Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Барселона, по сè изгледа, го пронајде наследникот на Роберт Левандовски. Станува збор за напаѓачот на Хофенхајм и репрезентативецот на Косово, Фисник Аслани. Левандовски ги брои последните денови во Барселона. Легендарниот Полјак ги пакува куферите и по четири години заминува, а кариерата најверојатно ќе ја продолжи во САД. Барселона одамна бара наследник, а новата „деветка“ на каталонскиот гигант најверојатно треба да биде Фисник Аслани. ...
Италијанскиот калчолигаш Јувентус планира нов моќен напаѓачки тандем со потенцијалното здружување на Душан Влаховиќ и Роберт Левандовски. Според извори блиски до клубот, постои сериозна шанса двајцата врвни напаѓачи да заиграат заедно во Торино, создавајќи вистински спектакл за навивачите. Влаховиќ важи за еден од најперспективните голгетери во Европа, додека Левандовски со години е меѓу најдобрите стрелци во светот. Овој тандем претходно го ...
Франческо Ачерби е желба на Симоне Инзаги, кој сака да го доведе во Ал-Хилал од следната сезона, со оглед дека договорот на централниот дефанзивец со Интер истекува на крајот на оваа сезона. Ачерби со Инзаги работеше и претходните три сезони во Интер, како и пет сезони во Лацио. Ачерби во кариерата настапуваше за Павија, Реџина, Џенова, Киево, Милан, Сасуоло, Лацио и Интер. Оваа сезона во Серија А, Франческо Ачерби имаше само 14 настапи под ...
Интер Мајами нема планови да го доведе Мохамед Салах од Ливерпул, кој ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. И покрај шпекулациите кои се појавија неодамна, тимот од МЛС лигата, каде што настапува Лионел Меси, не води преговори и не работи на трансферот на 33-годишниот Египќанец, потенцираа американските медиуми. Претходно се шпекулираше дека Салах може да премине во саудискиот Ал-Итихад. Најновите најави се дека Египќанецот би можел да ...
3723 Беневенто – Козенца (12.30 часот) Беневенто е фаворит на овој дуел, а покрај триумфот типуваме дека на мечот ќе има од два до пет гола. Предлог тип: 1 & 2-5 (1.98) 1317 Еибар – Лас Палмас (14 часот) Ова се екипи кои играат затворен фудбал, а мечот може да го реши и еден погодок. Наш тип е дека Еибар нема да загуби и дека ќе бидат постигнати најмногу два гола. Предлог тип: 1X & 0-2 (1.93) 3684 Виченца – Унион Бреша (14.30 часот) ...
Македонскиот претставник ГРК Охрид денеска (16 часот) во Атина го игра првиот натпревар од четврфиналето на Купот на ЕХФ против Олимпијакос. Овој дуел треба да даде одговор која екипа ќе биде поблиску до полуфиналето, со оглед дека реваншот се игра во Охрид на 4 април. „Нѐ очекува тежок натпревар против Олимпијакос. Добро работевме изминатата седмица и подготвени сме за овој дуел. Ќе дадеме сѐ од себе за да оствариме што е можно подобар ...
Реал Мадрид добива сериозно засилување пред клучниот дел од сезоната, откако Едер Милитао конечно се враќа во строј. Бразилскиот дефанзивец, кој беше надвор од терените од почетокот на декември поради тешка повреда, веќе одработи три последовни целосни тренинзи и ќе му биде на располагање на стручниот штаб за натпреварот против Мајорка на 4 април. Милитао се рехабилитираше од сериозна повреда, скинати мускулни влакна на бутниот мускулна ...
Денешниот Супер тип нуди разновидност. Натпревари од фудбал, кошарка и тенис имаат максимално зголемени коефициент меѓу „избраните 16“. Понудата стартува со тениски меч во 12.30 часот, а потоа се приклучува и фудбалот. Попладнето е резервирано и за кошаркарски дуели. Максимално се зголемени коефициентите на Јужен Судан, Лазаро Гарсија, Леирија, Лесото, Басконија, АЛБА Берлин, Валенсија, Монако, Барселона, Алмерија, Хуракан… Денешниот ...
Денешните Квоти на денот се навистина примамливи, а петте предлози заедно нудат фантастичен коефициент од 55,32. Еибар го пречекува Лас Палмас и ако не загуби, а на мечот бидат постигнати од два до четири гола, квотата на денот е 2.30. Виченца се среќава со Бреша и ако слави триумф, а во второто полувреме биде постигнат најмалку еден гол, квотата на денот е 2.55. Женскиот тим на Јувентус е домаќин на фудбалерките на Фиорентина и ако не ...
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, е суспендиран откако ја заработи својата 16-та техничка грешка сезонава. Според правилата на НБА лигата, тоа автоматски значи суспензија од еден натпревар. Словенецот ќе го пропушти следниот меч на неговиот тим против Вашингтон визардс, а ќе се врати во составот за дуелот со Кливленд кавалирс. Дончиќ последната техничка грешка ја доби на натпреварот против Бруклин нетс, во кој постигна 41 поен. ...
Маж загинал вчера на новообновениот стадион „Банорте“ во Мексико сити, откако паднал од ложата непосредно пред натпреварот по повод повторното отворање на објектот, соопштија безбедносните служби. Трагедијата се случила на стадионот попознат по неговото старо име „Ацтека“, каде што се одигра пријателски натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Мексико и на Португалија, пренесува „Ројтерс“. Натпреварот послужил како тест за стадионот по ...
Арина Сабаленка успеа да ги освои двата последовни мартовски турнири на тврда подлога во Индијан Велс и Мајами. Првата тенисерка на светот во три сета ја совлада Американката Коко Гоф, која инаку е четврта на ВТА листата, со 2-1 во сетови (6-2, 4-6, 6-3). Ова беше нивни 13-ти меѓусебен дуел, а тенисерката од Белорусија има една победа повеќе, односно води со 7-6 во вкупниот скор. Првиот сет помина во целосна доминација на Сабаленка, која за ...
Младиот напаѓач на Партизан, Андреј Костиќ, прави трансфер во Милан, открија српските медиуми. Тој веќе се наоѓа во Италија и, според најавите, утре ќе ги помине задолжителните медицински прегледи, по што ќе стави потпис на договор со Росонерите. Костиќ подолг период беше на радарот на повеќе европски клубови, но Милан беше најконкретен и успеа да ја добие трката за неговиот потпис. Планот на италијанскиот гигант е јасен, напаѓачот најпрво ќе ...
Селекторот на САД, Маурисио Покетино, со својата оптимистичка изјава дека неговиот тим може да стане светски шампион привлече големо внимание, но реалноста на теренот брзо ги приземји тие очекувања. Во пријателски натпревар одигран во Атланта, Белгија убедливо славеше со 2-5 и покажа дека Американците имаат уште многу работа пред почетокот на Мундијалот. Иако домаќинот започна одлично и поведе во 39-тата минута преку Вестон Меккени, кој ...
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, ќе го објави конечниот список за Светското првенство на 12 мај, соопшти Германската фудбалска федерација. Претходно, Нагелсман треба да испрати претходен список со максимум 55 играчи до ФИФА до 11 мај, а конечниот тим од најмногу 26 фудбалери, кои мора да бидат вклучени и во првиот список, ќе биде објавен до почетокот на јуни. Објавувањето на списокот ќе се случи само четири дена пред крајот на ...
Одбојкарите на УГД Штип третпат последовно го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалниот дуел во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа Борец со 3-1 во сетови. Штипјани беа подобри и заслужено стигнаа до триумф. УГД Штип го освои првиот сет со 25-17, но потоа возврати и Борец со многу подобра игра во вториот сет. Го комплетираа со 22-25 и израмнија на 1-1 во сетови. Третиот сет беше неверојатно драматичен, се играше на разлика, а ...
Реал Мадрид ќе мора да игра без Федерико Валверде во претстојниот натпревар против Мајорка на 4 април, откако Апелациската комисија ја одби жалбата на клубот за суспензијата на уругвајскиот фудбалер за врска, јавуваат шпанските медиуми. Валверде доби директен црвен картон во дербито против Атлетико Мадрид поради груб старт кон Алекс Баена. Реал се обиде да ја оспори одлуката пред Шпанската фудбалска федерација, но санкцијата останува во сила ...
Се чини дека е завршена приказната меѓу Наполи и Ромелу Лукаку. Искусниот напаѓач е на излезна врата од клубот, а разделбата веќе изгледа неизбежна. Според информациите од Италија, тензиите меѓу Лукаку и клупското раководство ескалирале во изминатите денови, откако Белгиецот не се појавил на тренинг, иако претходно му соопштил на селекторот Руди Гарсија дека не е подготвен за настап на пријателските натпревари. Во клубот очекувале дека токму ...
Барселона сериозно тргнува по засилување во одбраната, а главна цел е стоперот на Интер, Алесандро Бастони. Италијанскиот дефанзивец веќе ги прифатил личните услови што му ги понудил каталонскиот гигант и дал зелено светло да започнат официјални преговори меѓу двата клуба. Според информациите, Барселона е подготвена да му понуди и повисока плата од онаа што ја заработува на „Џузепе Меаца“. Интересно е што Бастони за првпат откако е дел од ...
Ливерпул се соочува со сериозен предизвик по заминувањето на Мохамед Салах, но поранешниот стратег на тимот од „Енфилд“, Јирген Клоп, веќе предлага решение, доведување на Јан Диоманде од Лајпциг. По деветгодишниот ангажман во клубот, Салах потврди дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната, па раководството е принудено да започне со планирање на засилувања. Според извори блиски до клубот, Ливерпул размислува да донесе не еден, туку ...
Брегалница го оствари најзначајниот триумф сезонава во Втората лига и направи голем чекор кон враќање во Првата лига. Штипјани со минимални 1-0 го совладаа директниот ривал за врвот, досегашниот лидер Охрид. Навивачите одговорија на повиците на клубот и речиси до последно место ја наполнија новата трибина на Градскиот стадион, создавајќи вистинска атмосфера за поддршка на теренот. Фудбалерите на Влатко Костов го почувствуваа тоа и одиграа ...
Одбојкарките на Вардар М се победнички на Купот на Македонија, откако во финалето со 3-0 во сетови го совладаа фаворитот, тимот на Наковски Волеј. Вардарки најавија изненадување со освојувањето на првиот сет, кој го добија со 25-22. Потоа продолжија фуриозно во вториот сет и славеа со фантастични 25-12. Составот на Наковски Волеј не успеа да фати ритам и во третиот сет. Одбојкарите на Вардар го комплетираа мечот откако победија и во третиот ...
Фудбалската репрезентација до 19 години доживеа убедлив пораз (4-0) од Холандија во вториот натпревар од елитните квалификации за Европското првенство. Холанѓаните презедоа иницијатива уште од првите минути и целосно ја контролираа играта, а резултатот го комплетираа со по два гола во двете полувремиња. Најзабележителен во нападот беше Рулен, кој постигна хет-трик, додека еден гол додаде Беренс. Ова беше прв пораз за Македонија во групата, ...
Шест НБА натпревари содржи вечерашната понуда во Полноќниот експрес, а првиот меч е закажан од 20 часот. Токму тимот на Сан Антонио спарс, кој е гостин против Милвоки бакс, е еден од зицерите. Големи фаворити се и Атланта хоукс на домашен терен и Феникс санс исто така пред своите гледачи. Покрај стандардните квоти, тука е омилената игра „плус/минус поени“ во која се опфатени вкупно 63 кошаркари. Шест НБА натпревари содржи вечерашната ...
Сенегал вечерва во Париз игра пријателски меч против Перу, но пред самиот старт на натпреварот фудбалерите јасно испратија порака за контроверзната одлука на ЦАФ од пред десетина дена. Ова е прв натпревар на Сенегал по финалето на Африканскиот куп на нации 2026 година против Мароко, одиграно на 18 јануари во Рабат. Сенегал победи со 1-0 по продолженија, но минатата недела ЦАФ му ја одзеде титулата и ја додели на Мароко, повикувајќи се на ...
Македонската А репрезентација продолжува со подготовките за следниот предизвик, гостувањето кај Република Ирска на 31 март во Даблин. По натпреварот со Данска, репрезентативците се фокусирани на корекција на грешките и подигнување на формата пред новиот дуел. Љупче Дориев смета дека тимот одиграл квалитетно прво полувреме против Данска, но дека еден неочекуван момент го променил текот на натпреварот. „Мислам дека одигравме многу добро прво ...
Босна и Херцеговина во вторник против Италија во Зеница ќе го одигра еден од најважните натпревари во нивната фудбалска историја. На домашен терен на стадионот „Билино поле“, Босанците ќе се обидат втор пат да обезбедат учество на Светско првенство. Поради извонредната важност, интересот е огромен. Билетите се распродадени, а на „црниот пазар“ цените одат и до 10.000 неверојатни евра. За оние кои сакаат да гледаат во живо, а немаат билет, ...
Шкендија Арачиново направи чекор назад во трката за пласман во повисок ранг, откако на домашен терен ремизираше без голови против Беласица во денешното коло од Втората лига. Домаќините имаа повеќе од играта и создадоа неколку солидни можности, но реализацијата изостана, па бодовите беа поделени. Најмногу од ваквиот исход профитираше ФК Скопје, кој со сигурни 0-2 на гостувањето кај Вардар Неготино се искачи на врвот на табелата. Пиратите од ...
Македонската фудбалска репрезентација денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” ги продолжува подготовките за гостувањето во Даблин, каде во вторник ќе се соочи со Република Ирска. Во пресрет на натпреварот, селекторот Гоце Седлоски се соочува со неколку предизвици, додека дел од одлуките околу почетниот состав од претходниот натпревар против Данска отворија и одредени реакции во тимот. Коњаспор и кинески Далиан, клубовите на Енис Барди ...
По заминувањето на Серхио Бускетс, Интер Мајами бара идеална замена за поранешниот играч на Барселона и имаат мерак кон Бразилецот Касемиро кој сака да го напушти Манчестер јунајтед. Нема да биде лесно да го донесат некогашниот играч на Реал Мадрид, но Интер го има бразилскиот играч од средниот ред на својот список на желби. Касемиро ја има најефикасната сезона во кариера, а целта му е да најде победнички проект и да се чувствува удобно и ...