Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
На 8 и 9 јули директорот на Националното здружение на бугарските шпедитери (НСБС), доц. д-р Момчил Антов, престојуваше во работна посета на Macedonian Association of International Freight Forwarders and Logistics Operators (MIFA), јавува НСБС. За време на средбата беа разгледани можностите за развој на партнерството меѓу двете организации, како и размената на добри практики во поддршка на шпедитерскиот и логистичкиот сектор. Беше претставено ...
Георги Пашкулев/БГНЕС Антиевропското однесување на српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вчера, за време на неговата официјална посета на Бугарија, јавно го бранеше српскиот државен ревизионизам, инструментализацијата на историјата и геополитичкото спротивставување кон Европската Унија. Со своите коментари, Дачиќ ги разоткри механизмите што современата елита во Белград – директен наследник на режимот на српскиот диктатор Слободан ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со Султан Раев генерален секретар на Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ (TURKSOY) На средбата, министерот Љутков упати благодарност за укажаното гостопримство за време на неговата посета на Анкара пред неколку месеци и изрази задоволство што генералниот секретар Раев, сега има можност да ја посети нашата земја, да се запознае со нашиот главен град, како и со ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска го посетија Центарот за услуги во Прилеп, воспоставен како резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп „Ми претставува особено задоволство што започна со работа Центарот за услуги во Прилеп, заеднички проект на Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп, ...
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека западните земји имаат, како што тврди, веродостојни разузнавачки информации дека Русија подготвува нови саботажни акти во Европа. Сикорски изјави дека целта на јавното презентирање на овие предупредувања е да се одврати Москва од наводни провокации и да се спречи нивното спроведување. „Денес мора да ни верувате – не само мене, туку и на другите земји – дека имаме ...
Христијан Мицкоски се фали дека Македонија имала најниска инфлација во регионот. Но граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите и од тоа што можат да си го купат во маркетите со тие плати, велат од СДСМ. „Инфлацијата можеби е намалена, но потрошувачката кошница и понатаму тешко се стига. И во овој момент инфлацијата е далеку повисока од тоа што Мицкоски го ветуваше во владината програма и во буџетот за 2026 година. Цените на ...
Различни изговори, но иста цел, поради ниските рејтинзи, СДС, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Секоја од овие опозициски партии излегува со различен изговор. СДС е против олеснување на гласањето на македонската дијаспора, Левица доби повеќе пари па после се откажа, додека пак ДУИ, отвора нови услови за начинот на одлучување во ДИК. Различни ...
Власта со ребалансот крати пари кај младите, за да ги пополни дупките во Буџетот од промашените економски политики, реагираат од СДСМ. „Парите од програмата за млади е скратена за 1 милион денари а за демографски политики се намалени за 70%. Каква „трета економија“, каква „финансиски стабилна држава“ пари нема за младите. Додека секој трет човек сака да си замине од земјава, власта уште им намалува пари. Вака изгледа држава што ја води ...
Христијан Мицкоски и ВМРО-OКГ повторно се обидуваат да ја излажат јавноста. Овој пат преку Изборниот законик и прашањето за гласањето на дијаспората, кажа на денешната прес-конференција Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „Ние од СДСМ сме јасни: дијаспората има право да гласа. Тоа право го имала и досега и дијапората гласа со постојниот модел. Ние не сме против тоа право. Ние сме против неконтролирано и неконтролирано ...
Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ, СДС во паника од катастрофалниот едноцифрен рејтин и внатрешниот хаос со кој се соочува очајно се обидува да креира паника, да манипулира со бројки и да создава лажна перцепција во јавноста. СДС, велат од партијата на Мицкоски, уште еднаш се демантирани и поразени од бројките и од релевантните институции. „СДС додека беше на власт не направи ништо за младите, СДС ветуваше студентски градови и подобра иднина за ...
Околу 1.200 војници и 170 единици воена техника од 11 земји учествуваа на големата тактичка вежба со боево гаѓање „Alliance Wall“ на полигонот „Ново Село“ во Бугарија, јавува Armymedia. Во вежбата беа вклучени припадници на осум земји од мултинационалната борбена група на НАТО, американски единици, како и гостински сили од Полска, Шпанија и Франција. Беа употребени артилериски системи, тенкови, борбени возила и авиони Су-25 од базата Безмер. ...
Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување систем за видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите. На вчерашната седница на Советот беше усвоен предлогот за отпочнување на постапката. Општината упатува благодарност до советниците „кои ја препознаа важноста на оваа мерка и дадоа поддршка за нејзината реализација“. „Секое искршено игралиште претставува загуба за сите граѓани, а најмногу за најмладите. Затоа, ...
Студентскиот фолклорен ансамбл на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ ја претстави бугарската танцова традиција во Јапонија, каде учествуваше во одбележувањето на 70-годишнината на Јапонската национална федерација за фолклорни танци во градот Химеџи, јавува БТА. Во рамките на турнејата, ансамблот одржа концерт, два самостојни настапи и научно-практичен семинар посветен на традиционалните бугарски ора. Повеќе од 500 учесници на семинарот ...
Заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија, Иванка Ташева, на 9 јули се сретна со амбасадорот на Црна Гора во Бугарија, Ѓорѓе Јанковиќ, јавува МНР на Бугарија. На средбата беше оценето дека билатералните односи се одлични и дека меѓу двете земји нема отворени прашања. Разговарано беше и за можноста за воведување директна авионска линија меѓу Софија и Подгорица, која треба да ја поттикне економската соработка, туризмот и контактите ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираше интервенција за безбедно отстранување неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, што потекнува од Првата светска војна. Oпасната граната беше пронајдена во атарот на селото Пепелиште, Општина Неготино. Поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно средство во коритото на реката Вардар, интервенцијата беше реализирана во сложени ...
„Лошите едноцифрени рејтинзи на ниво на статистичка грешка на СДС, Левица и ДУИ е причина што го опструираат и го блокираат новиот Изборен законик. Ваквиот нивен однос нема друго оправдување, затоа што консензусот помеѓу политичките партии за носењето на овој закон со месеци се градеше во работната група“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Изборниот законик е дел од Реформската агенда и наместо да седнат на маса со сите политички чинители и да се ...
Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела се искачи на 3.889, според бројките објавени денес од високиот функционер Хорхе Родригез, додека Панамериканската здравствена организација (PAHO) предупредува на здравствените ризици што се појавија по земјотресите. Според најновите бројки, 16.740 лица се повредени во земјотресите, додека 17.907 лица останаа без покрив над главата. Здравствени ризици во засолништата Најголемите здравствени ...
Украина и САД постигнаа политички договор за лиценци за производство на пресретнувачи PAC-3 за системите „Патриот“, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека клучните испораки на ракетите треба да пристигнат во следните неколку дена. „Патриот“ е американски систем за воздушна одбрана, а неговиот пресретнувач PAC-3 е едно од ретките западни оружја способно да соборува балистички ракети што Русија сè повеќе ги ...
Податоците за следење на бродови покажаа дека, и покрај обновените борби на Блискиот Исток, повеќе танкери со течен природен гас продолжија да минуваат низ Ормускиот теснец во последните денови. Токио соопшти дека 22 брода поврзани со Јапонија го напуштиле Заливот од вторник. Сообраќајот низ теснецот продолжува Ормускиот теснец, клучен пат за глобални испораки на нафта и течен природен гас (LNG), е внимателно следен од страна на бродските ...
Бугарскиот министер за култура Евтим Милошев ќе организира меѓународна конференција со учество на високи претставници на УНЕСКО, по повод 70-годишнината од полноправното членство на Бугарија во организацијата, јавува 24 часа. Милошев за подготовките информираше за време на сослушување во Комисијата за култура и медиуми на бугарскиот парламент. Според него, конференцијата со учество на генералниот директор на УНЕСКО ќе придонесе за зголемување ...
Фестивалот за камерна музика „Неизгазена патека“ ќе го одржи своето осмо издание од 29 јули до 8 август во пет дестинации — Ковачевица, Добриниште, Гоце Делчев, Карпачево и Тројан, јавува БНР. Фестивалот е основан од пијанистката Лора Чекоратова, која живее во Њујорк. Централен настан оваа година ќе биде светската премиера на нова камерна творба посветена на Димитар Пешев, кој одиграл клучна улога во спасувањето на бугарските Евреи за време ...
Соработката меѓу државите е клучна за енергетската и економската безбедност, одржливоста и стабилноста на поширокиот регион, порача бугарската министерка за енергетика Ива Петрова на 30. Годишна владина тркалезна маса на The Economist во Атина, пренесува 24 часа. Петрова истакна дека Бугарија располага со 7 GW инсталирани соларни капацитети, поддржани од 4 GW батерии за складирање електрична енергија, како и со амбициозно портфолио на ...
Советот на Општина Софија усвои одлука за зголемување на капиталот на „Столичен електротранспорт“ ЕАД, со што се обезбедува реализација на договорите за набавка на 145 нови електрични возила, јавува Општина Софија. Станува збор за 20 нископодни трамваи, 75 тролејбуси и 50 електробуси со инфраструктура за полнење. Вкупната вредност на договорите е 128,8 милиони евра без ДДВ, а капиталот на претпријатието ќе се зголеми за најмногу 41,8 милиони ...
Анна Пранчева, истражувачка во Институтот за полимери при Бугарската академија на науките, учествуваше на јубилејната 75-та средба на нобеловци со млади научници во Линдау, Германија, што се одржа од 28 јуни до 3 јули 2026 година, соопштува БАН. Пранчева работи во лабораторијата „Функционални и наноструктурирани полимери“ и е коавторка на научни публикации во меѓународни изданија. Таа развива наноносители — полимерни мицели за внесување ...
Извршната агенција за Бугарите во странство е партнер на конкурсот за есеј, организиран од Бугарското национално радио, под покровителство на претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова, и со поддршка од Министерството за образование и наука, јавува ИАБЧ. Конкурсот е наменет за ученици и студенти до 26 години од бугарските заедници во странство, кои го владеат бугарскиот јазик и немаат постојано живеалиште во Бугарија. Учесниците ...
Министерството за туризам на Бугарија започна отворен разговор со високообразовните институции кои подготвуваат кадри за туристичкиот сектор. Фокусот на средбата беше ставен врз квалитетот на туристичкиот производ и врската меѓу образованието, практиката и потребите на бизнисот. „Квалитетот во туризмот започнува од образованието и подготвените луѓе. Среќен сум што конечно се одржува ваква средба, бидејќи таа е клучна за иднината на браншата“, ...
Компромисот од 2022 година, како и обврските што произлегуваат од него во однос на преговарачкиот процес, е едно од клучните прашања за европскиот пат на Северна Македонија, вели во интервју за порталот Порталб.мк амбасадорот на Франција во Скопје, Кристоф Ле Риголер, пренесува 24 часа. „Малку семантика, за да бидеме точни — компромисот од 2022 година не е компромис со Бугарија, туку текст потпишан меѓу Северна Македонија и Европската Унија. ...
По информацијата дека албанската полиција задржала на граница двајца народни избраници, претседателот на Сoбранието, Африм Гаши, вели дека е загрижен за постапувањето кон пратениците на граничниот премин „Ќафасан“. „Како претседател на Собранието, изразувам загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Северна Македонија на граничниот премин „Ќафасан““, вели Гаши. Пратениците, додава тој во ...
Во битолската населба Буковски Ливади се изведуваат активности за адаптацијата на објект кој до крајот на годината ќе стане ново подрачно училиште на ОУ „Коле Канински“. Станува збор за инвестиција вредна 31 милион денари која ја реализира локалната самоуправа со поддршка од Владата. Денес увид во градежните работи извршија премиерот, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска и градоначалникот на Битола, Тони ...
Единството во Европската Унија е најголемата сила на земјите членки, изјави бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова на дискусија во Домот на Европа во Софија, по повод преземањето на ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ од страна на Република Ирска, јавува БТА. Таа нагласи дека за Бугарија и за секоја земја членка е клучно да се зачува единството и покрај различните нијанси во ставовите. Според неа, приоритет за ...