Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Барселона побарала стручниот штаб на шпанската фудбалска репрезентација да не го користи напаѓачот Ламин Јамал на пријателскиот натпревар против Египет, или да го ограничи неговото користење само на половина натпревар. Селекторот Луис Де ла Фуенте ќе треба да бара баланс меѓу интересот на репрезентацијата и барањето на клубот. Според изворите, клубот го побарал ова откако напаѓачот Рафиња се повреди на пријателскиот натпревар против Франција ...
Видеото кое стана вирално, а во кое се гледа како Федерико Димарко и уште неколкумина Италијанци ја прославуваат победата на пенали на БиХ против подобро рангираниот Велс, ги налути Босанците кои се почувствуваа потценети и најавуваат дека тој момент ќе го искористат како дополнителна мотивација на супер важниот меч со Италија во Зеница на 31-ви март на кој ќе се одлучи која од тие две селекции ќе патува на СП. После овој „инцидент“, Димарко ...
Хрватската тениска легенда Горан Иванишевиќ кој му беше тренер на Новак Ѓоковиќ, смета дека 38-годишниот Србин уште има шанса да ја освои својата 25-та грендслем титула. Ѓоковиќ не освоил гренслем од 2023 година наваму. На неодамнешниот Австралија опен, Новак го победи вториот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер во полуфиналето, а потоа загуби од Карлос Алкараз во финалето. „Дали Ѓоковиќ може да го освои 25-тиот гренслем? Да не работев ...
Турскиот клуб Коњаспор испратил барање до Фудбалската федерација на Македонија да го ослободи капитенот на македонскиот национален тим Енис Барди, од претстојниот меч против Република Ирска во Даблин. Овој дуел нема некое посебно значење, двата тима останаа без место на Мундијалот, па турскиот клуб сака Барди да им се врати што побрзо и да се стави на раполагање на клубот за подготовките за првенствениот натпревар против Самсунспор кој е ...
Почнувајќи од овогодинешното финале во Будимпешта, финалето на Лигата на шампионите повеќе нема да се игра во традиционалниот термин од 21 часот, туку ќе започне во 18 часот по средноевропско време. Целта на оваа промена е финалето да стане попријатен и подостапен настан за сите, создавајќи пријатна атмосфера што им овозможува и на семејствата со деца да го гледаат најважниот натпревар во сезоната. За навивачите што патуваат на натпреварот, ...
Амбициозниот ГРК Охрид од следната сезона во своите редови ќе го има унгарскиот репрезентативен десен бек Доминик Мате, кој неодамна се раздели со норвешки Елверум. Овој 27-годишен ракометар висок 201 сантметар, има четири сезони зад себе во Лигата на шампионите, а од 2022 до 2024 беше во Пари Сен Жермен. Своето деби за унгарската репрезентација го имаше на Светското првенство во 2019 година како деветнаесетгодишник. Мате ќе биде големо ...
Голманот на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинес, не го криеше својот гнев по минималната победа од 2-1 над Мавританија, критикувајќи го недостатокот на правилен пристап на светските прваци. Аргентина на „Бомбонера“ во Буенос Аирес против африканскиот тим кој е на 115-то место на ранг-листата на ФИФА, имаше помалку четири шутеви помалку. „Мора да имате повеќе срце“, почна популарниот „Дибу“. „Доста слабо игравме, да бидам искрен. ...
Голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин, не го гледал клучниот натпревар од баражот за квалификациите за Светското првенство помеѓу неговата земја и Шведска, туку одбра со сопругата Анастасија да присуствуваат на кошаркарскиот натпревар од Евролигата помеѓу Реал и Анадолу Ефес. Украинската репрезентација загуби со 1-3 од Шведска во Валенсија, со што ги загуби шансите за пласман на СП. Лунин не беше повикан во националниот тим, иако на ...
Емотивна сцена се случи на вчерашниот пријателски натпревар помеѓу Иран и Нигерија во Анталија кој им припадна на Нигеријците со 2-1. Иранската репрезентација им оддаде почит на убиените ученички во бомбардираното основно училиште во Минаб пред еден месец, на почетокот на американско-израелските напади врз Иран. Во тој инцидент беа убиени околу 170 луѓе, претежно ученички од тоа училиште. Фудбалерите на Иран излегоа на теренот носејќи детски ...
1029 Ридинг – Виган (16.00 часот) Важен меч за двата тима од англиската Лига 1 на кои бодовите им се потребни. Ридинг е осми на табелата и има два бода помалку од шестиот, а шестото место носи плејоф за влез во Чемпионшип. Ридинг во последните три кола имаше и победа и пораз и реми. Само Болтон има повеќе нерешени игри од нив во лигата. Виган е во долниот дел, се бори за опстанок и во последно време добро му оди, освои седум бодови на ...
Победата на ЛА Лејкерс над Бруклин нетс ја одбележа еден историски момент, за првпат во историјата на НБА лигата беше видена ситуација татко да му асистира на син за кош. Леброн Џејмс беше удвоен и виде дека син му Брони е слободен, па му додаде, а Џејмс јуниор даде тројка и со тоа се испиша историја. Ова беше втор меч по ред на кој Леброн и Брони беа заедно на терен. LEBRON ASSIST TO BRONNY 🔥 FIRST FATHER-AND-SON ASSIST IN NBA HISTORY 🙌 ...
Неславно помина гостувањето во Копенхаген за македонската фудбалска репрезентација. Поразот од 4:0 беше највисок од сите европски бараж дуели кои се играа за пласман на Светско првенство, но и неуспесите се составен дел од спортот кој е многу динамичен, па нема многу време за анализи, туку фокусот треба да биде насочен кон тоа што следува. А следува ново гостување на Македонија и тоа во Даблин против Република Ирска. Ова ќе биде меч на двете ...
Супер типот на Sport Life нуди одлични зголемени квоти за 15 „единици“, тимови или поединци кои се во улога на домаќини, но најголемата квота за конечен тип е за онаа единствена двојка, за победа на Јапонија на пријателскиот меч со Шкотска. Во понудата не се само фудбалски натпревари, има и тенис и хокеј, но кај фудбалите за конечен тип нема квота под 1.60 и тоа ги прави атрактивни за играње. Имате богат избор на џокери со кои може да си ја ...
Заврши сонот за пласман на Светско фудбалско првенство откако Македонија убедливо со 4:0 загуби од Данска во Копенхаген. Убедливиот пораз беше разочарувачки за сите, посебно за околу 2.000 македонски навивачи кои беа на трибините на стадионот „Паркен“ и во живо ја бодреа македонската репрезентација. Навивачи имаше од сите континенти. Македонци беа дојдени дури од Австралија, други од САД и Канада, а секако најбројни беа оние кои живеат и ...
Петте квоти на денот кои за денеска ги нуди Sport Life ги множите со 39.7 ако ги уплатите на ист тикет. Предлозите се интересни и разновидни. Комбинацијата Сеута да не загуби дома од Кадис и да има 2-4 гола, носи квота од 2.10. Квота од 2.20 се предлага за на дуелот Шкотска – Јапонија да има 0-1 гол во прво и 1-2 гола во второ полувреме. Убава квота од 2.15 има за Малага – Леганес, и тоа за играта да нема повеќе од два гола и барем едниот ...
На „пријателскиот“ меч помеѓу Англија и Уругвај непријатен момент се случи во 50-тата минута, Роналд Араухо брутално го фаулираше Фил Фоден, со голема сила удирајќи го противникот над глуждот. Тоа беше ужасен фаул, за кој, чудно е што судијата не покажа ни жолт картон. Селекторот на Англија, Томас Тухел, и сите околу него беа бесни, бидејќи можеше да доведе до сериозна повреда. Фоден го напушти теренот, но имаше среќа што не се здоби со ...
Јаник Синер и Јиржи Лехецка ќе играат во финалето на тенискиот Мастерс во Мајами. Двајцата своите полуфинални дуели ги добија со два сета, Синер против Александер Зверев, а Лехецка против Артур Филс. Во финалето до кое дојде без загубен сет, Синер ќе биде фаворит против 22-риот на АТП листата. Ако победи Синер, ќе стане само осмиот играч во историјата, а прв по Роџер Федерер во 2017 година, кој во иста година триумфирал на двата американски ...
Кими Антонели од Мерцедес втор пат по ред ја освојува пол-позицијата и утрешната трка од Формула 1 шампионатот во Јапонија ќе ја почне со празен простор пред него. Во првиот стартен ред ќе бидат двата Мерцедеси, во вториот ред двата Мекларени, а во третиот двете Ферарија. Најголемо разочарување имаа Макс Ферстапен кој имаше дури 11-то време по вредност, и ветеранот Фернандо Алонсо кој испадна уште во првата рунда и беше претпоследен. Кими ...
Репрезентацијата на Аргентина извојува победа од 2-1 над Мавританија, а двата гола Гаучосите ги постигнаа во првото полувреме кога Лионел Меси беше на клупата за резерви. Прв погоди Енцо Фернандес, а потоа и младиот Нико Паз кој својот прв гол во дресот на националниот тим го постигна од слободен удар. Паз со шутот со својата лева нога покажа дека Аргентина не треба да се грижи за иднината по пензионирањето на Меси. Голот на фудбалерот на ...
Карлик Џонс и Стерлинг Браун кои заедно дадоа 49 поени, му ја донесоа петтата евролигашка победа по ред на белградски Партизан, овојпат против Валенсија со 110-104 и тоа во меч со две продолженија. На шпанскиот тим му требаше победата за битката за плејоф, беа мотивирани, добро тргнаа, но Партизан постојано се враќаше, а на крај и триумфираше за радост на публиката. Другиот шпанско-српски дуел се играше во Барселона, каде Барса ја доби ...
Англија и Уругвај одиграа 1-1 во пријателски меч во Лондон, а двата гола паднаа во финишот. Домашните поведоа со гол на Бен Вајт, но во 94-та минута беше досуден пенал за Уругвај, кој го реализираше Федерико Валверде. Валверде е во животна голгетерска форма. Од 6-ти март наваму, има дури седум гола на последните шест меча за Реал Мадрид и репрезентацијата. Англија и Уругвај одиграа 1-1 во пријателски меч во Лондон, а двата гола паднаа во ...
Германија на гости ја победи Швајцарија со 4-3 во најефикасниот вечерашен пријателски меч помеѓу европски селекции, а јунак на Панцерите беше Флоријан Вирц кој ги даде третиот и четвртиот гол за нив. Погодокот кој го постигна фудбалерот на Ливерпул за 3-2 во 61-ва минута беше спектакуларен. Вирц неодбранливо погоди во горниот лев агол, а шутна од аголот на 16-никот. Голот погледнете го ТУКА. Германија на гости ја победи Швајцарија со 4-3 ...
Шпанската фудбалска репрезентација е еден од главните фаворити за титулата на претстојното Светско првенство, а како слабост им се припишува што немаат класична „деветка“. Но, со формата во која во дресот на Црвената фурија игра Микел Ојарзабал, не треба да се грижат. Ојарзабал вечерва на пријателскиот меч против Србија даде два гола во првото полувреме. Голот за 1-0 погледнете го ТУКА. Сега напаѓачот на Реал Сосиедад има неверојатни 11 гола ...
Страсниот англиски навивач, Енди Милн, се надева дека ќе ја продаде својата куќа за да го финансира патувањето на Светското првенство, кое ќе се одржи од 11-ти јуни до 19-ти јули во САД, Канада и Мексико. Овој 62-годишен пензиониран наставник во денешното интервју за англискиот таблоид „Дејли Мирор“ изјави дека е подготвен да го продаде својот друг имот за да го гледа фудбалскиот турнир. Тоа би било негово 10-то СП на кое ќе навива за ...
Бразилскиот крилен напаѓач Рафиња има повреда на тетивата на десната бутина поради која ќе отсуствува пет недели, соопшт неговиот клуб Барселона. Крилниот напаѓач на Барселона побара да биде заменет на полувремето од пријателскиот натпревар против Франција откако почувствува непријатност во десната нога, а медицинските тестови спроведени денес во Орландо ја потврдија неговата повреда. Рафиња ќе се врати во Барселона за да го започне процесот ...
Интересен и необичен е случајот со фудбалската репрезентација на Чешка, која од осамостојувањето во 1993 година па досега, играла на сите европски првенства (од 1996 наваму), но нема среќа со Мундијалите, верувале или не, играле само на едно Светско првенство и тоа во Германија во 2006 година. Сега Чесите имаат прилика после 20 години повторно да бидат дел од најголемиот светски фудбал собир, на 31-ви март им треба победа на свој терен против ...
Во Sport Life веќе може да се обложите на натпреварите од финалето од баражите за Светско првенство, квотите се тука, а фаворитската улога им се дава на Италија, Шведска, Данска и Турција. Освен Шведска која игра дома со Полска, другите три тима кои се фаворити на хартија, ќе треба на гостински терен да победат за да дојдат до место на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Квотите се одлични, треба да ги искористите ако имате ваши фаворити за ...
Турски медиуми објавија голем скандал во кој се наведува дека македонски државјанин, претседател на македонски фудбалски прволигаш, бил уапсен поради криумчарење на злато. Според информациите кои ги објавија турските медиуми, лицето Б.Х. било уапсено од страна на полицијата на патот меѓу градовите Батман и Сиирт на 24-ти март. Полицијата нашла злато со тежина од 2 килограми и 581 грам, кое е проценето на 300.000 евра. Против осомниченото ...
Да се погодат 12 исходи на натпревари на репрезентации е вистинска умешност, а вчера токму тоа му појде од рака на обложувач од Тетово, кој во Sport Life уплатил само 20 денари и има бруто добивка од 38.086 денари. Вкупниот погоден коефициент е речиси 2.000. На тикетот има комбинација од мечеви во сениорска и младинска конкуренција. Тука се и двата дуели на македонските фудбалери, и сениорите и младите (У-21) примаа по четири голови, како што ...
Диего Симеоне ќе го води Атлетико Мадрид и во сезоната 2026/27, пренесува шпанскиот „Ас“. Раководството на клубот и аргентинскиот стратег веќе разговарале и постигнале договор да ја продолжат соработката за уште една година. Во последните недели се шпекулираше дека Симеоне би можело да го напушти Атлетико на крајот од сезоната. Сепак, по последните разговори стана јасно дека ниту клубот, ниту тренерот нема да ја активираат клаузулата која му ...