Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на отворањето на конференцијата посветена на демографската отпорност, која се одржа во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНФПА, под покровителство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека демографските предизвици повеќе не се само статистика, ...
Бургас официјално го отвори бугарскиот дел од Џиро д’Италија со церемонија во Летниот театар, каде беа претставени 23-те екипи што ќе учествуваат на една од најпрестижните велосипедски трки во светот, јавува БГНЕС. Пред стартот на трката, 184 велосипедисти од 23 тима продефилираа пред навивачите, а атмосферата во градот беше исполнета со музика, аплаузи и розови знамиња. За првпат Бугарија е дел од рутата на Џиро д’Италија. На 8 мај ќе се ...
Во просториите на општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски, одржа работен состанок со претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, на кој беа разгледани можностите за унапредување на меѓусебната соработка и поддршка во реализација на проекти од значење за локалниот развој. На средбата присуствуваа политичкиот службеник и заменик-шеф на Одделот за политички и економски прашања, асистент ...
„Изјавата на Христијан Мицкоски дека бруталното претепување на жена од неговиот бодигард е „мал престап и системот функционира“ е скандалозна, опасна и недозволива. За Мицкоски, семејното насилство и тепањето жена се „мал престап“. Поразителна порака до сите жени-жртви на насилство во државата. Наместо јасна осуда, Мицкоски избра да го минимизира делото и практично да застане во заштита на насилникот но и на Панче Тошковски“, рече Розалија ...
Стојанче Јовановски е осуден на дванаесет години затвор за смртта на неговите сопруга и ќерка Ивана и Катја. Тој е обвинет за загрозување на сигурноста, телесни повреди при семејно насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана која на 2 март падна од балкон заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја. Тој е прогласен за виновен за сите три кривични дела што му се ставаа на товар. Обвинителството во завршните зборови побара ...
Бродот „Хондиус“, чии патници и екипаж се во изолација поради ширењето на хантавирусот, денес плови кон шпанскиот остров Тенерифе. Се очекува бродот да пристигне на Канарските Острови во сабота, а евакуацијата на патниците е планирана за почетокот на следната недела. Според податоците од станицата за следење на поморскиот сообраќај, бродот го напуштил Капо Верде во четврток. „Сите патници ќе останат на бродот до пристигнувањето на авионот за ...
Во најновото видео на поткастот „Бугарска историја“ мајор Тодор Андонов (1925 г.), ветеран од Втора светска војна и учесник во бoрбите кај Драва, зборува за своето детство во селото Трекљано, воената служба и тешките маршеви низ Југославија и Унгарија. Тој споделува детали за секојдневието на инженерската чета во која припаѓал, за соборците, заробениците и моментите на човечност среде хаосот на војната. Во епизодата се прикажани неговите ...
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова на 7 мај во 17 часот ќе ѝ го додели првиот мандат за состав на влада на „Прогресивна Бугарија“, најголемата политичка сила во 52-то Народно собрание, јавува БГНЕС. „Имам уверување од првата политичка сила дека ќе дојде со исполнет мандат“, изјави Јотова по консултациите со парламентарно претставените партии. Таа изрази надеж дека составот на предложената влада ќе биде изгласан уште во петок и дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази увереност дека војната во Иран „ќе заврши брзо“ и рече дека повеќето луѓе ја разбираат неговата цел да го спречи Техеран да развива нуклеарно оружје. Неговите изјави доаѓаат во време кога американските медиуми известуваат за напредокот во преговорите, а Иран потврдува дека предлогот на САД за прекин на конфликтот „сè уште е во фаза на разгледување“, пишува Би-Би-Си. Рамка за преговори од 14 точки ...
Европскиот парламент изгласа голем пакет реформи за возачките дозволи што ќе важат низ целата Европска унија. Новите правила носат дигитални возачки дозволи, построги мерки за прекршителите и намалување на старосната граница за професионални возачи. Една од најзначајните промени е тоа што забраната за управување возило изречена во една членка ќе важи на територијата на цела ЕУ. Со тоа се спречува досегашната практика возачи на кои им е ...
„СДСМ им го честита Денот на полицијата на сите чесни, професионални и посветени полициски службеници кои и покрај притисоците, понижувањата и партизацијата којашто ја прави Тошковски и ВМРО-ОКГ, секојдневно се посветени на безбедноста на граѓаните“, велат од СДСМ. „Но денес, наместо гордост и доверба, јавноста гледа распад на системот, скандали, насилство, селективна правда и партизирана полиција ставена во функција на заштита на власта и ...
Новиот скандал во МЕПСО отвора сериозни сомнежи за организирана мрежа на партиско фаворизирање и злоупотреба на јавните пари, велат од ДУИ. „Компанијата “ Green Maintenance” формирана само неколку недели пред распишувањето на тендерот, без работна историја, без докажан капацитет и без реално присуство на терен, успева да добие договор вреден до 236 илјади евра за чистење на коридорите под далноводите. Она што го прави случајот уште ...
СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски започнал кампања за внатрешно слабеење на партијата, наместо да понуди одговори за, како што велат, клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Во партиското соопштение се наведува дека власта избегнува да одговори на прашањата поврзани со економската состојба, инфлацијата, поскапувањето на горивата и храната, животниот стандард, реформската агенда и други политички теми. Од СДСМ тврдат дека ...
Атанас Величков Георги Проданов, Петар Ќосев, Пешо Ников, Јордан Харизанов, Димчо Костадинов, Никола Мицев, Станимир Виденов, Георги Петров… Ова се само дел од имињата запишани на белите крстови во Воениот меморијал кај Ново Село, струмичко. Таму на исти такви бели крстови со изглабен медал за храброст се запишани имињата на уште неколку десетици бугарски војници и офицери. Загинати, во виорот на војните за честа и славата на Бугарија. Оти ...
Денот на храброста и празникот на Бугарската армија – 6 мај, беше одбележан на бугарскиот воен меморијал во с. Ново Село, Република Северна Македонија. Настанот беше организиран заеднички од Амбасадата на Бугарија во Скопје, Министерството за одбрана на Бугарија и Фондацијата „Бугарска Памет“, јавува БТА. Заупокојна служба одржаа струмичкиот митрополит Наум и архиерејскиот намесник во Петрич, Неврокопска епархија, Павел Милушев. Почит на ...
Десет претстави во официјална и четири во придружна програма ќе бидат на програмата на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи во Прилеп од 5 до 12 јуни 2026 година. Под мотото „Храбриот нов театар“, и тематот „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“, уметничката директорка на фестивалот и селектор на програмата, Ана Стојаноска денеска на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го пушти во употреба вториот дел од приземјето од реконструираното Одделение за управни работи – Скопје, сместено во зградата на МТВ. Со завршувањето на оваа фаза, целосно е ставена во функција нова, модерно опремена шалтер сала со над 10 шалтерски позиции, како и дополнителни канцеларии за вработените, санитарни јазли и кујна, но и посебен простор за чување и складирање на досиеја и ...
„Вештачката интелигенција веќе не е иднина за која зборуваме теоретски, таа полека, но сигурно станува дел од секоја училница и од секојдневието на учениците. Прашањето што денес го отвораме не е дали таа ќе влијае врз образованието, туку како ние ќе го насочиме тој процес“, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната панел-дискусија од кампањата „Магијата е во знаењето“, посветена на улогата на вештачката ...
Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните. Извршен бил и претрес во салон за убавина, каде се пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи кои се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти. Криминалната ...
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска се обрати на настанот по повод одбележувањето на 30 години односи меѓу Северна Македонија и Европската Унија, во присуство на амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека европската интеграција останува стратешки приоритет на државата, нагласувајќи дека по завршувањето на скрининг процесот, фокусот е ставен на ...
Руинирани, оштетени, неосветлени и небезбедни се детските игралишта во Аеродром. Нередовните поправки на игралиштата кои често се предмет на вандализам се закана по безбедноста на најмладите жители на нашата општина. Со неработењето на градоначалникот Дејан Митески и ВМРО-ОКГ во Општина Аеродром ваква е сликата буквално на секое детско игралиште, истакнуваат од СДСМ. Најкритична, како што додаваат, е состојбата со игралиштето во паркот ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНИЦЕФ денеска одржаа дискусија на високо ниво насловена како „Инвестирање во децата – унапредување на човечкиот капитал, вработувањето на жените и инклузивниот раст“, изложувајќи нови докази кои покажуваат дека со реформирање на паричната помош за семејствата со деца, детската сиромаштија во Северна Македонија би можела да се намали за до 6 процентни поени. На настанот присуствуваа ...
Жители на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај пријавиле во полиција дека вчера вечер почувствувале непријатна миризба на хемиски агенси. Според информациите на МВР, вчера вечер, од 21:00 до 00:30 часот во СВР Скопје, повеќе граѓани пријавиле дека во Скопје, покрај кеј на река Вардар, на подрачјата на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, во воздухот се чувствувала непријатна миризба на хемиски агенси. За настанот се известени јавен обвинител, комунални ...
Шеесет и едногодишен скопјанец утрово починал додека возел автомобил. Според информациите на МВР, денеска во 09:03 часот во СВР Скопје е пријавено дека во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на ул.„Перо Наков” во Скопје бил пронајден починат Н.Ј.(62) од Скопје. Според пријавеното, тој починал додека го управувал возилото. Смрт констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Шеесет и ...
Шеснаесетгодишен малолетник се заканувал со автоматска пушка во село Шипковица. Според информациите на МВР, СВР Тетово поднесе известување против 16-годишник од село Шипковица, тетовско и 16-годишник од село Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во село Шипковица, пријавените физички го нападнале З.И. во неговиот двор, при што првопријавениот му ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјава дека набрзо ќе има избори, посочи дека во моментот фокус на Владата се реформи и консолидирање, а избори како што рече ќе се одржат пролетта 2028 година. „Има некои од партиите кои што се исплашија од таа изјава, јас следам. Но, мојот став вие го знаете. Мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и година ...
Без високо ниво на институционална отвореност, јавноста нема можност соодветно да ги разбере и да ги оцени нашите одлуки, истакна Јавниот обвинител на РСМ Ненад Савески во своето обраќање на конференцијата “Транспарентноста како клучен фактор во работата на Советот на jавните обвинители на Република Северна Македонија”, во организација на Проектот “Поддршка на ЕУ за владеење на правото”. „Факт е дека досегашните извештаи, и домашни и ...
Граѓаните мораат јасно да разберат зошто Европската Унија бара реформи пред да нè прими во своето членство. Европа не може и не сака да прими организирана криминална група во својот систем, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, реформите не се технички услов, туку тие се брана против влез на криминал, корупција, партизација на институциите, контрола на медиуми и заробена држава во демократскиот систем во кој владее ...
Венко Филипче верно го следи Зоран Заев и неговите политики. Венко Филипче е третиот во низата по Зоран Заев и Димитар Ковачевски, кој е спремен да ги продолжи предавничките политики уште веднаш. Филипче ќе направи се за да ја задржи фотелјата на Бихаќка, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека пред два дена, на 123 годишнината од смртта на Гоце Делчев, од пред неговиот гроб, Венко Филипче изјавил дека Бугарија не го негирала ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција ги покани граѓаните на традиционалниот целодневен настан „Нож и виљушка на европска чинија“, кој ќе се одржи на 9 мај во Паркот на Франкофонија, со почеток во 12 часот. Тој посочи дека станува збор за симболичен датум, Денот на Европа, кој годинава Центар го одбележува и преку оваа манифестација, во присуство на претставници на земјите членки на Европската ...