Државниот јавен обвинител Ненад Савески вчера првпат телефонски разговарал со премиерот Христијан Мицкоски. Според информацијата од обвинителството, во разговорот не станало збор за детали од конкретни предмети, вклучително и за одлуката за запирање на истрагата за набавката на мазут за „ТЕЦ Неготино“. „Јавниот обвинител на РСМ не може да спречи некого да му се јави телефонски. Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на ...

Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем, вели министерот за правда, Игор Филков во неговата реакција за запирање на истрагата за мазутот. „Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница. Како министер за правда, сметам дека ...

Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки. Доцнењето, како што појаснуваат настанало поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со важечките законски и финансиски прописи. ...

Примирјето меѓу Израел и „Хамас“ во Појасот Газа се почитува, но е „далеку од совршено“. Тоа го изјави врховниот претставник на Советот за мир за Газа, бугарскиот дипломат Николај Младенов, јавува АФП, пренесува БГНЕС. „Ако погледнеме кон десетиците милиони тони урнатини што треба да бидат отстранети, кон бројот на луѓе — повеќе од еден милион лица кои имаат потреба од некаков вид постојано засолниште, како и од основни услуги за ...

Бугарија регистрира раст на БДП од 2,9 отсто во првото трoмесечје од годината во споредба со истиот период во 2025 година, како и раст од 0,7 отсто во однос на претходното трoмесечје. Податоците се совпаѓаат со денеска објавените сезонски прилагодени податоци на Националниот статистички институт (НСИ) на Бугарија, јавува БНТ. Бугарската економија бележи втор најголем годишен раст меѓу земјите од ЕУ во првото трoмесечје од 2026 година, при што ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува случајот за набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“ во кој се осомничени поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, сопствениците на компанијата „РКМ“, Ерџан Сулкоски и Ратко Капушевски, Асмир Јахоски од „Пуцко Петрол“ и уште деветмина, да биде вратен на повторно разгледување. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти дека ја сопира постапката оти по една ...

Вчера на локален пат на Водно полицискиот службеник М.Т. (32) од село Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „Хонда“ во сопственост на МВР, изгубил контрола над возилото и паднал. Според пријавеното, до несреќата дошло откако тој се обидел да избегне лисица која излегла на патот. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По настанот, увид извршила увидна екипа на ...

На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина. Поради сериозноста на повредите, В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, заедно со претседателот на Владата и претставници на релевантните институции, одржаа онлајн состанок со високи претставници на Европската комисија во врска со спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан. На состанокот учествуваше генералниот директор за проширување и источно соседство во Европската комисија, Копман, како и други ...

Операционите сали на Градската општа болница „8 Септември“ се обновени со 12 милиони евра од ТАВ, но ќе бидат ставени во функција за околу два месеци кога се очекува да се обезбедат сите дозволи за работа, а здравствените работници да поминат обуки за работа со новата опрема. Денес низ обновените сали свечено се прошетаа премиерот, министрите за здравство и транспорт заедно со претставници од ТАВ. Директорот на ТАВ Македонија, Неџат Курт кажа ...

На возраст од 10 до 13 години биле девојчињата за кои постои сомнеж дека ги допирал по телото управителот на образовниот центар во Штип. Обвинителството информира дека тој е под истрага, а се работи за дело извршено во период од три години. „Од септември 2023 година до 11.05.2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на возраст од 13, 11 и 10 години им држел дополнителни часови во образовен центар и им се приближувал и ...

Најдоброто што можеме да го направиме за нашите деца и за нашата иднина е постојано да ги зголемуваме средствата за научно-истражувачка дејност, да ја регулираме сферата со јасни правила и стандарди со новиот Закон за научно-истражувачка дејност, а со новата Национална програма за научно-истражувачка дејност да ја уредиме распределбата на средствата и да ги поврземе институциите, истражувачите и индустријата, рече министерката за образование ...

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се соочуваат со лоши услови за живот, вклучително недостаток на топла вода, несоодветна храна и нехигиенски услови. Тој ја обвини власта за, како што рече, злоупотреба на јавни средства преку тендери и партиски вработувања, додека младите живеат во лоши услови. „Наместо европски студентски стандард, модерни кампуси и услови какви што ...

За да им се олесни изборот на деветтоодделенците при уписите во средно образование, Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование со поддршка од Швајцарската амбасада подготвија онлајн водич за квалификации – kvalifikacii.crso.gov.mk, кој ќе им овозможи да донесат информирана и правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат и понатаму да работат. На денешната промоција на водичот, од ...

Со инвестиција од 12 милиони евра, целосно се реконструираше и се надгради болницата „8-ми Септември” во Скопје. Инвестицијата се реализираше во соработка меѓу Владата и ТАВ. Со реализација на овој проект се направи целосна реконструкција и опремување на оперативниот блок, потоа реконструкција на одделот за интензивна нега, административниот дел, реконструкција на одделот патологија и клиничка лабораторија и комплетна реконструкција на ...

Ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе спроведат вонреден инспекциски надзор во Зоолошката градина со цел утврдување на видот на заловеното животно и неговиот здравствен статус. Оттука ги демантираат наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со вчера вечер заловеното животно во скопската населба Козле, за кое се претпоставуваше дека е волк, односно дека истото е домашен миленик – куче, кое ...

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес изврши увид во градежните активности на улицата „Пушкинова“, каде што започна изградба на нов паркинг простор. На површина од 437 квадратни метри ќе се постави партерно уредување со павер елементи. Во склоп на градежните работи соодветно се решава и атмосферската канализација преку сливник кој ќе се приклучи кон постојната мрежа. Паркингот на улицата „Пушкинова“ е еден од четирите нови ...

Целосно се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, клиничката лабораторија и кровната конструкција на болницата „8-ми Септември“, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на болницата. Тој најави дека реновираниот дел ќе биде пуштен во употреба за месец до два, кога ќе се заврши со дезинфицирање на објектот и обука на вработените со новата опрема којашто веќе е инсталирана. „Она кое што ...

Црногорска државјанка која била член на екипажот на бродот „MV Hondius“, по пристигнувањето на Тенерифе била префрлена во карантин во Холандија поради сомнежи за хантавирус. Епидемиологот Марија Божовиќ изјави дека жената моментално е во добра состојба и нема симптоми. „Таа нѐ извести дека се чувствува добро и досега нема никакви знаци на болеста“, рече Божовиќ, пренесува „Б92“. Таа додаде дека при транспортот биле спроведени строги ...

Американскиот онколог Стивен Корнфелд, кој бил патник на бродот „MV Hondius“, е позитивен на хантавирус и моментално се наоѓа во биолошка изолација во медицински центар во Небраска. Корнфелд изјавил дека за време на крстарењето почувствувал ноќно потење, треска, замор и благи респираторни проблеми, а симптомите првично личеле на грип. „Тогаш мислевме дека е само некаков вирус“, изјавил тој за Си-Ен-Ен. Кога бродскиот лекар се разболел, ...

По последните информации кои доаѓаат од Град Скопје дека жичницата на Водно нема да работи цело лето и не се знае кога ќе проработи, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, потсети на алармот од пред една година, кога се утврди дека жичницата работела без дозвола. „Не сме Ванѓа ама укажувавме уште пред 1 година (16.08.2025), тогаш ни се потсмеваа, денес алармот кренат… Не сакам да замислам што се ...

Бугарија од 3 до 6 јуни 2026 година ќе биде домаќин на 17-то издание на Меѓународниот саем за одбранбени производи и услуги „Хемус 2026“, кој ќе се одржи на Меѓународниот саем во Пловдив, јавува бугарското Министерство за одбрана. Изложбата ќе се одржи под мотото „Одбрана, антитероризам и безбедност“, а фокусот ќе биде ставен на беспилотни летала, антидрон системи, кибербезбедност, гранична безбедност, вештачка интелигенција, автономни ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при посетата на Црна Гора ја пофали посветеноста на земјата кон Алијансата и истакна дека Подгорица издвојува повеќе од два отсто од БДП за одбрана. По средбата со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, Руте изјави дека Црна Гора активно придонесува за мир и стабилност на Западен Балкан, регион што го оцени како стратешки важен за НАТО. Тој порача дека сојузниците мора повеќе да вложуваат во безбедноста ...

На 12 мај 2026 година пред споменикот-костурница „Ледена стена“ во Ниш се одржа одбележување во чест на бугарските војници загинати за време на Втората светска војна на територијата на поранешна Југославија, јавува Генералниот конзулат на Бугарија во Ниш. На настанот присуствуваа ветерани од војната, бугарскиот амбасадор во Белград Ангел Ангелов, генералниот конзул во Ниш Димитар Цанев, претставници на Министерството за одбрана на Бугарија и ...

Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, ги отфрли обвинувањата на Илон Маск дека се обидел да ја „украде“ компанијата и да ја претвори од непрофитна организација во корпорација, инсистирајќи дека е „чесен и доверлив бизнисмен“. Двата технолошки гиганти се во центарот на правна битка во Калифорнија околу компанијата која стои зад ChatGPT. Маск, кој сведочеше минатиот месец, ги обвини Алтман, OpenAI и претседателот на компанијата Грег Брокман ...

Општина Тетово и Синдикатот на работниците потпишаа договор за зголемување на платите на општинската администрација. Според договорот, почнувајќи од следниот месец, основната плата на вработените во администрацијата ќе се зголеми за 7%, додека ова зголемување ќе продолжи и во наредните три години. Општината нагласува дека оваа одлука е во функција на подобрување на условите за вработените и мотивирање на општинската администрација, ценејќи ...

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бил повикан на информативен разговор во СВР Скопје, потврди МВР. Според информациите, се работи за наводна, злоупотреба на јавна набавка во вредност од повеќе од 800.000 евра, спроведена додека бил министер. Николовски преку Фејсбук објави дека станува збор за „монтиран случај“ со кој, како што наведува, актуелната власт се обидува да ја покрие сопствената ...

Во руските напади врз Дњепропетровската област синоќа загинаа осум лица, а беа повредени единаесет. Руските сили вчера нападнаа три области речиси 30 пати, објави Украинска правда. Нападнати се Криви Риг, Синелниковски и Никополски области Во Криви Риг загинаа две лица, 65-годишна жена и 43-годишен маж, додека четири лица беа повредени, вклучувајќи и деветмесечно бебе. Тројца од повредените се хоспитализирани, од кои 50-годишен маж е во ...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој престојува во официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Албанија, во Тирана оствари средби на највисоко воено и државно ниво на кои се разговараше за понатамошно унапредување на меѓуармиската соработка. Во рамки на посетата, генералот Лафчиски оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која беше разговарано за безбедносната ...

Од СДСМ денеска повторно упатија прашање прашање до министерот за правда, Игор Филков, и до премиерот, Христијан Мицкоски, дали документите за екстрадиција на Никола Груевски се испратени или не? „Одговор? Тишина. Молчење. Премолчување. Мицкоски и Филков се прават будали пред цел народ. Се прават како да не чуваат, како да не знаат, како да не е нивна работа. А сите знаеме дека е нивна работа – и дека намерно го штитат Груевски. Зошто? Затоа ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Платина

55170.68