Во битолската населба Буковски Ливади се изведуваат активности за адаптацијата на објект кој до крајот на годината ќе стане ново подрачно училиште на ОУ „Коле Канински“. Станува збор за инвестиција вредна 31 милион денари која ја реализира локалната самоуправа со поддршка од Владата. Денес увид во градежните работи извршија премиерот, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска и градоначалникот на Битола, Тони ...

Единството во Европската Унија е најголемата сила на земјите членки, изјави бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова на дискусија во Домот на Европа во Софија, по повод преземањето на ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ од страна на Република Ирска, јавува БТА. Таа нагласи дека за Бугарија и за секоја земја членка е клучно да се зачува единството и покрај различните нијанси во ставовите. Според неа, приоритет за ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, кој престојува во официјална посета на Македонија, денеска ја посетија Полициската академија при Министерството за внатрешни работи во Идризово. Во рамки на посетата, генералниот секретар Уркиза и помошникот министер во Полициската академија Влатко Митковски се обратија пред кадетите, раководството на Министерството и претставниците на ...

Преку проширување на Позитивната листа и воведување генеричка конкуренција, Фондот создава услови за пониски цени, поголема достапност на лековите и поефикасно користење на јавните средства, изјави директорот на ФЗОМ, Сашко Клековски. Тој кажа дека во одредени терапевтски групи, цените на лековите во Македонија сè уште се повисоки во споредба со дел од земјите во регионот. Покрај објективните ограничувања што произлегуваат од големината на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во Министерството за внатрешни работи остварија официјални средби со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбите беше разговарано за понатамошно унапредување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Интерпол, за јакнење на ...

За жал, изминативе децении направени се многу пропусти и за жал ги немаме сите ресурси на светот за да можеме сите тие пропусти да ги санираме. Но, се трудиме да работиме по приоритети еден по еден да ги решаваме, а притоа да не создаваме нови проблеми. Што се вели, да работиме, да го оставиме срцето на терен. Кој работи понекогаш и греши. Јас сакам однапред да се извинам за понекоја грешка којашто ќе се направи во текот на работењето. Не ...

Првите учесници во Модул 2 од Националната програма „Изучување и зачувување на традициите и историјата на Бугарската армија“ ја започнаа својата обука во Националниот воен универзитет „Васил Левски“ во Бугарија, јавува Armymedia. Обуката ќе трае пет недели, од 6 јули до 8 август 2026 година, а во неа ќе учествуваат 350 ученици и наставници од 35 средни училишта и професионални гимназии од целата земја. Учесниците ќе следат обуки по лидерска ...

ММФ ги разби лагите на Мицкоски за „третата“ економија – македонската економија расте побавно дури и од Косово, изјави Наташа Поповиќ од СДСМ. „Македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот во следните пет години, дури и Косово е пред нас. Меѓународниот монетарен фонд ги разби лагите и пропагандата на Мицкоски за некаква „трета“ економија во Европа. Според ММФ – во следните пет години македонската економија во просек ќе ...

По повод 176 години од раѓањето на Иван Вазов – Патријархот на бугарската литература, и 100 години од отворањето на куќата-музеј „Иван Вазов“, музејот во Софија претстави нов двојазичен аудиоводич кон обновената експозиција, јавува БГНЕС. Заменик-директорката на Националниот културен музеј, Соња Кирицова, изјави дека идејата се појавила при подготовките за обновување на постојаната поставка по повод 175-годишнината од раѓањето на Вазов. Целта ...

СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и тоа што економијата се движи напред, се инвестира и се гради, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Наташа Поповиќ од СДСМ. „СДС манипулира и се служи со селективно толкување на економските податоци. СДС очајно се обидува да создаде црни сценарија, конструкции и неоснован песимизам кај граѓаните. Проекциите на ...

Македонското здравство добива значителна финансиска поддршка од над 573 милиони денари, односно зголемување на буџетот за 7,6%. Во ребалансот на државната каса, здравствената заштита за граѓаните е мерлив и опиплив приоритет. Од претходните 7,566 милиони денари, сега се предвидени над 8,139 милиони денари, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Моника Трајанова и додаде дека ова претставува едно од најголемите и најзначајните промени во новото ...

Со церемонија пред споменикот на Иван Вазов во градинката кај црквата „Света Софија“ во бугарскиот главен град Софија беше одбележана 176-годишнината од раѓањето на Патријархот на бугарската литература. Настанот го организираше Националниот литературен музеј, јавува БТА. Директорот на музејот, Атанас Капралов, потсети на животот, творештвото и придонесот на Вазов за модернизацијата на бугарското образование. „Со своето слово тој ја формирал ...

Јули е месец на талентот на Факултетот за применета математика и информатика при Техничкиот универзитет на Софија, каде што талентирани студенти ги презентираа своите проекти, разработки и иновативни идеи пред партнери од бизнисот и индустријата. Десет студентски тимови имаа по 5 минути за да ги претстават своите идеи и уште 5 минути за да одговорат на прашањата на жирито. Во улога на жири беа претставници на водечки ИТ компании, претприемачи ...

Амбасадата на САД во Бугарија соопшти дека го пречекала вишиот федерален судија Дејвид Кембел од Окружниот суд на САД за сојузната држава Аризона, во рамки на серија средби и настани со бугарски судии, обвинители, претставници на граѓанското општество и млади лидери. „За време на посетата, судијата Кембел им се придружи на повеќе од 100 судии, претставници на судската власт и правни експерти на Форумот за судска етика и интегритет. Тој го ...

Екс-пратеничката и аналитичарка Никица Корубин, во разговор за „Локално“, оценува дека пораката на еврокомесарката за проширување Марта Кос при нејзината вчерашна посета не е главното прашање, бидејќи, како што посочува, таа е конзистентна во изминатите четири години од усвојувањето на преговарачката рамка и претставува усогласен став на сите 27 земји-членки на Европската Унија. Според Корубин, суштинската дилема е дали државата сака да се ...

Аеродром „Васил Левски“ – Софија го пречека извршниот директор на Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската Унија (EASA), Флориан Гијермо, во рамките на неговата официјална работна посета на Бугарија. Делегацијата на EASA и претставници на Главната дирекција „Граѓанска воздухопловна администрација“ одржаа средба со раководството на СОФ Конект, за време на која беа претставени инвестициските планови за развој на аеродромот и ...

Разговор меѓу бугарскиот писател Захари Карабашлиев и македонскиот поет и преведувач Душко Крстевски ќе се одржи во Куќата за литература и превод во Софија. Настанот ќе се одржи на 14 јули од 18:30 часот. Модератор на разговорот ќе биде доц. д-р Ани Бурова. Душко Крстевски се наоѓа на резиденција во Куќата за да работи врз романот на Карабашлиев „Опашката“. Душко Крстевски е еден од најактивните чинители, што ја прават достапна за ...

Западна Европа го забележа најтоплиот јуни досега, потврдија во четврток научниците од службата за климатски промени „Коперник“ на ЕУ. Силен топлотен бран го погоди регионот на крајот од месецот, кршејќи ги температурните рекорди, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија и затворајќи ги училиштата. Јуни беше и втор најтопол досега во светот, при што температурите на површината на морињата во светот ги забележаа своите највисоки ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им подари на лидерите на самитот на НАТО во Анкара необичен подарок – пиштоли и кутија со боева муниција. Портпаролот на германската влада во среда за ДПА изјави дека револверот на Мерц бил предаден на германската амбасада за легален увоз, а потоа додаден во колекцијата официјални подароци. Ист подарок за сите Британскиот премиер Кир Стармер претходно им изјави на новинарите на летот кон дома дека ...

Вчера вечерта дел од тимот на Амбасадата на Република Бугарија во Белград имаше задоволство да го поддржи женскиот национален одбојкарски тим на Бугарија во натпреварот против националниот тим на Србија од турнирот Лига на нации, се наведува во соопштението објавено на официјалната фејсбук-страница на Амбасадата на Бугарија во Србија. „Меѓу бугарските навивачи во салата беа и поранешната капитенка на националниот тим Елица ...

„На вчерашната седница Извршниот одбор на СДСМ дискутираше за повеќе актуелни теми“, велат од партијата. „ИО изрази сериозна загриженост за лошата економска состојба во земјата и влошениот животен стандард на граѓаните, во Буџетот нема пари, власта трупа нови долгови и со ребалансот состојбата со долговите се влошува. СДСМ ќе продолжи да се бори против погрешните економски и криминални политики на владата на Мицкоски, во интерес на граѓаните ...

„Јавноста во Македонија е сведок на целосна конфузија предизвикана од опозициските партии СДС, Левица и ДУИ. Првиот ден седнуваат и се договараат за Изборниот законик, а веќе следниот ден, откако ќе преспијат, го блокираат истиот закон за кој првично постигнале договор. Во јавноста пласираат одредени тези, а зад затворени врати, всушност, преговарале и преговараат за сосема други прашања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да учествуваат во ...

Вчера вечер, на три локации во Скопје – две во Аеродром и една во централното градско подрачје, на улицата „Рузвелтова“, беа затекнати лица при нелегално исфрлање шут и отпад, со што директно се загрозуваат животната средина, здравјето на граѓаните и изгледот на нашиот град, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Сторителите се лоцирани, веднаш евидентирани и добија налог денеска да се јават во просториите на Град Скопје, ...

На ГКПП „Калотина“ денеска 9 јули ќе се одржи работна средба меѓу министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, и министерот за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ. Во фокусот на разговорите ќе бидат продлабочувањето на билатералната соработка, регионалната безбедност и олеснувањето на прекуграничниот сообраќај, пренесе репортер на БГНЕС. Во рамките на посетата двајцата министри ќе потпишат меѓувладина ...

Националниот литературен музеј во Софија одбележува на 9 јули 176 години од раѓањето на народниот поет Иван Вазов, јавува БГНЕС. Свеченото одбележување ќе се одржи пред споменикот на Патријархот на бугарската литература во градинката на црквата „Света Софија“, со учество на Елин Иванов – внук на првиот уредник на куќата-музеј „Иван Вазов“ – писателот Елин Пелин. Обраќање ќе има директорот на Националниот литературен музеј, Атанас Капралов. Ќе ...

Атанас Величков Прашањето за тоа како да се изгради доверба со земја, која не го признава македонскиот идентитет и јазик, на една национална телевизија, го „украде шоуто“ од еврокомесарката за проширување Марта Кос на нејзината заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата на Република Северна Македонија. Кос дојде во Скопје со јасни пораки – нема како преговорниот процес за влез во ЕУ да започне без уставните измени ...

Регионалниот етнографски музеј на отворено „Етар“ ги почна подготовките за 20-то издание на Меѓународниот саем на традиционални занаети, што ќе се одржи на 4, 5 и 6 септември 2027 година, соопшти прес-центарот на музејот, пренесува БТА. Организацијата беше разгледана на првата седница на новоформираниот Организациски комитет, кој го заменува досегашното Оперативно биро и има советодавни функции. Од музејот посочуваат дека подготовките ...

Летната школа по словенска палеографија „Кирило-методиевско наследство: Кирилицата во средновековните јужнословенски земји“ ќе се одржи во Софија од 27 јули до 2 август 2026 година. Настанот го организира Кирило-методиевскиот научен центар при Бугарската академија на науките, во соработка со Институтот за математика и информатика при БАН и Центарот за словенско-византиски проучувања „Проф. Иван Дујчев“ при Софискиот универзитет „Св. Климент ...

Во свечената сала на Општинската администрација во Босилеград на 8 јули се одржа акција за доброволно дарување крв за потребите на Военомедицинската академија во Белград, јавува Гласпрес. Иницијативата ја организираа Општина Босилеград и локалниот Црвен крст, а во неа се вклучија вкупно 73 лица, од кои 71 даруваа крв. Тројца даруваа крв првпат, а меѓу дарителите имаше и три жени. За акцијата во Босилеград пристигна екипа на Военомедицинската ...

Ученици од Професионалната гимназија по електроника и хемиски технологии „Проф. Асен Златаров“ во Плевен развиваат иновативни проекти во областа на хемијата и информациските технологии, со потенцијал за примена во индустријата, здравството и системите за безбедност. Со дел од проектите се запозна заменик-министерката за образование и наука на Бугарија, проф. д-р инж. Сења Терзиева, која на 8 јули го посети училиштето. Во лабораторијата по ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1025
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
88%
1024
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
84%
1021
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
78%
1025
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.28
96%
1026
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1021
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
86%
1025
weather icon

Тирана

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
100%
1025
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
76%
1025
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
82%
1023
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
91%
1026
Currency

61.577

Currency

55.056

Currency

73.822

Currency

37.948

Currency

39.11

Currency

67.241

Currency

8.2594

Currency

0.67154

Currency

0.34797

Currency

0.52359

Currency

1.0978

Currency

0.58615

Алуминиум

3.05

Паладиум

32600.86

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Бакар

12.71

Калај

46.53

Иридиум

321507.47

Сребро

1691.13

Злато

132371.05

Платина

50123.01

Родиум

297394.41

Кобалт

33.53