Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
На наркодилерот Цуната, којшто се поврзува и со Пулс, инаку близок до ВМРО и Миле Лефков, вчера му отворија прозор во полициска станица а денеска му ја кренаа рампата на граница да избега, реагираат од СДСМ. „Исто сценарио на ВМРО, веќе видено неколкупати. Сега откако го пуштија, МВР распишало потерница, каков блам, каков театар. Затоа Панче Тошковски не се менува, за да ги штити криминалците на власта“. Ова, според опозициската партија, не е ...
Бугарија работи на продлабочување на соработката со Германија во образованието, науката и иновациите, како основа за економија со повисока додадена вредност и поголема конкурентност, изјави премиерот Румен Радев, јавува БТА. На средбата со претставници на германски истражувачки институти и издавачки куќи биле разгледани можностите за партнерство меѓу универзитети и научни организации, размена на технологии, обука на кадри и примена на ...
Претседателката Илијана Јотова, воени претставници, дипломати и блиски му оддадоа последна почит на вториот бугарски космонаут, генерал-мајор во пензија Александар Александров, кој почина на 10 јули, јавува БТА. На комеморацијата во Централниот воен клуб во Софија присуствуваа министерот за одбрана Димитар Стојанов, началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов, командантот на Военото воздухопловство Николај Русев и руската амбасадорка ...
Бугарија е подготвена да го поддржи предложениот санкциски пакет, откако рускиот патријарх Кирил и Вагит Алекперов беа отстранети од списокот, изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова во Брисел, јавува БГНЕС. „Нашата позиција беше земена предвид, па можеме да го поддржиме пакетот. Заштитата на националната позиција не води до изолација“, рече Петрова. Таа посочи дека Грција сè уште има резерви во енергетскиот сектор, а ...
Наместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и партиски кадри, вели Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „Скандалот со унапредувањето на братот на Трајко Славески, од чувар во член на Управен одбор на Акционерското друштво за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ, е шокантен пример за тоа. Уште поскандалозно е ...
Иако денеска требаше да се одржи средба на опозицијата за да се договори и да искристализира заеднички текст на изборниот закон, има спротивни реакции. Доаѓаме до заклучок дека опозициските партии не сакаат нов изборен законик, туку сакаат блокада, истакна Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Со месеци се преговараше, над 4 месеци, потоа кога требаше да се поднесе законот, се повлекуваа, со што директно одиме на тоа дека едноставно ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (13 јули) во армиската касарна во Ќојлија изврши увид на градежните активности кои во моментов се реализираат на објект во оваа касарна. Проектот тежи 10,7 милиони денари, обезбедени со буџетот на одбраната. Овој објект минатата година доби целосно нова кровна конструкција. Мисајловски при увидот порача дека прекинува праксата на неинвестирање во армиската инфраструктура и дека посветеноста кон ...
Бугарски ученици освоија четири сребрени и еден бронзен медал на 56. Меѓународна олимпијада по физика (IPhO), одржана во Колумбија, соопшти бугарското Министерство за образование и наука, пренесува Актуално. На натпреварот учествувале 370 ученици од 87 држави. Сребрени медали освоиле Светослав Арабов (10. клас, МГ „Д-р Петар Берон“ – Варна), Јордан Петков (10. клас, Американски колеџ во Софија), Александар Николов (12. клас, ПЧМГ) и Мирослав ...
Бугарската виолинистка Јоана Каменарска веќе 18 години живее во Хамбург, а од 2008 година е концерт-мајстор на Државниот филхармониски оркестар во германскиот град. Таа е една од повеќе од 40 бугарски виолинисти кои работат на водечки позиции во престижни европски оркестри, јавува БНР. Љубовта кон музиката ја наследила од мајка ѝ, која е пијанистка, а значајна улога во нејзиниот развој имале професорите Јосиф Радионов и Јоаким Атанасов. ...
Во Плевен вечерва почнува 32-то издание на Националниот туристички поход „По стапките на Апостолот“. Свеченото отворање е во 19 часот пред споменикот на Васил Левски, од каде учесниците ќе тргнат по традиционалната маршрута кон Карлово, јавува БНР. Годинава походот бележи рекорд со повеќе од 280 учесници. Најмлада е четиригодишната Александра, која учествува по третпат, а највозрасен е 80-годишниот Васил Чардаклиев, потомок на Левски. Ќе ...
Бугарската гимнастичарка Стилијана Николова освои златен и сребрен медал во финалите по справи на Светскиот куп во ритмичка гимнастика во Милано, јавуваат бугарските медиуми. Николова триумфираше во натпреварот со лента со 28,650 поени, пред Арина Ковшова со 28,300 и Тахмина Икромова со 28,250 поени. На чуневи го освои сребрениот медал со резултат од 30,300 поени. Победи олимписката, светска и европска шампионка Дарја Варфоломеев од Германија ...
„Мицкоски нема никаков резултат зад себе па денеска ќе прави нов политички театар. Стариот кабинет со нов распоред односно козметичка промена на фотелји во истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, доаѓаат неколку нови имиња, но клучните ресори и клучниот центар на моќ останува во истите раце – на Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ. „Кога економијата стагнира, кога граѓаните живеат сè потешко, кога цените растат, кога ...
Бугарија ја задржува позицијата на најдостапна туристичка дестинација во Европската Унија, покажуваат најновите податоци на Евростат за споредбените ценовни нивоа, пренесува БГНЕС. Според индексот на трошоците за крајна потрошувачка на домаќинствата, каде просекот на ЕУ изнесува 100, Бугарија има индекс 63. Тоа значи дека потрошувачката кошничка во земјата е во просек за 37 отсто поевтина од европскиот просек. Најголемата предност е кај ...
Собранието утре со почеток во 11 часот ќе ја одржи седницата за реконструкција на Владата, на која треба да бидат разрешени и избрани нови министри во осум ресори. Ова е прва реконструкција на владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Според предложените кадровски решенија: – Сашо Клековски е предложен за нов министер за здравство. Тој доаѓа од директорската функција во Фондот за здравствено осигурување, каде што треба да биде ...
Со спектакуларна оперска гала вечер, преполн Антички театар и повеќе од 4.000 посетители, синоќа свечено беше отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Концертот, за кој билетите беа целосно распродадени уште две недели пред почетокот, предизвика рекорден интерес кај публиката и ја потврди довербата што фестивалот ја ужива кај љубителите на врвната уметност. Незаборавната фестивалска вечер, исполнета со емоции, аплаузи и извонредни ...
Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ на 13 јули го отвора 63-от Летен семинар за бугарски јазик и култура. Свеченото отворање ќе се одржи во 16:30 часот во Аулата на Ректоратот, јавува БНР. На годинашното издание ќе учествуваат 89 студенти, професори, преведувачи и истражувачи од 29 држави, кои го изучуваат бугарскиот јазик или професионално се занимаваат со бугарскиот јазик и литература. Програмата опфаќа интензивни јазични курсеви ...
Фолклорниот ансамбл „Огнените“ — Folklore Ensemble “Ognenite” ќе ја претставува Бугарија во рамките на Меѓународниот фестивал на фолклорни танци „СКУПИ 2026“, кој ќе се одржи од 13 до 17 јули во Скопје, јавува БКИЦ-Скопје. Фолклорниот ансамбл „Огнените“ создава мост меѓу минатото и сегашноста, пренесувајќи ги обичаите и зачувувајќи ги убавината и магијата на бугарските фолклорни песни и танци. Фолклорниот ансамбл „Огнените“ е основан во ...
Деница Китанова/Актуално Уставниот суд на Северна Македонија соопшти дека има потпишано меморандум за соработка со Уставниот суд на Србија. Повод за реакцијата се обвинувањата за политизација на институцијата. Во таа насока, македонските уставни судии категорично ги осудија обвинувањата упатени против нив, пренесува „Скопје1.мк“. Во соопштението се наведува дека меѓународната соработка на Судот е ставена во контекст на дневната политика и се ...
Во салата „Архимандрит Хаџи Макариј“ во Тројанскиот манастир беше отворена постер-изложбата „Образи на светоста во кирилските печатени книги (XVII–XIX век)“, јавува БТА. На отворањето присуствуваа бугарскиот патријарх и софиски митрополит Даниил, ловчанскиот митрополит Гавриил, игуменот на манастирот, епископот Василиј, како и претставници на локалната власт. Изложбата е дел од одбележувањето на 40-годишнината на Центарот за ...
На 14 јули 2026 година во галеријата „Неси“ во Бургас ќе биде претставена изложбата „Реминисценции“ на бугарскиот ликовен уметник Василен Васевски. Експозицијата ја истражува меморијата не како документ за минатото, туку како живо, емоционално и постојано променливо искуство, дополнуваат од галеријата, пренесува БТА. Во својата нова изложба авторот претставува сликарски дела поставени на границата меѓу реалноста и сеќавањето. Сликите ...
Дворецот „Врана“, една од омилените резиденции на бугарските монарси, неодамна стана достапен за организирани туристички посети со претходна најава, јавува БНР. Резиденцијата во близина на Софија е завршена во 1912 година и се наоѓа во парк од речиси 1.000 декари, во кој растат стотици растителни видови. Дворецот го користеле бугарските цареви Фердинанд I, Борис III, Симеон II, а по 9 септември 1944 г. водачите на комунистичката власт Георги ...
Со свечена смена на почесната гарда пред зградата на бугарското Претседателство беа одбележани 147 години од основањето на Националната гардиска единица на Бугарија, јавува БГНЕС. Гардистите ја изведоа традиционалната церемонија, која е еден од најпрепознатливите симболи на државниот протокол и на воените традиции во Бугарија. Единицата ја започнала својата историја на 12 јули 1879 година како лична придружба на бугарскиот кнез Александар I ...
Фудбалскиот гранд ЦСКА од Софија денеска одбележува 81 година од раѓањето на бугарската фудбалска легенда Димитар Пенев, кој почина на почетокот од годинава, јавува БГНЕС. „Споменот за неговото големо дело е пожив од кога било. Тој засекогаш ќе остане пример и симбол за сите што го носат ЦСКА во срцето“, соопшти клубот. Од ЦСКА истакнаа дека, покрај бројните успеси, Пенев ќе остане запаметен по својата добрина, човечност и верба во луѓето. ...
Странски државјанин од Романија бил успешно пронајден по координирана акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за внатрешни работи, откако се изгубил при самостојно движење во реонот на Матка. Од ЦУК информираат дека повикот за помош бил примен преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 21:55 часот. Лицето се изгубило во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај. ЦУК ја утврдил ...
Унгарскиот парламент утре и задутре ќе расправа и ќе гласа за уставен амандман со кој предвреме би му завршил мандатот на претседателот Тамаш Шуљок, со што би се заокружила политичката транзиција по завршувањето на 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Според предложените измени, на Шуљок, кој ја извршува функцијата од март 2024 година, мандатот би му престанал ден по стапувањето на амандманот во сила. Потоа парламентот ќе има рок од 30 дена ...
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде умерен, а наместа повремено и со силен интензитет. Минималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со ...
Тројца планинари беа успешно извлечени од планината Бистрица по координирана спасувачка акција во која учествуваа повеќе институции, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово била примена пријава во 18:46 часот од лице кое побарало помош за извлекување од непристапен и тежок терен. Еден од планинарите имал здравствени ...
Последните пораки од Европската Унија се најсилниот доказ дека РС Македонија повеќе не е на европската агенда, оцени СДСМ. Од опозициската партија велат дека додека ЕУ отвора нови кластери и поглавја со други земји кандидати, РС Македонија повторно останува надвор од европските процеси. „Украина и Молдавија ги отвораат преговорите, Црна Гора и Албанија напредуваат, а нашата држава не е дел од европската динамика. Ова е директна последица на ...
ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ, Левица и ДУИ дека се обединети во блокада на донесувањето на нов Изборен законик и дека, како што наведуваат, однапред создаваат алиби за изборен пораз. Во соопштението од партијата се оценува дека наместо да го поддржат законот со кој би се вградиле препораките за подобрување на изборниот процес, трите партии намерно ја забавуваат постапката и бараат нови изговори. „На јавноста и е јасно дека ова не е борба за ...
Ивон Величковски Наместо демотивирачки прес-ови и сведување на ЕУ-интеграцијата на “Изборниот законик”, парламентарната “опозиција” има можност да ја врами Владата во темпо кон ЕУ. Да, за усвојување на амандманите треба 2/3 мнозинство. Но до него се доаѓа штом во Собранието ќе има и опозиција што се бори за ЕУ-членство. Во постапка од неполни три месеци. Поднесувајќи ги амандманите. Притисокот тогаш се врти врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ...