Службената министерка за надворешни работи Надежда Нејнски ја предаде функцијата на новата министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова за време на церемонија во Министерството за надворешни работи, пренесе репортер на БГНЕС. „За мене е задоволство да ви посакам добредојде во една зграда што веќе ја познавате, но овојпат во својство на министерка за надворешни работи“, изјави министерката Нејнски. Таа нагласи дека „надворешната ...

Конвенцијата, усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година, претставува прв обврзувачки меѓународен инструмент кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција. Со нејзиното потпишување, нашата држава се приклучува кон меѓународните напори за воспоставување јасни правила и стандарди за развој и употреба на вештачката интелигенција, во согласност со ...

Реформите продолжуваат со или без Венко и СДСМ, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов. „Денешната прес-конференција ја свикуваме во врска со случувањата со последните закони од реформската агенда, односно со лицемерието кое СДСМ и Венко Филипче се обидуваат да го протнат и во Собранието и на македонската политичка сцена. Како медиуми и јавност сте сведоци дека сите поважни законски решенија, а пред сè сите решенија од реформската ...

Со шефот на криминалната група, политичкиот дилетант Христијан Мицкоски економијата оди надолу, граѓаните имаат празни фрижидери, празни џебови и сè потежок живот. Додека Мицкоски продава бајки дека Македонија е „трета економија“ во Европа, последните податоци на Статистика покажуваат зголемена инфлација од 5,7% во споредба со истиот месец лани, вели Богданка Кузеска-портпаролка и членка на ИО на СДСМ. Тоа е, како што додава, речиси двојно ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска учествуваше на еколошката акција „Генералка викенд“, која традиционално обединува граѓани, институции и приватен сектор во заедничка акција за чистење и подигнување на јавната свест за заштита на животната средина. Хоџа истакна дека континуитетот на оваа иницијатива покажува дека кога постои заедничка волја, резултатите се видливи и конкретни. „Министерството за животна ...

Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот управител за „даночно затајување“, го оштетил буџетот на државата за над 1.700.000 денари. Според информациите на МВР, СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и против Н.Б.(50) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека во четири наврати сториле кривично дело „даночно затајување“. Пријавениот правен субјект во својство на ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, му ја честита победата на Румен Радев за премиер на Бугарија. Тој изрази очекување дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија. „СДСМ му честита на Румен Радев за изборот за премиер на Република Бугарија. Се надеваме дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија, со цел градење добрососедски односи кои ќе бидат во ...

Општина Аеродром и оваа година активно се приклучи кон „Генералка викенд 2026“ – најголемата еколошка акција во државата и регионот, која се реализира на повеќе од 500 локации во 80 општини, информираат од општината. Во континуитет Општина Аеродром, додаваат од таму, спроведува еколошки иницијативи во соработка со компании, организации и колективни постапувачи, создавајќи систем што дава конкретни и мерливи резултати. „Токму резултатите ја ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со висока делегација од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС), во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Северна Македонија. На средбата беше поздравен редовниот политички дијалог воспоставен во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во 2024 година. Вториот состанок во рамки на ова ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, учествуваше на Регионалната министерска конференција за справување со демографските промени и градење отпорност, организирана од Владата на Република Северна Македонија во соработка со UNFPA. На вториот ден од работата на конференцијата, претседателот одржа говор во кој ја истакна важноста од третирањето на демографските предизвици како стратешки приоритет за ...

„Верувам дека нашата влада е прв чекор кон воспоставување стабилно, стратешки ориентирано управување на Бугарија со еден хоризонт – модерниот развој на Бугарија како современа европска држава.“ Ова го изјави бугарскиот премиер Румен Радев на церемонијата за примопредавање на власта во Гранитната сала во седиштето на бугарската Влада, јавува БТА. Претходно членовите на владата предводена од Радев дадоа заклетва пред 52-то Народно собрание. Во ...

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, му честиташе на Румен Радев по неговиот избор за нов премиер на Бугарија, јавува БГНЕС. Таа истакна дека во услови на „длабоки геополитички промени“, Бугарија и Европска Унија имаат силна заедничка агенда за соработка. „Од безбедноста и одбраната до работните места, конкурентноста и енергетската независност. Заедно одиме напред, за Бугарија и за Европа“, изјави Фон дер Лајен. ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио во четврток најави нови санкции против воено-индустрискиот комплекс на Куба и неговата државна компанија за природни ресурси, зголемувајќи го притисокот врз кубанските лидери со таргетирање на изворите на странски инвестиции. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата недела потпиша извршна наредба со која се прошируваат санкциите на САД против Куба. Според наредбата, администрацијата на Трамп ги ...

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, при што беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Северна Македонија и Советот на Европа во областа на владеењето на правото, демократијата и човековите права. Министерот Сали го поздрави затворањето на пост-мониторинг дијалогот на Парламентарното собрание на Советот на ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека од денеска започнува најмасовната еко-акција на Балканот, Генералка викенд, која годинава ќе мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, повеќе од 600 организации, јавни институции, приватни компании и над 250 државни институции. „Особена чест ми е што денес сме заедно со претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, со госпоѓа Рози Мицкоска, ...

Институтот за јавно здравје извести дека ја следи состојбата поврзана со пријавениот мултинационален кластер на случаи на инфекција со хантавирус поврзан со патување на крузерот MV Hondius во регионот на јужниот Атлантски Океан. „Според информациите објавени од Светската здравствена организација (WHO), Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) и националните здравствени власти на засегнатите земји, досега се регистрирани 8 ...

По бурна дебата, бугарското Народно собрание ја избра новата влада предложена од Румен Радев и Прогресивна Бугарија, јавува БГНЕС. Радев беше избран за премиер со 124 гласа „за“ од пратениците на Прогресивна Бугарија. Пратениците на ГЕРБ-СДС беа воздржани, додека ДПС, Демократска Бугарија, Продолжуваме со промената и Преродба гласаа против. Пратениците ја одобрија и структурата на новата бугарска влада, како и персоналниот состав на ...

Патувачката изложба „Азбука и историја“ на Државниот културен институт при Министерството за надворешни работи на Бугарија ќе биде отворена на 29 мај во Амбасада на Бугарија во Осло, Норвешка, јавува БТА. Настанот ќе започне во 17 часот во резиденцијата на бугарската амбасадорка Десислава Иванова и е организиран по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, бугарската азбука, просвета и култура и словенската писменост. Изложбата ...

Интервју со новинарот и граѓански активист, Џабир Дерала, со главна тема- причините поради кои Северна Македонија, сè уште нема слободни и демократски избори, туку само „конкурентни избори“, како што ги оценува Набљудувачката мисија на ОБСЕ. Дерала говори и за отпорот на парламентарните партии да ги вградат препораките на ОБСЕ во Изборниот законик, особено оние што се однесуваат на недоследностите во изборната регулатива, нефункционирањето на ...

Во Софија на 8 мај ќе се одржи хуманитарен концерт за поддршка на здравствениот фонд на Сојузот на артистите во Бугарија, јавува БНР. Настанот е организиран од фондацијата на примата на бугарската популарна музика Лили Иванова и се одржува под покровителство на претседателката на Бугарија Илијана Јотова. На концертот ќе настапат ѕвездите на бугарската естрада Васил Најденов, Орлин Горанов, Тони Димитрова, Маргарита Хранова, Веселин Маринов, ...

Лидерот на „Прогресивна Бугарија“, Румен Радев, изјави дека неговата парламентарна група ќе го поддржи предложениот владин кабинет, што треба да биде гласан во бугарскиот парламент, јавува БГНЕС. Радев пристигна во Собранието со сопругата Десислава Радева. Вчера составот на идната бугарска влада беше претставен пред претседателката Илијана Јотова. „Избравме професионалци, луѓе со докажани квалитети, луѓе кои ќе ја завршат работата“, изјави ...

Во петок, на 8 мај, започнува 109-то издание на Џиро д’Италија, кое годинава за првпат ќе стартува од Бугарија. Првите три етапи од трката ќе се одржат на бугарска територија – од Несебар до Бургас, од Бургас до Велико Трново и од Пловдив до Софија, јавува БГНЕС. Првата етапа долга 147 километри стартува од Несебар, втората од 221 километар ќе заврши во Велико Трново, а третата, долга 175 километри, ќе финишира во Софија. Последната, 21. ...

Ученик во Битола на социјални мрежи објавувал вознемирувачки пораки за соучениците и нивните родители. Директорот на ООУ „Стив Наумов” – Битола, Николче Пискачев, преку соопштение, апелира до јавноста за воздржаност од ширење на непроверени информации и за почитување на приватноста и достоинството на сите инволвирани лица, особено, како што подвлекува, имајќи предвид дека станува збор за малолетници. „Во врска со настанот поврзан со ученик од ...

Времето утре, претежно облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степени. Во Скопје, ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари пријателска и конструктивна средба со градоначалникот на Општина Есенлер од Република Турција, Мехмед Тевфик Ѓоксу, на која беше потврдена добрата соработка меѓу двете страни во рамки на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, информираат од Град Скопје. „Со реализацијата на проектот, еден од најзначајните симболи на Скопје ќе добие современо ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Арачиново, Даут Беќири, изврши увид во тековните инфраструктурни проекти што се реализираат во општината, со вкупна вредност од над 110 милиони денари. Средствата се обезбедени преку првиот и вториот јавен повик на Министерството за животна средина и просторно планирање, а проектите опфаќаат регулирање на речни корита, изградба на фекална и ...

Претседателката Илијана Јотова му го врачи првиот мандат за составување влада на Румен Радев, кандидат за премиер од Прогресивна Бугарија, по консултациите со парламентарните групи во 52. Народно собрание, јавува БГНЕС. Јотова изјави дека граѓаните ѝ дале силна поддршка на политичката сила на Радев и изрази очекување за стабилно управување, сигурност во социјалните исплати, навремено донесување на буџетите за 2026 и 2027 година и развој на ...

Претседателката на Бугарија Илијана Јотова му го врачи првиот мандат за составување влада на кандидатот за премиер Румен Радев, предложен од најголемата парламентарна група во 52. Народно собрание – Прогресивна Бугарија, јавува БТА. „Имаме кандидат за премиер, тоа е Румен Радев“, изјави претседателот на парламентарната група Петар Витанов пред Јотова. Во согласност со Уставот, Јотова на 5 мај одржа консултации со претставници на ...

Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос одржа прес-конференција по повод посетата на Бугарија. Тој изјави дека се чувствува добро по операцијата на срцето на крајот од минатата година: „Сѐ е во ред. Можам да живеам уште 50 години“, јавува БГНЕС. Во врска со состојбата во Реал Мадрид, Карлос порача: „Јас сум амбасадор на клубот. Не би сакал да коментирам, но ќе повикам на смиреност“. Тој упати пофалби и за тренерот Фернандо Гаспар ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на Германско–Македонскиот бизнис самит 2026, организиран од Германската стопанска комора — AHK Nordmazedonien и Македонско-германското стопанско здружение. Во своето обраќање, Андоновски истакна дека соработката во економската сфера значи потврда на стратешкото партнерство на двете држави, и додаде дека дигитализацијата на јавниот сектор не е само техничка тема, туку ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Калај

53.60