нагло ѝ се влошила здравствената состојба. Идентификувани се 22 француски државјани кои биле во близок контакт со заразената жена. Дел од нив биле ставени во изолација, а останатите добиле препорака за самоизолација и контакт со здравствените власти. Епидемиологот Арно Фонтан од Пастеровиот ...

Претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе ...

„Остануваат уште само 20 дена до рокот кој ќе потврди неисполнување на реформската агенда од страна на Мицкоски. Бидејќи нема никакви реформи Христијан Мицкоски повторно ја активираше добро познатата стратегија за мачкање очи на граѓаните за сопствениот неуспех и неисполнети ветување“, велат од СДСМ. „Прво намерно заострување на односите со Бугарија, создавање тензии и конфликти, наместо градење позиции за напредок на државата. Второ напад ...

Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе ги разгледува жалбите за пресудата во случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Жалби поднеле одбраната на осудените, но и Основното јавно обвинителство, кое ја оспорува ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Кривичниот суд во Скопје во јуни минатата година ги осуди Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев на доживотен затвор за грабнување и ...

После распадот на ЗНАМ, напуштањето на претеникот Цеков и советничката во Прилеп, започнува распад и во самата ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ. „Криминалната организација на Христијан Мицкоски е зафатена од сериозни внатрешни конфликти, фракции поврзани со Никола Груевски, внатрешна чистка со отстранување на сите потпретседатели, заминување на градоначлникот Сотир Лукровски. Очигледно е дека Лукровски не сакал да биде дел од шеми поврзани со ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со парламентарната делегација составена од потпретседателите на Собранието, Јован Митрески и Весна Бендевска, координаторите на пратеничките групи Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски, претседателот на работната група за Етичкиот кодекс, Миле Лефков, како и генералната секретарка Марина Димовска, од 11 до 14 мај 2026 година ќе оствари работна посета на ...

Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ денеска во Брисел се очекува да усвојат нови санкции против Русија поради киднапираните украински деца, соопшти европски дипломатски извор. Санкциите ќе опфатат голем број лица, пренесува БНР. Една од главните теми на Советот за надворешни работи ќе биде и обезбедувањето на заемот од 90 милијарди евра за Украина, кој беше одобрен од ЕУ. На состанокот ќе присуствува и украинскиот министер за ...

Првите патници од крузерот „MV Hondius“, погоден од епидемија на хантавирус, денеска беа евакуирани од Тенерифе со специјални чартер-летови кон нивните матични земји, каде ги очекуваат строги карантински мерки. Шпанија Првите 14 шпански државјани беа евакуирани со владин авион во Мадрид, каде ќе бидат сместени во воената болница „Гомез Уља“. Шпанските власти најавија задолжителен карантин и повеќекратни PCR тестирања. Патниците ќе бидат ...

Во периодот на бугарската Преродба, 11 мај се утврдил како важен празник посветен на светите браќа Кирил и Методиј. Првите пишани сведоштва за нивното чествување се појавуваат во 1852 година во делото „Христоматия славянского язъка“ на Неофит Рилски, пишува БГНЕС. Во 1857 година празникот бил одбележан во бугарската црква „Св. Стефан“ во Истанбул, а од 1863 година 11 мај официјално станал црковен празник на светите браќа. По ослободувањето на ...

Ски-центарот Банско и во сезоната 2026/2027 ќе биде домаќин на две паралелни велеслаломски трки од Светскиот куп во алпски сноуборд, соопшти Бугарската ски федерација, пренесува БНР. Според прелиминарниот календар на ФИС, натпреварите ќе се одржат на 16 и 17 јануари 2027 година. Од федерацијата истакнаа дека Банско е меѓу омилените дестинации на организаторите и натпреварувачите поради „перфектната организација“ на трките и додадоа дека ...

Годишнината од славната Априлска епопеја од 1876 година беше одбележана со историско предавање во културниот клуб „Булгарика“ – Чикаго. Историското предавање беше подготвено од Соња Кичева, професор по историја во бугарското училиште „Св. Софија“, и Василен Васевски, уметник и општественик. Настанот го организираа Бугарско-македонската фондација „Гоце Делчев“, историскиот кружок „Родољубие“ и центарот „Булгарика“. Предавачите ги разгледаа ...

На 05 мај на Факултетот за јазици, историја и географија при Универзитетот во Анкара беше одржано предавање на проф. д-р Кирил Топалов, долгогодишен директор на Националната библиотека „Св. св. Кирил и Методиј“ во Софија, познат бугарски писател, драматург, професор, амбасадор и општественик. Настанот беше организиран од амбасадата на Бугарија во Турција, заедно со Катедрата за бугарски јазик и книжевност на универзитетот во Анкара. Научниот ...

Министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова ќе учествува во Советот за надворешни работи на 11 мај 2026 година во Брисел, соопштија од прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи, пренесува БГНЕС. Во рамките на состанокот ќе биде одржана дискусија за продлабочување на соработката со земјите од Западен Балкан во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика. Министрите ќе разговараат и за ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на националната и европската недела на медицински сестри и акушерки, ја истакна клучната улога на медицинските сестри, техничари и акушерки како јадро на здравствениот систем – од превенција и дијагностика, до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства. -Министерството за здравство е посветено на зајакнување на човечките ресурси во јавните здравствени установи, при ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека власта предводена од Христијан Мицкоски намерно ја турка Македонија во изолација, со цел, како што рече, „да ја заштити криминалната банда“ и да го закочи европскиот пат на државата. Филипче изјави дека вистинската закана за националниот идентитет не доаѓа од уставни измени, туку од криминалот и корупцијата. „Македонскиот национален идентитет не го загрозуваат ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на отворањето на првиот технолошки парк во Македонија — N99 Deep Tech Park, простор кој има за цел да ги поврзе технологијата, иновациите, науката, стартап-заедницата и институциите во заеднички екосистем за развој. N99 Deep Tech Park е замислен како современ центар за поттикнување на нова технолошка револуција, со фокус на вештачка интелигенција, deep tech, роботика, сајбер ...

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во телефонски разговор му го честиташе на бугарскиот премиер Румен Радев успехот на „Прогресивна Бугарија“ на парламентарните избори и стапувањето на должност на новата бугарска влада. Ова го соопштија од прес-службата на бугарската Влада, пренесува БНТ. За време на разговорот биле разгледани теми од агендата на билатералните односи меѓу Бугарија и Израел. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во ...

Шпанија започна голема и комплексна евакуација на патници од крузерот „MV Hondius“, на кој е регистрирана епидемија на хантавирус, откако бродот утрово пристигна во близина на островот Тенерифе, во Канарските Острови. Бродот, кој тргнал од јужна Аргентина на 1 април, е закотвен во близина на пристаништето Гранaдиља де Абона, но не му било дозволено директно да влезе во пристаништето. Околу него е воспоставена безбедносна зона, додека ...

Ивелина Банjaлиева стана првата Бугарка избрана за општински советник од Конзервативната партија во Питерборо. Со убедлива поддршка од близу 38%, таа не само што ги претставува Бугарите, туку станува и првиот претставник на целата источноевропска заедница во регионот Кембриџшир на ваква функција, пишува РадиоБГ-Лондон. Ивелина Банјалиева е родена во Карлово и има 38 години. Поседува три високообразовни дипломи. Нејзината диплома по право од ...

Веќе се познати датумите за 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Малешево пее и танцува“, кој се одржува на сцената во селото Микрево во Бугарија, пишува Пиринско. Оваа година музичкиот симбол на општина Струмјани ќе се одржи на 2, 3 и 4 октомври, кога повторно на едно место ќе собере талентирани изведувачи, танчери и музичари од Бугарија и од странство. Се очекуваат незаборавни фолклорни изведби, автентични обичаи и пријателска ...

На самиот раб меѓу карпите и водите на Охридското Езеро, како да слетала меѓу небото и езерото, се издига „Свети Јован Богослов Канео“ – една од оние цркви кои не само што се разгледуваат, туку и се доживуваат. Мала по големина, но огромна по присуство, таа со векови ја чува тишината на стариот Охрид и во себе собира историја, легенди и уметност, пренесува репортер на БГНЕС. Храмот е изграден кон крајот на XIII – почетокот на XIV век и ...

Џиро д’Италија го завршува гостувањето во Бугарија со финале на третата етапа во Софија, каде колоната ќе пристигне по 174-километарска делница од Пловдив, јавува БГНЕС. Стартот на етапата е закажан за 13:00 часот, а финишот пред храмот-споменик „Свети Александар Невски“ се очекува околу 17:00 часот. Во главниот град се подготвени низа придружни настани за љубителите на велосипедизмот, меѓу кои масовна велосипедска парада, историска ...

По именувањето на новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова – Чамова, остана настрана еден суштински факт од нејзината политичка биографија. Таа има клучна улога во утврдувањето на преговарачката рамка предложена од француското претседателство со Советот на ЕУ во јуни 2022 година, која го отвори патот на Скопје кон членство во ЕУ, пренесе репортер на БГНЕС. Како заменик-министерка за надворешни работи во владата на ...

Необичен духовен настан го одбележа чествувањето на светите Новоселски маченици во Новоселскиот манастир „Св. Троица“ во Априлци. За време на Божествената света литургија, фреската на светите Климент и Наум Охридски започна да мироточи, што предизвика силна возбуда меѓу присутните верници, пренесе дописникот на БГНЕС од регионот. Мнозина го прифатија случувањето како духовен знак токму на денот кога Бугарската православна црква го чествува ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68